Ако не се чувстувваш комфорно и тој сеуште си продолжува на некој начин на свое и вака со алиби нон стоп наместо да ти олесни...
Abe duso zasluzuvas nekoj so ke te gleda kako poslednata zena na svetot,a ne nekoj so nema da go pocituva tvojot zbor,a zgora na toa i ke se majtapi so tebe.
Така кажува да ти го одвлече вниманието од тоа што ти го прави.Каде е виновен,уште и посилен работата.Најважно е што ти сакаш и како се чувствуваш,да речеме дека е факт штом аднал други и да те изневерува,или и да го оставиш он секако би отишол кај други женски.Каква ви е врската, емоции,и сама превземи си мерки ,не оди контра и не се расправај само седни го кажи вака те молам да престанеш да за следуваш други женски,ми пречи .Не давај да се извлече со изговор како детска работа ,да бе детска работа боже мој ,биди одлучна ако не дава резултат тоа ,остави го пред да бидеш многу повредена .Ако му е сеедно дали ти страдаш,дали ќе аднуваш и ти други машки ,тогаш не те сака како што заслужуваш и не ти треба таков дечко.Што ќе се измачуваш,боље спречи него да лечиш .Како викаат,волкот крзното го менува но навиките никогаш.
Јас вака што ве читам искрено и јас се прашувам по колку години имате? Ти да си поработиш на самодовербата ќе ти биде многу подобро, него да се замараш толку околу тоа дали дечко ти заследува други девојки на инста. Што треба да следи, само мажи ли? Се додека не се допишува со други, океј е.
А што те чуди? Има жени во брак па простиле неверство и тоа мажот ги изневерил со другарки нивни. Замисли ти доаѓаат на гости, ги пречекуваш, а маж ти со нив шуш буш. Еее некогаш непријателот дома ни е. Што има мажот или дечкото да праќа такви слики на колешки.
Мажите 90% тоа чекаат, ако им дадеш зелено светло ехее не со другарки со се живо шо ке стигнат. Ако им браниш, кришум. Чудни створења ептен
Немам инстаграм, ама никогаш не сум го разбирала тоа фоловнување на рандом женски/машки додека си во врска и лајкнување. Исто и на фејсбук ќе го земам за пример пред неколку години додека беше уште популарен и го користевме повеќе помеѓу помладата популација. Не ја гледам потребата да додадам некој рандом маж што ќе ми излезе во сугестија доколку сум во врска, со која намера би го правела тоа, терање инат, златна резерва, изневерување? Или па да отварам нечиј профил и ајде да му исполајкнам се. Многу грдо изгледа да си во врска со некој и да ти излегува како исполајкнал од локални/нелокални девојки по милион разголени слики и фолоунал денес 50 нови профили. И кога ретко ќе сум лајкнела на некој, тоа бил другар, познаник, колега од факултет/работа. Впрочем, не знам ни како некој има време и сила да виси цел ден на социјални мрежи уморен после работа и да скрола и да лајкнува 100 слики, или да фолоунува десетици профили, наместо да направи нешто паметно во животот, ете наместо тоа - може да има квалитетно поминато време со девојката (една од многу работи).
Хахахахахахаха, ете баш така. Мажот е глава у куќата, нормално. Има право све да прави, а жената да си ќути.