Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Илуминати- Окото Кое Гледа Се

Дискусија во 'Политика и настани' започната од plavusha, 10 декември 2010.

  1. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Да, тоа е оваа генетски модифицирана ,,напумпана“ храна. Се е тоа вештачко наменето само за оглупување. Оди не јади да те видам, ќе умриш од глад :^)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Па на тој начин, полека се уништува, оттаму и болести, да не зборам за популарните вируси и наводната заштита против истите, преку вакцини, секако со спротивен ефект.Не е за верување, ама и тоа го има.
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  3. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    знам дека се е измислено - вакцина за да умреш. Или од вирусот или од вакцината. Друга опција слабо. Ама оди и зборувај. Прво, на луѓето им е страв. Мислам, кој може сам против сите? И да се обединиме сите што знаеме (што никогаш нема ни да се случи, премногу ретки сме) пак не се може. Па поседуваат и оружја и се. Не знам колку си запозната со проектот ХААРП, кој наводно е да се вршат експерименти во јоносферата. И сето тоа би било во ред, ако зраците не би можеле да го менуваат врмето, елементарните непогоди и ЧОВЕЧКАТА СВЕСТ. :fubar: Нормално, во јавноста не се прикажува така. Не сум по теориите на заговор, но ова е очигледно дека ,,смрди“. Мене, искрено не ми се станува зомби. :?: Ма, потребно е само малку повеќе свест и нема толкаво влијание. Па и рекламиве што се? се потекнува од неколку фирми. Ист отров. Само боите различни делуваат на нас и под привидна ,,свесна“ хипноза не привлекуваат. Страшно.
    Еве и слика отприлика кои се фирмите.
     

    Прикачени фајлови:

    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Работава, ако се разболи човек, да гледа како да се спаси, подобро, без тие вакцини.Не ја негирам во потполност медицината, но некои работи изгледа не се така, како што се претставуваат.Да, тој проектот што го имаат, ко демек експерименти, ама сосем за друго бил проектот.Којзнае, мож има уште полоши работи, за кои човек и можеби не би сакал да ги знае.
    Додека за храната, секој производ со емулгатори од кои, некои од нив предизвикуваат рак.Само, тешко да има производ без емулгатори.После, некои ќе ги тргнувале од продажба, поради тоа што биле штетни, а што останува со други производи.
    Не е човек да верува или не, да се оптеретува, ама некои нешта ни се пред нос, само не ги забележуваме.
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  5. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Да може поинаку да се живее - не може. Последниот пример со млекото - отров и со што треба да се исхрануваат малите деца? Вештачко и вештачко насекаде....спас? не јади, па ќе умреш од глад наместо од емулгатори
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Не е заради парите... ;)
    Што се парите? Ништо во споредба со познавањето луѓе со исти размисли ... ;)
    Мнозинството има премногу идеи и премногу импулс - нормално ненасочен - чиј збир е знаете колку?
    НУЛА!
    Затоа и мнозинството одсекогаш било набљудувано и управувано од малцинство непознато кое не сака слава ниту пари - само сака вие да не се испоубивате сами. Како што велите тие ве убиваат знаејќи кој треба да го нема :) Ако веруваме во такви сказни дека некој што бара илуминација на духот, телото, науката сака да умираат невини - тогаш мора да веруваме и дека знаат зошто токму тие луѓе мора да умрат. Глупо е нели?

    Нормално, постојат и такви кои слободно ќе кажат: ние сме тие и ние го направивме ова и ова - само за да ги оцрнат оние што сепак не ви мислат лошо...

    Долга сказна за пред спиење и не е за мали девојчиња или мајки ;)
    Оставете го светот да го владеат за вас оние кои имаат време и способност за тоа...
    Што се заморувате... како може некој кој што е дел од таблата шах да ги знае сите потези?
    Бидете над играта - над играта мили мои :)

    Добра ви ноќ :)
     
    На Cleonika и psychic им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Дали се сказни или не, не е толку важно, се она што се случува во светов, не е баш случајно.Но, секој различно си размислува.Ок е, ако мислиш дека нема невини што страдаат поради туѓа грешка, тоа си е твое мислење :)
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  8. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    flame 131 не е се до возраста... за почеток види ме мене. Да, имам скоро 15 години и си ја трескам главата в торба.
    А парите? тие се се. За нив е цела војна и борба (да, плус и нафта и јаглен). А човештвото се повеќе се развива и му требаат повеќе суровини. Најбогат е оној кој има се. Ете, една од причините извадена од казанот за намалување на популацијата.
    За твоја информација, внимавај на кого му велиш дека е дел од шаховницата. ;) Не, не ги знам сите потези, но некои се повеќе од очигледни. ;) Само малку треба свест и поголема перцепција. Ништо друго
     
    На Almin и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Како кажете така е :)
    Гордана, ти мене никогаш не ме разбираш што пишувам нели? :)

    Псајхик, јас секогаш внимавам... секакви шетаат по светот... ;) Сешто зборуваат,сешто прават. Од мое искуство и ти си потенцијален убиец иако имаш само 15 години... Само не ти е пронајден прекинувачот сеуште!
    Илуминатите и за тоа се способни според одредени теории на заговори и весници... :devil:

    Реков, парите се небитни... Многу е намалена популацијата знаеш? 7+ милијарди... од 1.6 во 1900 до сега 5.5 милијарди + луѓе... Само секс и раѓање без планирање. Задоволството му го мати умот на човекот + парите!
    Да не забегуваме во теории на заговори и како илуминатите ќе ве натераат да го проплачете мајчиното млеко... Види што ви дозволија истите: интернет и демократија, навидум скриени секој да си каже сешто :)
    Демократија, ослободување од мрачните векови на црквата и нејзините догми и ја донесоа науката на прагот на секој човек способен да размислува трезвено.
    А вие, наполнети со документарки и „жута штампа“ проповедате по форуми и кај стигнете - од најмало па до најголемо - а ни еднаш не сте помислиле од каде овие луѓе...
    Па сигурно не се од друга планета... Или пак се... чекај Ајл вели дека се од друга планета :D

    И си дел од шахот псајхик, убаво е така да си мисли млад човек како тебе како се е возможно, се е достижно, но да оставиме што ќе ти донесе животот! Ти ќе правиш како ти ги наредат луѓето околу тебе, овие илуминатите... ќе ти понудат избор каков што треба да го имаш за да исполниш некаква си колосална цел во твојот живот, а ти ќе се надеваш на слободната волја и свесноста.

    Се читаме луѓе :)
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Те разбирам потполно.
    А и веројатно е дека не се документарки и жута штампа ;)
    Не е важно дали јас верувам дека постојат или не, дали некого разбирам или не, едноставно кажувам некои нешта, кои патем и за други, не се случајни.А човек има право на избор во што ќе верува, дали има пример Илуминати или нема.
     
    На flame131 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    ^ И тој верува, и ти веруваш а и двајцата сте изгубиле контакт со реалноста инаку. Надополнувам околу матрикси, чуда и "различни" перцепции на реалноста. Нема да ви објаснувам понатаму, нема што знаењето да си го растурам за без пари по форуми, ама смешна е темата, смешно е и она што го пишувате. Па уште во табори се поделиле, приврзаници и противници, ахх...
     
    На psychic и flame131 им се допаѓа ова.
  12. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    убаво ме замисли, но понекогаш и се гордеам со себе што навистина не ме познаваат голем број на луѓе. Откриј ја вистината и зборувај. Јас немам ништо против твоето мислење дека сите сме дел од шаховницата. Но, да го имаш проживеано мојот живот ќе разбереш дека знам иако ги имам овие ,,зелени“ години, не гледам дека е се возможно и достижно. Убаво ја сфакам играта на Илуминатите. Јас не ќе можам да избегам од судбината на човештвото, но едниствено што мораме да го направиме сите е да умреме, така?Веќе сум се сретнача со предизвикот од убавина и среќа, па малку потешко влегувам во кругот. Не ме сметај за девојка полна со самодоверба и знаење, но добро се разбирам во манипулација со психата на луѓето, слободата и свесноста. Свесни сме дека постоиме, но во никој момент не сме навистина свесни кои сме и што сме и како се однесуваме...што знаеш, можеби сега некој ме контролира да го напишам ова? :D
    Ова е не Матрикс, црвената или сината таблетка, но има многу различна структура реалноста од тоа што гледаме. ;)
     
  13. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Пак пари... да ти дадам 500 ден ако толку сакаш пари па сподели знаење, не да дрдориш за други што изгубиле што не...
    Темата е секако смешна и јас никаде не реков дека не се шегувам тука :)
    Сподели и ти нешто и уживај :)

    Да ова е матрикс, а Нео е новиот Исус кој што ќе не спаси. Позната секташка манипулација која ги прогонуваше студентите по Скопје - мислам дека сеуште постојат.
    Откриена е вистината и зборувам, ете некому му е смешно, друг е против... :)
    Која будала би сакала да избега од човешвтото?
    Бидете илуминирани самите и ќе видите дека не се лоши овие момци кои не постојат. Man in Black :D
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  14. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Немам против за различни мислења и дури и сметам дека е убаво што сите имаме различни мислења, да на пример јас верувам, но ти не. И сето тоа е убаво се дури не почнеме со сарказми и новиот Нео, а сектите не се за шала.
    Доста ми е од луѓе кои ми ,,наредуваат“ и ми кажуваат дека дааа, сите треба да сме илуминизирани и тоа е свет на перфекција и среќа, за која не си ни свесен што ти имат направено за да ја имаш. Епа, знаеш малку повеќе би сакала да живеам како денес отколку испрана во мозокот.
    За се има докази дека постои или не. Ајде, научи барем малку кои им се симболите и целите, па се ќе ти стане јасно ;)
     
  15. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Но јас не верувам, не треба ниту ти да веруваш - ами да знаеш ;)
    Од верување фајде нема...
    Сектите ги има само кај лажните религии! И се шала и досадни и напорни и немаат никаква реална моќ - освен поткопување на старите религии. Секоја таква религија - лажна - раѓа секти! Но тоа е друга тема...

    Илуминацијата не значи среќа! Не знам кој ти го перел умот со вакви размисли, но да си смениш размислите! Си слушнала за трансот на тагата? Многу се среќава кај учењата на Буда и неговите пракси за свеснот, илуминација...

    Па ти ги кажувам целите, но ти се држиш на ставот и веруваш дека илуминатите се овде да:
    1. намалат број на луѓе (не им успева нешто од 1.6 на 7+ милијарди сме)
    2. сакаат робство (реков дека тие ги бутнаа старите монархиски системи и ја донесоа демократијата и науката до секој)
    3. менуваат генетски храна (тоа се некои бедни корпорации кои со текот на времето ќе исчезнат ако станете илуминирани)

    Едно е да веруваш и да се палиш на „жолта штампа“ и масони и окултно собрано од нет, друго е да знаеш.

    Ако нешто е тајно не е по default зло! Не верувајте се што ќе прочитате по интернет.

    П.С. Ти не сакаш различни мислења. Посебно не такви кои се контра твоите :)
    Се читаме, ми заврши паузата :) А и сарказмот е добар посебно за теми ко овие... пробивање на илуминатите :) Да почнеме со имиња на познати луѓе а? :)
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Не знам со сигурност дали има или нема илуминати, масони, теории на заговор итн.но верувам дека некој или нешто не контролира и сите случувања зависат од нешто.
    Ние, луѓето, сме толку неоткриени што не можеме да си се објасниме себеси и се што е во врска со нас.

    Секогаш ме интересирале тие мистерии и во ова денешно време на беспарица и немање работа каква што човек заслужува според своите способности, јас под морална одговорност изјавувам дека се пријавувам за служба во машинеријата на илуминатите.
    Ако некој илуминат ме прочита нека ме исконтактира.
    Без титкања ве молам. :lol:
    Да не бев сакркастично смешна ќе поверував дека сум крајно сериозна.
    Но верувам дека и на илуминатите им е потребен некој како мене во нивните редови, чисто да разбијат монотонија.
     
    На sweet-star, sunfemina, psychic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. s.t.a.r.s.h.i.n.e

    s.t.a.r.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    28
    ова Египќаните за дропки го користеле. http://gwydir.demon.co.uk/jo/numbers/eg ... ctions.htm
     
  18. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Во право си од верување ама баш нема фајде :D Добри ти се целите и објаснувањата за нив, но јас има поголеми причина да верувам дека не ни сакаат добро. Не се палам на жута штампа, иако ја читам ама малку логика повеќе и се гледа лажно од вистинито. Не е се што е тајно зло - не ме сфакај така - пример масоните се тајни, но не посакуваат лошо (иако имаат некои принципи кои не ми се допаѓаат - пр. на суд, ниеден масон нема да сведочи за друг масон ВИСТИНИТО и сега од кај јас да знам кој е масон кој не е :^) а нели сите сме еднакви според нив - ма пак нешто не ми чини :D )
    Да се извинам за сарказмот на тие што им смета, но јас не можам без него. И наследно е малку, но и таква сум ;)
     
  19. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Мене само едно ме чуди, ако се Масоните тајна организација тогаш како може овај јавно да истакнува дека е главен таму http://www.fakulteti.mk/news/12-03-21/g ... enovi.aspx ? :o Или пак сака рекламација да си направи за книгата. :geek:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Flossy

    Flossy Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Значи вака зборот „сатанист“ не значел одсекогаш дека си предан на Сатана. Порано во времето кога владеела црквата зборот сатанист значел „носител на светлината“ што во тоа време значело носител на вистината. За Илуминатите исто така црквата викала дека се Сатанисти што и биле но не во денешната смисла на зборот. Тие и се спротиставувале на црквата и сакале да докачат како навистина настанал светот. Црквата изреволтирана од нивните сваќања кои веројатно биле вистинити почнала да ги убива членовите на оваа тајна организација. За да ги спречи луѓето од подржување на организацијата таа измислила дека тие се сатанисти т.е пратеници на Сатана што воопшто не било вистинито. Во друг наврат би пишувала повеќе за нив а за сега доста е. А ако сакате да дознаете повеќе за нив ви препорачувам да ги прочитате „Ангели и Демони“ и „Кодот на Да Винчи“ од Ден Браун. :hai:
     
    На Almin му/ѝ се допаѓа ова.