1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Илуминати- Окото Кое Гледа Се

Дискусија во 'Политика и настани' започната од plavusha, 10 декември 2010.

  1. StarBwoyy

    StarBwoyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    98
    поданик на учењето на Сатаната не значи дека ја признаваш христијанската или било која вера.Исто како да си Конфучионист и да мораш да ги прифатиш сите други филозофиии. Сатанизмот исто како и христијанството е учење само разликата е што едново е признаено од широките народни маси а ова другово не е.А дали имаат или немаат вера Илуминатите никој не може да потврди,баш тие се кријат позади верата за да не бидат откриени.тоа се толку затворени кругови што ретко кој знае што се случува внатре а камо ли ние,но првенствен облик на Сатаната е да се јавува како господ па така дека Илуминатите се стриктно Атеисти не верувам...
    ова нема врска,ова е сосема друг симбол!
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ретко кој знае? Како тоа? Кога за нив книги се пишуваат, а да не речам дека и емисии има, а па не уште се и познати личности што секој ги знае или барем наслушнал за нив, мислам ептен видливи за јавноста :D , до толку :!: што дури и од авион се приметуваат :rofl: , само што треба да знае човек кои се тие.Веќе пола свет дозна за нив, што веќе не се интересна појава :D

    Сликата што ја постира членката, тоа е окото всушност кое го поставуваат во пирамидите, мислам симболите, ич не се иновативни |( :D
     
  3. StarBwoyy

    StarBwoyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    98
    не може секој симбол кој ке го видиме кај некој познат да е масонски или на илуминатите:Глеам тука некои постирале и видео клипови од познати артисти и тврдам дека пола од тие симболи не се масонски.друг симбол е шестарот па проклет да бидам до 4 одд сите имавме шестари а не бевме тајно друштво.окото што гледа се не е исклучиво масонски симбол и потекнува многу порано од групирањето на овие смешниве :)

    ако ги има сегде и се познати и знаеме што прават немаше да дебатираме и да се караме што биле.кои биле туку немаше да има простор за дебата тука :D факт е дека ние реално-ПОЈМА НЕАМЕ
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Шестарот не е нивни симбол, а токму поради тоа што ги има кај секој масон или илуминат, би требало да се подразмисли зошто секаде истите ги има, кај секој од нив, потоа на градби, на кои, на точно, на исто место се поставени, а да не зборам за Брисел, во однос на аритектурата, внатрешноста и надворешноста, а со тоа уште ред други работи, симболи итн.
     
  5. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Паганизмот во глобала се користи како синоним, порано повеќе како погрден збор за некогашните политеисти (паганизам-селско, рурално, заостанато), додека атеизмот е одбивање на верба во било какво божество, така ги сфаќам работите :?: не е исто во никој случај
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    Јас имам многу читано за нив така да ова е нивни симбол, исто како и пирамидата.

    http://www.youtube.com./watch?v=PBKDZhu-EZw
     

    Прикачени фајлови:

  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Атеизам е безбожност, негирање на постоење на виша сила,откажување од сите религиозни верувања; паганизам исто безбожност; многубоштво.Илуминатите сакаат да создадат нов поредок во светот, едниствена цел доминација, надминување на нешто што некогаш било доминантно - политика, општествено уредување итн.
     
  8. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    ОК, ама паганизмот може да се нарече безбожност единствено од христијанска, евентуално од исламска верска точка, значи од страна на религиите кои негуваат верба во само еден бог. Инаку паганите биле политеисти, значи верувале во повеќе богови, и немаат врска со сатанизам
    (па сме учеле во школо религија на стари Грци/Македонци, Римјани, Вавилонци, Сумери, Еѓипќани и т.н., да биле атеисти ќе немале религија)
    како што некој се обидува да наметне денес... a атеистите, исто така не се сатанисти едноставно затоа што не веруваат ни во Господ ни во натприродни сили. Атеистот во вистинска смисла на зборот се оградува од било каква религија и од било какви верувања во натприродни сили, а не се оградува само од Господ-Бог. А за илуминатите се слагам, тоа им е целта, ама за мене е факт дека тие се водат кон неа првенствено од верски идеи.
     
  9. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    Прво, од името на темава е направена грешка, со тоа што, окото кое гледа се, е симбол на масонските организации, кои што ги има повеќе, и во зависност од тоа каде се наоѓаат секоја организација си има и различно име.
    А илуминатите, биле масонска ложа, што функционирала во областа на Берлин како што мислам... не сум сигурна, но знам дека само 12 години траеле, и биле забранети после тоа, поради тоа што од масонска организација почнале да стануваат некоја си верска организација, која што нити црквата а нити масоните после тоа не ја признавале, и поради тоа и биле забранети.
    Да, имало врска помеѓу масоните и илуминатите, но илуминатите биле нешто многу помало во однос на она што биле и што се масоните до ден денеска.
    Секако, за нив има најразлични гледишта, дека се сатанисти, и што уште не.... но, воглавно, самите себеси се изјаснуваат како не тајна организација, (иако има многу непознати работи во врска со нив), и се декларираат како организација која што не е нити религиска, верска, етничка и слично, не признава дискриминации, и се цели кон изградба на личноста на човекот од етички, морален и интелектуален аспект, и промовирање на идејата за отворени погледи на светот... и тн и тн..
    Поздрав
     
  10. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Една мала забелешка оф топик до модераторот , дури сега гледам . Јас ова го напишав во заклучената тема за анти - илуминатите , ама гледам дека мислењата се префрлени овде , само што мислењата пред моето не се префрлени , a моето и тие после него се , па малку глупаво изгледа , како сама со себе да си зборувам :lol: , би била благодарна ако се избрише или редактира и моето мислење . :)

    Уште еднаш се извинувам за оф топик :tmi:
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Истото и јас го кажав, затоа реков атеист/паганство, двете меѓусебно поврзани, додека за грци, римјани итн., сосем јасно ми е што биле, нивни традиции, верувања ;) Сепак илуминатите имаат сопствени измислени ритуали како микс од паганството, а притоа допирна точка немаат со христијанство.Ако тие се воопшто нешто почитуваат од христијанството, најсигурно нема да прават тоа што веќе прават, освен уништување.

    Ако е симбол на масоните, тогаш зошто го користат илуминатите? Мислам дека сега најдоминантни се илуминатите од масоните :?:
     
  12. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    Мислам дека не ме разбра.... го користат илуминатите, затоа што кога постоеле биле само една ложа на масоните, масонските ложи ги има низ целиот свет, и сите светски големи умови, во главно биле во масонска организација..Денес бројот на членови во организацијата на масоните , се проценува дека е 4 милиони.
    А илуминатите денес веќе не постојат. Значи, тие го користеле симболот на масоните, затоа што и самите биле масони, меѓутоа не како некоја посебна група или организација наречена илуминати, туку исто и тие биле масони но само една ложа на масоните, која што се викала илуминати. А поради што меѓу групата на илуминатите почнале да се раѓаат такви движења верски, кои пак се коселе со црквата, тогаш и црквата ги забранила, а ни самите масони чија што ложа биле илуминатите, поради таквото нивно дејствување, не ги поддржувале веќе. Оддамна престанала да постои таа ложа на илуминати. Значи има тука на темава и интересни размислувања во врска со ова, но само сакав да ве поправам дека не се работи за илуминати, туку масоните општо.
     
  13. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Во ред е, те разбирам што сакаш да кажеш, само ти напиша дека паганизам(или политеизам, сеедно) и атеизам било исто, тука сакав да те поправам. А нормално дека илуминатите не го почитуваат христијанството, тие се поклоници на Кабала-култот, кој се базира врз древни еврејски митови, исто така користат и примеси на сатанизам.
    Нема никаква грешка во насловот на темава, илуминатите се сеуште огранок на масонеријата, така што, логично е да користат нивни симболи. Илуминатите во својата првобитна форма и дејствување, биле големи умови и интелектуалци кои се спротиставувале на тогашните застарени сфаќања на католичката црква, но како такви не постојат веќе. Инаку илуминатска ложа официјално е формирано 1776 година во Баварија, но после 12 години се протерани од таму од страна на новиот баварски владетел и почнуваат да дејствуваат во илегала. Овие денешните илуминати имаат поинакви цели и поинакви ставови од оние во средниот век, дефинитивно, само за жал неретко ги помешуваат со старите илуминати.
    Сега ја читам темава наназад и има вистини во овој текст, само мала грешка кај болдираното, не се работи за Сталин, туку за Ленин, инаку кога сме веќе кај Сталин, тој се спречкал со нив покасно :!:. Инаку масоните и илуминатите низ историјата и немале некоја голема врска, се до пред отприлика 200 години. Е, сега факт е дека многу помалку се знае за масоните во целост, отколку за нивниот огранок, илуминатите, кои повеќе се експонираат во јавност.

    Исто и јас имам напишано, значи не сум била само јас :lol:
    ама сега и да читам и да не читам за нив, гајле немам, отрпнав, исто ми се фаќа :), а и не ми се толку интересни веќе
     
  14. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    Да, се согласувам, и јас сум го прочитала овој податок, но оддамна и имав заборавено точно за каде се работеше, и дека тоа беше Баварија, во 1776 год.
    Но, многу читам за масоните, и јасно е дека илуминатите денес се интересни, поради нивната природа на дејствување и спротивставување на црквата, но почнале да дејствуваат како некое верско движење, а не масонска организација, што дури и биле екстремни во своите жртви кон бог и тн.
    А масоните до ден денес ги негираат, и од тој период после 12 години на нивно постоење, одкако биле забранети, се смета дека веќе не постојат.
    Е секако, денеска пак има некои што мислат дека повторно се обединиле или се појавиле,па имаат некоја си сатанска мисија или сл.
    А темата има грешка, поради тоа што, масоните се смета дека постоеле многу пооддамна од илуминатите, значи не само што некои сметаат дека потекнуваат од темпларите, туку има и записи од тоа време, каде што се споменува дека и пред создавањето на темпларите, постоела некоја таква организација од големи умови, можеби не се нарекувале масони во тоа време.
    И окото што гледа се, е симбол на масоните, исто така и пирамидата, и пентаграмот, и шестарот со книгата и аголникот. А поради поврзаноста на пентаграмот, и пирамидата, со ѓаволски верувања, денес исто и многумина веруваат дека масоните потајно го следат ѓаволот, и со се што наметнуваат во светот, и со тоа што ГЛЕДААТ СЕ, имаат контрола врз сите нас, и се обидуваат подсвесно да го натераат човештвото да се моли на сатана. Барем вакви некои ставови сум прочитала, а има и на јутјуб еден куп видеа за докази за нивните цели и тн.
    Јас лично, сум сомничава за се, пошто за ништо нема цврст доказ, затоа и многу барам да прочитам, да видам различни гледишта и сваќања.
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Истово што го кажуваш, го имам читано за илуминатите, дека тие ден денес постојат, а исто и емисии во кои се тврди дека се илуминати, како и тоа дека посебно си се денес масоните и илуминатите.Сега незнам колку тие потекнуваат од времето на темпларите, ваков податок немам во главчево :D Може пак и секаде различни тврдења има.Како и да е, како и да се тврди дали тие што се сега, се илуминати или масони, пак постојат и се мешаат секаде каде што не треба |( мислам баш се доминанти, со што се што се случува во светов со политиката, нема никаква врска од одлуки на врвни политичари, тие целата работа ја прават, тие се диригенти, другиве оркестар :D |(
     
  16. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Е за тоа болдираното сакав само да се надоврзам, оттогаш се смета дека преминале во илегала, после тие 12 години, а не дека престанале да постојат.
    А вистинските илуминати, првите, не биле никаква секта или ложа, туку датираат од ренесансата. Тие се наречени така "просветлени" затоа што се обидувале да ги докажат нештата кои останатите луѓе не ги знаеле во време кога црквата се противела на секаква иновација во науката. Тие се залагале за просветлување и на народот и надминување на застарените сфаќања (како на пример теоријата дека земјата била плоча и дека не постојат други планети и небесни тела). Дел од нив биле дури и атеисти кои имале сериозен проблем со црковните власти и сносиле последици од инквизицијата. Се смета дека Џордано Бруно, Коперник, Да Винчи и други познати научници и уметници биле илуминати.

    Тоа во 1776 година било еден обид за возобновување од страна на баварските интелектуалци кои немаат директна поврзаност со илуминатите од средниот век. Но после нивното протерување од Баварија, голем дел заминуваат во Нова Англија и таму го прошируваат своето движење. Оттогаш почнува нивната современа приказна, како и теориите за понатамошно навлегување на еврејски капитал и верски култови во нивното движење кое полека преминало во ложа.
     
  17. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    Да, се согласувам за тоа, и ова сум го читала, дека црквата била против нив поради нивните теории, иако знам дека и масоните до ден денешен се заштитници на секоја теорија која што ја побива црквата.
    А црквата уште од времето на темпларите, сите кои што зборувале за нешто што се косело со црквата, ги обвинувале за ерес.
    И до ден денешен е така мислам, секако не толку истакнато како тогаш, но сеуште е.
    Тие ги негирале и темпларите тогаш, подоцна и илуминатите, а денес за масоните, тоа не можам веќе да тврдам, пошто многумина веќе веруваат и пишуваат дека и самиот папа е масон, или пак сатанист, кој што стои таму, проповедајки вера, а криејки ги најголемите тајни што ги крие ватикан... и тн и тн..
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Секаде различно пишуваат, истово за папата го имам слушнато.Само смешна им е теоријата дека папата би бил масон, сатанист, а проповеда вера :D Ватикан е мистериозен за тоа се согласувам, но ова со папава ич не им е логично :D
     
    На interesna, antilla и Cleonika им се допаѓа ова.
  19. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Илуминатите од самиот почеток биле убивани и палени по плоштади од црквата,како што е примерот со Џордано Бруно,и по мое мислење тоа е најголемата причина зашто тие од просветители и научници сега пробуваат да завладеат со светот. А освен нив,со светот владее црквата,и тие и тие пробуваат да не затупат доволно многу проповедајќи бајки од Андерсен,а другиве пак преку музиката и медиумите. А тоа дека папата е масон не ми се веруе,не дека Ватикан не крие огромни тајни но мислам дека тие тајни не се у вези илуминатите и нивното дејствување.
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Со извинение ама многу глупости се изнатрескани наназад на темава.. -.-
    За какви илуминати зборувате вие кога тие не постојат уште од 18 век?
    Знаете ли вие дека илуминати преведено значи просветители, не биле тие никаква секта?
    А за се друго што е напишано, дури и да има мала вистина во муабетов, не ми е јасно како можете еден Џордано Бруно (кој патем живеел уште пред да се формираат илуминатите како друштво) да го ставате во ист кош со американските 'турбофолкери'? :^)