Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интересен текст

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 16 јуни 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    РУЧЕК СО БОГ

    Едно младо момче имало желба да се сретне со Бог. Знаејќи дека тоа ќе биде долг пат до Бога, си понело во својот ранец со себе чипс и шест шишенца сок за пиење и тргнало на пат.
    Изминувајќи неколку улички, сретнало постара жена и седнало до неа на клупата.Таа ги гледала гулабите замислено. Детето го отворило ранецот и извадило сок да се напие, но ја здогледало жената и помислило дека можеби е гладна.
    Извадило и чипс и ја понудило, а таа со задоволство го прифатила понудениот чипс и убаво се насмевнала.
    Нејзината насмевка била толку убава, што тоа сакајќи повторно да ја види и понудило и да се напие.
    Таа со задоволство прифатила и се насмевнала уште повеќе. Момчето било воодушевено. Цело попладне го поминале седејќи и јадејќи без да прозборат ни збор.
    Кога почнало да заоѓа сонцето, а момчето се почувствувало уморно, почнало да се подготвува да тргне, но пред да направи неколку чекори се свртило и ја прегрнало постарата жена .Таа се насмевнала најмногу што можела.
    Детето си заминало дома, а на вратата неговата мајка забележувајќи ја радоста на неговото лице го запрашала:
    - Што те направи денес толку среќен?
    - Имав ручек со Бог – одговори детето.
    Пред да прозбори неговата мајка детето додаде:
    - Знаеш што ...Таа ја имаше најпрекрасната насмевка што воопшто сум ја видел!
    Во меѓувреме и постарата жена видно среќна тргнала накај својот дом. Нејзиниот син забележувајќи го мирот на нејзиното лице ја запрашал:
    - Мамо што те направи денес толку среќна ?
    Таа му одговори:
    - Јадев чипс на клупата во паркот со Бог ... не дочекувајќи ја неговата реакција таа уште му рече...
    - Бил помлад одколку што очекував !

    Многу често моќта на допирот, на насмевката, некој убав збор, или само добро слушање или нечиј комплимент, најмалиот начин на нечија грижа може да го промени животот на подобро...
    ЛУЃЕТО доаѓаат во нашиот живот со причина, случајно, еднаш или засекогаш! Прегрнете ги подеднакво и продолжете да се СМЕЕТЕ !.. Кога ЖИВОТОТ ни дава 100 причини да плачеме, доволно е да му покажеме дека имаме 1000 причини да се СМЕЕМЕ !
     
    На Philippa, Fallin-ForHisSmile, Lux и 2 други им се допаѓа ова.
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Lost your pen=no pen
    No pen=no notes
    No notes=no study
    No study=Fail
    Fail=no diploma
    No diploma=no work
    no work=no money
    no money=no food
    no food=you get skinny
    you get skinny=then you get ugly
    Ugly=no love
    no love=no marriage
    no marriage=no children
    no children= alone
    alone=depression
    depression=sickness
    sickness=death

    Lesson: Don’t lose your pen, you will die..
    :D :D :D
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    ЉУБОВ Е...

    Љубов е да флертуваш прекумерно, но притоа да знаеш дека личноста пред тебе не мора да направи ништо.
    (почитување)
    Љубов е несовршеност во партнерот без да ти пречи.
    (прифаќање)
    Љубов е да пропуштиш прилика поради тоа што не е вистински момент сеуште.
    (стрпливост)
    Љубов е кога ти е дадена искрена можност да речеш -не- кога мислиш дека си обврзан.
    (внимателност)
    Љубов е двајцата да се грижите.
    (одговорност)
    Љубов е нежен бакнеж за добра ноќ.
    (предвидливост)
    Љубов е да кажеш погодна фраза за да направиш прегратката да се претвори во скокоткање и кикотење.
    (хумор)
    Љубов е да согледаш што твојот партнер навистина сака.
    (вистина)
    Љубов е кога знаеш кое време е, а не ти пречи толку доцна што е.
    (забава)
    Љубов се рацете (на партнерот) околу тебе што те гушкаат силно.
    (восхитеност)
    Љубов е да видиш нова страна на личноста што ти мислиш ја познаваш.
    (препород, обнова)
    Љубов е да се разбудиш и покрај себе го имаш оној кој што си го сонувал.
    (каде фантазијата се среќава со реалноста)
    Љубов е кога двајца само си зборуваат на половина од креветот.
    (блискост)
    Љубов е да кажеш чао знаејќи дека ќе се вратиш.
    (верба)
    Љубов е да бидеш покрај љубената утрото кога се буди.
    (чувствителност)
    Љубов е секс без да кажеш „да водиме љубов“ заради тоа што знаеш дека партнерот сака.
    (разбирање)
    Љубов е да кажеш „ако престанеш те убив“
    (желба, посакување)
    Љубов е седејќи покрај прозорецот, загледан, размислувајќи за вчера ...
    (промислување, забележување)
    Љубов е кога во зима го слушаш ветрот и ти студи, а ти посакуваш да си на топло во кревет со саканиот.
    (осаменост)
    Љубов се нештата кои никогаш нема да бидат кажани.
    (лично, интимно)
    Љубов е музика во позадина и Ти !
    (заљубеност)
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Младиот крал Артур бил пречекан во заседа и заробен од монархот на соседното кралство. Монархот можел да го убие, но бил трогнат од Артуровата младешка среќа и веселост, така што му понудил слобода, под услов да одговори на едно многу тешко прашање. Монархот на Артур му дал рок од една година да го најде вистинскиот одговор, во спротивно ќе биде убиен. Прашањето било: ШТО НАВИСТИНА САКААТ ЖЕНИТЕ?

    Таквото прашање би било комплицирано дури и за најучениот човек, и знаејќи го тоа младиот Артур мислел дека се наоѓа во невозможна мисија, барајќи точен одговор. Но тоа сепак било подобро од смртта, па го прифатил предлогот и на монархот му ветил дека ќе го најде одговорот во дадениот рок. Се вратил во своето кралство и почнал да ги испитува сите: принцезата, домаќинките, учените луѓе и многу луѓе од кои мислел дека би можел да добие некаков одговор. Повеќето луѓе му предложиле да побара совет од една стара вештерка што само таа го знае одговорот. Цената ќе биде висока затоа што била позната низ кралството по прекумерните суми што ги наплаќала. Се наближувале последните денови од годината и Артур немал друга алтернатива освен да разговара со вештерката. Таа се согласила да му даде одговор, секако по цената што си ја побарала за возврат. Старата вештерка сакала да се омажи за Гавин, најплеменитиот од витезите на тркалезната маса и најблискиот пријател на Артур. Од ова Артур бил ужаснат и останал без зборови. Таа била најгрдото суштество, грбава, само со еден заб и многу смрдела. Одбил на сила да го натера својот пријател да се ожени со неа и да поднесе таков товар.
    Гавин, откако дознал за предлогот зборувал со Артур. Му рекол дека ништо не би било голема жртва во споредба со животот на Артур и зачувувањето на Тркалезната маса и кралството. Откако венчавката била најавена, вештерката одговорила на прашањето на Артур: ТОА ШТО НАВИСТИНА ГО САКААТ ЖЕНИТЕ Е ДА УПРАВУВААТ СО СОПСТВЕНИОТ ЖИВОТ.
    Сите веднаш знаеле дека вештерката ја зборувала вистината и дека животот на Артур ќе биде спасен. Така и било. Монархот од соседството го помилувал и му дал целосна слобода. Гавин и вештерката имале незаборавна свадба. Артур бил растргнат помеѓу олеснувањето и болката која му ја причинил на Гавин. Гавин бил пристоен како и секогаш, племенит и учтив. Старата вештерка се однесувала најлошо што можела. Јадела со раце, ждригала и правела се за да им биде непријатно на гостите.
    Дошло времето и за првата брачна ноќ. Гавин, спремајќи се за најужасната вечер во неговиот живот влегол во спалната соба. Каква само глетка го чекала! Најубавата жена што ја видел во својот живот лежела пред него. Гавин вчудоневиден запрашал што се случило. Убавицата му одговорила дека само затоа што бил љубезен спрема неа (додека била вештерка) половина од денот таа ќе биде ужасна и деформирана, а другата половина од денот ќе биде биде девојката што во моментот ја гледа. И на тоа, таа го праша Гавин: Каква би сакал да бидам преку ден и преку ноќ? - Колку сурово прашање. Гавин почнал да мисли на оваа незгоа. Пеку ден убава жена која ќе го придружува во јавноста, но преку ноќ во приватноста ќе биде грда и стара вештерка. Или пак преку ден да биде вештерка но навечер прекрасна жена со која ќе ужива во незаборавни интимни моменти. Племенитиот Гавин одговорл: ТИ САМА ОДЛУЧИ! - Кога го слушнала ова, таа рекла дека ќе биде убава засекогаш, затоа што тој ја почитувал со тоа што и дозволил да управува со својот живот и да одлучува за себе.

    Поуката е дека додека се однесувате како што треба, секогаш ќе го добивате најдоброто
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    ШТО САКААТ ЖЕНИТЕ?

    Еден млад Принц го „изненадиле„ кога ловел дивеч во соседното царство. Го однеле кај Кралот и овој доследен на неговите закони му објаснил дека казната за тие што крадат била убивање на лице место. Но, бидејќи човекот бил Принц, Кралот го поколебала неговата младост и убавина, па во замена му понудил слобода за одговор на едно прашање:
    „ ШTO САКААТ ЖЕНИТЕ ?„
    Како и да било Принцот се согласил со рокот од една година, бидејќи во тој момент за него било се поприфатливо од бесење.
    Тргнал Принцот по неговото царство да прашува Што сакаат жените. Разговарал со Принцезите, Кралицата, Дворски Дами, селаните, проститутки...дури и со некоја луда жена.....но никој не му дал одговор на тоа навидум лесно прашање, туку добивал совет дека за тоа треба да ја праша старата Вештерка, бидејќи единствено Таа знаела што е тоа што го сакаат жените.
    Старата Вештерка била многу мудра жена, но и надалеку позната по баснословно високите цени кои ги наплаќала за секоја услуга.
    Најпосле дошол и последниот ден од годината а Принцот сеуште го немал одговорот и на крај отишол кај Вештерката.
    Откако ја прашал Што е тоа што го сакаат жените, Вештерката се согласила дека ќе му го даде точниот одговор, но за тоа треба Принцот да плати!
    Прашал Принцот што треба да плати и таа му одговорила: Сакам да се омажам за Вашиот најдобар Витез!
    Младиот Принц престрашено ја гледал, била грбава, ужасно грда, ширела околу себе таква смрдеа што во еден момент му дошло да повраќа и испуштала необични звуци и крикови.
    При самата помисла дека треба да го замоли својот најдобар пријател и Витез да се ожени со тоа ужасно суштество се исплашил и се откажал од одговорот.
    Се вратил во Замокот целиот несреќен и во исчекување на првиот ден од Новата Година кога требало да биде обесен, зашто не успеал да го најде одговорот на поставеното прашање.
    Но...неговиот пријател и најдобриот Витез во Кралството разбрал за што се работи, па целиот среќен дека може да го спаси животот на својот Принц, отишол кај него и прифатил да се ожени за Старата вештерка.
    Се венчале Вештерката и Витезот по што таа на Принцот му го дала одговорот:
    „СЕКОЈА ЖЕНА САКА ДА БИДЕ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ ЖИВОТ„
    Штом го слушнал одговорот Кралот од соседното Кралство, задоволен од истиот, тој го ослободил младиот Принц од казната.
    За целото време на венчавната церемонија, Витезот на големо изненадување на сите, бил насмеан, весел, љубезен и полн со почит по сите обичаи према „Невестата„ додека Старата Вештерка како и обично врескала и испуштала крици, јадела како ѕвер несмасно и без манири, и што е најгадно од се, смрдела неподносливо.
    Конечно дошла вечерта и времето за првата брачна ноќ и додека Витезот ја чекал спремен в кревет да му дојде Вештерката, пред него се појавила најубавата девојка која ја видел во својот живот!!! Целиот опиен од нејзината убавина ја прашал: Што се случи????
    Таа му одговорила:
    - Бидејќи со мене беше толку фин и љубезен, Јас половина од денот ќе бидам девојка а другата половина Старата Вештерка. Само уште да те прашам...Изборот ти го препуштам Тебе...Кој дел од мене сакаш да го имаш навечер а кој преку ден?
    Витезот се замислил:
    - Какво сурово прашање!
    Брзо размислувал: Дали преку ден да има прекрасна девојка со која ќе може секој да го гледа без срам и страв а навечер во интимноста на својот кревет да има монструозна Вештерка ...или преку ден да има Вештерка а моментите на брачното сладострастие да ги поминува со прекрасна девојка?
    Витезот немоќен да одлучи и се обратил:
    - Одлучи сама!
    Штом тоа го слушнала Вештерката му одговорила:
    - Засекогаш ќе останам во овој облик, прекрасна млада девојка и дење и ноќе...бидејќи Ти ме почитуваше до крај и ми дозволи да бидам ГОСПОДАР НА СВОЈОТ ЖИВОТ!
     
    На baguf4e, BeYourself и Srculence--91 им се допаѓа ова.
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Џули, не е ова исто ко на пинк ? :?:
     
  7. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски

    Работи за кои вреди да размислуваме и да ги знаеме:

    56. Различните култури
    57. Законитостите на вселената
    58. Сончевиот систем
    59. Човековото тело
    60. Седумте светски чуда

    Нешта кои ги збогатуваат сетилата:

    61. Музиката
    62. Богатството на умот
    63. Чувството на гордост
    64. Чувство за припадност
    65. Чувство за заедништво
    66. Смисла за хумор
    67. Самосвест
    68. Разумот
    69. Чувство за остварена цел

    Нешта кои можете да ги загубите и повторно да ги пронајдете:

    70. Сочувство
    71. Креативноста
    72. Преданост
    73. Доверба
    74. Самодоверба
    75. Ентузијазмот
    76. Сништа
    77. Надеж
    78. Мудрост
    79. Оригиналност

    Вечни принципи:

    80. Интегритет и верба
    81. Постоење
    82. Слобода
    83. Вистина
    84. Време
    85. Чукањето на срцето
    86. Разумот
    87. Телото
    89. Мир
    90. Љубов

    Нешта кои секогаш треба да ги имаме на ум, да ги практикуваме и цениме:

    91. Љубезност
    92. Отпорност
    93. Насмевка
    94. Интуиција
    95. Смирен ум
    96. Воздухот кој го дишеме
    97. Луѓето кои ги сакаме
    98. Флексибилност
    99. Желба за да одиме понатаму.
    100. Овој момент. Наредниот момент. Секој момент од нашиот живот е бесценет!
     
    На bonbona92 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Еднаш многу одамна, сите човечки чувства и сите човечки квалитети се нашле на едно скришно место на ЗЕМЈАТА. Кога дошла ЗДОДЕВНОСТА се проѕевнала по третпат, а ЛУДОСТА, како и секогаш луда, предложила: - Ајде да се играме криенка! Кој најдобро ќе се скрие, ќе биде победник меѓу сите чувства. Интригата ја поткренала десната веѓа, а ЉУБОПИТНОСТА, не можејќи да се воздржи, прашала: - КРИЕНКА? Каква е тоа игра? - Тоа е една игра, почнала да објаснува ЛУДОСТА, - ... во која јас ќе ги покријам очите и ќе бројам до милион, додека сите не се скриете. Штом ќе завршам со броење, тргнувам во потрага и кого нема да го пронајдам, тој е победникот.

    ЕНТУЗИЈАЗМОТ заиграл од радост, а истото го направило и ОДУШЕВУВАЊЕТО. Среќата толку скокала што успеала да ги наговори СОМНЕЖОТ и АПАТИЈАТА, кои никогаш и ништо не ги интересирало. Ама, не сакаа сите да се играат. ВИСТИНАТА беше против криењето, а и зошто би се криела? И така неа на крајот сите ќе ја пронајдат. ГОРДОСТА мислеше дека тоа е глупава идеја, иако всушност ја измачуваше мислата зошто нејзе не и текна прва да ја предложи играта. ВНИМАНИЕТО не сакаше да ризикува.

    -Еден, два, три ... почна да брои ЛУДОСТА.
    Прва се скри МРЗЛИВОСТА, која како и секогаш, само се фрли зад првиот камен на патот. Вербата се качи на небото. Завидливоста се скри во сенката на УСПЕХОТ, кој со мачење се искачи на врвот од највисокото дрво.

    ВЕЛИКОДУШНОСТА никако не можеше да се одлучи каде да се скрие, затоа што секое место се чинеше совршено за некој од нејзините пријатели. УБАВИНАТА скокна право во кристалното чисто езеро, а СРАМЕЖЛИВОСТА ѕиркаше низ пукнатините на едно дрво. ПРЕКРАСНОСТА го најде своето место во летот на една пеперуга, а СЛОБОДАТА - во здивот на ветерот. СЕБИЧНОСТА најде скривница, ама само за себе! ЛАГАТА се скри на дното на океанот (лаже, на крајот од виножитото!), а СТРВНОСТА и СТРАСТА - во кратерот на вулканот. Заборавот заборави да се скрие, ама тоа не е важно.

    Кога ЛУДОСТА изброи 999.999, ЉУБОВТА се уште не најде скривалиште затоа што сите места беа зафатени. Здогледувајќи една градина од рози, скокна и се пикна меѓу, скокна и се пикна меѓу прекрасните пупки од рози. - Милион !, извика ЛУДОСТА и почна да бара.
    Прво ја најде МРЗЛИВОСТА, зад најблискиот камен. Наскоро ја слушна ВЕРБАТА како расправа за теологија со ГОСПОД, а СТРАСТА и СТРВНОСТА скокнаа од вулканскиот кратер од страв. Случајно тука се најде и ЗАВИДЛИВОСТА и, секако и УСПЕХОТ. Себичноста не ни требаше да ја бараат. Сама излета од своето совршено скривалиште кое се покажа дека е кошница за пчели. Од толку барања ЛУДОСТА ожедне и така во кристалното езеро ја пронајде УБАВИНАТА. Со СОМНЕВАЊЕТО беше уште полесно, затоа што тоа не можеше да се определи за својата скривница, па остана да седи на блиските камења. Така ЛУДОСТА, малку по малку, ги пронајде речиси сите. ТАЛЕНТОТ во златните класја на житото, ТЕЖИНАТА на душата во изгорената трева, ЛАГАТА на крај (лажеше, сепак беше на дното на океанот!), а ЗАБОРАВОТ заборави и дека воопшто нешто се играло.

    Само ЉУБОВТА не можеше никаде да ја најде. Ја пребара секоја грмушка, сите планински врвови и кога веќе беше бесна, ја здогледа градината со рози. Влезе меѓу розите, фати една сува гранкаи од бес и изнемоштеност почна да ја удира по прекрасните пупки од рози. Одеднаш се слушна болен крик. Трњата од розите ги изгребаа очите на ЉУБОВТА. ЛУДОСТА не знаеше што да прави.... го пронајде победникот, чуството над чуствата, но ЉУБОВТА стана слепа. Плачеше и ја молеше ЉУБОВТА да и прости и најпосле реши да остане засекогаш покрај неа и да и помага.

    Така ЉУБОВТА излезе победник над сите чувства, ама стана слепа, а ЛУДОСТА ја следи на секој чекор.
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Еден ден искреноста беше многу тажна и замислена...Седеше и плачеше цел ден ..Не и беше јасно како може злобата и омразата да ја совладаат и да ги опфатат луѓето...Плачејќи цел ден не забележа дека е ноќ...Осети само како низ прозорецот се провре една силна светлина и дојде до неа...Тоа беше судбината..Дојде до неа и загрижено ја праша што се случува што е тоа што толку ја натажило...Таа низ солзи и одговори..Не можам да сфатам како може покрај сите добрини што ги ширам низ луѓето,пак омразата да биде над мене,зошто тоа и го дозволуваш..Судбината се насмевна и и рече:Моментално таа е толку високо над тебе за да може сите убаво да ја видат..тоа е мојата цел.Откако ќе се случи тоа,таа ќе исчезне во неповрат и нема повеќе да те мачи тебе,нема повеќе да ја мачи искреноста,нема повеќе да ги двоуми луѓето,нема повеќе да прави неправди...
     
    На anab и Srculence--91 им се допаѓа ова.
  10. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    tazna prikazna ;(

    Една девојка го прашува својот дечко : Дали си заљубен во мене?
    Тој и одговара: Не! Девојката го прашува : Дали мислиш дека сум убава ?
    Тој и одговара : Не ! Таа пак го прашува: Дали сум во твоето срце?Тој
    и одговара : Не! На крајот го прашува :Да те напуштам дали ке плакаш за мене? Тој и одговара: Не!
    Девојката ја наведнала главата многу
    тажно и сакала да си оди него.
    Тогаш тој ја прегрнува и и кажува:
    Јас не сум заљубен во тебе - ЈАС ТЕ САКАМ!
    Јас мислам дека не си убава- ЈАС МИСЛАМ ДЕКА СИ ПРЕКРАСНА!
    Ти не си во моето срце - ТИ СИ МОЕТО СРЦЕ!
    Јас не би плакал кога ке ме оставиш - БИ УМРЕЛ!
    Се познавале 6 месеци , пред да започнат врска.
    Се карале но тие кавги ги само зближувале уште повеке.
    Еден ден девојчето му кажала дека е болна од срце.
    Во моментот тој ја прегрнал и почнал да плаче.
    Кога требала да оди на операција,кога требала
    да влезе во авионот,тој не се поздравил со неа.
    Кога се вратила оправена после неколку денови
    не го нашла својот дечко.Ја запрашала мајка и
    каде е тој а таа и одговорила:“ ЗАР НЕ ЗНАЕШ КОЈ ТИ ДАДЕ СРЦЕ?!
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Како се богати македонче?


    Оди некој македонски архитект кај италијанец архитект во Италија. Го гледа италијанецот со две куќи, три автомобили, пет мобилни...



    ...телефони и сл. Па го прашува:

    - Како успеа човече да направиш толку богатство?

    На тоа италијанецот му одговара:
    - Го гледаш оној мост?
    - Го гледам, му вели македонецот
    - Епа тој мост требаше да биде 120m x 25m, а јас го направив 120m x 22m па од тие 3 метри го направив ова богатство.

    Доаѓа следната година италијанецот во Скопје, па го гледа македонецов со 3 хотели на Охридско Езеро, вози џип, има казино, јахта која ја поставил на наше море...

    А од каде па сега ти сето ова друже?
    - Го гледаш оној мост онде?

    Италијанецот на тоа одговорил:
    - Не!

    На тоа нашиов му рекол:
    - Епа тука требаше да биде!
     
    На BeYourself, Hipica, Alanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    Еден човек се вратил доцна од работа, уморен и нервозен наишол на својот 5 годишен син како го чека на вратата.
    Синот: "Тато смеам ли да те прашам нешто?"
    Таткото: "Да, секако, повели ?"
    Синот: "Тато колку заработуваш на час?"
    Таткото: "Тоа не е твоја работа. Зошто тоа ме прашуваш?" - рекол бесно таткото.
    Синот: "Само сакав да знам. Те молам кажи ми колку заработуваш на час?"
    Таткото: "Ако веќе мораш да знаеш, заработувам 20 евра на час."
    Синот: "Ох.." - детето одговорило, со спуштена глава.
    Синот: "Тато те молам, ќе ми позајмиш ли 10 евра?"
    Таткото збеснал: "Ако единствената причина што ме прашуваш да ти позајмам 10 евра e за да купиш некоја играчка или слична глупост, сврти се и оди право во својата соба и не ми излегувај пред очи оваа вечер.
    Јас не работам секој ден до доцна во ноќта за такви детски глупости!"
    Детето тивко заминало во собата и ја затворило вратата.
    Човекот седнал и уште размислувал за прашањето од синот...
    "Како се осмелува такви прашања да ми поставува само за да извлече пари од мене?"
    После неколку часа, веќе се смирил и си помислил :
    "Можеби нешто навистина му е потребно за тие 10 евра..тој речиси и воопшто не бара пари."
    Скокнал од столчето и отишол до неговата соба и ја отворил вратата.
    "Заспа ли сине?" - прашал.
    "Не, тато буден сум".- одговорило детето.
    "Размислував...можеби бев премногу строг спрема тебе.
    Имав тежок ден и на тебе ти се нафрлив. Еве ти ги 10те евра кои што ги бараше."
    Детето се исправило смеејќи се.
    "Ех, ти благодарам тато." - извикало.
    Тогаш ја тргнало својата перница и од под неа извлекло кесичка полна со монети.
    Кога таткото видел дека детето веќе имало пари, пак почнал да се лути.
    Детето полека ги избројало парите и го погледналo својот татко.
    "Зошто бараше од мене уште пари ако веќе си имал ?" - прашал таткото.
    "Затоа што немав доволно а сега имам".- одговорило детето.
    "Тато сега имам 20 евра. Може ли да купам час од твоето работно време?
    Те молам дојди си утре порано дома. Сакам да вечерам заедно со тебе."
     
    На MonnaSi, firequeenn, LadyN и 8 други им се допаѓа ова.
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Кога жена ќе отвори уста


    Сообраќаен полицаец запира автомобил заради брзо возење. - Господине, возевте 140 Km/h, а дозволено е 100. Возачот почнал да се брани:

    - Па, не знам баш дали беше така. Јас го програмирав автомобилот на "cruise control" за да возам 100 Km/h. Можеби вам радарот не ви е скоро атестиран?

    Без да го дигне погледот, жена му која седи покрај него рекла:
    - Не биди луд душо, па знаеш дека нашава кола нема "cruise control".

    Додека полицаецот ја пишувал казната, возачот се врти кон жена си и и’ се дере:
    - Можеш ли ти некогаш да си го држиш јазикот во уста?

    Жената се насмевнала и му рекла:
    - Можеш да бидеш среќен што “радарот детектор“ те опомена на време па од 200 намали на 140 Km/h."

    Тогаш полицаецот почнал да му пишува и друга казна заради илегално поседување на радар детектор, а возачот и се дере на жена си:
    - Проклета жено, заќути!

    Полицаецот продолжува и му вика:
    - А, ќе морам и да ве казнам затоа што не носите сигурносен појас додека возите.

    Сега возачот почнал да се правда:
    - Видете господине полицаец, јас носев појас, но го извадив кога ме сопревте за да ја извадам возачката од задниот џеб на панталоните.

    На тоа неговата жена:
    - Драги, знаеш и самиот дека не носиш појас никогаш додека возиш!

    И додека полицаецот почнал да ја пишува и третата казна возачот дивјачки и се развикал на жена си:
    - АМАН ВЕЌЕ ЕДНАШ ЗАМОЛЧИ!!!

    Полицаецот ја погледнал жената и ја прашува:
    - Госпоѓо, дали вашиот сопруг секогаш вака разговара со вас?

    А, жената на тоа:
    - Не секогаш господине, само кога пие алкохол!


    :D :D :D
    (crnobelo.com)
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Кимче, приказнава ептен глупави не прави нас, жените! Мулиња! :D
    Но, добро, вистина е дека кога отвараме уста, партал правиме :tmi:
     
  15. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Судбината на две камили

    Мајка и дете камили си разговарале надвор на Сонцето. Детето ја прашува мајката: „Мамо, мамо да те прашам нешто може?“ „Секако сине, кажи што те интересира?“

    „Па, мамо зошто ние камилите имаме грпка?“

    „Па сине, ние сме пустински животни. Во грпката чуваме резерви на вода и сме познати по тоа што долго време можеме да издржиме без вода.“

    „Епа добро, а зошто имаме долги нозе и кружни копита?“

    „Сине, тие ни помагаат да одиме по песокот полесно од сите други“

    „А, мамо, зошто имаме толку долги трепки? Понекогаш многу ми пречат на видот?!“

    “Сине, тие ни служат да не заштитат од пустинскиот песок и ветер“

    „Ахам, значи грпката ни служи за вода кога сме во пустина, нозете и копитата за да одиме полесно кога сме во пустина, а трепките не штитат од пустинскиот ветер и песок...може само уште едно прашање мамо?“

    „Да, сине?“

    „Што по ѓаволите тогаш правиме ние тука во Зоолошкава градина???“

    Заклучок: Вештините, знаењето, способностите и искуството се корисни само ако се наоѓаш на вистинското место!
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Нешта од кои мажите се вадат од такт

    Што жените прават,а мажите ги вади од такт?!
    Листата е голема, но ќе се задржиме на само неколку нешта. Девојки/жени внимавајте ако сакате да се смените, може досега не сте биле свесни дека нешто од ова може вашиот дечко или маж ужасно да го нервира.
    1. Викање-Немам што да облечам
    -Нема маж кој не го нервира ова посебно кога знае како ви изгледа вашиот плакар. Коментари од типот– "Ова не ми стои", " Морам на диета", "Изгледам дебело во ова"- ова се само неколку изјави од секојдневието кои мора да ги слуша машкото. Некое време ќе ви вика не, изгледате супер, но може да му здосади па да чуете сешто.

    2. Љубомора
    Во граница на нормала мажите сакаат кога жените се љубоморни. Тогаш мажите се чуствуваат како фраери, но ако бидете љубоморни на цал женски род тогаш ќе имате проблем. Може да му станете несимпатична, напорна, уште и ако го контролирате тешко вас.

    3. Непотребно зборење
    Факт е дека жените зборат повеќе од мажите, но некогаш е премногу. Кога жените ќе почнат да анализираат, потпрашуваат, посебно се ова кога има некоја утакмица, мажите се исклучуваат и нема ни да ве дослуша. Ако им раскажувате за вашите пријателни како се, што си купиле, каков им е љубовниот живот тотално ќе му досадите.

    4. Oпседнати со шопинг
    Кога ќе се вратите со кеси полни со облека и обувки, мажот ќе се насмее, но ако тоа е често може да помисли дека немате друга работа и само би купувале по цели денови. Ни случајно да го викнете на шопинг. Секако има исклучоци.

    5. Планирање
    Жените се повеќе организирани од мажите. Меѓутоа планирање 4 дена порано за во кино, или излез во дискотека е сосема непотребно. Затоа оставете некои работи да бидат спонтани. Така партнерот нема да го напрегате со предвремени планови и обврски.
     
  17. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    " ... Моето име не е важно.
    Тогаш имав 26 години. Бев многу успешен, при крај со студиите, со хонорарна работа која ми носеше повеќе пари за џепарлак од што ми требаа. Спортував и добро изгледав. Посебно бев горд на плочките на стомакот, на кои долго работев после болното раскинување на долгата врска.

    Мојата девојка беше слатка, витка и многу пријатна. Друштвото ја обожаваше. Повремено работеше и беше последна година на економија. Фино се сложувавме. Сексот беше одличен.

    Тогаш имав многу хобиа. Бев доста друштвен и сакав да си удоволувам на секој начин.

    Имав најдобри другари кои можат да се посакаат. Толку бев горд на нив што ако некој ме прашаше што е највредното нешто што сум го постигнал, би одговорил : другарите.

    Односите со родителите ми беа одлични. Посебно бев горд на својот брат кој можеби не сакаше да учи, но израсна во одличен човек.

    Се` на се` бев млад, успешен и перспективен дечко. Секогаш насмеан, со само еден белег на душата од раскинувањето на долгата врска. Но и белегот се излечи, па почна да ми делува позитивно. Девојките во моите очи гледаа дека пред нив имаат искусен дечко. Исто така и мудроста која ја стекнав бодејќи се за себе тие неколку месеци после раскинувањето, почна да се слуша во секој мој збор. Бев посмирен и точно знаев што сакам од животот - да го живеам.

    И токму тоа го правев.

    Елена ја запознав на море.
    Беше права мала експлозија на убавина, долга плава коса, зелени очи, секогаш во лепршави фустанчиња со весели бои од кои и се гледаа совршените нозе.
    Од сите приказни на околните момци, мојата беше најинтересна. Неколку ноќи се гледавме во кафичот на плажата, игравме, се смеевме и третата вечер се бакнавме. Таа вечер толку диво и лудо водевме љубов помеѓу карпите на плажата, што имав модрици по цело тело. Морам да признаам дека со девојката со која тогаш бев во врска неколку месеци, таков вид на страст не постоеше. Можеби постоеше на почетокот, сега веќе не се сеќавам.

    Елена беше апсолвент. Исклучително негувана, миризлива коса и нереално бели и здрави заби. Мирисот на нејзината коса и нејзините течности просто повикуваа на грев. Се сеќавам дека можев само да лежам на кревет или во када и да се самозадоволам само со присетување на нејзиниот мирис. Ми се допаѓаше допирот на нејзината кожа и начинот на кој кажа: "На усните", кога ја прашав каде сака да свршам.
    Со еден збор, чудо од девојка.

    Повторно се среќававме во истиот кафич и само загонетно се смешкавме. Ми годеше таа мистерија.

    Не разменивме ни телефони, ни никаков друг контакт. Не ни требаше. Тоа беше совршен момент и тоа е тоа. Искусен, го знаев тоа, а очигледно и таа.

    Неколку вечери подоцна се вратив дома. Со тогашната девојка одма раскинав. Едноставно, долго време ме пратеше имиџот на дечко кој ги изневерува своите девојки, па без оглед што не ме интересираше тоа дека бев со чиста совест, искуството од другите врски ме научи дека девојките гледаат многу работи, а уште повеќе претпоставуваат. На крај, не сакав да ја продолжам врската со лага. Не ми беше тешко да измислам некоја причина за да се разделиме колку-толку нормално.

    Дека сум заразен со ХИВ вирусот дознав случајно, додека давав крв. Ете, сакав да направам некое добро дело и некому да спасам живот. Испадна дека можам да одземам. За среќа, неколкуте врски после Елена имаа услов: секс со презерватив. Не поради болести, туку поради несакана бременост. Девојките понекогаш имаат среќа ... понекогаш не.

    Ништо повеќе нема смисла. Зошто да завршам факултет? Зошто тие малку денови кои ми преостануваат да ги поминам во учење, кога тие предмети и така не ме интересираат?

    Одам на море, се зезам, излегувам.

    Понекогаш паѓам во депресија кога ќе видам некоја слатка девојка за која мислам дека можам да ја освојам. Но не, не дозволувам ни бакнеж.
    Не сакам уште некој да плаче над жолтата хартија на која пишува "позитивен".

    ... и така. Вирусот не е активен сеуште, со други зборови сеуште водам нормален живот. Никој не знае, а и крв давав под лажно име. Ако ме прашате зошто дадов лажно име, нема да можам да ви одговорам - но, како да знаев.
    Ми јавија на мобилен, припејд број кој не е регистриран. Бев уште еднаш, да се осигураат. Беа сигурни, не е тоа работа во која се греши.

    Како знам дека е Елена?

    Давав крв и пред неа.
    После ја побарав, преку факултетот.
    Починала пред три месеци, но не од сида, туку од запаление на белите дробови. Запалението ја убило бидејќи нејзиното тело измачено од вирусот, неможело повеќе да се бори. Нејзините родители кои ми го кажаа тоа, беа скршени. Борбата со болеста ги исцрпила до крајни граници. Бев сигурен дека нема и моите родители да ги вовлечам во таква ситуација.
    Не знам дали знаела тоа лето дека е заразена. Не е ни важно. Сеќавањето на тој совршен секс ќе ми трае додека сум жив. Единствениот проблем е што тоа нема да трае долго ...

    И да. Сите мои успеси, воодушевувањето кон другите поради добри девојки и пари, сега не ми значат многу. Никому не смеам да кажам и внимавам никој да не дојде во контакт со мојата крв. Немам ни секс. Немам ни девојка. Немам ни интерес за некакво хоби или спорт. Едноставно, седам и чекам да се случи.

    Постојано му кажувам на брат ми зошто е добро да се носи презерватив со себе. Никогаш нема пари за нив, но јас му ги купувам и му ги ставам во џеб, скоро секојдневно. Малку чудно ме гледа поради тоа, но ќе преживеам ... мислам, неговиот поглед.

    Само за едно жалам. Знаете за што нели?

    И доста важно: имав многу девојки. Многу секс. На ниеден не се сеќавам. Ако ме прашате сега, би го дал цел тој секс, дури и да останам невин до 27 години, само да сум здрав.
    Да се откажеш од еден секс поради остатокот на животот, кога немаш презерватив при рака, потполно е логично!

    Незнам што ми беше тој ден, бидејќи се` знам за сидата, а знаев и пред тоа.

    Ако извлековте нешто од мојата приказна, фино. Ако не, тогаш сте будали како мене. Можете да се нервирате, да пцуете или да плачете - на крај ќе седите, ќе гледате бледо во далечина и ќе се прашувате зошто баш вие ... "
     
    На eloves, FortuneTeller.xD, plawa и 7 други им се допаѓа ова.
  18. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Професор го започнува предавањето со полна чаша во раката. Веднаш им поставува прашање на своите студенти. Што мислите, колку тежи оваа чаша?
    - 50 грама...100грама... 125 грама нагаѓале студентите.
    - Не знаете, но – не знам ни јас. И додека не измериме, нема ни да знаеме, рекол професорот. Но, јас всушност сакав да ве прашам нешто друго. Што ќе се случи ако ја држам вака подигната чашата неколку минути?
    - Ништо! – одговориле студентите во еден глас.
    - Добро. А, ако ја држам цел час?
    - Ќе ве заболи раката, брзо одговорил еден од студентите. Тешко дека би успеале затоа што многу брзо ќе ви се укочат мускулите и ќе ви трне целата рака.
    - Многу добро, продолжил смирено професорот. А, додека се случува сето тоа, дали се променила тежината на чашата?
    - Не! – одговориле студентите повторно во еден глас.
    - Па добро тогаш, што е причината за болката во раката и грчењето на мускулите?
    Студентите се збуниле. Личело на загатка на која не го знаат одговорот.
    - Што треба да направам за да се ослободам од болката и товарот? – продолжил професорот.
    - Па, да ја спуштите чашата! – се чул одговор од едниот крај на училницата.
    - Даааа, тоа е тоа! Тоа е точниот одговор! – извикал професорот среќен.
    Истото се случува и со нашите проблеми, со нашите тешки мисли. Да размислувате за нив неколку минути е нормално, и во тоа нема ништо неисправно или погрешно.
    Но, ако ги задржиме во мислите подолго време, ќе почувствуваме болка. А, ако го правиме тоа премногу долго, ќе почувствуваме блокада и нема да бидеме во состојба да правиме било што друго.
    Секако, многу е важно да размислувате за одредени случувања, или доживувања и така да извлекувате вистински заклучоци. Но, важно е и да знаеме како да се ослободиме од тие проблеми на крајот на денот... како да ги пуштиме да паднат во вода пред да потонеме во сон.
    Така ќе се заштитите од голем стрес и напор, и секое утро ќе се будите свежи, ведри и одморени. Ќе бидете исполнети и лесно ќе се издигнете над сите животни предизвици.
    И затоа имајте секогаш на ум: На крајот од денот – пуштете ја чашата!
    преземено од crnobelo.com.mk
     
    На Philippa, peperutkaa и Butterfly-itgirl4s им се допаѓа ова.
  19. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285

    lele me naezi zalno navistina zalno nikomu ne posakuvam neznam sto da kazam stvarno,bidi hrabar i zivej so toa nema nazad ..lele stvarno me trogna...toa ti e zivotot edna greska i cel zivot plakas
    [mod-kirilica:23r5g9we][/mod-kirilica:23r5g9we]
     
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    ПЕНИС-ОВА ЖАЛБА

    Почитувано раководство, Јас, Пенисот, изразувам жалба а воедно и барање за зголемување на платата поради следниве причини:
    1. Работам физичка работа.
    2. Работам на големи длабочини без вентилација.
    3. Секогаш прво главата ми страда.
    4. Немам право на викенди, празници или годишен одмор.
    5. Работам во влажни услови, на зголемена температура.
    6. Не ми е платена прекувремената работа.
    7. Мојата работа ме изложува на заразни болести.

    Со почит,
    Пенисот


    Одговор од раководството:

    Почитуван г-дин Пенис,
    Откако внимателно го разгледавме вашето барање, одлучивме да го отфрлиме истото од следните причини:

    1. Не работите ни 8 часа дневно.
    2. Се заморувате и заспивате и по кратки периоди на работа.
    3. Често не ги слушате наредбите од раководството.
    4. Не останувате на назначените позиции и често сакате да посетувате други области.
    5. Не превземате иницијатива т.е. секогаш барате дополнителна стимулација за да почнете да работите.
    6. Работното место, откако си одите, секогаш го оставате во хаос.
    7. Често не ги почитувате неопходните сигурносни правила (носење на заштитни облеки исл.)
    8. Ќе одите во пензија многу пред да наполните 65 години.
    9. Секогаш доаѓате и си одите од работното место со две сомнителни вреќички.

    Со почит,
    од раководството
     
    На butterfly.93 и karak им се допаѓа ова.