1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изретчување на косата

Дискусија во 'Коса' започната од Elena..T, 6 август 2014.

  1. Elena..T

    Elena..T Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    :emo: Профеминкав малце низ феминава и мислам дека немаше ваква тема.. :D :)
    Па вака..за неколку дена ќе одам на фризер сакам да ми ја скратат и да ми ја изретчат...
    Бидејќи несум по вакви работи како шишање,пеглање,виткање(со фигаро) итн..итн..само по фризури сакам да имам како отрпилика како овие коси

    ..и сега дилемите ми се ..
    • Дали е ова изретчување на цела коса,и дали може воопшто да се изретчи цела...
    • Дали сте пробале..и како ви испаднало(ако може слика)..дали сте се зезнале сакам да кажам :$
    • Дали е трајно..?
    • Дали се гори косата или нешто слично? :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • 54.jpg
      54.jpg
      Големина на фајлот:
      47,4 KB
      Прегледи:
      281
    • 543.jpg
      543.jpg
      Големина на фајлот:
      397 KB
      Прегледи:
      277
    • jb.jpg
      jb.jpg
      Големина на фајлот:
      190,5 KB
      Прегледи:
      277
    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      165,5 KB
      Прегледи:
      278
  2. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Јас секое шишање ги ретчам само врвовите бидејќи ми е гута многу косата и ми се виткаат нанадвор. Како што сватиф ти зборуваш за ретчење од корен (исправи ме ако грешам).
    Види јас ја имам ретчено одамна косата од корен, ама убаво се сеќавам. Уште еднаш не би ја ретчела од корен затоа што убаво ми е густа. Инаку девојките на сликите гарант се пеглани.
    Дали е ова изретчување на цела коса,и дали може воопшто да се изретчи цела...
    • Дали сте пробале..и како ви испаднало(ако може слика)..дали сте се зезнале сакам да кажам :$
    Сум пробала и не испадна лошо, слика немам, не сум се зезнала.
    • Дали е трајно..?
    Не е трајно, косата повторно расте и тука е лошото, потоа како метла е, влакно подолго влакно пократко.
    • Дали се гори косата или нешто слично?
    Не.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Никогаш повторно нема да се зафркнам да ја ретчам цела коса, и овој пат не сакав на цела коса ама фризерката ми го направи тоа иако и велев доста доста, сега секое влакно си тера своја политика, мада формата ми е убава, само додека ми пораснат ќе поминат две години со оглед на тоа дека косата не ми расте брзо. А за горење мене вака целата изретчена повеќе ми се гори во споредба кога не ми беше ретчена. Мој совет е да не ја ретчете цела коса. Јас од убава долга густа коса останав на половина ако е и помалку од тоа што ми беше косата, и сега ми расте ама само шири заради тие изретчените прамени....
     
  4. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    300
    И јас нема да препорачам ретчење.
    Порано ја ретчев долго време, се додека не сфатив каква глупост правев. Се изначекав додека да ми порасне, секое влакно на различна страна и изгледа многу пооштетена од кога сосема малку ќе се оштети, отколку што би изгледала кога не е ретчена.
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ми се допаѓа овој тип на фризура.
    Ретчењето ја намалува цврстината на влакното,а можноста да ја обликувате косата е минимална.За мене ова е нешто како уредно-неуредна фризура.
     
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Ако не сакате да изгледате како да се чепнале во штекер во косата,тогаш најдобро намерен совет не ја ретчете !! :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  7. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    И јас порано ја ретчев и исто, долго време чекав да ми порасне, повеќе ми се оштетуваше. Сега ми е долга, не ми е изретчена, ама не ми е ни рамна, туку полукружна за да не ми биде долу како четка, затоа што го мразам тоа. Откако престанав да ја ретчам косата ми расти ненормално брзо, а се шишам на месец - два. Другарка што ја изретчи, ја пегла секој ден, и ја чешла по сто паи на ден и нема пораснато ни сантиметар, а се нема шишано цела година, можеби и повеќе. Јас 10 пати се исшишав пократко од неа и 10 пати и ја надминав должината, а таа си тапка во место. Ја пеглам еднаш до два пати неделно, а некогаш и еднаш на две недели. Гледам да ја сушам природно (освен ако ми се брза за да отидам некаде) и ја чешлам еднаш до два пати на ден, затоа што со чешлањето се куби. Баш пред некој ден и велам на истава другарка: ајде најди ми на косата барем едно влакно со метил, нема да најдеш. А таа: нема шанси. И бара бара- не најде :D