Се работи за овошна секта. Вистинското значење е скриено во името. Ако го напишете зборот илуминати наназад, добивате: итанимули Ајде да го анализираме овој збор внимателно: и-та-ни-му-ли Навидум не значи ништо. Додуша според некои теории на заговор тоа значело: И таа ни(т) му ли(же)... - но нема логика бидејќи реченицата е недовршена. Но ако ги поредиме слоговите по правилен редослед според некогашниот тел. бр. 45-321 од централата на зеленото пазарче во Конспираситеориполис (некои велат бил градот на илуминатите) дознаваме по кој редослед треба да се прочитаат слоговите! имено: и(4)-та(5)-ни(3)-му(2)-ли(1) станува: Ли-му-ни-и-та Доволно е само да додадеме уште едно А (првата буква како во азбуката така и во абецедата) и Т (која пак е прва буква во зборовите Теорија на заговор) на крај конечно ја дешифрираме пораката: Лимуни итаат Значи Лимуни итаат - кон каде? Па кон новиот овошен поредок! Прашање е само на време кога наместо пепси и кока кола ќе ни тураат обична лимунада по тоа кафулињата. Дур да се свестиш, ти си внел веќе доволно Ц-витамин. Spoiler За сериозноста на напишаново ќе дознаете ако долната реченица ја прочитате наназад: Spoiler онажак агеш ан ешеб аво уканИ <-
Слушајте песни на Еминем како Killuminati,25 to life тој во нив пее против Илуминатите од кои што бил контролиран, т.е требало да ја шири нивната идеологија во размена за слава, дури откога се свестил што прави сакал да се ослободи од нив и му го убиле другар му Proof. Некои велат дека и 2pac и Мајкл Џексон биле убиени бидејќи знаеле премногу а не сакале да потпаднат под нивна контрола. бај д веј, масоните се првобитната тајна организација предводена од Галилео Галилеј (на времето) кој почнал да ги собира сите интелигентни луѓе во тоа време да се обединат против црквата која била тогашниот вистински непријател, која верувала дека земјата е плочка и ги спалувала сите кои тврделе поинаку, не дозволувала никој да ги разниша нивните теории, па затоа интелектуалците биле принудени да се собираат тајно.Кога се докажало дека Масоните биле во право, тогаш тие станале влијателна светска организација, се труделе да основаат нов светски поредок. Илуминатите се тајна организација внатре во масоните, формирана од влијателни масони од 33 ред, па и подолу, кои биле толку револтирани од црквата што дури и почнале самите да веруваат во нејзината спротивност, т.е тие се САТАНИСТИ и тие сакаат да го доведат светот во хаос, да создадат политички и економски нестабилности,да ја смалат популацијата итн.
Samo napravete razlika pomegju iluminati i masoni , pa procitajte koi se za sto sostaveni i koi se nivnite obelezja, okoto go ima i kaj masonite , pa pred site tie conspiracy theory odvoete gi prvo masonite od iluminatite , sepak ednite se sostaveni za dobroto na covestvoto, a drugite sebicno da upravuvaat so nego
ИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ Страшна работа било ова неинформираноста. Извини, ама морав, морав да те реплицирам. Ајде прво за Еминем и неговите песни. Мислам дека некој грешка му ги дешифрирал песните. Конкретно ја спомена 25 to life, човекот раскажува за тоа како е во конци на славата и рапот. Знаеш, заради неговата слава жена му го оставила човекот со неговата мала ќерка. Другар му Proof, Илуминати го убиле, така ли? Малце не. Ајде сега смртта за Тупак. Тупак една од легендите кои ќе ги почитувам се додека постојам. Ама Тупак бил малку неинформиран во врска со Илуминати, тој рапува против нив, ама тогаш за нив малку се знаело (како што се знае и сега), всушност Тупак она што го нарекува Илуминати, не е Илуминати. Ништо не е сигурно за неговата смрт, има многу теории меѓу кои дека го убил поранешниот ортак, B.I.G. И најсилната, дека си ја лажирал сам смртта. Она во кое јас верувам. Бај д веј, Галилео Галилеј не формира никаква масонска организација на времето, туку го формира Братството Илуминати, во Европа, во некаде 1700 Друго, Галилео Галилеј не водел против црквата, туку сакал да ги обедини црквата и науката затоа што тој верувал во Господ, и затоа човекот бил погубен. Е подоцна срцка, Илуминати ја откриваат најмладата моќна држава, САД и се претопуваат во масоните и стануваат организација внатре во нив и добиваат поголемо влијание од нив. Ајде сега за САТАНИСТИ. Илуминати создале инситуција, Луциферова лабораторија ја нарекле, затоа што Луфицер на латински значи Просветител. Значи сакаат светот да го описменат, да го просветлат, да му ги отворат очите. И ти како што кажа, црквата мислела дека Земјата е рамна како плочка и ред други работи. И затоа ги нарекла Шејтан, што значи непријател на католиците (муслиманите), во превод САТАНИСТИ. Извини уште еднаш
Книгите на Ден Браун очигледно не си ги читала со внимание Препрочитај ги и ќе сфатиш за што ти зборувам А документираните филмови и сличните видеа земај ги со резерва, сепак Интернет е
Рампо, Чиро и Бажо Кај ја дигна темава со мислењето твое, кај ја запусти Ама и јас несалам, читам нечии психози 2 саати. Па уште на 'Политика и настани' е темава. Абе!! Ќе си манам клоца!!
Имам гледано многу видеа на јутјуб за Илуминати , од каналот Идиократија . Како што вели и он , све тоа останува како " теории на завери " . Ќе постирам неколку видеа , кои мислам дека треба да ги видите . Ова е за рушењето на кулите Близначки . Искрено , верувам дека има некој " мучки " овде . Или Близначките не биле толку цврсти , и со челични конструкции , или авионите се само за " мачкање очи " на јавноста . За Тупак . Подетално за самата организација на Илуминатите . Како настанале и слично . Има уште многу видеа на каналов . Искрено , мене ми се интересни овие теории за слушање и гледање , а дали постојат или не , и не им се замарам многу . Не живеам во Америка па да се замарам . Околу музичките ѕвезди , секако не ги пратам трендовите нивни ( разводи за 72 часа од склопување брак , рап борби и сл . ) така да , слушам она што ми се допаѓа за уво , не го гледам она што самите изведувачи го прават и ќе го прават .