Сметам дека денес веќе не е табу ,зашто сепак стана секојдневие кај многу брачни парови .Многу од нив кои се бореа за деца на природен пат (неуспешно )со инвитро сега си ги гледаат своите малечки како раснат и си уживаат во нив. Посакувам успех на сите кои се борат за тоа
Можеби од етички и духовни причини, родители треба да се помират со болеста на своите деца и да не го бараат лекот. Индивидуи треба да останат во животна опасност и не треба да се изложуваат на операции. Постапките за трансплантација на органи треба да се отфрлат. Да се отфрли медицината целосно, оти е непотребна. Секој треба да се помири со ситуацијата која ја доживува, и покрај напредокот за подобрување на истата. Јер за Бог не е етички. Како тоа гледате на овие деца? Деца се, исто како и другите. Нема разлика. Во каков тоа Бог верувате? Можеби сум оф, ама скроз ми падна во очи коментаров.
Браво за посвојувањето, со среќа. Маж ми не сака, иначе и јас би играла така, и тоа и тоа. Поздрав голем
... Ти погоре напиша: "ЧУВСТВУВАМ ДЕКА ЌЕ ИМАМ"! Тоа е тоа! Кога длабоко во себе знаеш дека ќе станеш мајка кога-тогаш. Ја поздравувам вашата одлука за посвојување! Родител не се станува со стварање на дете, родител е тој што ќе го израсне, воспита и пружа безусловна љубов, грижа и нега. Ви посакувам остварување на желбата!
Најглупав момент ми беше кога ќе ме прашаше некој дали имам деца и одговорев дека немам, па следеше извинување што прашале. Океј е, немам и готово. Па 21век сме побогу, никаде никогаш не спомнував за проблемите со стерилитетот, си се штедев од дополнителни нервози, па може ете сум одлучила за живот без деца, може во моментот имав други планови коа сум реализирала, ама не кажеш ли дека немаш деца одма извини и коментар ,,ај ќе биде'' со еден таков сожалителен тон ко божем сум рекла сида дека имам, а не деца дека немам.
Мислам дека само кај постарите луѓе е табу тема тоа. Оние необразованите. Да не можам да имам деца ама баш нема да се замарам дали било "купечко" бебето или не. Мое си е. Другите нека зборат. Бидејќи на луѓе не можеш никогаш да им погодиш. Имам комшивка ,млада, колку мене. Секое летенце детенце прави. 5 ги има до сега. И нормално пак луѓето и се потсмеваат. А ако таа си има финансиски средства да ги гледа што ти е на тебе гајле дали има 5 или нема ниедно. Ме нервираат луѓево верници " ако Господ не ти даде дете , не треба ич по доктори да одиш" или членот со духовните причини, етички..Ајде жити се. Ја сум верник. А такво размислување немам. Дај тогаш да не пиеме апчиња. Со тревки од двор да се лечиме. 21 век.
Мене некако ич не ми е гајле дали е табу или не е, дали некој мисли дека се коси со религија или не и сл. Мојот живот е моја работа. Луѓето околу мене не ме замараат, не добивам простачки коментари, никој ништо не ме прашува. И што мислат другите ама ич не се замарам. Јас да си успеам, та за туѓите размислувања не се секирам баш. Имаат право сите да си мислат што сакаат, тоа не влијае на мојот живот. Со мажот ми сме исти, а со луѓето имаме милион теми за разговор, нема потреба да разглабаме за ова. Не затоа што е табу, туку не ми се објаснува. Наше си е, тераме и ќе успееме. Освен ако некому му е потребна помош и разговор за ова. Бременост ко бременост, нема разлика и нема потреба од потенцирање. Секој се бори со своите лични чувства за се' во животот, за секоја борба во животот. Важно е да се победи и да се остваруваат желбите. Не мора да се труди човек да се објаснува и да се обидува да им го смени мислењето на тие што имаат предрасуди за инвитрото и за деца добиени по тој пат. Нивно право да мислат така, ви е гајле
Ако не можам да имам деца на природен начин, ќе се определам за инвитро,баш ми е гајле за духовните и етичките вредности,а сметам дека (скоро) секоја мајка која очајно се обидува да има деца,нема да размислува дали комшиите ќе речеле дека е ,,купено" или ,,против Господ" И да,сум ЗА инвитро
Не ми е гајле што ќе рече народ јер народ е тука за да јаде го*на во секој случај. Не сметам дека бебето со инвитро е различно од бебето кое е природно зачнато, се развило од јајце клетката на мама и сперматозоидот на тато независно дали овие две клетки природно се споиле или некој им помогнал. Мислам дека трудниците со инвитро кријат дека се инвитро баш заради мојата прва реченица во постов - ради народ. Народ осет нема бе прашува ли прашува зошто инвитро, каде е проблемот итн. ехеее крај нема, а ако не одговориш почнува да претпоставува. Бебето со инвитро и природно зачнато бебе е исто сакано, а трудницата е само трудница и толку, без никакви поделби и привилегии. Да не зачнев природно секако дека ќе одев на инвитро.
Веројатно самиот процес не е толку табу, колку што е начинот со донор или без, и посвојување. Неупатените ќе го помислат баш тоа, а и тие што не стигнале до таму, исто. Верувам дека се сите деца на мајките што ги пораснале, дали ин витро, со донор, или посвоени. Викате јајце клетка од мајката, а што ако не може да има деца жената, па земе од донор? Можеби не е тема на муабет, ама тоа го сфатив од некои коментари. Исто така, тие што зборуваат против, не ја сфатиле желбата на мајката. Не дека ми пречи, само сакав да укажам на поширокото значење на поимот ин витро. Убава вечер имајте.
Не навредува, туку на понекои таков впечаток им остава бидејќи станува збор за изразито чувствителна тема, па во недостиг на информации или трпение да се запознаеме со истите, емоциите природно се распламтуваат и тогаш понекој ќе го доживее така. Но всушност попрво муабетот е аналитички, предупредувачки, добронамерен и што е најбитно ја остава комплетната слобода некој да се согласи или не се согласи и постапи или не постапи во одредена насока, веќе според сопствените искрени убедувања. А можеби тоа воопшто не е Господ... но темава не е место за тоа. Апсолутно. Тоа е штетно како за донорот така и за примателот. За оние кои разбираат германски повеќе инфо тука. За оние кои не разбираат германски, поважните точки објаснети се низ коментарите во темата Донирање на органи Во ред. Тоа значи дека оние кои таа друга тема ја читале размислуваат на одреден начин и не се согласуваат со ставовите на малцинството во таа тема и крај на муабетот - тоа е и поентата на форумот: изложување и размена на мислења, па макар биле спротивни.
Vo red da forumot e za razmena na mislenja no tie bi trebalo barem malku da s izdrzani sto tvoite ne se Ete si kaza sama ne se sogasuvaat so stavotite vo taa tema I ako mozesh da mi gi objasnish tie eticki i duhovni pricini poradi koi ne poddrzuvash invitro Pa i onaa recenica DALI DUSHATA CEKA VO DLABOKO ZAMRZNUVANJE SO EMBRIONITE
Купечко бе.....ццццццц не ми се верува А моето какво е тогаш???? Позајмено???? Куп инвитра имам правено, отворено сум зборела за секое. Ич ама ич од луѓе не ми било срам. Да успееше некое од нив ете ќе го немав овој анѓел што го имам сега и што ми го донесе другово анѓелче. Ама не успеа, сега викам фала му на Бога за тоа, затоа девојки мислете само позитивно и тоа дека секое лошо за добро е.