Епа се поттикнав да ја започнам оваа тема заради тоа што во животот многу се интересирам за психологијата на луѓето, како и зошто реагираат на одреден начин. Има многу психолошки пореметувања, но се повеќе докази за оздравување на таквите луѓе и успешно интегрирање во општеството. И некако не ми оди она старото - не се обновуваат мозочните клетки. Дааа сите очекуваме да пораснат нови мозочни клетки или нешто слично. Но што ако тие клетки се само со нарушена функција и ако се вежбаат - можеби ќе им се врати функцијата? Можеби не 100%, но и 90% за некои случаеви е одлично. И сите статии нови велат дека доколку на таквите лица им се даде можност да интензивно учат нови вештини, или читаат повеќе, или се занимаваат со уметност - психолошкото пореметување полека исчезнува. Јас мислам дека има до некаде логика. Ваше мислење?
Неможам на долго денес, најкратко што можам да речам е дека нешто се лечи, а нешто не. Со лекови и терапија, на хронична болест може да се ублажат ефектите, но не и да се излечи. Впрочем е така и со други хронични болести и состојби. Јас имам хронични проблеми со желудник за кој примам хронична терапија. Со терапија имам периоди кога воопшто не ме боли, но болките без пазење се враќаат. Кај хроничните ментални заболувања разликата е што е малку потешко да се контролираат. Во некој следен наврат повеќе.
И за твоето има лек хехе сигурно ако пробаш алтернатива ќе ти биди подобро - али нејќам реклама тука да прам
Верувам дека може да се излекуваат психолошки пореметувања со разни техники само треба трпение и воља,а најбитно е упорноста.
po mene site psiholoski poremetuvanja nastanuvaat od slucuvanjata i situaciite okolu nas.sekojdnevniot zivot.....vo sustina celokupniot zivot.i moslam deka ima lek no ne se toa medikamenti i terapija od nevrolozi
За секоја болест има билка која лекува ... А секој кој сака да се излече од било која болест може да се излече само треба упорност ,подршка и трпение ... Се е навика ..а навиките се мењаат за 7-8месеци па надеж пред се
Таквите личности можат нормално да се интегрираат во секој општествен сегмент. Поготово со навремена соодветна терапија. Ама се зависи од тоа, состојбата, неврозата или психозата да бидат навремено препознати. Истите не се неизлечливи или доживотни. Многумина целосно заздравуваат и немаат рецидиви. Кај некои има рецидиви, но истите можат да бидат контролирани. Оправдувам медикаментна терапија, особено за тешки психози како биполарно растројство, тешка манична депресија, шизофренија итн. Едноставно е невозможно ваквите да поминат без терапирање и самолекување, оти најчесто и не се свесни дека страдаат од тоа и дека им треба помош. Не е во ред на ваквите да им се препорачува да се лекуваат единствено со јака волја.
Да, меѓутоа покрај медикаментозната терапија, неминовна е и психотерапија, зависи до кој степен е нарушена психата. И немора да е тешка ендогена психоза, може и при анксиозните депресии е потребна терапија.
Апсолутно. Јас самата поминав тешка акутна анксиозна состојба. И не функционирав. Се додека не добив стручна помош, јас не бев за ништо способна, освен за тоа да умирам секој ден. Мора да се лекува на време што и да е. Зашто една фаза преминува во друга. Обична анксиозност води до манична депресија. Психотерапија е апсолутно неопходна во целиот третман. Зашто таквите личности, најчесто немат ниту желба, ниту волја да се "кренат" самите.
Сакам да ти пишам во ЛП ама нема опција незнам зошто. Сакам да те прашам нешто по однос на третманот, терапијата и сл.
Лекувањето трае долго, за какво и растројство да станува збор. Не е настинка. Психичките болести, бараат време, разбирање а и финансии. Тешки се психичките болести, ако не и најтешки. . . Лековите има и скапи но и евтини, но психотерапиите се доста скапи (сосема разбирливо).
Исто е. Порано ја дијагностицираа под таа дијагноза (Манично депресивна состојба, или Манична депресија), денес е Биполарно афективно растројство. Шифрата е таа. Терапијата е таа.
Јас имав тешка депресија како последица од преголема анксиозност и панични напади, овај назив манична депресија некако страшно ми звучи
Не само што звучи страшно, туку и навистина тоа е. Има неколку видови депресија. Манична е една од потешките. Зашто има тешки подеми до манија и падови до депресија. Абнормални подеми до занес и уште толку абнормални падови до тешка депресија. И на крајот, не соодветно социјално однесување. Има две фази. Биполарно нарушување 1 и биполарно 2. Немаш ништо од тоа. Те читам, а ти си единствено анксиозна. Не си лепи болести и состојби. Ти сакаш да си помогнеш себе си и свесна си за проблемот што го имаш. Особа со биполарно нарушување, не е свесна.
Особа со биполарно нарушување, не размислува трезвено, ниту во манична фаза, ниту во фаза на полет, занес. Истата не ретко има халуцинации и слуша гласови. Такви особи често размислуваат на убиство или самоубиство. Имам премногу документарни гледано за ова. Такви особи посебно се експонираат со не контролирана желба за трошење, емоции на највисоко ниво, чувство дека се во право и никој ништо не им може, а потоа следува друга фаза кога се крајно суицидни. И така напоредно фазите се менуваат. Такви личности се асоцијативни. Навремено третирана анксиозност, не може да доведе до тоа. Типично е за анксиозните да се етикетираат самите себе со секакви болести, односно да имаат мала доза на хипохондрија. Тоа не значи дека навистина боледуваат од нешто. Само погрешно перцепираат. Всушност и целата поента е тоа. Перцепцијата.
И кај биполарна особа може да се случи истото. Не е правило, но не е ни ретко. Иначе да, карактеристично е за шизофренија.