Првиот симпатија се викаше Слободан и сите го викаа Бобо. Многу бев затрескана во него, беше 5 години постар од мене, за жал ми остана неостварена платонска љубов. Тоа се случуваше кога имав 13-14 год. Првиот дечко се викаше Даниел, кратко време бевме заедно, во прва средно. За жал и покрај емоциите кои ги имавме еден кон друг врската не ни успеа поради многуте препреки кои успеаа да ни ги постават некои љубоморни фаци.
слободан....пишман се напрај од кога ослабев хахаха #слободанслободноослободисепредмене елај ми да ми те утешам уште сам си акаш по сокаците #елајмидамитегушнам
Прва симпатија Марија Прва девојка Марија Во хороскоп Девица, после 5 девојќи исто така Девици. А оваа првата ќе му дојде нешто као ДЕВА МАРИЈА хахах шала
Прва симпатија ми беше еден Владимир, живее на почетокот на мојата улица. Симпатиите во тоа време беа обострани, едвај имавме по 4,5,6 години. Прв бакнеж ми беше со првиот дечко - Игор. Платонската љубов ми се исполни после многуууу години, сега не ми е ни симпатичен
Прв симпатија Орце комшија ама се запознавме во градинка на цели 3-4 години хахаха, а првиот дечко за држење рака и бакнеж во образ во 7-8 одделение Александар.
Марко. Бев толку заљубена, што не се повторило тоа со никој друг. Иако беше несериозна врска. Сè би дала пак да се заљубам баш така до коска како во него.