епа вака денес случајно се пријавив во неговата емаил сметка...и гледам порака приватна од некој таков сајт......за да се сретнат да се видат па дури бакнежи и све......тој не ни знае дека јас тоа го прочитав ама сигурно дека ке му кажам совет како да го направам тоа? ако биде вистина да така бара други женски незнам како би се справила со тоа не сум многу храбра особа
Мислам дека најпаметно би било прво да се увериш дека е навистина така како што ти си замислила или како што ти изгледа , а потоа да дејствуваш. Немора да значи дека добил маил и сега готово ќе отиде да има секс со некоја си , што не ја ни познава. Ако сакаш да бидеш сигурна дали ова е така лошо како што мислиш , подобро не му кажувај дека си го проверила маил-от, а продолжи да го следиш, па кога ќе има време и место на настанот (ако има), отиди и види дали навистина тоа ќе се случи. Не дај Боже доколку се случи сето тоа, се знае понатаму што треба да сториш “чао, пријатно, мило ми беше што видов каков гад можеш да бидеш“. Среќно и не избрзувај со одлуките додека лично не провериш и не бидеш сигурна во нешто.
А бе и јас стално добивам такви пораки на мејл, а се немам пријавено на ниеден сајт. Фри секс ин јор таун, клик нау .... Кога го правев мелот пред мноооогу години имаше да избереш категории за кои си заинтересиран да ти праќаат реклами, изгледа сум штиклирала некоја си love категорија
На мојот емаил постојано ми стигаат пораки од ВИАГРА Никогаш не сум го посетила нивниот сајт. А фала богу и немам зошто. Сакав да кажам ... не и верувај на техникава толку. Можно ли е некој да се најавил на некој си сајт со име на дечкото? Тешко ли е да внесам туѓ меил? Уживкај си. таман и да го направил тоа ... радозналноста е чудна работа ; сакал да види што сајт е , а нели за гледање пари небараат, па и уживањето е дупло
Абе женски јас колку разбрав, дечкото добил приватна порака од некој член на сајт на кој е и тој зачленет. Од вијагра и некои глупости и мене ми стигаат, а немам појма од каде, меѓутоа девојкава пиша дека добил лична порака, со остварена комуникација меѓу него и некоја девојка, и завршува со бакнежи пораката. Мој совет е да не му кажуваш сега, може да ти се извлече, да смени пасворд, да направи друг мејл, и само ќе биде попретпазлив. Вака, знам дека те јаде, и јас би пукнала од нетрпение, ама почекај барем уште недела, и нон стоп проверувај му го мејлот, да видиш што ќе се случи, и башка копирај си ги пораките, да не те прави будала. Исто провери му во бришените пораки на мејл да не останало нешто, ако најдеш нешто, откачи го по брза постапка, колку и да не е лесно, а ако биде само оваа порака во наредните недела-две, тогаш е можеби некоја грешка или недоразбирање, сепак и од самата порака,од тоа што пишува можеш да процениш.
Еее...полека прво. Знаеш колку ботови има по нет што праќаат такви меилови? Колку пати само се појавуваат пораки од типот: Мислам дека се знаеме, сакаш да излеземе и дрн дрн остало. Прво осигурај се дали пораката навистина е испратена од личност и дали тој одговара на истите, па после размисли што ке правиш. Ако е бот - без грижи, ако тој не враќа на пораките, пак без грижи. Колку што сум јас информирана (а искрено не сум многу), барем кај нас нема такви секс сајтови за запознавање, освен овие регуларниве како факбук и апла опињачкото топ.мк. А ако се допишува со некоја од странски сајт, тогаш незнам ни зошто за џабе се брука, намалува доверба и создава непријатни ситуации и за двајцата, кога средбата со цуца од странство која со голема сигурност ставила лажни слики е речиси еднаква на нула, или пак пу-пу скраја да е, позади другиот монитор се крие некој 40+ мрсен и влакнест манијак кој живее во подрумот на мајка си, а верувај, таквите ги има премногу, дури некои 80% по тие „секси“ сајтови се такви. Искрено, колку очаен треба да е човек за бара жртва на такво место? Најубаво едно време надгледувај ја ситуацијата да видиш што и како се одвива, па после долколку има опасност, кажи му, во спротивно, не си создавај за џабе проблеми.
Енца 007 Има и опција mark as unread, обележи ја пораката и кликни на тоа штрафчето, за да не види дека му е прочитана пораката