Форумџика на годината 2020

Има ли лек за ракот?

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од RainBow, 10 април 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.200
    Допаѓања:
    49.495
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Др. Рик Герд Хамер е татко на Германската Нова Медицина кој, по долгогодишна практитка и многубројни истражувања поврзани со ракот, открил дека нешто не е во ред со современата конвенционална медицина.
    Дошол до сознаение, дека наместо да лекува, таа организмот го труе, уште повеќе го слабее, и на крајот го убива. Др. Хамер ја поставил медицинската теорија, ја поткрепил со докази од пракса на преку 50 000 случаи. Бидејќи неговата теорија била фатална за современата медицина, тој бил прогласен за лудак, одземена му била дозволата за работа и завршил во затвор. Успеал да преживее неколку атентати и денес е активен во одбрана на своите официјално непризнати, но неоспорени, научни теории.

    Да ви кажам право истражувањето е навистина обемно и има многу шокантни податоци.
    Др. Хамер отворил приватна клиника во 1985, каде од 6500 пациенти болни од рак, сите во завршна фаза од болеста, 90 посто од нив биле живи и по 5 години по неговото лечење.
    Имено, доколку се уважи неговата теорија, сите лекови за ракот би биле излишни, сите фабрики ќе треба да се затворат, неброено многу луѓе да останат без работа, и уште многу, многу последици...

    Дали поради овие причини се обиделе да го отстранат од патот? Зошто никој научно не се обидел да ги оспори неговите теории, туку му ја одземале дозволата за работа?

    http://www.ivonazivkovic.net/NEMACKA-NO ... I-DEO.html
    Еве го линкот каде можете убаво да го прочитате истражувањето и да се информирате.
    http://www.ivonazivkovic.net/HEMOTERAPI ... EVARA.html
    А ова е линк каде се објаснува за хемотерапијата и нејзиното делување.
    Прочитајте, па да дискутираме :)
     
    На Poko Loko, trajko55, Lepaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.174
    Пол:
    Женски
    Прочитав во врска со неговото истражување, ова ми е познато и од порано, меѓутоа не знаев дека е негово тоа истражување.Точно дека има голема улога стресот за создавање болести, се спомнуваат во статијата и чакрите, тоа е нешто веќе познато во јогата, кои имаат голема улога за намалување на стресот.Има лек за ракот, но не го даваат заради профит, ете како што пишува, на човеков му направиле и атентати со цел да не се дознае тоа што тој го знае.Јас знам, а и имав прочитано дека витаминот Б17 кој го има во овошјето е лекот за рак, има на интернет може да се прочита.Исто така точно е дека може самиот организам да се излечи, сепак колку што се добри лекарствата, толку се и штетни, затоа што сепак тоа е вештачко, не е природно.Ова го знам и од мој близок роднина, така што јасно ми е и свесна сум што зборувам.Имав и прочитано книга, можеби позната, книга Тајна на мојата природна медицина од Рика Зараи, на српски е, исто во која се говори за тоа како може човек да се лечи, би било добро да се прочита, информативно и корисно.Само ќе кажам, наместо да дозволат човекот да помогне, тие одмагаат се со цел заради профит, ништо друго.Меѓутоа човек треба да е свесен за себе си, да внимава на здравјето,колку толку и преку овие начини кои ги дознава за да знае што е добро, а што лошо за здравјето.
     
    На mamaja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.200
    Допаѓања:
    49.495
    Пол:
    Женски
    Ќе го снема човештвото заради профит. Сами себе ќе се уништиме, тоа е најжалното. Сите вакви обиди, да се докаже нешто, да се покаже вистината се осуетуваат, луѓето се уништуваат... Iмаше на страната и за витамините, a една професорка во средно истото ни го имаше кажано, дека немаат врска овие вештачки витамини, се е тоа за профит.
    Еве го линкот http://www.ivonazivkovic.net/ISTINA-O-VITAMINIMA.html
    Всушност, цел сајт изобилува со вакви информации, со истражувања, со вистина и лаги... Навистина е интересно да се прочита.
     
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    1.628
    Па тоа е најлошо како што рече- Ќе го снема човештвото заради профит. Знам за човекот имам гледано за него на ТВ. Жално што не се дава збор за некој што работел со години и вложувал во медицината, тука се се продава за пари, дури и животот на човекот. Колку млади умираат од рак, па зошто да не се применуваат советите на Др. Рик Герд Хамер? Страшно и жално
     
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.296
    Медицина и хуманост, може да се каже дека денеска не постои. Жално, но реално. Ова го кажувам од лично искуство.
    Денешните лекови ствараат зависност, а со тоа фармацевтските компании си создаваат редовни потрошувачи. Ако при секоја главоболка вие пиете аналгин, главоболката ќе ви поминува само со пиење аналгин.
    Сетете се само на фамата за свинскиот грип и задолжителното вакцинирање.......
    Докторите имаат слкучено договори со фармацевтските компании и работат на процент од препишани лекови.
    Секако морам да наведам дека има и чесни исклучоци.

    Да не бидам многу офф топик и да кажам дека верувам дека лек за ракот постои. Еве, Рик Герд Хамер е сведок за тоа. Но, на многу луѓе не им одговара лекот да биде откриен (поради профитабилни цели). Многу жално, но многу реално :worried:
    Луѓето кои се сопственици на фармацевтските компании се членови на многу силни лоби групи и тие многу лесно ги заштитуваат сопствените интереси.
    Останува на нас, на нашата сопствена свест да се решиме што ќе правиме. Дали ќе дозволиме да не трујат со хемотерапии и други јаки лекови, да ни го сведуваат имунитетот на 0, буквално да не скапуваат!
    Во денешно време, како се повеќе се лечиш- така се нови болести ти наоѓаат :devil:. Страшно е, но така функционира целиот свет....
     
  6. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    102
    Не го дочитав целиот негов текст, моментално сум преосетлива на оваа тема, но на почетокот објаснува како настанува и зошто се појавува ракот, а пишува ли како може да се излечи? Да и јас не верувам во зрачењето всушност мислам дека уште повеќе го уништува организмот, но еве сега ако докторот на мајка ми и препорача хемотерапија со зрачење дали јас ќе имам храброст за да и кажам не нема да се зрачиш ќе се лекуваме алтернативно. Мислам дека нема, може за тоа што не би сакала да направам нешто за што не сум сигурна дека е подобар начин а и уште помалку би сакала да бидам одговорна за спречување на можно подобрување на ситуацијата. Не знам ама страшно е кога сте немоќни да сторите нешто, барем нешто.
     
  7. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    61
    Има...Само тоа не им оди во прилог на големите фармацевтски компании па затоа не ги одобруваат лековите. Еден од тие лекови се базира на витамин Б17 кој е изолиран од семките на кајсијата
     
    На bonbonka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    102
    Да еве го најдов и тоа за семките, и мајка ми јаде секој ден околу 20 семки, се надевам дека има вистина во тоа и дека барем нема да се шири, бидејќи уште нема правено операција(чекаме) ниту прима лекови се лечиме со семките.
     
  9. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    61
    Само не треба да се претера со конзумирањето на семки, оти во голема количина се отровни
     
  10. MissAnn

    MissAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    До каде иде таа докторска суета - тоа чудо е! Колку само животи носат на совест (ако може воопшто да се каже дека ја имаат). Продадени души!
    Сигурно постои лек и за рак и за сида и за сите можни болести. Тоа се болести создадени од луѓе, во лабораторија. Но, се разбира како ќе се збогатуваат ако дадат лек за сите болести, па полесно е да го трујат обичниот човек со се и сешто. Да почнеме од вакцините па до хемотерапијата. Хемикалии, глупости, ништо корисно и здраво во нив. Не дај Боже човек да отиде во болница заради некоја болест, ќе се врати со уште 100 болести.
    Нејсе. Сакав да кажам дека ми текна на една жена, не можам да се сетам на името, прва почна кај нас да се занимава со макробиотичка храна, се излекувала самата (од рак на не знам што) со овој тип на храна. Имаше и емисија кај што готвеше, но во последно време ја немам видено. Мислам дека Виталиа е нејзина продавница, не сум 100% сигурна.
     
  11. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Прочитав што кажувал човеков, и морам да признаам дека сето ова изгледа доста интересно за читање и е на интересен начин напишано, но колку што ми дозволува знаењево, кое сепак уште се надоградува, ова не е баш вака. Точно е дека стресот има голем удел во создавањето на ракасти клетки, но не е единствен причинител. На испитувања доаѓале луѓе каде нивото на стрес хормонот било исклучително големо, доаѓале и луѓе кај кои бил на сосем нормално ниво. Никој не знае што го предизвикува ракот, и не може се дури точно не се докаже, да се мисли дека е само од стрес. Еве да речеме од генетичка гледна точка, ракот не се наследува. Пример ако го има родител не значи дека ќе го наследи детето,а неретко знае да се случи дете од родители кои во фамилијарното дрво немале случај со рак, да заболи. Според најновите истражувања во човечкиот организам постои ген кој ни кажува колкав е афинитетот на клетките да се делат. Значи клетките се размножуваат, живеат и потоа умираат со планирана смрт (наречена апоптоза). Тоа е сето контролирано од еден ген, и се смета дека ракот е всушност мутација на тој ген, па затоа имаме зголемена делба на клетки, а помала смртност.

    Што доведува до тоа - уште не е познато. Стресот можеби, но има луѓе кои не биле изложени на стрес па заболиле. Што со нив? И не е точно дека лековите се штетни. Лековите се штетни кога се давани од ракав. Да и има и такви доктори, кои кога ќе им кажеш дека те боли главата, веднаш ти препишуваат лек, без да испитаат што поточно ја предизвикало болката. Ако се направи добро детално испитување, на сите компоненти кои се битни за човекот и потоа се прави терапија, која целосно се следи и се зема на правилен начин, лековите не можат да бидат штетни. Ама ако доктор ти рече, аха за главоболка е аналгин, па ти си се изнапил аналгин, а болката е предизвикана од нешто сосема трето, тогаш лекот е и тоа како штетен.

    Друга работа е што човекот е ИНДИВИДУА, секој си е прикана сам за себе, секој реагира на свој начин. Ќе земам еден смешен пример ама се надевам ќе сфатите што сакам да кажам. Да речеме одат две девојчиња на депилација, кај иста козметичарка, со ист метод на депилирање. Едната ја боли многу, не може да издржи, кожата и се вцрвенува, а другата воопшто не ни чувствува каде што ја депилираат, на кожата не и се случува ништо. Исто да речеме со трансплатација на орган, кај некои луѓе успева, кај некои заради силен имунски систем не успева. Така е и со лековите, кај некој човек се ефективни, кај друг не само што не се ефективни, туку можат да бидат и штетни. Пример кафетин менструал мене воопшто не ми помага, на мајка ми и е секодневен кога има менструални болки. Затоа не смее да се рече дека лековите се штетни, затоа што не се!

    Убаво би било кога би била таква утопија како што ја опишал човеков, дека по природен пат може да се елиминираат сами туморите, но јас одма имам едно прашање. Зошто кога човек ќе појде во доцен стадиум му велат дека е предоцна за операција, тој човек по некое време умира? Ете не бил увиден ракот, не бил третиран, нема ни да се оперира (затоа што веќе зафатил големо место), зошто НИКОЈ досега буквално така не оздравел? Ако е точно она што го вели, зошто тогаш сите луѓе порано или подоцна умираат кога ќе се најди рак во краен стадиум? Тоа воопшто според мене не држи вода.

    А да и прочитав дека хемотерапијата и радијацијата биле штетни. Не да се штетни - прештетни се, затоа што се зрачат и здравите ткива, кои пак заради радијацијата почнуваат ненормално да се делат, а и со тоа се составаат ракасти клетки, па човек кој имал рак на дебело црево, го излечил, па му се појавил потоа рак на тестиси. Но друг метод нема. Се бараат сега нон стоп лекови, за да се сопре радијацијата и хемотерапијата, се бара начин да може да се зрачи само тоа ткиво, и искрено многу се иритирам кога ќе прочитам дека лековите биле само заради профит. Има и такви, кои се базирани на штетни формули, кои имаат многу големи финанскиски бизниси зад нив, но луѓе секој ден милиони фармацевти работат и не е убаво да се вели дека сето тоа е само заради профит. Јас сум најнов член на групата на студенти кои истражува за ракот, член сум од пред некоја недела, па заедно ги разгледуваме проблемите, а јас немам никаков профит од тоа буквално. Значи има луѓе кои гледаат само профит, но има и такви кои навистина сакаат да се најди лек за овој убиец на 21 век. Можеби и го има, па се чека погоден финансиски момент да се појави на маркетот, и јас тоа не го оправдувам, и јас го мразам тоа, но што да правиме кога некои луѓе живеат само за пари.

    Се на се интересна статија, но недоволна за да ми го промени мислењето. Човеков проблемот го гледа во енергијата, го почитувам тоа, таа има голем удел, но не е СЕ. Секако треба да се земи во обзир, но има уште многу, многу, многу да се испитува за да може да се дискутира за ракот, а дури потоа да се каже како да се лечи. Сега за сега, ова би го наброила само како фактор + од причините за добивање на рак, никако како цела причина и решение.
     
    На mamence му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.200
    Допаѓања:
    49.495
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се открие ракот човекот веднаш се лекува. Исто така докторот укажува на погрешните третмани, на дејството на хемотерапијата која ја убрзува болеста, негативно делува на организмот и место да го лечи го убива. Не може да му се верува на човештвото денес, бидејќи се засновува на пари. Се се прави за пари. Тоа е тоа. Се друго што би се открилo, а е спротивно на тоа, нема да биде прикажано.
    Еве и за вакцините, самиот збор вакцина доаѓа од латинскиот збор Vaccine што значи крава(vaca).
    Вакцината ја измислил надри лекар. А според многу истражувања баш вакцината е причина за болести како аутизмот, детската парализа, алергии, астма... Овие истражувања се заташкуваат, бидејќи можеме да замислиме каква загуба ќе биде да се престане со производството на вакцини...
    Факт е дека животниот век на луѓето бил значително подолг, кога немало ваков напредок на медицината, кога сами се лечеле...
     
    На FBI и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Секако дека порано подолго време живееле луѓето, кога воделе понормален живот, се знаело дневна рутина, кога се легнува а кога се станува, кога не постоеле фаст фудови, зреени овошја, прскани, кога не дремеле луѓето 24/7 пред компјутер, кога не им бил целиот живот програмиран и во трчање поминат... Да не набројувам.... Ама тоа време денес го нема. Жално, но така е. За вакцините не можам да коментирам, не сум ги учела сеуште, имам само основно некое, лаичко познавање.

    А Реинбоу, сите големи откритија се сметани за идиотски на почеток, а измислителите за фрикови. Замисли ти порано, кога Koперник рекол дека Земјата е тркалезна а не рамна, го запалиле човекот на сред плоштад, а денес тоа е научно докажано дека е така. Верн кога рекол дека има нацрт за подморница (нешто што ќе плови под вода) сите будала го мислеле. Сите му велеле дека единствено под вода можат да се движат рибите, па тој успеал да нацрта, за денес да биде изградена таа. Исто сега и јас да речам измислив временски портал, знаеш ли колку мина ќе ме сметаат за полудена? Тоа ОДСЕКОГАШ било така, така е, така и ќе биде. Од СЕКОГАШ луѓето кои се зинати за пари правеле матканици, денес се прават на големо и ќе се прават. Не е од сега тоа, и порано колку "доктори" биле измамници.

    Но ако имаме 10 мина доктори и 7 се такви, не мора да значи дека останатите 3 се исто такви. Затоа ме иритира кога ќе речат дека сите доктори се доктори само заради пари. И дека се безмилосрдни, дека воопшто не се грижат за пациентите, и дека на душа носат многу луѓе. Докторот не секогаш може да спаси човечки живот, што не значи дека не дал се од себе. Има и такви кои со прст не мрдаат да, ама има и такви кои ја сакаат медицината, и кои животот на го гледаат само како печатница за пари и шанса да лапнат што повеќе.

    За ова дека му нарачале атентат, верувам, како што кажав не на секој му одговара голем изум да биде измислен. Таквите луѓе одсекогаш биле гонети и убивани. Но ако е точна неговата теорија, ќе си добие заслуга, по 10, 100, 200, 10.000 години, но ќе си добие.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.200
    Допаѓања:
    49.495
    Пол:
    Женски
    Спаркс, он сакал да покаже дека целата медицина се засновува на погрешни теории и учења. Општопрофатено е дека вакцината е добра за организмот и за превенции, па сите лекари се водат по тоа тврдење. Они не ги произведуваат вакцините, немаат тука никаква добивка, но ете, така се учени и го прифатиле тоа. Др. Хамер се залага за т.н Нова медицина, која се спротиставува на конвенционалната.
    Има многу вистини во неговите тврдења и искрено ми е жал што ете, таков човек го замолчале.
     
    На Fillia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    И мене ми е жал, интересна е неговата теорија, ја прочитав, поточно статијата од девојката која го напишала сето тоа, но сепак не може да се каже дека досега медицината одела во погрешна насока. Тоа баш сакав да го кажам во првиот пост, терапијата, кај некои луѓе успева, кај некои не. Секој си е индивидуа сам за себе, ако кај некој човек не успее некоја терапија не значи дека тој лек е штетен или не е ефикасен.

    Сепак, колку и да се знае за човечкото тело, никогаш не може да се рече дека се знае СЕ. Затоа што прво мислеле дека органот е најмалото нешто од кое се изградени луѓето, потоа се открило дека не само што органите се ОГРОМНИ, туку дека има помали ткива, клетки, органели, молекули, електрони... Од кај знаеш дека ова што мислиме дека денес е најмало, не е некоја огромна површина, која под микроскоп ќе даде уште многу ситни делчиња? Затоа и секојдневно се истражува, се открива, ако нешто не е дополнето - се дополнува. Но не може да се рече дека досегашните испитувања се погрешни, само затоа што човеков имал теорија која се базира на стресот како фактор. Мислам себично е. Можеби е така како што вели тој, ама без доказ не смее да етикетира дека досегашната медицина е погрешна и површна.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.200
    Допаѓања:
    49.495
    Пол:
    Женски
    Кој се спасил комплетно од терминална фаза на болеста? Кој поживеал пет години по лечење, по операција? Хемотерапијата на кого толку му помогнала, па да се извлече од болеста? Не знам, мене ме потресе искрено истражувањево, порано не сум го сретнала.
    Мене мислата ми е дека моќниците ја контролираат медицината, а не доброто на човештвото, затоа не може да се верува. Пуштаат секакви вируси, за потоа да се произведе вакцина, да се зголеми пазарот на лекови, тоа сакам да го кажам. Тоа и на почетокот го мислев, дека самите ќе се уништиме.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.174
    Пол:
    Женски
    Сигурно дека порано луѓето живееле подолго, нормално бидејки здраво се хранеле,меѓутоа може и ден денес да се избегнува храна која што е штетна,пример како брзата храна, значи може и здраво да се храни човек,да пие чиста вода која има огромно влијание за здравјето на човекот итн.Меѓутоа се зависи и од човекот, затоа кажав претходно треба да е свесен што јаде, а што пие.Дали ракот како болест постоел порано? Сигурно дека не. Порано луѓето сигурно не јаделе штетна храна итн.
    Само едно не можам да разберам, зошто наместо да им помагаат на луѓето, тие им одмагаат, знам заради профит,незнам,не ми е јасно.Знам дека има и доктори кои навистина ќе му помогнат на човек, но зборам за тие кои ете на таков начин му наштетуваат на човекот се со цел да не се дознае вистината,кој може да помогне со неговите истражувања.
    Рејнбоу во право си за се што кажа, јас ќе кажев истото, па да не се повторувам.
     
  18. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Јас не те негирам. Така е. Има такви организации, не е спомнат но еве јас мислам дека ХИВ вирусот е лабораториски вирус. Мене ми смета, искрено еве ќе си кажам што докторов исмејува се друго и вели дека другите што не мислат како него се програмирани или дека спаѓаат во погоренаведанана група. Еве јас, мене никој не ми дава пари за тоа што се зачленив во таа група, мене ми е задоволство да истражувам, да осознавам, а верувај не сум единствена, па не мислам како него. Значи не можеме да кажеме дека ракот настанал сега или порано, од причина што порано кога луѓето умирале многу работи не се знаеле, не се знаело ни од што умираат. Можеби некој уште пред 1 милениум умрел од рак, не била извршена обдукција, па не се знаело. Не може да се каже ракот настанал тогаш и тогаш. Може да се каже ракот бил ВООЧЕН тогаш и тогаш.

    Значи се надевам ќе сфатиш што сакам да кажам, дека има вештачки, лабораториски вируси, дека има гниди од луѓе, моќници како што ги нарече ти кои контролираат многу работи, ама има и луѓе кои вистински се борат да најдат лек против ракот. И јас секоја теорија ја почитувам иако не се сложувам со неа. Сепак од моево скромно знаење, кое уште е на основно, море не ни основно, подосновно ниво, морам да се сложам со таа конвенционална медицина, затоа што сум видела наоди од случаи каде верувај стресот не бил причина за рак.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.200
    Допаѓања:
    49.495
    Пол:
    Женски
    Да, постојат луѓе што бараат лек за ракот. И кога ќе го најдат? Мислиш дека ќе дозволат да се открие дека е пронајден лек? Не, нема да се дозволи да пропадне цела индустрија, ќе биде како и со Др. Хамер, имало и луѓе пред него што ги нашла неговата судбина... Ракот просто е една многу профитабилна болест.
     
  20. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Ах Реинбоу такви луѓе за се постојат. Го контролираат секој патнет, во зависност од тоа колку ефтина работна сила заменува, колку ќе имаат тие профит од тоа и слично. Не се таквите само во медицината. Ги има во секој сегмент од животот, дури и музиката и филмот (што се се слуша и се гледа) е контролирано. Но тоа не е причина светот да запре и да не се развива повеќе.

    И муабетот - докторите се суетни, продадени души и дека не знам колку луѓе на душа носат, вода не држи ама ич! Мислам да не почнувам да набројувам колку тие имаат придонес за светот, исто како и секој економист, електричар, правник итн...

    Отидовме офтопик, ама целта ми беше да кажам дека не е се така розово докторов како што претставил, дека со енергија или со намалување на стресот или антистрес терапија може да се излечи рак. Представил нешто, но не го одбранил, па кога ќе прочита некој ќе си помисли што ли прават денешните доктори, како смеат така да зрачат, кога сето тоа е штетно, а не се знае дека сега за сега - тој е методот и нема друг. И се дури не се докажи некоја нова теорија (Дај Боже и оваа да е точна, тоа ќе биде за мерак, со антистрес терапија да се лечи рак), дотогаш конвенционалната метода е најдобра. Секако дека треба барање на нови методи и тестирања, но тоа не значи дека треба да се фрли по вода се што досега се испитувало во конвенционалната метода и да се занемари нејзиниот допринос.