Има разлика меѓу отворено прашање и боцкање, забадање нос у туѓи ствари и глумење "holier than thou"..некогаш се чита меѓу редови, нешо као булшит детектор. Таа ако сака ќе одговори, нејзина работа, јас пишав оти ми зашкрипи прашањето некако..
Интересно... Колку често менуваш партнери иначе? Јас сум со истиот скоро 20 години... Во 20 години, стотици луѓе ме привлекле сексуално...
Мене па ич не ми зашкрипи прашањето затоа што мислеВ сака да дискутира, ама...ај да не претпоставувам само
Да пробаш, пробаш како пред свршен чин со партнерката буквално пред тебе или да посакаш? Зошто да бидеме најискрени и отворени мислам не постои личност на која не и се свртела мисла да посака со некој, ене глумец/глумица пример, омилен лик итн.
Сите толкуваме различно , дури и исти ствари не сум за преосетливости, ниту за припишување намери , нели 18+ , ама јао јао некогаш е евидентна тенденциозноста.
Со првиот сексуален партнер си сеуште? додуша... и кога имам нов партнер, не престануваат да ме привлекуваат и други... јеби га, не е мојот партнер единствен кој ми е привлечен, нити сум јас единствена која е привлечна за него...
Ама некои остануваме само на таа привлечност, а некои одат во акција. Сега ме замисли што би направила ако испадне партнерот да ти рече не може повеќе отворен брак? Во име на љубов кон него ќе прифатиш нови правила или не? Не мораш да одговориш се разбира, ме заинтересира од самиов тек на муабетот ова.
Официјално сме цело време во отворен брак, ама имало период од 7-8 години, кога не сум била со никој друг... Сакам да имам избор, не нужно да го 'искористам' тој избор. Не знам што би направила да ми побара 'да го затвориме'.
Има едно правило . Подобро раскини и после тоа прави што сакаш со кој/ КОЈА сакаш. Него ли да си со некој у врска и му идеш и му викаш ејј знаеш што јас те изневерував со оваа или овој. Глупо е.
Никој не кажува те изневерив, може тоа од други да дознае дека е изневерувана, нажалост. Повеќево изневеруваат и кријат, а се фалат дека и партнерката им смее да изневерува, а врска нема тоа
Против неверство сум , бидејќи го доживеав на своја кожа , уште на 16 години . Со дечкото бевме заедно една година , и јас приметив дека нешто " не штима " последните недели од врската , дури и го притискав да ги објаснува неговите постапки , што мене ме наведуваа да мислам дека постои неверство . Пукна тиквата за кратко време , на многу лош начин дознав дека ме изневерил ( преку мој добар другар , кој го слушнал како се фали низ училиштето дека " ми набил рогови " и дека кога ќе биде сигурен со другата девојка , ќе раскинел со мене ) . Ај тоа на страна , кога отидов да раскинам со него , девојчето застана пред него и кажа дека веќе една недела се во врска ( што подоцна се откри дека не било така , само го искористиле како изговор за јас сигурно да раскинам , не дека ќе останев со тоа говедо ) . Се осетив понижено , бидејќи се исмеваа на моја сметка долго време , додека јас се борев со своите демони . Кога конечно успеав да го поминам тешкиот период , кога конечно бев среќна со себе пред се , си фатив друг дечко и си го продолжив животот најнормално , тогаш се врати овој како попарен , да бара прошка и да моли да се смириме . Девојчето со кое ме изневери , го дознало што копито е , и му раскинала , веројатно немал ништо на страна , го фатила неспремен , па ајде кај мене ќе се моли . Го откачив секако , не ме растела мајка ми во саксија мене плус веќе си имав дечко , а и немам обичај да се навраќам на минатото . Го спуштив културно , што немаше лице да ме погледне веќе , камо ли да разговара со мене .
Ти си имала среќа, ти помогнале да раскинеш. Многу потешко ќе ти беше да ставиш крај доколку дечкото те молеше и ти се извинуваше, ти се колнеше дека е единствен пат (бил пијан/таа му се пуштила) и слично. Сексуално (повеќе физички) сум била привлечена неколку пати, ама доколку дојде момент јас да фантазирам или да почнам да комуницирам со тип што го гледам така, мислам дека дошол крајот на мојата врска. Истото важи и за дечко ми. Единствената разлика е што тој не сака ни да чуе за машко што ми е привлечно, не е болно љубоморен ама си кажа сам дека такви работи му прават филмови во глава и јас фала богу нема да го провоцирам и нервирам. Од друга страна, тој знае да ми каже низ муабет ако коментираме некое девојче ама мене не ми смета. И уште подобро е, ако приметам дека се допишува со истата или ако прави муабет, ќе знам колку е часот.
Е тоа да , но сепак не ми беше сеедно , поради нивното иссмевање . Највеќе тоа ме здоболе , што ништо лошо не им направив , баш напротив , а тие мене сепак ме иссмеваа . И да , ме молеше тој мене , ама задоцни за моја среќа ( негова несреќа ) . После една година ме молеше да се смириме , но јас веќе најдов некој што ме ценеше толку што не " шеташе " со други додека беше со мене .