Излекување од психолошки пореметувања - мит или реалност

Дискусија во 'Психологија' започната од macencef, 14 јули 2017.

  1. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.393
    Допаѓања:
    1.925
    Пол:
    Женски
    Епа се поттикнав да ја започнам оваа тема заради тоа што во животот многу се интересирам за психологијата на луѓето, како и зошто реагираат на одреден начин. Има многу психолошки пореметувања, но се повеќе докази за оздравување на таквите луѓе и успешно интегрирање во општеството. И некако не ми оди она старото - не се обновуваат мозочните клетки. Дааа сите очекуваме да пораснат нови мозочни клетки или нешто слично. Но што ако тие клетки се само со нарушена функција и ако се вежбаат - можеби ќе им се врати функцијата? Можеби не 100%, но и 90% за некои случаеви е одлично. И сите статии нови велат дека доколку на таквите лица им се даде можност да интензивно учат нови вештини, или читаат повеќе, или се занимаваат со уметност - психолошкото пореметување полека исчезнува. Јас мислам дека има до некаде логика.

    Ваше мислење?
     
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.314
    Допаѓања:
    122.552
    Неможам на долго денес, најкратко што можам да речам е дека нешто се лечи, а нешто не. Со лекови и терапија, на хронична болест може да се ублажат ефектите, но не и да се излечи. Впрочем е така и со други хронични болести и состојби. Јас имам хронични проблеми со желудник за кој примам хронична терапија. Со терапија имам периоди кога воопшто не ме боли, но болките без пазење се враќаат. Кај хроничните ментални заболувања разликата е што е малку потешко да се контролираат.
    Во некој следен наврат повеќе.
     
    На poenta и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  3. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.393
    Допаѓања:
    1.925
    Пол:
    Женски
    И за твоето има лек хехе сигурно ако пробаш алтернатива ќе ти биди подобро - али нејќам реклама тука да прам
     
  4. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    5.791
    Верувам дека може да се излекуваат психолошки пореметувања со разни техники само треба трпение и воља,а најбитно е упорноста.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.725
    Допаѓања:
    12.116
    Пол:
    Женски
    po mene site psiholoski poremetuvanja nastanuvaat od slucuvanjata i situaciite okolu nas.sekojdnevniot zivot.....vo sustina celokupniot zivot.i moslam deka ima lek no ne se toa medikamenti i terapija od nevrolozi
     
    На Belabelinakinder и Petar80 им се допаѓа ова.
  6. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.424
    Пол:
    Женски
    За секоја болест има билка која лекува ... А секој кој сака да се излече од било која болест може да се излече само треба упорност ,подршка и трпение ... Се е навика ..а навиките се мењаат за 7-8месеци
    па надеж пред се
     
    На Dimaja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    15.151
    Пол:
    Женски
    Таквите личности можат нормално да се интегрираат во секој општествен сегмент. Поготово со навремена соодветна терапија. Ама се зависи од тоа, состојбата, неврозата или психозата да бидат навремено препознати. Истите не се неизлечливи или доживотни. Многумина целосно заздравуваат и немаат рецидиви. Кај некои има рецидиви, но истите можат да бидат контролирани.

    Оправдувам медикаментна терапија, особено за тешки психози како биполарно растројство, тешка манична депресија, шизофренија итн. Едноставно е невозможно ваквите да поминат без терапирање и самолекување, оти најчесто и не се свесни дека страдаат од тоа и дека им треба помош. Не е во ред на ваквите да им се препорачува да се лекуваат единствено со јака волја.
     
    На Glasna, mynameislove, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Да, меѓутоа покрај медикаментозната терапија, неминовна е и психотерапија, зависи до кој степен е нарушена психата. И немора да е тешка ендогена психоза, може и при анксиозните депресии е потребна терапија.
     
    На Glasna и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    15.151
    Пол:
    Женски
    Апсолутно. Јас самата поминав тешка акутна анксиозна состојба. И не функционирав. Се додека не добив стручна помош, јас не бев за ништо способна, освен за тоа да умирам секој ден. Мора да се лекува на време што и да е. Зашто една фаза преминува во друга. Обична анксиозност води до манична депресија.

    Психотерапија е апсолутно неопходна во целиот третман. Зашто таквите личности, најчесто немат ниту желба, ниту волја да се "кренат" самите.
     
    На LUCI 99 и Petar80 им се допаѓа ова.
  10. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сакам да ти пишам во ЛП ама нема опција незнам зошто. Сакам да те прашам нешто по однос на третманот, терапијата и сл.
     
  11. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Лекувањето трае долго, за какво и растројство да станува збор. Не е настинка. Психичките болести, бараат време, разбирање а и финансии. Тешки се психичките болести, ако не и најтешки. . . Лековите има и скапи но и евтини, но психотерапиите се доста скапи (сосема разбирливо).
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Што е разликата помеѓу манична депресија и тешка депресија?
     
  13. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Исто е. Порано ја дијагностицираа под таа дијагноза (Манично депресивна состојба, или Манична депресија), денес е Биполарно афективно растројство. Шифрата е таа. Терапијата е таа.
     
  14. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Јас имав тешка депресија како последица од преголема анксиозност и панични напади, овај назив манична депресија некако страшно ми звучи
     
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    15.151
    Пол:
    Женски
    Не само што звучи страшно, туку и навистина тоа е.

    Има неколку видови депресија. Манична е една од потешките. Зашто има тешки подеми до манија и падови до депресија. Абнормални подеми до занес и уште толку абнормални падови до тешка депресија. И на крајот, не соодветно социјално однесување. Има две фази. Биполарно нарушување 1 и биполарно 2. Немаш ништо од тоа. Те читам, а ти си единствено анксиозна. Не си лепи болести и состојби. Ти сакаш да си помогнеш себе си и свесна си за проблемот што го имаш. Особа со биполарно нарушување, не е свесна.
     
  16. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да е така.
     
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    15.151
    Пол:
    Женски
    Особа со биполарно нарушување, не размислува трезвено, ниту во манична фаза, ниту во фаза на полет, занес. Истата не ретко има халуцинации и слуша гласови. Такви особи често размислуваат на убиство или самоубиство. Имам премногу документарни гледано за ова. Такви особи посебно се експонираат со не контролирана желба за трошење, емоции на највисоко ниво, чувство дека се во право и никој ништо не им може, а потоа следува друга фаза кога се крајно суицидни. И така напоредно фазите се менуваат. Такви личности се асоцијативни. Навремено третирана анксиозност, не може да доведе до тоа.

    Типично е за анксиозните да се етикетираат самите себе со секакви болести, односно да имаат мала доза на хипохондрија. Тоа не значи дека навистина боледуваат од нешто. Само погрешно перцепираат. Всушност и целата поента е тоа. Перцепцијата.
     
  18. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Тоа што имаат халуцинации и слушаат гласови, мислам дека тука веќе станува збор за Шизофренија.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    15.151
    Пол:
    Женски
    И кај биполарна особа може да се случи истото. Не е правило, но не е ни ретко.

    Иначе да, карактеристично е за шизофренија.
     
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Za nevrozi mozebi e popovolna prognozata, no za psihoticnite sostojbi prognozata e nikakva.