1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Има се уште надеж за мене?

Дискусија во 'Врски' започната од Sunshinexx35, 19 септември 2015.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Dajte link od ova, me zainteresira :D
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Нема АШ. Се е изметено.:D Богами и ќе се изначиташе циркузи.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Вакви како ова ,,поставувачка на тема,, ме вадат од такт.
    На крај и кога некој навистина има проблем ние го ,,дрибламе,, дека трола.
     
    На okcenzi и Daleron им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Ај не можете уште десет коментари да напишете за тоа дали трола или не. :yawn:
    На секоја нова тема мора да дојде до ова?
     
    На calliope, eloves, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Знаеш зошто доаѓа до ова???????????
    Затоа што ќе напише еден пост и ги снемува, а ние ќе се потепаме од совети делење.
    Ако некој навистина има проблем ќе дискутира по прашањето кое што го поставил и не само овде на многу други теми.
    Премногу падобранци има и од таму неверувањето.
     
    На cresa-jagoda, PogbaPol, MiloMalo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Sunshinexx35

    Sunshinexx35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Посакував да лажев за овие нешта, да ве тролав... а да имав барем нешто во животов. Знам дека е чудно и нереално тоа што имам 35 години.. но тоа е вистината, тоа е мојот
    живот. Не знам на кого те потсеќа темава и не ме интересира. Јас само дојдов тука да побарам совет за мене и да се подобрам. А не да привлечам нечие внимание или да создадам само тема за колку да се занимавате. Ова е навистина голем проблем, барем за мене. Тука дојдов да добијам совети, кои што за среќа еве ги добив, а и ти си меѓу тие кои што ми напишаа совети. :D
     
    На celik9, eloves и Daleron им се допаѓа ова.
  7. Sunshinexx35

    Sunshinexx35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Еве враќам сега на форумов, се вратив од работа. :D Сакам да ви се заблагодарам на сите вас девојки кои ми дадовте прекрасни совети, ќе се потрудам да ги исполнам и се надевам ќе дојде до тоа што го барам. :) И сакам само да ви кажам, дека под поимот вистинскиот, да јас го чекав вистинскиот. Меѓутоа никого не одбивав. Мене едноставно никој не ми се додворуваше или додворува, како што викаат младиве денеска. Ви благодарам девојки. <3 И не сакам да се караме, поради тоа што некои тука мислат дека лажам. Не лажам. Мене воопшто не ми е смешно ова, а некој го сфаќа како невистина,зафрканција и тролање. Доколку некој има друг совет нека пише. ;) Советот е секогаш добредојден. <3 Поздрав.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Леле замисли, во сабота го напишала мислењето и ја нема на форумот еден и пол ден. :o

    Оладете бе малце, ако мислите дека трола едноставно не пишувате и не ја полните темата со оф топици. Има кој да се грижи за тролови, можете да пријавите, да кажете дека се сомневате на дупли профили, да посочите со кој член да се спореди, и готово. Вака ќе дадеме мислење, ни стигаат нотификации и ние мислиме има нешто вредно да се прочита, а тоа една редица коментари за тоа дали е трол. Да беше само една тема ајде, ама цело време истото се случува.
     
    На daylight, cresa-jagoda, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    :clap: Не го чекај вистинскиот тој род на животни одамна е изумрен.;)
     
    На macovska, maravillosa, Едно Чупе и 7 други им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    А што мислиш, што е проблемот? Можеш критички да се погледнеш и да заклучиш? Некомуникативна си, грда, не можеш да најдеш заеднички теми?
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Значи не можам да сфатам што зборувате.
    Некој спомна „нема надеж“.Како бе така со тие зборови?Надеж девојко секогаш има,кога може мојата комшивката од 70 год.да си најде соодветна личност,можеш и ти.Работата е само да сакаш и да ДОЗВОЛИШ некој да ти се приближи.Ако бараш совршенство нема да го најдеш но ако бараш човек можеш.
    Мораш да излезеш од дома,таму нема никој да ти дојде освем ако немаш некој комшија,смени ја фризурата,начинот на облекување,не одбивај покани кога те викаат...ќе видиш ,ќе наиде некој...
    А другите што прашуваат дали си грда ,ќе кажам само ФУЈ.Не постојат грди луѓе ,можеби помалку или повеќе привлечни.А вие што ја прашавте ова замислете некој да ви каже дека сте грди.И на пример по некое ваше правило сте грди!И што?И заради тоа немате право на живот ,на семејство,на љубов???
    .....
    @Sunshinexx35 Опушти се.Имаш доволно години за да знаеш што сакаш.Тоа што тврдиш дека си неискусна еееее,нема полесна лекција од љубовната во животот.Само трпение,
    И на крајот една народна -за секое грнче има капаче.
     
    На Tiniiic, ceca-1, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  12. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Не е дека си немала додворувачи. Не си ги приметувала, или си ги одбивала у старт помислувајќи во себе не е искрен ме сака само за една вечер итн, been there, done that. Невозможно е на 30 и кусур никој во животот да не ти пришол, едноставно е невозможно. Мора да бидеш поотворена, инаку ништо не правиме. Подолги разговори колку за почеток, и помалку идеализирање, никој не е совршен, remember :)

    Од друга страна, не ти е касно. Кај нас, за жал останало од бабиве, кога ќе минеш 30 а си сама па те гледаат онака жално ко да ти фали нешто и потсвесно почнува да ти делува на психа дека стварно е така, ама не е! Да ги прошириме видиците, еве Џенифер Анистон тек сега остана бремена носи близначиња, 45-6 години има. Може некој ќе ми се смее на споредбава ама на запад и те како е нормално покасно да се деси тоа, уствари кому кога му одговара, без полемики, без ограничени размислувања. Think positive, and good luck.
     
    Последна измена: 21 септември 2015
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Прво браво за тоа имаш храброст да го кажеш проблемот, пошто има и други луѓе со ист или сличен проблем ама тие не можат сами на себе да си признаат дека имаат проблем, а не на јавен форум. Нормално сите сме анонимни ама нема врска, може да наидеш на секаки коментари што ќе те повредат ама ти сепак направи голем чекор.
    За секого и секогаш има надеж. Еве пред месец дена комшијата мој кој има 52/3 години правеше свадба со 43/4 год. жена...и таа не била мажена (значи не е разведена или вдовица) туку била слободна. Ја нашол во друг град, позаљубен пар немам видено. Ама тој никогаш не изгуби надеж. Никогаш.
    Секогаш си замилуваше дека ќе има деца, секогаш кажуваше каков татко ќе бил. Ние сите искрено не веруваме дека би нашол жена кога ја премина 50тата год., а тој упорно пак кажуваше каков татко ќе бил.
    И ете сите не изненади, и на сите ни докажа дека има надеж. Може последниот воз да го фатат и жената да роди дете. Сега за сега има покрај него жена, премногу се сакаат и секаде одат заедно за рака фатени.
    Битно е да имаш комуникација со повеќе луѓе. Побарај некои роднини, братучетки, стари пријателки од други градови или од твојот град. Почни повеќе да комуницираш со колегите, повикај некој/а колега или колешка на кафе после работа или за време на викенд. Не знам што работиш, ама пробај да бидеш повеќе насмевната, расположена, ведра, повеќе зезај се, биди полна со живот. Исто и јас би ти рекла да поработиш на промена на физичкиот изглед (тоа не значи дека треба да си грда па да почнеш со промени, едноставно направи поголема и поочигледна промена).
    Сигурно имаш фб, па додавај некои луѓе од минатото да обновиш контакт со нив. Некоја пријателка од средно, или некоја комшивка од детството. Ако немаш фб профил, тогаш направи си нема што да изгубиш....пријател на пријател од пријател, па може ќе запознеш некој човек.
    И мислам добра идеја е да се запишеш на некој курс. Сигурно можеш да одделиш од платата некој денар на страна за на курс. Така ќе запознеш некои нови личности. Не се срами да почнеш да комуницираш со нив. Се надевам дека некои од советите ќе ти помогнат и ќе ти се среди животот. Со среќа и не губи надеж.
     
    На eloves, mssuniquee, Eli23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Проблемот е во тоа што сакате од прво, па свадба. Зошто малку не уживате во животот? Животот и врските се тест, а вистинскиот не паѓа од небо, туку по извесни поминати километри се ствара според твоите прототипи, кога знаеш што сакаш.
     
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Седиш дома, играш игри, гледаш филмови, спиеш, не искачаш - нема дечко. Епа нема нормално. Иди во град, излези во диско, во кафич, комуницирај повеќе со луѓе. И ќе се најде некој. Никој не останал без партнер, освен ако сама не сакаш . Социјализирај се и ќе си фатиш дечко.
     
    На daylight и honey.11 им се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ептен ја советува за кафич и диско. Оди она, а таму детска градинка.:!:
    Треба соодветно место во сооднос на годините, коишто места во денешно време се реткост односно ич.
    Секаде се муватори од 14-20 тина години.
     
    На theowndemon, cresa-jagoda, Bojana.20 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Има кафичи и диска каде што одат на нејзина возраст. Не се сите за малишана. Ќе оди ќе шмекне нешто. Ќе ја шмекнат. :lol:
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Има ама во големите градови. Ако убаво го читаше постот ќе разбереше дека девојката е од мало место каде што движењето на такви места е резервирано за попалени мажјаци и разуздани девојки.
    Предлогот ти паѓа во вода. Единствено и преостанува да стекне пријателства или да се дружи со колеги кои што ќе проследат понатаму за повеќе познанства или некоја сродна душа да се најде.
    Многу ме интересира, а девојката не појасни зошто нема пријателки, познанички, познаниници, роднини (или погрешно разбрав). Некако не ми е верно да немаш никого покрај себе, кој пак има некој друг покрај себе и се така кругот се шири.:?:
    Ама ја напнав темава, ај доста.
     
  19. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Aко не ти се удвараат ти ќе им се удвараш. Нема машко што не цени иницијативност од женско, ако барем малку му се свиѓаш. Си имала симпатии, ама никој не те забележал? Па закачај го малку, створи некоја комуникација.

    Најлошо од се е да не пробаш да напраиш нешто и така да ти поминува времето.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски

    Темата ме потсети на овај филм :inlove: еден од омилените.Да не се сватиме погрешно не се иссмејувам со тебе лично за твојот проблем мислам дека никогаш нема да знаеш дали има надеж за тебе ако не се обидеш да дознаеш.И што е најважно убаво напишаа погоре дека вистинскиот е вид на изумрено животно :rofl: барај го совршено-несовршениот ;) Со среќа за брзо да го доживееш среќниот крај како на филмот :*
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.