1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Илуминати- Окото Кое Гледа Се

Дискусија во 'Политика и настани' започната од plavusha, 10 декември 2010.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Едно е сигурно - не го покажуваат знакот на пирамидата за џабе :x
     
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    ги изгледав сите видеа за славните пеачи и пеачки и нивната поврзаност со илуминатите, дали е вистина или не повќе не ме засега, но сватив едно дека истите тие видеа се само перење мозок, не дека не е вистина, знам постојат такви огранизации, но ние не можеме тоа да го смениме, но можеме помалку да мислиме и да се оптеретуваме со тоа, особено кога е уметноста и забавата во прашање.

    откако престанав да ги гледам видеата за илуминати помирен ми е животот.
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    не знам дали има некоја врска, ама според овој пост.... http://www.idividi.com.mk/stil/Woman/681559/index.html

    парфемот се вика illuminum. па сега видете... :)
     
  4. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
  5. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
  6. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Лејди Гага кога зборува за нејната слава на интервјуа или слично, колку ли само пати знае да каже "Му благодарам на Господ за се".. Тоа што го прават Гага, Рајана и Бијонси.. МАРКЕТИНГШКИ ТРИК.. Исто така и им е "интересно" да ги покажуваат симболите. А за овие видеата по YouTube.. Тие пак само сакаат да добијат што повеке прегледувања на видеата. :D

    Како што беше споменато погоре, илуминатите се тајна организација составена од најучените луѓе на оваа планетаа кои што знаат многу "тајни". Како например: Дека не постои ништо надприродно (аха да, со свои очи сум видела па не постоело пфф). Како што реков, најучените луѓе. Лејди Гага, Рајана, Џеј Зи, Кање Вест?? Хахаха сигурно. Тие и х други јавни фаци се можеби сатанисти, но илуминати? Преголем залак е за нив. Недостижен :)
     
  7. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Оние што се претставуваат како илуминати се всушност толпа моќници кои се обидуваат потполно да завладеат со светот . Малку е долго и комплицирано да се објаснува за илуминатите , добро пребарај на Гугл ако те интересира , само внимавај кои извори ќе ги користиш , темата е навистина деликатна и конфузна :) .
     
  8. StarBwoyy

    StarBwoyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    98
    јас го имам истетовирано ОКОТО ШТО ГЛЕДА СЕ

    *само што на окото има црвена солза што ја симболизира болката која ја нанесуваат на обичниот човек и под сликата има текст

    It's never Cyclops,It's never Eye Alone. и има повеке значења
    1.it's never cyclops,It's never eye alone. значи никогаш не би гледал со едно око(Масон)
    2. може да се чита и како It's never Cyclops it's never( I )Alone ( што би значело дека никогаш не би гледал со едно око(Киклоп) и дека не сум сам против тоа движење
     
  9. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Анти Илуминати???

    Тие не се обидуваат да завладеат со светот, тие веќе владеат (од сенка, ама сепак владеат), зашто имаат моќ, која е обусловена од парите кои се во нивни раце. А она што сега се обидуваат да направат е наметнување на нивните сфаќања за животот општо во целина како единствен начин на живот на секоја индивидуа на планетава што е глупост и неизводливо само по себе. Ама они си се трудат, колку и до каде ќе успеат ќе покаже времето.
    Читав за ова многу едно време, и сретнав доста бизарни и морничави нешта околу нивните методи и нивната религија. Нов светски поредок и не знам какви други глупости. Со мојата филозофија на живот дефинитивно не се вклопуваат. :!: Ама дека многу лажат и знаат да перат мозоци, вистина е, и полека-полека напредуваат, само до крај дека ќе стигнат во блиска иднина не верувам. Штета што се инфилтрираа и во Холивуд, ја уништија потполно филмската и музичката индустрија. :)
    Како и да е, решив повеќе да не се замарам со нив, тематиката околу нив е мрачна и ме нервира. Што ќе прават нека прават, и онака од луѓето зависи дали ќе ги прифатат или не. Секој сам си ја става јамката околу вратот. Мене животот ми е помирен откако престанав да читам за нив.

    едит сега гледам ова насловов на темава некако ми е многу прикладен со корисничкото име :worried:hock:
     
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Морав ова да го цитирам овде. Нивната религија? Тие немале никаква религија, тие не почитувале никаква религија. Биле атеисти! А дека правеле бизарни и морничави нешта тоа не е точно. Тоа е само една од лагите на црквата со која ги тргале луѓето од нив и ги терале да се плашат.
    Секоја акција си има своја реакција. Тие не би постоеле доколку црквата не се занесуваше многу и ја спречуваше науката и желбата за знаење на луѓето. Секако дека на неа би и одговарало по неуки луѓе за да може полесно да ги контролира.

    Пред да ми срипа некој запален христијанин, морам да кажам дека не ја напаѓам религијата ами католичка црква, која има направено повеќе штета низ историјата отколку што била од корист на заќоравениот народ.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам за нив, тие имаат некаква си религија, но, како микс од паганството, да не речам дека и некакви си свои ритуали, а секако дека се атеисти.Исто и точно дека правеле бизарни и морничави работи, не ме чуди што до каде сега оди светот.Црквата може да го контролира народот, но се зависи од човековата определеност, кога станува збор за религија.Црквата без разлика каква е во својата суштина, не ги учи луѓето на зло, а токму затоа и долго време опстојува христијанството, но, како што реков се зависи од човекот.Отсекогаш постоеле луѓе во светов кои сакале/сакаат да уништат,
    па така тие илуминатите си опстојуваат,колку - толку, само погрешни сваќања имаат за животот, владеење итн.
     
  12. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Ти ги мешаш некогашните илуминати со овие денешните, овие денеска врска си немаат со оние тогаш, само така замајуваат ;) Не се тие никакви атеисти, на жалост. И црквата не им може ништо на овие.
     
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    E да, овие денес што се прават сатанисти, посебно тинејџерите што се глупираат, врска немаат. Тие само нешто слушнале, а не дослушале.

    Гордана не можеш да кажеш за некој дека е атеист, а дека има некоја паганска вера ( и ова е вера, само што е во повеќе богови). Атеист е човек кој не почитува никаква религија!

    И уште тврдам дека тоа ритуалите се бабини деветини, барем тоа не го прават оние вистинските илуминати. А некој ако се глупира и не е доволно информиран...
     
  14. StarBwoyy

    StarBwoyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    98
    илуминатите не веруваат во религија,немаат религија туку се поданици на учењето на Сатаната и нивна цел е завладување на нов сведски поредок,различен од се она што до сега го познава човештвото и работат за целите на сатанизмот...

    Инаку 21.12.2012 односно фамозниот крај на светот многу лесно би можело да е тоа.Не буквален крај на светот туку настанување на нов светски поредок или можеби конечна победа на илуминатите врз обичните луге и почеток на крајот на религиите,расите,вселенскиот живот и можеби појавување нови цивилизации

    ова оково кое гледа се инаку можете да го сретнете во изменета форма но со иста идеја во филмот Господарот на Прстените и секако не случајно филмот е со таква тематика како што е!

    Окото кое гледа се,како Масонски знак го има на фрески и во македонски цркви и манастири кои биле некогаш тајни места на Масоните на балканот,дури и на камени блокови на надворешната страна на камениот мост(од долната страна која гледа кон вардар)

    ма да мое мислење е дека овие масониве се неуспешен обид да се држи човекот потчинет на страв,или како неуспешен цртан на дизни кој го гледа 60 год старица и не капира што е што!
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    ^ сега ќе испадне дека јас ги бранам овие, но како може да се каже дека тие се сатанисти кога 50 пати е потенцирано дека тие се АТЕСТИ! Ако си поданик на Сатаната автоматски ја признаваш христијанската вера.

    Satanism is a group of religions that is composed of a diverse number of ideological and philosophical beliefs and social phenomena.

    Илуминатите се група на интелектуалци кои владеат со светот. Какви интелектуалци би си играле со морничави ритуали кога тие во ништо не веруваат освен во знењето?
     
  16. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Дури да видам со мои очи не верувам на сите глупости кои се измислени.Ова ко бајаги расипан телефон.Некој нешто кажал и ајде тоа го прават Илуминатите.Кизнај кој се, што се и што сакаа...„Рекла казала“ :(
     
  17. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    ^ ^Магнолија, не се само тинејџери тоа што го прават, има и видни функционери, постојат видеа, за нивните "журки" кои одма ги тргаат од јутјуб |( , постојат и сведоштва на агенти и на новинари кои по некоја случајност, кратко после тоа исчезнуваат, а под бизарности и морбидни работи не подразбирав само вршење на оние класични сатанистички обреди, туку и некои други перверзии, затоа е светов дојден до ова дереџе. И не е тука само сатанизмот, туку и кабалата. Затоа тврдам дека овие денешниве "илуминати" немаат врска ниту со средновековните илуминати, ниту со оние т.н. илуминати во стар Египет (на кои по не знам која логика им го дадоа ова латинско име |( ). Дека ги знаат сите тајни на човештвото, исто така не верувам, тоа е само фама исто како и митот дека нивната мисија е постара од 2000 години, единствено крадат симболи од паганите. Според мене тие се верски фанатици, единствено верски фанатик може да се запне да го менува светот и да ја наметнува религијата на други, само знаат дека човештвото сеуште не е до тој степен "отворено" за да ја прифати нивната вера (а јас за разлика од нив мислам дека нема никогаш ни да биде), затоа работат во тајност. Но, кога верскиот фанатизам ќе ги поведе ќе се откријат и сметам дека тогаш работите ќе им тргнат од наопаку. :)

    STARBWOY за мене човек кој верува во сатаната не е атеист и е религиозен под дифолт, па тие како сакаат нека си го сфаќаат, тоа е религија, затоа што јас ако сум атеист, како што не верувам во Господ нема да верувам ни во никакви други натприродни сили за да работам во остварување на нивни цели и да им вршам обреди, зашто за атеистот сатаната е измислен лик од книга. Освен тоа, кога веќе ги спомна масоните, не заборавај дека за да влезеш во нивната организација покрај другите услови, треба да бидеш верник, не е важно на која религија си припадник, битно е само да веруваш. Е откако ќе влезеш таму, тогаш почнуваш за некои други цели да работиш. Ама зошто ним им е важно да си религиозен за да се приклучиш, хм :^) ? Инаку и јас мислам дека нивната мисија е бесцелна.
     
  18. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Тоа е исто атеизам/паганство, значи не веруваат во христијанството или пак било која друга религија.Затоа и реков така, впрочем тоа око што тие го претставуваат, пирамиди, односно пирамида каде горниот дел од пирамидата е пресечен и во него има претставено око.Тоа е и еден од нивните симболи, го има и видлив е, само кога човек би знаел што е ќе му стане јасно за што станува збор.Но, паганизмот не значи само верување во повеќе богови ;) Атеистот не верува во Бог, но, сепак има свои ритуали или пак негира постоење на виша сила.
     
  20. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    Новиот остров на Наоми Кемпбел-мислам се е јасно.
     

    Прикачени фајлови: