1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Има ли лек за ракот?

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од RainBow, 10 април 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Спаркс, точно дека се е контролирано, но само во медицината се работи за живот или смрт, па оттаму таа е и најважна за опстанокот. И цело време сакам да ти укажам дека не верува дека ќе се развива во права насока доколку е контролирана од погрешни луѓе. Теориите што се поддржувани, истражувањата што се спонзорирани се селективни. Така барем испаѓа. Се во корист на профитот. Еве да речеме и неговите истражувања да не се точни, сепак научно никој не ги оспорил. Зошто? Зошто го прогласиле за лудак човекот, зошто му ја одземале дозволата? Му ја затвориле клиниката, иако имала напредок, а ги избркале пациентите? Тоа е тоа што ми боде очи.
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    6.309
    Можеби не сум адекватна да коментирам, ама сепак зашто ме влече биологијата а со самото тоа и вакви теми, би сакала да кажам нешто.. Прво, како што рече Спаркс, не сите доктори се алчни за пари и заработка, некои навистина си ја сакаат својата професија и прават се она што е можно за да помогнат на некому. Затоа медицината е хумана наука. И не може да се каже дека сега докторите произведуваат вируси или слично, за потоа да создаваат вакцини со што автоматски тие ќе се збогатат.. Секако, има и такви кои произведуваат, ама не зборувам за нив. За вакцините, знам дека во нив има содржано некои ситни микроогрганизми и бактерии кои не можат да му наштетат на човековиот огранизам, кога еднаш ќе се најдат во телото. Потоа, имунитетниот систем создава антитела соодветни за истите антигени кои би го нападнале организмот и за кои всушност е наменета вакцината. (Ајде, ако ме свативте нешто..)


    И порано, зборувам за минатиот век, сигурно дека човекот бил напаѓан од ракот, ама не толку често како сега. Можеби причината за тоа е, првобитно, исхраната. Порано луѓето и те како се хранеле поздраво, пиеле чиста вода итн. Потоа, денешниот брз тек на животот, секојдневното трчање наваму - натаму, постојаното седење на компјутер, гледањето телевизија, недоволната физичка активност.. Радиоактивните зрачења и така натаму. Ама, ако е затоа ние би можеле да го смениме нашиот тек на живот. Би се труделе да се храниме здраво, редовно ќе вежбаме, нема да седиме на компјутер (барем не толку често) , но дали тоа ќе ја спречи појавата на рак ? Или пак ќе ги направи шансите за добивање на рак помали? Не се знае. А и сигурно за појавата на рак има уште многу, многу други причини кои и најголемите научници не ги знаат, а камоли јас, која сум што се вика подосновно информирана. Некогаш, се случува и некои луѓе што живеат многу здраво, во секоја смисла на зборот, повторно да се здобијат со рак.


    А оние што воопшто не водат здрав живот, верувам тоа им влијае на имуниот систем, им го прави уште послаб а со тоа и уште посклон кон најразлични болести. А со тоа и ракот. Ако некоја болест веќе нападне (не зборувам сега за ракот, може да зборуваме и за најобичен грип или настинка) , човекот со посилен имун систем, има поголема веројатност за да се излечи од истата или пак болеста кај него да напредува побавно. А пак, има и луѓе кои водат многу лош живот - а сепак не заболуваат од оваа болест.

    Истражувања за ракот има многу, како и за многу други болести, некои можеби се дури и точни, ама за жал - не се прифатени. Истото што се случува со истражувањето на овој доктор. Не тврдам јас дека неговото истражување е точно, но можеби некои фактори од тоа негово истражување се точни и би можеле да помогнат во лекувањето на ракот? Но, зашто има толку остра реакција во врска со она што тој го пронашол, зашто сите научници се бунат и се обидуваат да му го одземат животот? Значи, сигурно има нешто позади сето тоа. Лично јас, верувам дека веќе е откриен лекот за ракот, ама се држи во тајност. Зашто, што би настанало потоа? Хаос во светот. Многу празни работни места, многу научници и доктори би останале без својата работа - зашто, ете, истражувања од таа област (во овој случај ракот) не се веќе потребни, лекот е пронајден.. А и сигурно, ако се открие лекот, ќе следуваат премногу обиди за атентати, убиства, заканувања.. Животот на тие луѓе ќе им се претвори во пекол. Ама затоа, се додека, еве хипотетички претпоставиме, тие што го пронашле лекот молчат, се би било во својот најдобар ред.

    Планираниот хаос, нема да настане, сите ќе продолжат да си ја работат својата работа.. Ама, ако подобро размислиме - ни двата начина не се добри. Ако се открие лекот, веќе напоменав што би се случило, а вака ништо нели.. само уште безброј луѓе ќе умираат. Дури на моменти си помислувам дека онаа, алтернативната медицина е подобра. Некои луѓе успеваат да се излечат по природен пат, со некои свои методи подобро од она што и самите доктори успеваат. Не секогаш тоа е најдоброто решение, секако, треба да се консултираш со доктор најпрво но во некои најкрајни случаеви, кога веќе ви нема преостанато ништо.. нема ништо да ве кошта да се обидете, па макар тоа успеало или не.

    На темава, можам да нафрлам уште илјадници работи, ама како што кажав, јас сум најмалку стручна да коментирам околу овие работи.. ама што да правам, неможев да се воздржам. Како и да е, јас лично посакувам се најдобро и ако е можно да се открие лекот на оваа болест, без фатални последици за светот и сите луѓе да се излечат и што е можно помалку да умрат. :)
     
    На white.kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Некако не се разбираме. Јас не оспорувам дека лекарите се трудат и сакаат да спасат што е можно повеќе животи. Но тука се зборува за самите корени на медицината како наука. Дека нејзините учења се погрешни. Не се дава шанса на нешто ново, во случај да не дојде до бум, па да се преврти светот и сето тоа се замолчува. А луѓето умираат од секакви болести. Има луѓе што го контролираат светот и тоа е тоа. Никој ништо не може да направи.
     
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    6.309
    Добро, можеби нешто погрешно сум разбрала. :) Како и да е, јас неможам да кажам дека учењата на медицината се погрешни. Можеби нешто е погрешно, а тоа е нормално, зашто секаде постојат грешки иако, секако, не се пожелни.. Во некои случаеви се дава можност за нешто ново, кој вика дека не се дава? Но, најчесто таа можност не се дава, а тоа може да се прифати и како добро, но и како лошо. Лошо, затоа што можеби баш тоа ново, ќе допринесе за голем напредок во медицината и за откривање на нов лек за нешто кој би можел да спаси многу животи, а сепак не е прифатено.. А, добро, затоа што тоа ново би можело, место да помогне, многу да одмогне и да уништи уште безброј животи.
    Ама, не би знаела јас што би се случило. Не дека ништо не може да се направи.. Може да се направи, и тоа многу, само што одредени луѓе се плашат да истапат и да стават крај на тоа. Ама тоа е.
     
  5. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    85
    За секоја болест има лек. Потребно е тотално да се смени начинот на живеење,
    потребна е вера за да може да се излекува (плацебо ефект е доказ дека верата помага), потребна е вера во Господ кој е лекар над лекарите и сака секој да биде здрав, создателот на човекот може да го излекува секој, но многу поважна е духовната состојба на лугето, сите знаат дека многу болести се на психичка база, поради стрес ... но немаат сила да си го сменат начинот на живеење: ако крадел некој да не краде, ако лаже да не лаже повеке, да пази што зборува, да не пцуе, да биде праведен, да не клевети, да помага на сите и да не очекува да му вратат, да ги сака блиските како себеси, да биде послушен на родителите за да му се продолжат деновите..
    Како што има телесна храна, така има и духовна храна-Библијата, здраво тело - здрав дух.
    Но, да се живее така е невозможно без вера во Бога! А да се верува потребно е не само познавање Божјото слово-Библијата туку и живеење според Божјата воља.
     
    На Misel7 и elisabeta им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ете, ново гледиште :)
    Иако мислам дека плацебо ефектот делува на психата, нема врска со верата. Еве те боли глава и земаш да испиеш аналгин, ама всушност место аналгин ти дале бонбонче. И потоа ти делува на психата, си мислиш испив аналгин, сега ќе ми помине главата.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Донекаде,а можеби и повеќе улога има плацебо ефектот, ете како што го даде примерот со главоболката Рејнбоу,самата помисла и верба во тоа дека ќе ти помине главоболката е тоа што всушност лечи на некој начин, бидејки со самото сознание дека повеќе не те боли глава,престанува да те боли,а не е до лекот.Значи важна е самата верба во нештото, затоа и кога човек ќе отиде на доктор и кога докторот ќе му рече дека се е во ред со неговата здравствена состојба, човек веднаш се смирува поради самиот одговор од докторот,а тоа е всушност дека му верува во дадената негова проценка.Секако и тоа голема улога има, нормално покрај сите анализи направени итн.Многу важна улога игра психата кај човекот.
     
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Уф кога ќе прочитам вакво мислење :@
    Се надевам нема да дојдеш во ситуација некој близок да ти е болен од рак,сигурно нема да му ја подадеш библијата да се излечи :fubar: Православната религија не забранува лекување со современа медицина како некој таму новосоздадени моронски тн религии.
    Да не бидам офф мајка ми беше дијагностицирана со рак на белите дробови иако никогаш не запалила цигара,од почетокот се лекуваше со зрачење и chemo,после некои истражување почна да оди на акупунктура и да пие некои кинески билки и тревки.Се чувствуваше многу подобро од овие третмани,почна да и се враќа апетитот,бојата на кожата и поради овие причини го батали стандардниот начин на лекување,и беше подобро можеби месец,два се додека еден ден не колабрира.Во болница му кажаа на татко ми дека во последниве месеци толку многу се раширил ракот што нема ништо што можаат да направаат за да и помогнат,се чека само кој ден ќе умре.
    И ден денес сите сме убедени дека ако продолжела со стандардниот начин на лекување,можеби ќе имало некаква шанса да се излечи,а со алтернативата само и даде лажен надеж дека ќе и биде подобро а всушност ништо не лекувало.
    Јас лично највеќе на свет ги мразам оние луѓе кои продаваат ваков вид на ветер во магла,бидејќи повеќето луѓе со рак секаде ќе си го бараат чарето а овие луѓе се хранаат од туѓите несреќи.
    Сакам да напоменам дека иако мајка ми беше медицинска сестра и имаше познавање од медицината,сепак желбата да живее ја наведе да проба нешто што мислеше дека ќе и овозможи да живее,а тоа уствари и ја забрза смртта.
     
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Основното нешто што не треба да се заборави кај ракот - е тоа дека кај него ништо не се знае. Тој е еве да го наречам народски ненормална болест. Не се знае ни со каква прогресија ќе се шират ракастите клетки, не се знае колку ќе биде размерот на создадени и уништени клетки, ништо не се знае. Не се знае ни што го предизвикува. Еве битерсвит кажа пример, непушач заболува од рак на бели дробови, а белите дробови се далеку каде поздрави на непушач отколку на пушач. Сега не се потполно, вдишуваме чад од другите што пушат, од ауспухот на колите, јаглерод моноксид се вдишува во мали количини и така натаму. Но сепак бел дроб од непушач е за 80% поздрав од оној на пушач. И ај сега?

    Значи никој не оспорува дека треба да се пробуваат и нови методи, алтернативни, ама никако не смее да се заборави на конвенционалното, стандардно лекување. Ќе се повторам, точно е дека сето е ново, хемотерапијата е штетна за останатите ткива, лековите уште се тестираат, но се дури не се најде подобар начин, овој е најдобар. Сега можеби ќе звучам сурово, но на некој тие лекови мора да се тестираат. Исто како што ние учиме анатомија. Можеби не е убаво да учиме што е што и каде се наоѓа на леш, ама како ќе му помогнам на жив човек со повреда, ако не знам практично каде се најдуваат органите. Така да со помош на тој леш, јас еден ден ќе спасам жив човек. Исто е и со лековите и вакцините. Ако не се истестираат, како ќе знаеме дали се добри или не, за понатаму да можат да се лекуваат успешно луѓе. И од чума порано се умирало многу, па после долги тестирања се нашол лекот кој е. Ќе се најде и за ракот. За 10, 50, 1000 години но ќе се најде. Е сега жртви мора да има, тоа е тоа.

    Апсолутно не се согласувам со тоа вакво истражување брутално да се замолчи, мразам и јас вакви работи, сакам кога се истражуваат нови нешта, но кога веќе се истражуваат нека не пролонгираат САМО алтернативна медицина, негирајќи ја стандардната. Затоа што не е сигурна, па да можеме и традиционалната да ја отпишеме. Значи Реинбоу апсолутно си во право кога велиш дека ваков насилен начин на криење на работите е само штетен за човештвото. Но дека чичково бил во право, ете според мене не бил.

    Аеродром не знам дали си машко или девојче, ама да ми ти кажам една приказна што мене ми ја кажа една мила личност, и ме раздума толку многу што долго време барав внатрешни одговори, долго време мислев на тоа. Биле двајца луѓе кои живееле во зграда. Живееле на третиот кат. Зградава ја фатило поплава, која се ширела од првиот кат па нагоре. Едниов пријател имал јаже па кога водата била на првиот кат му викнал на другиов ајде да се спуштиме, можеби ќе се спасиме. Вториот рекол, не мене Бог ќе ме спаси. Водата дошла до вториот кат, кога пријателов пак викнал ајде долу, вака само ќе се удавиме, на што вториов рекол пак не, мене Бог ќе ме спаси. Кога веќе водата се качила до третиот кат, првиот се симнал долу со јажето и се спасил, а овој што останал внатре нормално се удавил. И кога дошло времето да полага сметки за тоа што направил во животот, го запрашал Бог зошто јас кој што верував во Тебе сега сум мртов. На тоа добил одговор: Ти не знаеше да ги увидиш можностите, јас 3 пати ти дадов шанса да преживееш и да се спуштиш со јажето, ти трипати Ме игнорираше. Повеќе не можев да сторам.

    Што сакам да ти кажам со ова? Сум те приметила и во други теми се држиш за Библијата, упорно ги цитираш Божјите зборови и упорно се решаваш со цитат од Библијата. Внимавај и ти да не се најдиш во слична ситуација. И јас сум верник голем, ама религијата ја сфаќам на сосема друг начин. Значи не е целта да прекажуваш се што е таму напишано, целта е да го живееш тоа што е таму напишано. Не си верник само ако цитираш, верник си вистина ако го доживуваш тоа.
     
  10. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Шо да кажам за тие што се болни од рак освен Бог нека им е на помош, и верувам дека повеќе ќе се изле4иш со природни работи, отколку користејќи ја фармацијата, оти фармацијата е така направена да ако користиш едно нешто тоа ти помага за една работа, а друго нешто ти уништува, па треба да земеш лек и за тоа, па и за друго и така нема крај, тоа ти е најголемиот бизнис, инаку лековите за сите ,,најстрашни болести,, се според мое мислење мн едноставни, ама се е бизнис, а ина4е хемотерапијата е најголемиот убиец на светот и ништо друго.......
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Знам случај има рак на матка и не можат да ја извадат затоа што се проширил.. Лек? Знам дека медицински нема, природен некој..било каков..тоа со семките од кајсијата вреди ли да се проба? Многу ми е жал, затоа и прашувам..
     
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    За рак на дојка... има... баба ми имаше рак на дојката, па користевме ленено семе, не знам како ја правеше мајка ми, мала бев, ама знам дека се спаси баба ми од ракот, без операција :)
     
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Како што кажа Спаркс, ракот е ненормална болест. Не се знае од каде потекнува. Има разлика од рак до рак и во зависност од тоа човекот може да се спаси. Не верувам многу во оваа алтернативна медицина. Верувам дека може да потпомогне само во јакнење на имунитетот.
    Јас, како студент на медицина, сум се определила да верувам во медицината. Повторно ќе се согласам со Спаркс, не сите се исти. И јас се зачленив во непрофитна организација, само јас не сум во борба против рак. И не барам ништо за возврат. Мило ми е што сум дел од тоа.
    Друга работа сакав да кажам, на која и самата сум контрадикторна и многу пати имам размислувано. Се двоумам за моќта на психата.
    На дедо ми пред да се родам му бил дијагностициран системски лупус (болест која функционалните и диференцираните ткива ги претвора во обично парче месо). Имено, тој не примал редовно терапија, едноставно не се замарал. Само викал, ќе се спасам јас имам за што да живеам. Ден денес, после толку време, тој е здрав како дрен. Од друга страна, 10 години подоцна и беше дијагностициран на баба ми. Жената легна болна, изгуби волја за се. Пиеше една шака апчиња, ама џабе. Не поживеа ни 10 години.
    Човечкиот ум е многу моќна работа. А често занемарена
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Криво ми е тоа што, лек има но нема да го дадат, и да го прикажат јавно НЕКОГАШ предоцна ќе биде за многу луѓе како што веќе е за некои..Моќните луѓе кога се одлучиле за политика, заборавиле на човечноста а се здружиле со себичноста. :( ;(
    само 1 ќе кажам, никогаш да не дојдат во ситуација некој нивни близок да биде заболен од рак, никогаш зошто не го знаат чувството..
     
  15. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Дали некој слушнал за лечење на ракот со коноп(медицинска марихуана)? Сега моментално истражувам, најдов на youtube видео во врска со овој лек:
    http://www.youtube.com/watch?v=wcwrBO7U ... re=related

    Знае ли некој од каде може да се набави коноп? Знам дека малку е тешко и необично прашањето, но многу ми е итно :( . Овде кажуваат како да се приготви, но требаат добри услови за правилно одгледување и приготвување.
    Инаку, ако некој е заинтересиран за целиот филм, нека го следи линкот на јутуб, ги има таму сите делови, многу се за да ги копирам тука.

    Се надевам знае некој по нешто за ова, па ќе добијам уште некоја корисна информација...
     
    На borec vo zivotot му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Значи да се најде тоа масло од коноп. Каде :/ ??
     
  17. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Па да, и јас истото го прашувам... Ама прочитав сега статија од истиот човек дека подобро е да не се набавува од луѓе што продаваат (инаку маслото е нелегално), бидејќи може да не е со потребниот квалитет и направено во соодветни услови, па кажува дека е подобро ние самите да го одгледуваме и правиме...На крај краева и тоа ќе треба да се прави... Ама па и тоа е проблем, од кај да се набави пример семе за марихуана, како да се верува дека тоа е навистина тоа што треба да биде. На човекот му станува се полошо, ѓабе се и хемотерапии и се... А ракот многу рано му беше откриен...Му го отстранија со операција, потоа одеше на хемотерапии, но ете, почна да метастазира и покрај тоа што го открија во рана фаза. Инаку, станува збор за рак на желудник, но сега му метастазира во `рбетот, во пршлените позади желудник и не може да се движи и има страшни болки :(
     
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    верувам дека ако постоеше досега ке беше во продажба по аптеките
     
  19. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Како прво не знам како може така да тврдите дека постои лек, а се крие за него за да се заштити развојот на фармацевтските компании |( . Апсурден ви е ставот!
    :!: Размислете барем колку доктори и медицински лица има чии што блиски завршиле фатално благодарејќи токму на оваа болест. Не е еден вид на рак па ајде сите на ист начин да ги лечиме. Секој организам е различен и различно реагира на секаков лек па дури и кога се работи за иста патолошка состојба.
    Не велам дека нема неморални доктори и фармацевтски компании кои што енормно профитираат од вакви и слични случаи, но не генерализирајте дека сите се такви. Ако толку лесно се наоѓаше лек за се веќе бесмртноста ќе беше одамна решено прашање.
    Не може за секој скап лек да се бара вината во тој што го произведува. Знаете ли вие како, со кој апарати и супстанции се произведува тој лек, колку се чести и како се наоѓаат? Што ќе кажете за тие што откриле лек за болест што години наназад одземала многу животи, дека се покварени зошто го наплаќаат лекот на чие што производство го посветиле цел живот, дека треба да го пуштат во продажба гратис? :^)
    Пак ќе кажам не велам дека нема нечовешност и поврзани ланци на доктори и фармацевти кои дебело профитираат од тоа, дури и јавно се кажува во нашава држава, ама такви луѓе секогаш имало и ќе има и во секое поле од животот, само тука виделе најјак просперитет за нивните гнасни планови па се одлучиле за тие професии. А ова го има секаде, само што ова е област каде што е прескапа цената што треба да ја платат тие што случајно им се нашле на патот.
    Конкретно за ракот верувам дека постои лек за одредени видови на рак, ама не може сите да се лечат исто, кога зафаќаат различни органи и кај секого различно се развиваат.
     
  20. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Не се разбирам многу од медицината, но сакам да споделам мое мислење. Во многу сличаеви имам слушано како повеќе луѓе се заболени од рак. Одат на хемотерапија, која мислам дека многу повеќе штети од што помага и на крај како излечен е ракот. Но сега следува друго. По ден, два, недела, месец, година, човекот се заболува од друга болест и умира. Ќе дадам пример од мојата баба која имаше рак. Жена која што не пиеше никакви лекови, жена која што никогаш мислам дека немаше посетено болница и толку голем борец, по некои компликации доби рак на цистата. Треба тоа да е. Одеше на хемотерапија, ја зрачеа, ја пустеа, за на крај да и кажат дека е се во ред и дека може да си оди дома. Само што отиде дома, одма како утре дента ја вратија во болница, а при тоа и беше како излечен ракот. Беше во Ск на некои испитувања и се чекаа само резултатите. Ја вратија дома, поточно таму во болница ја оставија. Резултатите од лоши, полоши. Не можеше да дише, беше уклучена на апарати со кислород. Мојот борец не стануваше од кревет, беше бледа и како што напоменав едвај дишеше. Испадна дека срцето и било наполнето со вода и тоа крвава вода за која немало шанси да ја извадат. Пиеше некој лек од коприва кој како што и велеше на мајка ми бил многу гаден. Мојот борец за два дена почина. Вакви примери имам илјадници. Се излекувал ракот, а човекот умира за месец. Мое мислење е и да има лек, во Мк како што тргнало нема никогаш ни да стигне. Тоа нема апарати и лекови за некои "наједноставни" заболувања, а не па за рак.