1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имунитет

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 5 февруари 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.015
    Допаѓања:
    136.219
    Откако имам деца, кога некој ќе ме праша како се, најчест одговор ми е „болни“.
    Сум им давала се што постои за подобрување на имунитетот, ама ништо нема ефект. Мултивтамински сирупи, матичен млеч, прополис, витамин Ц, се и сешто, веќе и не се сеќавам. Сега само витамин Ц и прополис кога имаат проблеми со грлото.

    Грешката си ја наоѓам во тоа што можеби не ги носам на воздух доволно, ама како да ги носам, кога цело време се болни.За едното дете сфатливо ми е, алергично е на домашна прашина, па често има пневмонии, ама другото секој месец има проблеми со грлото, па 2 недели пие антибиотик, 2 недели одмара, и се така, од октомври до мај (лани до душа и во јули, и тоа лежеше во болница).

    Што се однесува до исхраната, релативно здраво се хранат - јадаи и чоколади, ама обавезно овошје, зеленчук и домашно подготвена храна.

    Градинки не доаѓаат во предвид - само што ќе тргнат, ни цела недела на издржуваа. Потоа 2-3 недели лекување, и пак од ново, за на крај да се откажам од градинка :)

    Како се справувате со имунитетот на вашите деца? Вештачки витамини, исхрана, домашно подготвени витамински бомби, прошетки на воздух без разлика какво е времето?
     
    На ненормална2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    47.957
    Пол:
    Женски
    И јас иам две деца,син ми кога беше помал ,секој месец со антибиотик,Температура ,црвено грло,и на крај се одлучивме да ги извадиме крајниците на 3 год. Од тогаш пу,пу,да не го урочам,пркна детево, и сега 4 год.подоцна има пиено 2-3 пати антибиотик.Многу се мислевме дали да вадиме крајници,едни викаа да,други не,но мислам дека не згрешивме.
    Со керка ми друга мака,ништо не јаде ,само грицки и чоклади,џабе јассекој ден готви свежо,овошје давај,премногу внимавам на тоа,но детево ништо не јаде ама супер е ,(и неа пу,пу да не ја урочам).
    Мислам дека е до децата.Инаку јас секој ден им давам вит.Ц навечер и насабајле и мулти битамински сируп.Ова го правам во текот на зимските месеци,а во лето ништо не давам,се си примаат преку храна.
    ЗА детето што има алергија,можам да ти кажам дека можеби како ке расте, можеби и ке помине.
    И за крај имунитетот ке расте,како ке растат и децата,најискрено мајчински ти кажувам. :)
     
    На ненормална2 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Ариел, грешката кај тебе ја гледам во тоа што изгледа и ти како голем дел од младите мајки многу се плашите да ги прошетате своите деца на чист воздух . Мојата сестра го имаше истиот проблем... вечно болни ,а како и не ќе бидат кога на секое излегување го наоблекла како да оди на северен пол . Ете тука не помагаат витамини , детето не е отпорно на промени и секое излегување надвор истото дома го носи испотено па ајде пресоблекување , ладење и наредниот ден носот затнат, кашла . И ќе ја носам на доктор и кога ќе види колу е истото натрупано со облека и самиот ќе се мисли како не ќе е болно. Организмот неможе да се бори со стравот на мајките . Па уште и кога ќе ја видам со блендерот во рака се пасирано , а детето одамна заби има . Е во тој миг ми се крева косата на главата ,,, И ќе ја прашам зашто пак така, неможело се давело ... па ќе се дави кога ништо не му е дадено од храната како што е истата во нормална форма. Се пасирано . И ќе го земам на рака и ќе му дадам од она што сите во моментот го јадеме , а гледај за чудо истото не се задави . Од вештачки витамини многу корист нема , сите потребни здрави витамини ги има во овошјето, зеленчукот и разновидната храна . Но вас потешко ќе ви оди затоа што вие изгледа така сте ги навикнале . Но не плаши се ,поубаво и поздраво момче и девојче нема да има со време самите ќе се изборат за свој подобар имунитет .Поздрав душо и на чист воздух .
     
    На Lolipop23, ненормална2 и causevsku777 им се допаѓа ова.
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Јас на моето дете покрај прошетки и јадење на овошје и зеленчук како дополнување му давам колострум таблети од кои сум многу задоволна .
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.015
    Допаѓања:
    136.219
    Во право си озбилнажена за воздухот, само доцна го сфатив тоа, па сега се трудам полека, полека да го променам.
    Генерално тука во Македонија премногу ги облекуваме децата кога се мали. Бев со малата во Холандија кога имаше една година, некое време пролет/есен беше, имаше сонце, ама дуваше ветер. Јас сум ја наоблекла со дебели алишта, хулахопки, не знам уште што се не, а холанѓаните нивните деца си ги шетаа со сандали и маички по кратки ракави :D Одма се забележуваше дека не сум од таму :D

    А за крајниците, мислам дека проблемот е токму трет крајник кај едно од децата. Овие другите 2 не се воспалуваат често, ама страда од грло секој месец, а и навечер малку и 'рчи - а тоа често е знак дека има проблем со трет крајник. Треба да ја однесам на преглед, само слушнав дека тоа мачно било. со прст во грло се напипувало, трауматично ќе биде, ама ај, за здравје е.
     
  6. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.168
    Допаѓања:
    83.657
    Пол:
    Женски
    jac на моево дете му давам перли од рибино масло и витамин ц и сум многу задоволна
     
    На ненормална2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    47.957
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто страшен прегледот,не го напипуваат со прст,така порано прегледувале,сега само со шпатула,исто како обичен преглед на грло.Ние бевме на клиника,условите таму се многу лоши,меѓутоа лежевме само два дена и после дома се чувавме.Една недела на течна храна бевме и после се си се врати во нормала.Ако има проблем греота е детето да се мачи.
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Јас од витамини и давам Центрум јуниор, и киндеримуун од д-р, Wolz...да не се подречам здрава е..ама не ја пуштам во градинка веќе месец и пол, секој ден излегуваме надвор и шетаме, нормално капче, шалче, ракавички. :)
    Што се однесува за храната домашно приготвена, од овошје само мандарини сака и тоа 1 кг.отприлика за два дена, и цедам лимуни и и правам лимунада со малку шеќерче.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.999
    Допаѓања:
    154.329
    Ариел,топло ти препорачувам кефир да им даваш на децата и по можност да ја најдеш габата со која се прави кефирот (каков и да е тој процес).Тоа е природен антибиотик и го појачува имунитетот,а бога ми делува и на алергиите.Баш слушав еден доктор кажуваше за ова,а колку што сфатив и е дел од хомеопатскиот начин на лекување кој е многу ефикасен кај мали деца.Пробај така,барем знаеш нема ништо штетно.А и давај им фолна и железо,нема штета у секој случај.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    ариел се извинувам може не ми е местото да коментирам немам деца ама сакав да ти кажам една работа во врска со крајниците.

    јас кога бев мала бев иста како твоите деца болна секој божји ден , бел ден не видов што се вика ме викаа на училиште стаклена(нели оти болна кршлива) потоа ме оперисаа од крајници, сите ми ги извадоа (бев7-8 години) и да чукнам од дрво се немам разболено по сериозно само мала настинка, значи сакав да ти кажам да се консултираш со лекар ако сметаат дека треба да се извадат крајниците само добро ќе му направите на детето ќе му олесни. поздрав и секое добро
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337
    Ако се крајниците болни и немаат никаква функција тогаш се вадат во спротивно се лечат. Тие се поврзани со ушињата и можат да направат проблеми. Ако им мириса здивот на децата тогаш тоа е прв сигнал дека крајниците не се ок, ама сепак тоа д-р. најубаво знае.
    Имунитетот до некоја граница и ние самите родители им го уништуваме на децата. Зошто??? На секоја настинка или сл. веднаш им даваме антибиотик на наша рака или по препорака на лекар. Кога детето има температура не се дава антибиотик - ова ми го има кажано еден лекар од Италија. Антибиотик се дава после 3-4 дена ако видиш дека е полоша ситуацијата на детето. И логично е, прво оставаш да се бори малку организмот па потоа му потмомагаш да се опорави. На секаде по светот е строга забрана на антибиотици само ние се клукаме со нив. Забораваме на витаминот Ц, чаеви, билки...
    Алергијата е страшен потик за било каква настинка, грип...секоја алергија значи намален имунитет и организмот е склон на било каков вирус или бактерија. Според мене, на алергијата треба да се многу внимава и да се држи во некоја граница за да не падне имунитетот на детето. Денеска е големо помодарство да го наречам на тие алергии. И така е, кога е се вештачки.
    Лани, појдов на зимување со детето кое имаше температура, кашлаше, шлајм и со една целааа кеса на сирупи и што ти уште не и тоа во Бугарија на планина. За 2 дена детето искашла се, носот му се исчисти...значи чист воздух е чист воздух.
    Јас имунитетот му го средив со киндер имун и чај од исландски лишај - го земам од еден билкар кој домашно го прави. Дури оваа зима можам да кажам дека сме ок порано издржувавме само 3-4 недели здрави и пак болни со сирупи.
    Ама сватив, не давам антибиотик освен кога треба, билки, чајчиња, цедени сокчиња си пие редовно (пие многу течности мојот) и најбитен фактор е здрава исхрана.
     
  12. Araksi

    Araksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Јас какви не имулошки сирупи сум и давала, ја растурив од сирупи за да стекне имунитет. Како прво секое дете му е потребно време да стекне самиот организам имунитет. Повеќе зеленчук и овошје и одма ќе има ефекти. Е таа приказна кај мене е реткост, ххахаха. Ова моево одкако се роди е се со црвено грло, а сега и крајниците се огромни но мала е за операција, треба да чекаме до 5 годинки за да и се оперираат. Порано не ми препорачуваат од тоа што самиот нејзин организам нема да се бори со инфекциите туку се ќе и спушта на плуќа.
    Јас и давав РЕСПИВАКС - тоа се имуностимулатори, и ги препорачувам на секој мајка. Се користат 3 месеци, 10 дена од сабајле на гладно по една таблета, па 10 дена пауза, па 10 дена таблекта па 10 пауза, се така додека не поминат 3 месеци. Верувајте дека имунитетот ке им се подобри кај децата, мене од нив моево се опорави, јас глава неможев да кренам од температури и болници. Сега секое сабајле на гладно и давам по една лажичка боров сируп, еднаш дневно и давам сируп SEVEN SEANS, тој е за имунитет во себе има и рибино масло, витамин Ц и во самите сокчиња и ставам исцеден сок од портокал со малку лимон, Еве јас какоја бранам од вирусиве - колку можам!
    Колострум - не ми се покажа како соодветен за нејзиниот имунитет.Редовно пие чајчиња.

    Погоре нешто прочитав за КЕФИР- ај малку пообјаснете ми за кефирот, јас го видов во Веро, како кисело млеко е пакувано но незнам што е тоа?
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато за таблеткиве и за начинот на употреба, сакам да прашам која цена се и каде можат да се купат? Јас на мојата и давам киндеримунал, дали може истовремено да се даваат двете или не, а што се однесува до боровиот сируп за искашлување, го земам од една жена што сама го произведува и ми рече да и давам по две лажички дневно....има 4 год. како е правилно една или две лаж.?
     
  14. Araksi

    Araksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Лолита, мојата има неполни 3 години,и давам по една лажица дневно, но твојата е веќе 4 години и е поголема така можеш да и даваш по две лажички но најдобро е насабајле на гладно, или ако си изумила повторно после јадењето дади и.
    Респивакс ги има во секоја аптека, не се скапи но не ми текнува колку пари се! Не мешај ништо додека ги користи респиваксот - и тие имаат дел за зајакнување на имунитетот.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.999
    Допаѓања:
    154.329
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет...се работи за имунитетот на ќерка ми, имено оди во градинка од септември, една недела во градинка, една дома и така цело време, и давам киндеримунал, б-комплекс, боров сируп, витамин д3.. Јануари и февруари беше дома, не ја пуштав во градинка, ладно беше и плус почнаа вируси, грипови ...додека беше дома не ни кивна, а камо ли да се настине, да кашла и да и тече носето. На 1-ви повторно ја пуштив, си викам потопло е времето, сака да оди и нејќе да ја отпишам, убаво и е и ако и речам дека ќе ја отпишам плаче...еве вчера пак се раскашла и сега отидоа со маж ми на лекар, претпоставувам ќе и даде антибиотик и пак ќе треба да седи дома...што да правам, помогнете ми...како да и го зајакнам имунитетот... :(
     
  17. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Женски
    ^Можам само да ти кажам да ја оставиш да оди во градинка и таму ќе си го зајакне имунитетот. Ако има вирози, грипови нека оди. Сите овие работи што и ги даваш се екстра. Сепак мислам дека треба и самиот организам да си се бори.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337

    Неможеш да ја чуваш во стаклено звоно. Мора самиот организам да се бори и да и се зголемува имунитетот. Сито тоа што и даваш е ок, ама немора да значи дека нема никогаш да се разболи. Сите тие јас ги нарекувам детски болести се прелегуваат во градинка. Мала настинка, грип, течење носе не е страшно, ама алармантно е ако често спушта на плуќа, бронхитис и сл. секој месец. Тогаш е јасно дека треба да ја отпишеш од градинка. Зајакнат имунитет по вештачки пат не е решение, туку самиот организам да си направи одбрамбен механизам.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. petii

    petii Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    јас мислам дека за детето да има добар имунитет мора прво да се избори организмот со него Најголемата грешка е во мајките не излегуваме бидејќи е ладно треба децата да се шетаат и на минус температура соодветно облечени не премногу се разбира . Шалчето треба да е секогаш под носето тоа треба да дише чист воздух .
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Во Систина педијатрите препорачуваат децата секој ден да се изнесуваат надвор, на воздух 40 мин до 1 час. Без разлика дали врне дожд, снег, ладно е, топло е, детето мора да биде надвор, освен ако многу дува.
    Пробајте со ацерола, има за дечиња, другарка ми му даваше на малиот и се приметуваше разлика.
    Не им давајте одма сирупи, само повеќе да го труете организмот. Имунитетот се зајакнува кога организмот сам се бори со настинка или вирус. Оставете неколку дена организмот сам да се бори а вие помагајте му со свежо цедени сокови, чајчиња и здрава храна.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.