Статиите се точни. Пред некој ден читав нешто слично. Психолошките пореметувања не е невозможно да се надминат, но бараат многу труд, упорност, волја. Има луѓе кои посакуваат да се излечат, но не преземаат речиси ништо. За нив, надминувањето на проблемите би било мит. Сѐ ни е во главата; и можностите извираат од таму и ограничувањата.
А за каков вид на пример зборуваме ? Имаме депресија се надминува зависи индивидуално е , шизофренија не се лечи на пример ...
Гледам дека се разбираш доста па можеш да ми пишеш лп да те прашам нешто? Бидејќи кај тебе нема опција.
"Целосно" излекување без можност за рецидив не постои за ниедно заболување, мислам на физиолошките исто, како што не постои гаранција дека ако денес сме совршено здрави ќе бидеме и утре. Ништо не е апсолутно гарантирано во животот освен смртта засега. Ако мислите на целосно повлекување на симптомите на одреден период па и до крајот на животот, ДА , можно е на крајот, и зависи од многу фактори истото. Конкретно за психолошките , колку лицето има капацитет да се разбере себе и болеста, да работи на нејзино повлекување на начини кои придонесуваат за тоа, да му се погоди терапијата и да ја зема редовно , да има квалитетен живот, да е социјално функционално. Познавам лице со биполарно нарушување, после две манични епизоди и две депресивни во 20 тите кога беше млад му дијагностицираа тоа, лицето денес има 40 год, оженет е, има деца, работи како инженер во една голема компанија, со сопругата имаат љубов и живот да им завиди човек , и од кога е на терапија нема секунда нестабилност во ниеден аспект од неговиот живот. И сето ова не му падна од небо! Се бореше крвнички. Сам се студираше и работеше истовремено . Капка алкохол не стави откако е на терапија. Спортува, учи јазици постојано, води група за поддршка, зафатен е 24/7. Биполарното заболување на крајот не е болест на личноста и нивните карактери како многумина мислат! Ако се на терапија воопшто не се засегнати!!! Денес имаат некоја нова терапија на запад, таму и живее лицето, една таблета на ден под јазик и толку. Лицето е најстабилниот човек кој го познавам воопшто! Да не ви каже тој дека има биполарно ,не постои ништо што би ве натерало да помислите дека нешто не е во ред со неговиот мозок. А друга познаничка која има генерална анксиозност 20 год е повлечена дома и нејзиниот живот е речиси комплетно дебилитиран и покрај сите терапии кои ги испроба. Одбива да оди на работа, секој ден има нови стравови и болести, зависна е од нејзиното семејство, нон стоп е на седативи... Поентата ми е , ни биполарно ни шизофренија не се така страшни како што ги имагинираме, ако пациентот има капацитет да функционира со терапија и се грижи за своето здравје. А ете анксиозност велиме не е нешто страшно и сериозно , а за жал барем 5 души познавам кои не се воопшто функционални поради истата со децении. И не зошто секој со анксиозност е тоа, туку зошто најсетне други лични и социјални фактори се пресудни едно лице сосема квалитетно да живее со ментално/ психолошко пореметување или состојба , без разлика колку ние би стигматизирале кое е пострашно и посериозно. Сѐ е и ништо не е истовремено, ако ги имаме/немаме факторите потребни за повлекување на било која болест или состојба. И можно е секако! Не е мит.