Кога барем само на момент, Бог би заборавил дека сум закрпена марионета и кога би ми подарил само уште едно крпче живот: ВРЕМЕТО би го искористил многу подобро и поинтензивно.Најверојатно не би кажал се' што мислам, но би размислил што зборувам. Би ги оценувал работите не според нивната вредност, туку според нивното значење.Помалку би спиел – повеќе би сонувал, затоа што во секоја минута во која затвораме очи, губиме 60 секунди светлина. Би продолжил кога другите ќе застанат, би бил буден кога другите спијат.Кога Бог би ми го подарил тоа парче живот, едноставно, би се сончал долго, не само моето тело, туку би ја отворил и мојата душа.На луѓето би им докажал дека се лажат кога мислат дека не можат да се заљубат кога ќе остарат. На едно дете би му подарил крила, но би му препуштил само да научи да лета. На старите би им порачал дека смртта не доаѓа со староста, туку со заборавот.Од вас драги мои научив многу работи. Научив дека целиот свет брза кон врвот на брдото за да живее од високо, без да знае дека вистинската среќа лежи во подножјето на брдото.Научив дека кога новороденче за прв пат ќе го допре палецот на татко си, дека го врзува за цела вечност, засекогаш.Научив дека човекот има право да гледа на другиот од високо само кога му помага да стане.Има толку многу работи кои ги научив од вас, но наученото нема да ми помогне многу кога ќе лежам во ковчегот – за жал веќе полека умирам.Кажи секогаш што чувствуваш и направи го она што го мислиш.Кога би знаел дека денес ова ми е последен оброк, силно би ве прегрнал и би го замолил Бога да ми дозволи да бидам ангел – чувар на вашата душа. Кога би знаел дека ова се последните минути во кои ве гледам би ви кажал “ве сакам!“.Секогаш постои едно утро и животот ни нуди една прилика за да направиме се' да биде подобро... но, што ако се лажам и ако Денес е се' она што ни останало.Утре не се знае дали ќе дојде. Денес може да биде последен пат да видиш некого кого сакаш. Заради тоа - не чекај! Направи го тоа сега, затоа што ако не дојде утре, ќе зажалиш за денот кога не си имал време за една насмевка, прегратка, бакнеж , само затоа што... затоа што си бил вработен!Побарај ги луѓето кои ги сакаш, шепни им колку ти се потребни, сакај ги и биди добар. Најди време да им кажеш “Жал ми е“; “фала“, “те сакам“ и сите останати нешта кои ги мислиш.Никој нема да те запомни по твоите скриени и тајни мисли. Замоли го Бога да ти даде сила и мудрост за да можеш да изговориш се.Кажи им на пријателите и на драгите луѓе колку ти се важни.Она што е вредно е ОВОЈ ЧАС И ОВОЈ МОМЕНТ!
Двајца тинејџери од по 16 години, машко и женско. Се запознаа преку интернет, и со тек на време станаа најдобри пријатели. Девојчето живееше во Њујорк, а момчето во Англија. Секогаш си помагаа и правеа да се чуствуваат подобро. Двајцата имаа бурни животи, но секогаш се имаа еден со друг... Една вечер, зборуваа преку интернет Девојче: Имам нешто да ти кажам Момче: Да...? Девојче: Те сакам..! Момче: И јас тебе ! Девојче: Не.. не на таков начин како што јас те сакам Момче: ..... Момчето се исклучи, а девојчето плачеше и мислеше дека се уништила... Но подоцна таа вечер и заѕвони телефонот, а тоа беше тој. Девојче: Ало.. Момче: Еј здраво..јас сум.. Девојче: Е..слушај стварно ми е жа- Момче: Не! Да не ти ежал.. Бидејки и јас те сакам! Девојче: Навистина? Ама ќе неможе да се гледаме еден до друг..Моите родители никогаш не би ме пуштиле да одам во Англија..Ги имам сите испити. Момче: Знам...И јас исто. И моите не би ме пуштиле да одам во Њујорк..никогаш.. Девојче: Ние.. Ние би можеле да почекаме неколку години и да бидеме заедно Момче: Би можеле. Морам да спуштам сега. Те сакам Девојче: И јас исто. За наредните неколку години тие останаа заедно, а нивната љубов беше се поголема и поголема. Еден ден додека зборуваа.. Девојче: Ги завршив сите испити и сега имам доволно пари за да дојдам Момче: Сериозна си? Девојчето: Даа..Кога ке се сретнеме ? Се имаа испланирано а неколку дена подоцна, момчето отиде на аеродорм. Авионот на девојчето само што не пристигнал. Одеднаш се слушнаа шокирачки вести на телевизорот. Авионот од Њујорк до Англија падна..1000 мртви.. Момчето почна да плаче. Се врати дома и зема нож... Таа ноќ тој беше најден мртво во својата соба покрај компјутерот. Кога неговите родители го најдоа.. најдоа и слика од девојката во неговата рака, и мала порака Нашата љубов беше премногу доцна. Родителите на девојчето ја средуваа нејзината соба и го најдоа нејзиниот дневник.. Во него најдоа слика од момчето и порака под неа : Ќе го видам..па макар да ме убии тоа. Двајцата се видоа, да, во рајот. Ако си вљубен во некој, оди одма да го видиш, и кажи му дека го сакаш! Никогаш не знаеш што носи новиот ден, но нека секој ден да биде исполент со личноста што ја сакаш.
Славна поетеса. Имаше напишано повеќе од 20 дела. Беше навистина талентирана, надарена. Пишуваше, главно, за нејзиниот живот. Но, нејзиното име беше непознато. Ја викаа „Безименко“. Кога ги објавуваше своите дела, ги објавуваше анонимно, бидејќи ако го откриеше својот идентитет се плашеше дека ќе стане славна и дека ќе се дознае за нејзината животна приказна, а со тоа и нажалена од своите обожаватели. Се плашеше дека животот ќе ја уништи. Затоа нејзиното име беше вистинска мистерија. Нејзината приказна беше ваква: Единица, без мајка (умрела 11 години по нејзиното раѓање). Мајка ѝ и татко ѝ биле 12 години во брак, но не можеле да имаат деца, па биле постојано нервозни и постојано во кавга. Мајка ѝ ја напуштила во најтешките години. Била убиена. Убиецот бил непознат. Таа секогаш најавувала дека е многу несреќна и незадоволна од нејзиниот брак. Татко ѝ пак, бил многу дрзок и тајно се дрогирал. Секогаш ја тепал и таа (може да се каже) го мразела. Немала никого до себе. Била многу тажна и несреќна. И од друга страна пак, таа во своите дела пишувала само за својот живот. Затоа не сакала да си го открие името. Еднаш татко ѝ се вратил од кафеана многу доцна. Таа веќе била легната да спие. Но не спиела многу мирно. Станала да се напие вода. Во дневната ѝ се причинило нешто чудно. Кога отишла да види, останала парализирана. Тоа бил татко ѝ. Лежел на земјата пресечен на половина. Целата просторија била облеана со крв. Татко ѝ бил убиен. -Сега знам кој ме уби..-Се слушна тивок глас во просторијата, како ехо. -Најдобро е мене да ме убиеш-викаше Таа.-Убиј ме и така немам никого сега откако ги уби моите најблиски!-викаше целата парализирана. -Како можам да си го убијам своето, сопствено чедо...-се слушна ехото. Таа ги затвори своите очи ....... Кога ги отвори очите беше во една сосема друга куќа. Лежеше во една просторија. Нејзиниот стомак беше заоблен. Кога едвај стана, и кога се погледна во огледалото не можеше да поверува. Беше бремена. Со други зборови кажано, беше возрасна. Разни работи ѝ се вртеа во главата : зошто е таму, која е, зошто е бремена и слично. Одеднаш исчезна. Се појави на гробишта. Тогаш виде нешто и нешто однатре ја натера да го следи. Дојде до еден гроб. Кога погледна на надгобната плоча се стаписа. Тоа беше нејзиниот гроб. Го пишуваше ова: **** ********* 19**-20** и беше ставена нејзина слика. Се збуни. Не знаеше зошто не е напишан нејзиниот датум на раѓање, име и презиме. Одеднаш исчезна и се појави во една соба, сосема напуштена. Во неа лежеше 72 годишно тело. Кога се доближи до него веднаш се позна себеси. Во мислите отиде 60 години напред, да ја види својата сопствена смрт.ЗОШТО? Многу просто. Таа тоа го посакала. Сакала да види дали ќе биде среќна, дали ќе има деца, дали ќе има среќен брак.... Тоа бил нејзиниот животен сон. Но откако видела колку „страшно“ да се гледа сопствената смрт.. Ги затвори очите. Кога ги отвори очите се виде себеси во една просторија, како лежи на еден бел кревет. Виде дека прима инфузија. Јасно ѝ беше дека беше во болница. Но надвор немаше никој свој. Кога влезе медицинската сестра и виде дека е освестена веднаш дигна паника, почна да ги вика сите доктори. На Неа не ѝ беше јасно зошто.. Кога дојде докторот со смирен глас ѝ објасни дека, доживеала тежок шок и паднала во кома. Во кома била 24 години. Кога го слушна ова веднаш побара да се види себеси и да ѝ се каже нејзината состојба, но докторот не сакаше да ја вознемири па затоа ѝ рече дека има време да се дознае. Таа имаше 37 години. Не можеше да поверува што се случува со неа. Освен тоа, го запоставила и пишувањето. Одтогаш поминаа само 6 години, а таа, нажалена од секого, доби и своја куќа од некој непознат човек. Едно утро, седејќи сама во својата кујна слушна непознат глас од дневната. Отиде да провери, но таму немаше никој. Само слушна: -Застани во место и не мрдај. Застана. Беше исплашена дека нешто ќе ѝ се случи. -Кој си ти и што сакаш од мене.!?-викна Таа. Никој не одговори на ова прашање. Само осети дека некој ја допира по нејзиното рамо. Цела исплашена се сврте. Пред неа стоеше нејзината мајка. -Како си, мила?-ја праша мајка ѝ и се обиде да ја допре но Таа не дозволи. -Не ме допирај!-извика.-Знам дека си ти тој што ги уби моите родеители, бесрамнику еден.-рече и го грабна предметот што беше најблиску до неа и го фрли накај мајка си. За чудо исчезна. Таа не можеше да свати. -Не се криј, бори се како што се бореШЕ против мојата среќа!!-викаше Таа на цел глас. -Верувај, ја сум-се слушна гласот на нејзината мајка. -Знај дека сум подготвена да се борам против секого!! Не можеш да ме заплашиш. -Може ли мирно да разговараме, мила? -Кажувај што имаш да кажеш и оди си!-не се откажуваше од своето мислење. -Знам кој ме уби и мене и татко ти. -Што!?!?-извика Таа. Тогаш мајчиниот лик се појави пред неа. -Човекот што ме уби и мене и татко ти е многу опасен. Те предупредувам да се браниш. Те следам и тебе и него на секој чекор, без никој да знае. Тој е човекот што ти ја подари куќава. Внимавај! Има некои опасни планови против тебе.-кажуваше мајка ѝ. Таа почна да плаче. -Но зошто сака да ми го уништи животот!? Каков грев сум му сторила ја на него???-липаше.. -Внимавај како постапуваш.-рече мајка ѝ и исчезна. -Мамо..?? Мамо, те молам не ме оставај сама, те молам не напуштај ме.. Не можам без никаква поддршка, слаба сум...-уште толку почна да плаче Таа. Се сврте наоколу. Позади неа имаше огледало. Се погледна. Одразот на огледалото велеше дека позади неа има некој. Се сврте и виде непознат човек, со нож во раката. -Каде ќе бегаш сега, а?-рече тој. -Чекам да го впериш тој нож во мене-велеше Таа. За најголемо чудо, не беше исплашена. -Сакаш??? -Да. Тогаш тој се затрча кон неа и пред да го забоде ножот Таа ги затвори очите и исчезна. Се најде позади него. Набрзина го фати огледалото кое беше до неа и му го удри од главата. Тогаш се слушна сирената на полицијата. Таа го удри огледалото од него. Тој падна, но беше освестен. Таа му го зема ножот, а за тоа време во просторијата влезе полицаец. -Спушти го оружјето!-викна полицаецот. -Човеков ме гони мене, а не јас него!-викна Таа. -Спушто го оружјето!-повторно викна полицаецот. Немаше друг избор. Животот на човекот кој се бореше против среќата на Неа беше завршен. Го фрли ножот и почна да плаче. Полицаецот го спушти пиштолот. -Во ред е.-рече тој. Од тогаш Таа си живееше среќно и безбедно. Продолжи да пишува за својот живот, но никако да стигне до крајот. Во негде 39 година ја запозна љубовта на својот живот. Остана бремена од него. Се омажи. Во 41 година се породи. Детето беше машко и се викаше Кристијан. Во околу 49 година роди уште едно дете. Беше девојче, а се викаше Ема. Беше среќна додека нејзиниот маж не умре од природна болест. Имаше рак на белите дробови бидејќи беше пушач. Имаше преживеано многу трауми. Дури и сообраќајка имаше направено. Затоа Таа сиот свој живот го мина во тага и несреќа. Наполни дури 65 години. Децата ѝ се омажија и ја напуштија. Никој не можеше да ја свати нејзината тага. Никој... А Таа не престануваше со пишување. Пишуваше целиот живот. Единствената среќа што некогаш ја почувствувала кон некого била кон нејзините деца, кон љубениот, кон мајка си.. и кон ништо друго. Живееше од проклетата пензија која не беше доволна да се нахрани убаво. Наполни и 72 години. Беше навистина стара. Престара. се потешка и потешка ѝ паѓаше самотијата. Кога веќе немаше сили за последена пат им го слушна гласот на своите најмили и легна в кревет. Крајниот дел гласеше вака: „...за последен пат им го слушна гласот на своите најмили и легна в кревет. Ги пишуваше последните реченици од своето животно дело. Се роди со среќа, умре со тага..... Откако ги напиша и последните реченици напиша нешто многу чудно. Нацрта гроб на кој пишуваше: 'Мила Костовска 1928-2000' и на него остави своја слика и потпис. Нејзината последна реченица беше: 'Никогаш не се откажувај.'“ Крај
Еднаш луѓето го прашале познатиот кинески мудрец Конфучие: - Што е најважно за доброто на државата? - Храна, оружје и довербата на народот - одговорил Конфучие. - Но, кога државата би морала од нешто да се лиши, што би било прво? - прашале луѓето. - Оружјето - одговорил мудрецот. - А потоа? - Потоа храната. - Но народот ќе почне да умира без храна - се побуниле луѓето. На тоа Конфучие одговорил: - Смртта е неизбежна судбина на човекот, со храна или без еден ден секој што се родил и ќе умре. Но, народот кој нема доверба во своите водачи - навистина е ИЗГУБЕН!
Некој човек патувал низ една шума со неговите коњ и куче. Бидејќи било невреме удрил еден гром во нивна близина и ги усмртил. Човекот потоа не бил свесен дека засекогаш го напуштил живиот свет, како и неговите сопратници - коњот и кучето, го продолжиле патот кој бил долг и тежок. Постојано се искачувале по ридови, а сонцето силно ги печело. Биле преморени и жедни. Одејќи по патот здогледале убава мермерна порта која водела до еден голем плоштад, поплочен со златни плочи. На средината на плоштадот имало една голема кристална фонтана од која течела бистра и студена вода. Човекот сакајќи да се одмори пред да го продолжи патот го прашал чуварот, кој стоел пред портата, кое е тоа место. Чуварот одговорил - Ова е рајот! Човекот среќен му рекол дека тој и неговите животни се исцрпени и жедни, па побарал да се напијат од водата. - Вие можете да појдете до фонтаната, но вашите животни ќе мора да почекаат тука пред портата. Потоа слободно продолжете по патот! - рекол чуварот. - Но мојот коњ и моето куче се исто така жедни! - рекол човекот. - Жал ми е, но овде влезот за животните е забранет! - рекол чуварот Човекот многу се разочарал и не сакал сам да пие вода. Му се заблагодарил на чуварот и заедно со неговите животни го продолжиле патот. Оделе понатаму преку многу брда, уморени и жедни и наишле на друга порта. Оваа порта била стара а од другата страна имало земјен пат и многу дрва од страна. Покрај портата имало еден чувар кој веднаш ги забележал уморените патници и им рекол: - Добри луѓе! Гледам дека сте жедни! Таму покрај карпата има еден извор, појдете да се напиете вода и да одморите малку. Откако ги одвел до изворот седнале да се одморат. - Кое е ова место? прашал патникот. - Ова е рајот. Му рекол чуварот. - Но чуварот кај мермерната порта ми рече дека таму е рајот. - му рекол човекот. - Тоа не е рајот, тоа е пеколот! Патникот се збунил, и му рекол на чуварот дека не е убаво што таму лажат. На тоа чуварот му рекол: - Тоа што тие кажуваат дека тоа место е рајот е лага, но нас ни прават голема услуга бидејќи таму остануваат сите оние кои се во состојба да ги изневерат своите најдобри пријатели!!!
Маж и жена се одлучиле да одат на одмор на езеро познато како рај за риболовците. Мажот бил мераклија за ловење риба посебно во раните зори... ...а жената сакала да седи во мир и да чита книги. Едно утро, после неколку часа риболов, мажот се вратил во куќичката и решил да дремне, а жената тогаш се решила да се прошета со чамче по езерото иако сама баш и не се снаоѓала добро. Го запалила моторот и го одвела чамецот на едно осамено место, го фрлила сидрото и продолжила во тишина да ужива во својата книга. По некое време се појавил риболовниот инспектор со својот чамец и се доближил до чамецот на жената: - Добро утро госпоѓо. Што правите? - Читам книга – одговорила таа (и во себе си помислила „зарем не е очигледно?!“) - Се наоѓате на делот од езерото кој е забранет за спортски риболов, ја информирал инспекторот. - Жал ми е господине, но јас не ловам риби. Јас само седам и читам книга. - Да, но во чамецот го имате целиот прибор кој е потребен за ловење и ако се прашувам јас, вие можете да почнете да ловите риба во секој момент. Ќе морам да ве однесам до станица и да поднесам пријава против вас, рекол инспекторот. - Ако вие го направите тоа, тогаш знајте дека и јас ќе поднесам пријава против вас, но, за силување – му одговорила жената. - Но, јас не ве ни допрев!? – рекол инспекторот. - Да, но вие го имате целиот потребен прибор и ако се прашувам јас би можеле да почнете да ме силувате во секој момент.. - До видување госпоѓо и уживајте во овој убав ден!
Во болница еден стар човек е пред својата смрт... останати му се уште неколку часови од неговиот живот. Во еден момент отварајќи ги своите очи, успеа да види само неколку ПРИЛИКИ кои беа собрани околу неговиот кревет. Не успевајќи да ги препознае затворајќи ги очите ги запраша: - Пријатели !!!... Кои сте ВИЕ ? Една од ПРИЛИКИТЕ му рече : - НИЕ сме твоите пропуштени сништа, твоите заборавени желби и неостварените визии... - НИЕ сме се она што можеше да го направиш во својот ЖИВОТ, но за жал, ти го пропушти се она што можеше да го направиш... - Многу жалам поради тоа... промрмори старецот, но сепак го ценам тоа што сте се собрале и сте дошле да се простите со мене пред мојата смрт, и покрај мојата немарност и лошиот однос што го имав кон вас... Една од ПРИЛИКИТЕ се наведна над него и со тивок глас му одговори: - НИЕ НЕ ДОЈДОВМЕ ДА СЕ ПРОСТИМЕ ОД ТЕБЕ... ДОЈДОВМЕ ДА УМРЕМЕ ЗАЕДНО СО ТЕБЕ
ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА... Човек седел на станица во Метрото во Вашингтон. Било студено јануарско утро. Свирел 6 Бахови дела околу 45 минути. За тоа време, бидејќи бил работен ден, пресметано е дека барем 1000 луѓе поминале на таа станица. Најголемиот број од нив брзајќи за на работа. После 3 минути, средовечен човек го забележал музичарот кој свирел, успорил, застанал неколку секунди и побрзал да стигне на време. Минута подоцна, виолинистот примил напојница...жена во брзање, без да застане на минување му фрлила долар во кутијата и продолжила. После неколку минути, уште еден човек застанал да слуша, но погледнал на сатот и продолжил, доцнел. Најмногу внимание покажало 3 годишно дете кое застанало да го слуша виолинистот, но за кратко, бидејќи мајката која го држела за рака, го повлекла со себе да брза. Уште долго потоа детето се вртело назад. Исто таква реакција покажале децата кои поминувале...но сите родители ги влечеле за рака да побрзаат. За 45 минути свирење: -само 6 луѓе застанале на неколку секунди да слушнат што свири музичарот -околу 20 само му фрлиле пари и продолжиле Кога престанал да свири станала тишина. Никој не забележал, никој не му аплаудирал. Никој незнаел дека: -виолинистот бил Џошуа Бел, еден од најдобрите музичари на светот! -свирел едно од најинтригантите дела било кога напишани, -и се тоа на виолина вредна цели 3,5 милиони долари! -2 дена пред овој настан во метрото, Џошуа Бел го распродал својот концерт во Бостонскиот театар, каде влезницата чинела 100 долари! Ова е вистинска приказна. Џошуа Бел свирел инкогнито во оквир на експеримент кој го организирал Вашингтон пост, за перцепцијата, вкусот и приоритетите кои ги имаат луѓето. Целта на експериментот била да се утврди, дали и колку луѓето во секојдневниот живот: -ја примаат убавината -застануваат во неа да уживаат -го препознаваат талентот во неочекувана ситуација Заклучокот бил следниот: ако немаме минута време да застанеме и слушаме еден од најдобрите музичари во светот, кој ја свири најдобрата некогаш напишана музика и тоа бесплатно......колку уште други нешта на ист начин пропуштаме?!
Мајка Мојата мајка имаше само едно око.Ја мразев...беше срамота за мене.Во нашето школо спремаше храна за учителите и за нас.Еден ден додека уште бев во тоа основно школо,мајка ми влезе во класот и ме поздрави.Ми беше толку многу срам.Како можеше тоа да ми го направи?Ја игнорирав,и упатив поглед полн со омраза и побегнав.Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа:Блјак твојата мајка има само едно око!Пропаднав в земја и посакав мојата мајка да ја нема...Кога повторно ја видов станав и и реков:-Ако повторно мислиш да ме правиш предмет на исмејување подобро ти е да умреш.Мајка ми ништо не ми одговори..Не застанав ни за момент да размислам што реков,бев полн со омраза и бес во себе.Бев незаинтересиран за нејзините осеќаи..Едноставно што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа.Во касниот живот учев многу и тешко.Така да добив шанса да одам во Сингапур и да студирам...Бев пресреќен!Се оженив,купив куќа и добив свој деца.Бев среќен со својот живот,со своите деца иако живеев во друга земја.Но еден ден дојде мојата мајка да ме посети...Ме немаше многу години видено,а и внуците исто.Се појави на вратата.Моите деца почнаа да ја исмејуват.Јас почнав да и се дерам како може само така да се појавува непоканета.Се дерев:-Како можеш да доаѓаш туку така и да ми ги плашиш децата?Гони се одтука и да не те гледам!Мојата мајка само тивко одговори:„Извинете мора да сум ја погрешила куќата„ и замина...После неколку години дојде писмо кај мене.Повикан сум на матурска.Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат.После прославата,од радозналост свратив до стариот дом.Кога ме видоа соседите ми рекоа дека е веќе мртва.Нит една солза не пуштив.Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа...„Мил мој сине Мислав на тебе цело време.Извини што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата.Ми беше драго дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на просава овде.Јас можеби нема ни да станам од креветот да те видам.Жал ми е што секогаш те срамував и ти бев терет.Гледаш, кога беше мал се случи една несреќа и го изгуби едното око.Како мајка неможев да поднесам да растеш со едно око.Докторите те прегледаа и ми рекоа дека е можно.Тогаш јас ти го дадов моето...Бев пресреќна кога знаев дека мојот син,го гледа светот за мене со тоа око...Со љубов,Секогаш за тебе,Твојата мајка
Бескорисен живот Некој земјоделец остарел толку многу што повеќе не можел да работи на полето. Па така деновите ги поминувал седејќи на тремот пред куќата. Неговиот син, кој што работел на фармата одвреме навреме го погледнувал татко си кој што си седел таму. „Татко ми не е корисен повеќе,“ си помислил синот во себеси, „ништо повеќе на прави!“ Еден ден синот толку се изнервирал од ова, што набрзина направил дрвен ковчег, го довлечкал до тремот и му рекол на татко си да влезе во ковчегот. Без да рече ништо таткото влегол внатре. Откако го затворил капакот синот го одвлечкал ковчегот на работ од фармата каде што имало голема бездна. Како што се приближил до неа слушнал нежно потчукнување одвнатре од ковчегот. Го отворил. Лежејќи мирно, таткото го погледнал синот. „Знам дека ќе ме фрлиш во бездната, но пред да го направиш тоа може да ти предложам нешто?“ „Што е?“ прашал синот. „Фрли ме во бездната, ако сакаш,“ рекол таткото, „ама зачувај го овој добар дрвен ковчег. Можеби ќе им притреба на твоите деца.
OСУМ ЛЕКЦИИ ЗА ЖИВОTOT 1. Помисли за тоа што мислиш... и ако се фатиш себеси како мислиш на несреќа, болест или немаштија, смени го каналот и почни да мислиш на она што го посакуваш. 2. Кога ќе се случи нешто случајно, следи го. Среќни се оние кои можат да ги следат и да делуваат според добрите работи кои се случуваат случајно. 3. Верувај дека доброто може да се случи. Очекувањето ќе ти се исполни. Кога ќе се случат лоши работи, погледни ја ведрата страна и прашај се: “Што научив јас од ова?” или “Како да се заштитам за да не ми се случи повторно?” 4. Не се задржувај на лошото, туку продолжи. Ако умре коњот, симни се од него. Не вложувај пари и напор во она што умира. 5. Не ја барај љубовта на погрешни места. Овде не мислам само на романтичната љубов, туку и на сакањето на предмети. Убаво е да посакуваш предмети, но не смееш да го сведеш животот на: “Ќе бидам среќен кога ќе го имам тоа, или кога ќе живеам таму, или кога ќе се случи она...” 6. Среќата е состојба на умот, а за да ја достигнеме, нашите мисли треба да се постојано пријатни. 7. Неуспехот е избор кој го создава недисциплината. Ако не ги постигнавте своите цели, какви и да се, тоа само значи дека на нешто друго му дадовте предност во вашиот живот. Ако не успеете, значи дека избравте да не успеете. 8. Не “фаќаме” депресија, како што не “фаќаме” среќа. Ние ги креираме преку мислите. Затоа, внимавајте што читате, што слушате и со какви луѓе се дружите.
„ ХИМНА НА ЉУБОВТА “ - Свети Павле (Прво послание до Коринтјаните ( Новиот Завет )) Да зборувам на сите човечки јазици, ...па дури и на ангелски - штом ЉУБОВ немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимбал што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да поместувам - ако ЉУБОВ немам, ништо не сум. И да го раздадам целиот свој имот, да дозволам телото да ми озгори, - штом ЉУБОВ немам, ништо не ми користи. Љубовта е долготрпелива, полна со добрина. Љубовта не завидува, Љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистината се радува, се` извинува, во се` верува, на се` се радува, се` претрпува.
10 животни лекции од Алберт Ајнштајн Несомнено, Алберт Ајнштајн е еден од најголемите умови на сите времиња. Но, колку што човештвото има полза од неговата работа во областа на физиката, толку, а можеби и повеќе може да ползува од неговата животна мудрост. Следуваат десетте најдобри животни лекции што можат да се научат од Алберт Ајнштајн. 1. Следете ја љубопитноста Немам посебен талент, само сум страстно љубопитен. Што ве прави љубопитни? Тоа е разликата меѓу оние што успеваат и оние што не успеваат. Најдете го нештот за што сте најљубопитни. А потоа следете ја љубопитноста до успехот. 2. Упорноста е бесценета Не дека сум особено паметен, само што подолго се задржувам на проблемите. Со упорност, желката го победила зајакот. Подготвени ли сте да бидете упорни додека не стигнете до целта? Велат дека вредноста на поштенската марка лежи во тоа што таа го придружува пратеното сѐ додека не пристигне до дестинацијата. Бидете како марката (а и како желката) и завршувајте ги трките што ги започнувате. 3. Фокусирајте се на сегеашноста Секој што може да вози безбедно додека бакнува убава девојка, не му го посветува на бакнежот заслуженото внимание. Не можете да седите на 2 столчиња. Можете да сторите што било, но не сѐ. Научете да бидете присутни каде што сте; целосно да се посветите на тоа што го правите во моментот. Фокусираната енергија е моќ, а тоа е разликата меѓу успехот и неуспехот. 4. Имагинацијата е моќна Имагинацијата е сѐ. Таа е најава за животните настани кои следат. Имагинацијата е поважана од знаењето. Дали секојдневно ја користите имагинацијата? Вистинскиот знак за интелигенцијата не е знаењето, туку степенот на имагинација што го има една личност. Вежбајте ја колку што можете почесто. 5. Правете грешки Оној што никој не направил грешка, никогаш не се обидел ништо да направи. Не се плашете од грешки. Грешките не значат неуспех. Грешките можат да ве направат посилни, поумни и побрзи, доколку ги извлечете вистинските лекции од нив. 6. Живејте во моментот Никогаш не размислувам за иднината - таа набрзо доаѓа. Единствен начин да ја изградите иднината е да бидете колку што можете поприсутни во сегашноста. Никогаш нема да можете да ги промените ниту вчера, ниту утре, затоа сите напори треба да ви се насочени кон денес. Тоа е единственото време врз кое имате влијание, зашто тоа е единственото време кое постои. 7. Создавајте вредности Не се стремете кон успех, туку кон вредност. Не си го трошете времето обидувајќи се да станете успешни. Трудете се да создадете вредност. Ако вредите, тогаш ќе го привлечете успехот. Најдете ги вашите дарби и таленти и работете на нив. Кога ќе станете доволно вредни, успехот ќе ве пронајде. 8. Не очекувајте поинакви резултати Лудило: Правење на истото нешто, одново и одново и очекување на различни резултати. Не можете да го правите истото нешто постојано, а да очекувате исходот да се промени. Ако вежбате исто, не можете да очекувате да ви се промени изгледот. Ако сакате поинаков резултат, треба да ги промените параметрите на експериментот. 9. Искуството е извор на знаењето Информациите не се знаење. Знаењето доаѓа од искуството. Можете да дискутирате за некоја задача до недоглед, но тоа ќе ви даде само филозофско разбирање за проблематиката. За вистински да се запознаете со задачата, мора да ја искусите. Не се кријте зад шпекулации, излезете и тестирајте ги своите теории. 10. Научете ги правилата и потоа играјте подобро
Зошто љубовта е слепа? Еднаш, многу одамна, сите човечки суштества и сите човечки квалитети се нашле на едно скришно место на Земјата... Кога дошла Здодевноста се проѕевнала по третпат, а Лудоста, како и секогаш луда, предложила: - Ајде да си играме криенка! Кој најдобро ќе се скрие, ќе биде победник меѓу сите чувства. Интригата ја поткренала десната веѓа, а Љубопитноста, не можејќи да се воздржи, прашала: - Криенка? Каква е таа игра? - Тоа е една игра, почнала да објаснува Лудоста, во која јас ќе ги покријам очите и ќе бројам до милион, додека сите не се скриете. Штом ќе завршам со броење, тргнувам во потрага и кого нема да го пронајдам, тој е победникот. Ентузијазмот заиграл од радост, а истото го направило и Одушевувањето. Среќата толку скокала што успеала да ги наговори Сомнежот и Апатијата, кои никогаш и ништо не ги интересирало. Ама, не сакаа сите да си играат. Вистината беше против криењето, а и зошто би се криела? И така неа на крајот сите ќе ја пронајдат. Гордоста мислеше дека тоа е глупава идеја, иако всушност ја измачуваше мислата зошто нејзе не и текна прва да ја предложи играта. Вниманието не сакаше да ризикува. - Еден, два, три... почна да брои Лудоста. Прва се сoкри Мрзливоста, која како и секогаш, само се фрли зад првиот камен на патот. Вербата се качи на небото, Завидливоста се скри во сенката на Успехот, кој со мачење се искачи на врвот од највисокото дрво. Великодушноста никако не можеше да се одлучи каде да се скрие, затоа што секое место и се чинеше совршено за некој од нејзините пријатели. Убавината скокна право во кристално чистото езеро, а Срамежливоста ѕиркаше низ пукнатината на едно дрво. Прекрасноста го најде своето место во летот на една пеперутка, а Слободата - во здивот на ветрот. Себичноста најде скривница, ама само за себе! Лагата се сoкри на дното на океанот (лаже, на крајот од виножитото!), а Стрвноста и Страста - во кратерот на вулканот. Заборавот заборави да се скрие, ама тоа не е важно. Кога Лудоста изброи 999.999, Љубовта се уште не најде скривалиште затоа што сите места беа зафатени. Здогледувајќи една градина со рози, скокна и се пикна меѓу прекрасните пупки од рози. - Милион!, извика Лудоста и почна да бара. Прво ја пронајде Мрзливоста, зад најблискиот камен. Наскоро ја слушна Вербата како расправа за теологијата со Господ, а Страста и Стрвноста скокнаа од вулканскиот кратер од страв. Случајно тука се најде и Завидливоста и, секако и Успехот. Себичноста не ни требаше да ја бараат. Сама излета од своето совршено скривалиште кое се покажа дека е кошница за пчели. Од толку барања Лудоста ожедне, и така во кристалното езеро ја пронајде Убавината. Со Сомневањето беше уште полесно, затоа што тоа не можеше да се определи за својата скривница, па остана да седи на блиските камења. Така Лудоста, малку по малку, ги пронајде речиси сите. Талентот во златните класја на житото, Тежината на душата во изгорената трева, Лагата на крајот (лажеше, сепак беше на дното на океанот!), а Заборавот заборави и дека воопшто нешто се играло. Само Љубовта не можеше никаде да ја најде. Ја пребара секоја грмушка, сите планински врвови и кога веќе беше бесна, ја здогледа градината од рози. Влезе меѓу розите, фати една сува гранка и од бес и изнемоштеност почна да ја удира по прекрасните пупки од рози. Одеднаш се слушна болен крик. Трњата од розите и ги изгребаа очите на Љубовта. Лудоста не знаеше што да прави. Го пронајде победникот, чувството над чувствата, ама Љубовта стана слепа. Плачеше и ја молеше Љубовта да и прости, и најпосле реши да остане засекогаш покрај неа, покрај Љубовта, и да и помага. Така Љубовта излезе победник над сите чувства, ама стана слепа, а Лудоста ја следи на секој чекор.
ЖЕНИ И ГЕОГРАФИЈА Помеѓу 15 и 18 години жената е како Кина или Иран. Се развива брзо, има многу потенцијал, но сеуште е затворена спрема странците. Во период помеѓу 18 и 21 година жената е како Африка или Австралија. Откриена до пола, полудива, прекрасна природа. Нема ни да спомнуваме плодност. Помеѓу 21 и 30 години таа е како САД или Јапонија. Потполно истражена, многу добро развиена и отворена за трговија, нарочно со земјите со многу пари и автомобили. Жена на возраст од 30 до 35 години е како Индија или Шпанија, значи многу врела и свесна за својата убавина. Од 35 до 40 години жената е како Франција или Аргентина. Донекаде уништена за време на војната, но сеуште многу топла. Место кое секој треба да го посети. Жена на возраст од 40 до 50 години е како Југославија или Ирак. Ја изгубила војната и ја прогонуваат грешките од минатото. Потребна е обнова од корен. На возраст од 50 до 60 жената е како Русија или Канада. Многу е пространа и тиха. Никој не ги чува границите, но ладната клима ги држи посетителите подалеку. Помеѓу 60 и 70-тата година жената е како Англија или Монголија. Славно минато, но без иднина. После 70-тата жената е како Авганистан. Сите знаат каде е, ама нема ама баш никаква шанса некој да отиде таму.
Еден професор стоел пред група студенти на час по филозофија и држел некои предмети пред себе. Кога започнал часот, без зборови подигнал голема, стаклена, празна тегла која најчесто ја користиме за зимница и ја наполнил со топчиња за тенис. Потоа ги запрашал студентите, дали оваа стаклена тегла е полна? Сите одговориле потврдно. Потоа професорот земал кутија со каменчиња и ја истурил во теглата. Благо ја занишал. Каменчињата го исполниле празниот простор помеѓу тениските топчиња. Тогаш повторно ги прашал студентите, дали теглата сега е полна? Студентите одговориле со едно големо ДА. Следната кутија која што ја земал професорот била полна со песок. Кога ги сипал песокот, тој секако ги исполнил сите празнини во теглата. Запрашал по трет пат, дали сега е полна теглата, каде тие повторно потврдно му одговориле. Тогаш професорот од под маса извадил две чаши со кафе и ги полил во теглата. Со кафето се натопил песокот. Студентите се смееле. Сега, рекол професорот, додека се смеете, сакам да сватите дека оваа стаклена тегла го претставува вашиот живот. Тениските топчиња се битните работи во животот: верата, фамилијата, децата, здравјето и други работи што многу ви значат. Тоа се оние работи кои го исполнуваат вашиот живот и доколку се друго би снемало. Каменчињата се вторите работи кои се важни: работата, куќата... Песокот преставува останатите работи, претежно малите нешта. Доколку ја наполните теглата само со песок, нема да има место за камчињата и тениските топчиња. Истото важи и во животот. Доколку го потрошите времето и енергијата на малите работи, никогаш нема да имате место за оние - битни работи. Водете грижа за работите кои се клучни за вашата среќа. Играјте си со децата. Најдете време да посетите доктор. Изведете го партнерот на вечера. Однесувајте се како да имате 18 години. Секогаш ќе имате време да ја исчистите куќата или исперете колата. Прво погрижете се за тениските топчиња, а потоа следете ги приоритетите клучни за вашата лична среќа. Една студентка дигнала рака и го прашала професорот - а што е со кафето? Тој се насмевнал и одговорил: "Драго ми е што го прашавте ова. Кафето значи дека колку и да мислите дека вашиот живот е исполнет и дека немате време, секогаш има простор за едно кафе со вашите пријатели"
ТАЈНАТА ЗА УСПЕШЕН БРАК !!! Во еден град, брачен пар прославувал 25 годишница од бракот. Тие како пар биле познати по тоа што никогаш не се скарале... ....Медиумите пристигнувале од сите страни да проверат во што е тајната на "Успешниот брак". Уредникот на еден весник прашал: - Господине, ќе ве молам кажете ни во што е тајната? Тоа е на...вистина неверојатно, како успевате? Човекот почнал да се присетува на деновите поминати на меден месец и ја започнал приказната: - После венчавката бевме во еден егзотичен град, таму имаше многу забавни содржини... По кратко договарање се одлучивме за јавање на расни коњи. Двајцата најмивме по еден коњ и почнавме да јаваме. Мојот коњ беше мирен и послушен, ама оној на кој јаваше мојата жена беше потполно луд... Наеднаш нејзиниот коњ се вознемири и ја фрли жена ми од седлото долу на земјата!!!! Таа, сосема мирно стана, го потапка коњот и тивко прозборе: - Ова ти е прв пат!!!.. ....Го јавна повторно коњот. По кратко време коњот повторно се вознемири и жена ми пак се најде долу на земјата. Повторно стана и со смирен глас му се обрати на коњот: - Ова ти е втор пат!!!... .....Јас бев целосно нем и не можев да се изначудам на смиреноста на мојата жена. Кога коњот и по трет пат ја исфрли од седлото, таа полека го извади магнумот кој и беше закачен за појасот и ладнокрвно го уби коњот..... Јас целиот запрепастен и се развикав на жена ми: - Жено божја, па дали си ти нормална!!? Како можеше да го убиеш кутрото животно??? - Ова ти е прв пат!!! -смирено ми рече Таа. - Тоа би било тоа, по оваа случка секогаш сме СРЕЌНИ и СЛОЖНИ... заврши мажот со својата приказна.
Човек се нашол на суд обвинет за убиство со предумисла. Судијата: Овде се работи за тежок деликт, крваво убиство со предумисла. Го повикувам обвинетиот во своја одбрана, а со цел да се обиде евентуално да ја ублажи казната да ја изнесе својата одбрана и олеснителните околности. Обвинетиот: Беше глупа…морав да ја убијам Судијата: Тоа не го сметам за олеснувачка околност. Ако не сакате остатокот од животот да го минете зад решетки морате да најдете нешто поубедливо. Обвинетиот: Во ред ценет суде, дозволете ми да ви раскажам како беше. Жална ситуација, децата беа многу ниски. Синот 12 години висок 80 сантиметри, а оној постариот од 19 години се на се 85 сантиметри. Еден ден разговарав со жена ми и и кажав дека навистина ми е жал за нив. - Да рече, тоа се пиринеи. - Мислиш, Пигмеи– и реков - Не одврати таа, пигмеи се она што го имаме под кожа и поради што поцрнуваме во лето. - Не тоа е пигмент, забележав. -Не, одврати таа, пигмент е тоа на кое пишувале старите римјани. - Побогу жено, тоа е пергамент. - Не пергамент е кога некој ќе прочита или прикаже само дел од некое дело. Почитуван суде, претпоставувате дека немав воља да и објаснува, дека се работи за фрагмент. Отидов на троседот, легнав и почнав да читам весници. Набргу дојде мојата жена со книга во рацете, ја отвори и почна нешто да чита. - Душо гледај: “Сончевата тераса од рачна торба била учителка од макрото 15“. Ја земав книгата, ја погледнав и и реков: - Драга моја, ова е книга на француски јазик и тука пишува …La Marquise de pompadour est la Maitresse” а тоа значи дека Маркизата Помпадур му била љубовница на Луј 15ти. - Не рече таа- мора да се преведе буквално. La Marquise е сончева тераса, Pompadour е рачна торба, La Maitresse е учителка, а Louis XV е макро. И потоа продолжи- јас тоа сигурно го знам, не џабе земав часови по француски и вежби со својот легионер. - Веројатно мислиш на лекторот. - Не, лектор е еден грчки херој. - Тоа беше Хектор и беше Тројанец. - Не, Хектор е мерка за површина. - Мерка за површина е хектар. - Не, хектар е пијалок на Боговите. - Жено тоа е нектар. -Не, тоа е река во јужна Германија. - Таа река се вика Некар. -Не знаеш ти ништо, јас уште како мала пеев во дуо за реката Нектар -Си пеела во дует. - Не дует е кога играат Барселона и Милан Почитуван суде….тогаш земав чекан и ја опнав по глава. Конечно замолчи. Судијата: Пресуда“Обвинетиот се ослободува, јас би ја убил уште кај Хектор“
Секогаш носи со себе... На сите ни е потребна т.н. “торбичка за прва помош“ за следниве нешта во животот: наочари, фластер, пенкало, конец, гума, чоколадни бакнежи и вреќичка чај. Се прашувате зошто служат сите овие работи? 1. Наочари – за да ги видиш особините на луѓето и да знаеш да ги процениш оние кои те окружуваат. 2. Фластер – да можеш да ги излечиш ранетите чувства – своите и на твоите блиски. 3. Пенкало – за да ги запишеш сите добри нешта кои ти се случиле дента ( и да знаеш дека ги има многу) 4. Гума за бришење – да се сетиш дека секој прави грешки и да имаш можност да ги избришеш (простиш). 5. Конец – да се поврзеш со луѓето кои се навистина посебни во твојот живот, а во секојдневното брзање го забораваш нивното значење. 6. Чоколадни бакнежи – да се сетиш дека на секој му е потребен бакнеж, нежности и убави зборови. 7. И за крај – вреќичка чај за да се одмориш и релаксираш на крајот на денот. За светот можеби си НЕКОЈ, но на некого си му целиот свет! За секој случај секојдневно носи ја со себе оваа „торбичка за прва помош“, може навистина да ти се најде. Црнобело
Почитта кон нашите родители! Се сеќавате ли колку се чинеше голем светот кога бевме мали? Се сеќавате ли колку злобно изгледаа луѓето во него? Многупати бевте можеби повредени??? Удрени од некое дете? Можеби сте заплакале...Но, сетете се, кои луѓе беа тука за да ве утешат и да ви кажат дека се ке биде добро на крајот? ..Претпоставувам дека веке погодувате драги мои! Да, нашите родители! Луѓето кои секогаш стоеа насмеани за нас. И колку понекогаш да им беше тешко и да не беа во можност ке ни ја купеа најскапата играчка во родавницата само заради тоа што сме почнале да плачеме!...Се сеќавате ли понекогаш како беше кога бевме деца? Се сеќавате ли на оние прекрасни сончеви денови облиени во среќа и безгрижност? Можеби ви се враќа по некој спомен. Можеби ви се враќа токму она жешко лето кога речиси сите прилепски родители маршираа по жешкиот асфалт држејки не за рака со насмевка само за ние да бидеме среќни. Ви текнува ли како не држеа на плеќите за да гледаме на бината како пејат децата додека асфалтот испаруваше од жештината? Претпоставувам дека се сеќавате....А верувам и тие дека никогаш нема да го заборават тоа. Можете ли да замислите како им било нив додека ние сме се радувале?...Или пак како им беше додека беа во беспарична состојба а од продавницата за играчки можеби ни ја купувале една од најскапите играчки додека ние сме врескале? Неможете...Но, ке дознаете кога ке бидете како нив секако. И сега после се бидете искрени! Дали некогаш ни пререкле за сето ова??? Дали некогаш не потсетиле и условиле? - НЕ! Напротив! Покрај тоа што несебично ни купуваа колку што сакаме со цел да не се издвојуваме од нашите врсници ни ја подаруваа и нивната несебична љубов која ние ја ценевме многу повеќе отколку таа играчка која ке ни ја купеа. Зарем не беа тоа истите луѓе кои се радуваа на секој наш успех, и се разочаруваа на секој наш неуспех и пад? Немојте да кажете дека сте заборавиле колку може да биде еден родител горд на своето дете а истовремено и разочаран. И да се чувствува дури полошо од вас кога ве гледа тажни, обесхрабрени разочарани. Факт е дека секогаш биле со нас. Ни биле најдобри пријатели кои никогаш не не заборавиле. И ден денес се! И можеби единствените луѓе кои искрено не сакаат и се грижат за нас. Дали сега сфативте поради кои причини треба да ги почитуваме? Дали ги научивте оние неколку лекции на кои не учеле целиот живот, и сеуште го прават тоа? Ако одговорот е да, тогаш зошто им враќате со лошо за сето она што го сториле за вас? Зошто вашата мајка наместо мамо ја нарекувате по име или со погрдни зборови како козо, свињо и сл. погрдни зборови кои несакам сега да ги споменувам. Потрудете се ако не ништо друго наредниот пат кога ке ве замолат да донесете чаша вода да станете и да го сторите тоа. Вреди да ги почитувате зошто сиот свет ви го ставиле на дланка... Ако ништо друго потрудете се да им обрнете внимание и да покажете дека сеуште се светла точка во вашиот живот. И дека сте тука за нив кога им е тешко, како и тие што се за вас. Целта ми е да ви укажам дека нема ништо повредно од родителската љубов...САКАЈТЕ ГИ, ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ, верувајте...ВРЕДИ!