Не видов посебна тема за дискусија на интензивна нега и се околу неа. Моментално дедо ми е во интезивна нега веќе една недела во државна поради откажување на бубрезите (едниот се уште добро работи, му ставаат дијализа) и прелажан мозочен удар. Свесен е, зборел кога ќе го прашаат нешто, но премногу отрови има во крвта и неможе да ги мрда десната нога и рака. На телефон ми кажуваат секој ден дека непроменета е состојбата, тежок пациент е, но стабилен. Незнам што да отчекувам од ова, уште колку време би траело вака. Споделете ги вашите искуства.