Во последно време се почесто се соочуваме со фактот дека луѓето на кои сме им верувале и сме ги сметале за блиски не изненадиле со одредени постапки. Кога ни требаат се зафатени, само кога сме им потребни лесно наоѓаат време..... Секако брзото темпо на живеење е еден од главните причини, но сепак мислам дека себичноста, завидливоста, па и лошотилокот се повеќе се кријат зад маските на некои што ни се т.н. пријатели. Ако ти се случуваат успеси тогаш наместо да се радуваат, т.н.„пријатели“ смислуваат интриги, ти ги бараат мааните, ги снемува преку ноќ. Какво е вашето искуство, можеби вие сте имале повеќе среќа во изборот на пријатели?