Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интересен текст

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 16 јуни 2010.

  1. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Облог

    и после мажите биле паметни :P пффффффф ахахаахахахахахаххаха :rofl: :rofl:
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    Поучна машка приказна - задолжително четиво за сите жени ;)

    Еден ден, додека дрвосечачот сечеше гранка од едно дрво над реката, неговата секира падна во водата. Кога заплака, се појави Господ и го запраша зошто плаче. Тој му одговори дека секирата му паднала во водата и дека му е потребна, бидејќи така заработува за живот. Господ слезе во реката и се појави со златна секира.

    “Ова е твојата секира?” – Господ го праша.

    Дрвосечачот одговори: ”Не.”

    Господ повторно слезе и се појави со сребрена секира.

    “Ова е твојата секира?“

    Дрвосечачот повторно одговори:

    ” Не. ”

    Господ повторно слезе и се појави со дрвена секира.

    “ Ова е твојата секира?“

    Дрвосечачот одговори:

    ” Да.”

    Господ беше воодушевен од чесноста на дрвосечачот па му ги даде сите три секири и дрвосечачот среќен си отиде дома.

    После некое време, дрвосечачот се шеташе со својата жена покрај реката, и жената му падна во реката. Тој заплака, а Господ повторно се појави и го запраша зошто плаче.

    “ Господе, жена ми падна во реката!”

    Господ слезе долу и се појави со Анџелина Џоли.

    “Ова е твојата жена?” – Го запраша Господ.

    “Да!” – рече дрвосечачот.

    Господ се налути...

    “ Ме лажеш! Тоа не е точно!“

    Дрвосечачот одговори:

    “Прости ми Господе. Се работи за недоразбирање. Да речев дека не е моја жена, ти ќе се појавеше со Џенифер Анистон. Кога ќе речев дека и таа не е моја жена, ти ќе се појавеше со мојата жена. И кога ќе кажев дека тоа е мојата жена, ти ќе ми ги дадеше сите три. Господе јас сум сиромашен, и не би можел да се грижам за трите жени, и заради тоа реков дека Анџелина Џоли е мојата жена!”

    ПОУКА: Кога и да лажат мажите, тоа е за добро на сите!!!
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    ^^ И јас го копирав ова за да го постирам ама Карак ме претица!!
    Четивово го имаше во женска верзија пред некое време, само со друг елемент наместо секира и не беа Џоли и Анистон, туку машки актери... И тоа беше пореално, мислам сега.... :lol:
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    Баш онака... машки

    Еден човек одлучил да се жени. Имал 3 кандидатки и размислувал која да ја одбере. Сите си имале добри и лоши страни, па решил да направи еден тест. Им дал по 5 000 евра за да види што ќе направат со парите.

    Првата отишла во салон за убавина. Ја средила косата, телото, се нашминкала, дотерала, купила нова облека и се направила многу убава за тој човек. Му рекла дека тоа го направила за да му биде попривлечна, бидејќи многу го сака. Човекот бил импресиониран.

    Втората жена отишла во продавница и му купила подароци. Му купила голф палки, некои нови додатоци за компјутер, скапа облека. Му ги дала подароците и му рекла дека сите пари ги потрошила за него, бидејќи многу го сака. Повторно бил импресиониран.

    Третата жена ги вложила парите на берза. Заработила неколку пати повеќе одколку што вложила. Му ги вратила тие 5 000 евра, а останатите пари ги ставила на заедничка сметка. Му рекла дека сака да вложува во неговата иднина, бидејќи многу го сака. Секако, бил импресиониран.

    Долго размислувал за парите, жените, за тоа што тие направиле со парите и одлучил...

    Се оженил со таа што имала најголеми гради.

    Такви се машките денес.

    ПОУКА

    Денес во светот се трошат повеќе пари за зголемување на градите и вијагри, отколку за развивање на медицината. Дали тоа се вистинските вредности кои треба да ги бараме кај личноста од спротивниот пол? Замислете како ќе изгледа светот и какви ќе изгледаат луѓето во 2040 година ако продолжиме со ова темпо, во овој правец. Стари луѓе со големи гради и цврста ерекција кои не ќе знаат што да прават со тоа.
    и едно мое размислување сега за ова Е ОДИ ПОГОДИ МУ НА ЧОВЕК :lol: :lol:
     
    На FortuneTeller.xD, GeorGinnA и Chocolate.me им се допаѓа ова.
  5. Twilight

    Twilight Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    29
    Незнам дали текстов го имате постирано претходно..(немав време да ги прочитам сите страници наназад) :| ама стварно вреди

    Би сакал да имав мајка


    Детето: Мамо, дали може да ми прочиташ приказна?

    Мајката: Секако мило, само не сега.

    Детето: Мамо, дали знаеш дека добив петка на тестот?

    Мајката: Што рече? Извини не те слушам.

    Детето: Мамо, дали Бог е машко или женско?

    Мајката: Извини душо, уморна сум. Мама сака да си легне.

    Детето: (шепоти) ... Би сакал да имав мајка...

    Непознат автор
    :(
     
    На angelce1 и karak им се допаѓа ова.
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Има гласини дека мажите се посилни од жените! Ајде ве молам! Можат ли да носат 4 kg бебе во стомакот 9 месеци? Можат ли да готват, чистат и да разговараат на телефон во исто време? Можат ли да си го изгорат челото со витлерите и да не се жалаат? Можат ли да одат на 10cm штикли цел ден? Можат ли да плачат цела нок и наутро да станат како ништо да не било? Запомнете мажи, жените се беспомошни само додека не им се исуши лакот на ноктите!!! Ставете го ова на вашиот профил ако сте горди што сте жена!
     
    На sweetyears, WhiteAngel и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  7. skeridoll

    skeridoll Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Го најдов како виц на црнобело, ама не ми е баш смешно, а има и поука, па затоа овде ќе го постирам:
    Слушнале животните дека мечката има листа за убивање. Сите се уплашиле. Еленот не можел тоа повеќе да издржи и отишол да ја праша мечката дали е тоа точно.


    - Слушам имаш листа за убивање.

    - Имам.

    - Дали сум јас на таа листа?

    - Да.

    Утредента го наоѓаат еленот мртов. Втор се осмелил волкот да отиде и да ја праша мечката.

    - Слушам имаш листа за убивање.

    - Имам.

    - Дали сум јас на таа листа?

    - Да.

    Утредента го наоѓаат волкот мртов. Следниот ден собрал храброст зајакот да отиде кај мечката.

    - Еј мечко, дали сум и јас на таа твоја листа?

    - Да, зајко.

    - А би можела ли да ме избришеш од листата?

    - Може, бе зајко!

    Поука:

    Комуникацијата е сè.
     
    На the.one и LoVeR им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.651
    Допаѓања:
    22.320
    Пол:
    Женски
    ВИЦ:СТУДЕНТСКА ЉУБОВ

    Перо, студент во Скопје, и пишува на својата девојка која студира во Софија: "Драга Ивана! Мислам дека нашата врска веќе не е тоа што го замислував. Оддалеченоста помеѓу нас е премногу голема. Морам да ти признаам дека од твоето последно доаѓање тука те изневерив 4 пати. Мислам дека тоа не е во ред ниту за еден од нас. Прости ми и те молам да ми ја пратиш сликата која ти ја оставив минатиот пат. Поздрав, Перо."


    Ивана, видно повредена, веднаш заминала кај својата колешка која работи во фото-студио и ги собрала сите слободни фотографии од згодни момци и на тоа ги додала сите фотографии од своите млади роднини, пријатели и бивши дечковци. Сите насобрани фотографии (50 на број) заедно со фотографијата на Перо ги ставила во еден коверт и му напишала: "Драги Перо! многу ми е жал но навистина не можам да се сетам на тебе. Те молам да си ја земеш твојата слика а останатите да ми ги вратиш назад. Поздрав, Ивана!"
     
    На Umbrella22 и Meggy им се допаѓа ова.
  10. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    КУТИЈА СО БАКНЕЖИ
    Почетокот на оваа приказна е во далечното минато кога еден човек ја казнил својата 5 годишна ќерка зошто изгубила некој драгоцен предмет, а во тоа време пари имало малку,а било Божиќ.Следното утро малото девојче донело една мала кутија за подарок и рекло:
    -Тато ова е за тебе.
    На таткото му било многу непријатно,а кога ја отворил кутијата и видел дека внатре нема ништо многу се разлутил и го прекорил девојчето велејќи:
    -Ако нешто подаруваш се очекува во кутијата да има нешто.
    Девојчето тажно го погледнала и со солзи во очите рекло:
    -Тато ама кутијата не е празна.До врвот ја наполнив со бакнежи само за тебе!
    таткото бил погоден од зборовите на своето мало девојче па затоа клекнал пред хего и го замолил да му прости.
    До крајот на животот кутијата ја чувал покрај креветот,и секогаш кога бил тажен,ја отворал и земал по еден бакнеж од неа сеќавајќи се на љубовта од ќеркаму што ја спакувала внатре :l: :l: :l: :l:
     
    На Philippa, FortuneTeller.xD, BurstBerry и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Светомир
    October 11, 2011
    Враќајки се накај дома вчера во 12.30 навечер, здогледав човек чии опис се совпаѓаше со оној на човек без дом, без храна. Си реков, некако да му помогнам сакам. И порано тоа сум си го викал, али никогаш не сум постапил така...овој пат си дадов предизвик самиот себе си дека немам гз тоа да го направам (тоа пали кај мене :P). Тргнав кон најблиската продавница, бар една асална вечера да му земам на човекот, а додека се оддалечував до него забележав и едно маче (подоцна е многу важно ова).
    Купив 4 јаболка, 2 кроасани, еден листа густи сок, а од пекарата земав топол кроасан, знам дека тие се најубави толку касно. Рипнав на точакот и тргнав назад да го пресретнам. Но ко за инает човекот си беше отишол од таму. Ме стрефи една мака дека не се вратив доволно брзо, но позади една зграда здогледав нешто бело како се шмугна. Темници, кучиња, манијаци, али ја ко мува без глава тргнав да видам дали тоа белото е човекот што го барам.
    И навистина испадна така, тоа беше човекот од претходно. Отпрвин го набљудував од далеку, за да видам дали е безбедно да му придам, денес има секакви будали со дом, така да кога ќе го изгубат којзнае што може да настане. Кога решив да му придам, тој мислеше дека ќе го бркам од контејерите низ кои гледаше, и почна да се одалечува. „Пријателе!“ беше зборот кој го сврти назад.
    Му ја подадов кесата, објаснувајќи му дека е за него, нешто да касне убаво вечерта. Под неколкуте џемпери и дебела брада, веднаш се појави мала насмевка.
    Иако беше надвор грч ладно, иако беше веќе 1 часот по полноќ, најчовечки беше тогаш да направам некој муабет со човекот, достоинството да му го вратам, па и надежта дека има по некој арен тука.
    Тој се викаше Светомир, или Свето како надимак. Може имаше едно 50 години, и више. Излезе дека има некоја барака во Трнодол, но без струја само со вода (на ова ладно ја со клима се тресам дома, а тој?). Се зачудив кога почнавме да дискутираме на разни научни теми. Астрономија, економија, политика, биологија...па ова беше учен човек. Неговијот речник не доликуваше на некој необразован питач. Најголемиот шок беше кога дознав што работел: Доктор. Доктор во воена болница, човек со лице, со кариера, завршил на улица. Причината: Критикувал југословенски генерали во својот дневник. Поради тоа бил исфрлен, натепан неколку пати и кривично гонет. Низ муабетот неколкупати спомна колку му недостига Југославија, но во поарните времиња, а не после Тито, кога и сето тоа му се случило.Свето месечно има пензија од 15000 денари. За опстанок тоа е доволно. Ме зачуди зошто со 15000 тој оди по контејнери. Неговиот одговор беше: Ги имам тие 15 илјади на лист, но не и во рака. Никоја банка несака да ми ги исплати, сум немал правилна документација. Тој веќе долго време не ја зема таа пензија, а ако му се собере сето тоа што му должат нашиве, можам да замислам само која сума ќе дојде...
    Свето имаше голема верба во бог и во здравата исхрана. Ги проколна и НАТО што се мешаат во сите војни како и во 2001вата и во Либија (од што се гледа дека човекот си го оддржува достоинството и чита за нови настани). Тој велеше дека со правилна исхрана и со чесност, така до ден денес си е жив и си е среќен. Ми прераскажа дел од пасусите од Библијата што се соодветствуваат со денешни настани, и како се е веќе предвидено.
    Неколкупати ми се извини што ме гњавеше на разни теми, но иако смрзнав на ладното со едно јакниче само, немав ни грам сила во душата да го одбијам тој разговор кој нему му е толку потребен.
    На крајот Светомир ми се заблагодари уште еднаш за доброто дело, но и ме замоли нешто:
    „Доаѓа зима, но јас никако да најдам добри обувки. Или се многу мали, или многу големи. Али големите ги земам, па ќе ставам повеќе пара чорапи и таман (се смее). Јас сум број 42, доколку знаеш некој кој што сака да ги фрли нивните обувки, те молам земи ги и зачувај ги за мене. Тоа ми е сега најголемиот проблем.“
    Си помислив, јас се нервирам дали утре за кола ќе положам, дали ќе имам лабараториски вежби на факс или дали интернетот ќе ми е брз или не. А тој се секира дали ќе има топли обувки?
    Па у пичку матер со нашиве измислени и нереални проблеми, кога светов има толку големи маки, само некој да го согледа треба.
    И врз сето тоа, Светомир ми кажува:
    „Јас не јадам месо, но секогаш кога ќе најдам им давам на мачињава тука да јадат. Баш прееска хранев едно маче онаму. Па и леб ако најдам оставам на птиците, најчесто на тие ниските кровови за да може да каснат и они нешто“
    Бездомник кој скита по контејнери за храна, ги храни и животните. Нема придавки со кои може да се опише добрината на овој човек.

    Можеби ова беше доста долго, но средбата со Светомир вчера навистина ме натера да размислувам дека доколку ние како луѓе не си помагаме заедно, кој ќе ни помогне? Па Светомир е некој што е најблизок за нас: Ем е човек, ем е Македонец, ем Скопјанец, па дури и во близина на моето маало живее. Зар не би му помогнал на твој комшија?

    Затоа имам 3 молби за оние од вас кои стигнаа до крајов на тестов:
    Доколку имате обувки број 42 или поголеми, а се за фрлање, побарајте ме мене за да може да му ги оставиме негде на Светомир.
    Доколку сте или знаете некој што може да му помогне во вадење на лични документи, за конечно да може да ја подигне пензијата која праведно му следува, ВЕ МОЛАМ исконтактирајте ме за да договориме средба со него!
    Доколку најдете некој наш сограѓанин кој е во слична ситуација, одвоете 30 минути од вашето време, и 150 денари од вашите пари за да му го посреќите денот, и да му ја вратите вербата во човечката хуманост.
    На крај сакам само да го завршам текстов со песнава: http://www.youtube.com/watch?v=-IUSZyjiYuY

    Се наежив, ова е вистинска приказна.
     
    На Umbrella22, donnalia, Philippa и 6 други им се допаѓа ова.
  12. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    МАШКА ЛОГИКА
    Некој човек решил да се жени. Се двоумел меѓу три слични кандидатки. Се решил да и поклони на секоја по 5.000 евра и да види како ќе ги искористат.
    Првата отишла во салон за разубавување. Си ја средила косата, телото, се нашминкала, дотерала, купила нови алишта, штикли, чанта и се средила убаво. Му рекла дека сето тоа го направила за да му биде попривлечна бидејќи го сака многу.
    Човекот бил импресиониран.
    Другата жена отишла да му купи подароци. Му купила стапови за голф, нови додатоци за компјутерот, скапа облека. Му ги дала подароците и му рекла дека ги потрошила сите тие пари на него затоа што многу го сака.
    Повторно бил импресиониран.
    Третата жена ги вложила парите на берза. Заработила неколку пати повеќе отколку што вложила. Му вратила 5000 евра, а останатото го ставила на заедничка сметка. Рекла дека сака да вложува во нивната заедничка иднина бидејќи го сака многу.
    Секако, повторно бил импресиониран.
    Долго размислувал за парите, жените, за тоа што направиле со парите и конечно се одлучил.
    Се оженил за онаа со најголеми гради.
    Такви се мажите.
     
    На MaggieTatum и BurstBerry им се допаѓа ова.
  13. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    ДАЛИ ЖЕНА МИ Е СПОНЗОРУША?

    Кратка, урбана, хумористична приказна со добра доза на вистина во неа. На повеќето од вас можеби веќе позната, но вреди да се овековечи за оние кои ја немаат сретнато.

    Седнуваат маж и жена во елитен ресторан да вечераат:
    По извесно време во ресторанот влегува згодна девојка, се упатува кај мажот и му седнува во скут:
    - Па кај си љубов моја, те нема да се јавиш 7 дена, не си дојден не памтам од кога, кога ќе се видиме? Jави ми се обавезно... станува и си оди...
    Жената му се врти на маж и:
    - Која ти е оваа бе?
    Мажот мртов ладен одговара:
    - Швалерката.
    Жената шокирана:
    - Ѓубре едно, зар пред моите очи, утре барам развод, оди во п.м.!
    А мажот :
    - ОК! Утре добиваш развод, но сфати го следново - кога ќе се разведеш, нема летување во Грција, Шпанија, Египет, Хаваи, Кариби... нема зимување на Алпите, Копаоник... нема скапи коли, јахти, шопинг, накит, шминки, вечера во скапи ресторани...
    Жената замолчува.
    После неколку минути во ресторанот влегува нивен познаник, но не со жена му, туку со згодна девојка.
    Кога го видела ова, жената го прашува маж и:
    - Која му е онаа?
    На тоа мажот одговара:
    - Неговата швалерка!
    А жената:
    - НАШАТА Е ПОУБАВА! :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Драги Господе, имам еден предлог за тебе:
    Животот треба да почнува со смртта, а не обратно!
    Замисли го ова:
    Лежиш на два метра под земја, околу тебе се е темно а ти почнуваш да копаш за да дојдеш на свет,

    ... Кога ќе излезеш, одиш директно во старечки дом, од месец на месец ќе се осеќаш се подобро и подобро, се додека не те избркат од таму бидејќи си станал премлад.

    Со пензијата се забавуваш неколку години, добиваш од шефот златен саат за верност и почнуваш пооооолееееека да работиш.

    Штом ќе завршиш со работа, одиш на факултет. Во меѓувреме си заработил доволно пари за да уживаш во студентските денови

    Кога ќе отупиш ќе дојде време за на школо, кое нормално започнува со матурската вечер.

    Во школото од година на година стануваш се поглуп и поглуп се додека не те избркат од таму.

    После тоа најмногу ќе се радуваш на сладоледи и смешни играчки. Неколку години си играш во песокот па се селиш во утробата на мајката и уживаш 9 месеци и на крај го завршуваш овој живот со еден гооооолем оргазам!

    Е тоа е живот!
     
    На aaaaa и LUNA.girl им се допаѓа ова.
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    Лубов, успех или богатство (поучна приказна)

    Еднаш една жена ги полевала своите цвеќиња, кога здогледала тројца старци пред градината.. Не ги познавала, но сепак им прозборела:

    "Мислам дека не ве познавам, но ми се чини дека сте гладни. Ве молам влезете внатре и каснете нешто."

    Старците ја прашале:

    "Дали вашиот сопруг е дома?"
    "Не", рекла таа, "не е."
    "Тогаш треба да си одиме", рекле тие.

    Вечерта кога нејзиниот сопруг се вратил, неговата сопруга му раскажала што се случило.

    "Сега можеш да им кажеш дека се вратив и покани ги да влезат" рекол мажот и жената отишла да ги повика старците на вечера.
    "За жал, не можеме сите да ја прифатиме вашата љубезна покана." И рекле старците.
    "Зошто не?" зачудено ги запрашала жената.

    Еден од старците покажал на едниот старец и рекол:
    "Неговото име е Богатство."

    Потоа покажал на другиот старец и рекол:
    "А неговото е Успех."
    "Моето е Љубов."
    "Сега оди кај својот сопруг и заедно одлучете кого од нас тројца ќе поканите внатре."

    Жената се вратила дома и му раскажала се на својот сопруг.
    Мажот пресреќен рекол:
    "Супер! Покани го Богатство за да се наполни нашата куќа со се и сешто!"

    Жената не била задоволна од неговиот предлог:
    "Зошто да не го поканиме Успех?"

    Разговорот помеѓу нив го слушала нивната ќерка и воодушевена рекла:
    "Зар не е најдобро да го поканите Љубов? Нашиот дом би бил исполнет со Љубов!"

    Го послушале советот на нивната ќерка, и мажот и рекол на жената:
    "Оди и замоли го Љубов да биде наш гостин."

    Жената отишла и прашала:
    "Кој од вас е Љубов? Молам нека дојде и нека биде наш гостин."

    Старецот „Љубов“ седел во инвалидска количка и тргнале кон нивната куќа. Другите двајца старци тргнале по него. Зачудена жената ги запрашала зошто доаѓаат и тие, кога ја поканила само Љубовта?

    Старците во еден глас одговориле:
    "Да го поканевте „Богатство“ или „Успех“, другите двајца ќе си одеа. Но, вие го повикавте „Љубов“ и каде оди тој, ние го следиме!"

    ЗАКЛУЧОК:
    Таму каде што има љубов, богатството и успехот сами доаѓаат!
     
    На MilanoGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Бев многу среќен со девојката. Се забавуваме заедно повеќе од една година и на крај решивме да се венчаме. Моите родители, пријателите и блиските ме охрабруваа: Таа е сон!
    Постоеше само една работа која ме вознемируваше- нејзината 20 годишна сестра која постојано носи тесни сукњички и припиени деколтирани маички. Редовно ја гледав во долна облека кога и да бев кај нив на гости.
    Еден ден сестра и ме повика на гости да ги проверам поканите за венчавката. Беше сама дома кога стигнав. Седнав во дневната и таа ми шепна дека отсекогаш ме посакувала, а јас наскоро ќе бидам оженет. Рече дека кон мене има чувства кои не може да ги победи.
    Јас шокиран не можев да си поверувам што слушам.
    Ми рече:
    - Одам горе во спалната, ако сакаш само дојди, а јас ќе ги исполнам сите твои желби!
    Укочен од шок само ја гледав како се качува по скалите, ги соблече гаќичките и ги фрли врз мене. Стоев еден момент, се свртев и побрзав кон излезната врата од куќата.
    Побрзав кон автомобилот, а во тој момент се појавија мојата вереница и дедото кои трчаа кон мене.
    Таа ме гушна и бакна:
    „Мил мој, знаев дека си совршен!“
    А, дедото додаде:
    „Овој мал тест ме увери дека ја давам ќерка ми во вистински раце! Честитам! Добре дојде во семејството!“
    Главната поука на приказната е:
    СЕКОГАШ чувајте ги кондомите во автомобилот!!
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Македонски народни песни, преведени на англиски

    „Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо“ на англиски?
    „Listen, listen to me......ye beautiful darkhaired Andjo“

    Ако умрам ил загинам
    If I die or if they kill me

    Биљана платно белеше
    Biljana was whitening her cloth

    Дафино вино црвено
    Dafina, ya red wine

    Едно време си бев ерген
    When I was a bachelor

    Јано, Јанке, Кумановке
    Jano, you Janke from Kumanovo

    Мајка на Марика думаше
    The mother preached to Marika

    Македонско девојче
    O, ye, Macedonian girl

    Марие млада невесто
    Marie, you young bride

    Мори моме Магде
    O, ye, Magde girl

    Не кажувај либе добра ноќ
    Don't farewell me good night, my darling

    Не си го продавај Кољо чифликот
    Don't waste your land, Koljo

    Не плачи мило либе, не жали (Параходот)
    Don't cry my dear, don't grieve

    Сношти минав покрај вази
    Last night I passed by your house

    Стани моме да заиграш
    Get up, girl, and dance

    Учи ме мајко, карај ме
    Tell me mother, teach me

    Се запали пиле Трено одајчето
    The small room is on fire chicken Treno
     
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    Мил мој мажу:

    - Това писмо ти го пишам да ти кажа оти немога вече да сам сос тебе. Оставам те, аман од тебе вече! Седам години вече ка сам мажена сос тебе, седам години ти слугувам, а нишчо фајда од тебе!… и шо добих на крае? НИШЧОО! Таман последните две недели през глава ми дојде од се, па ка ми се јавија од твојта работа да ми кажат оти си дал отказ уше толку се пореметих.

    Претходната недела ф четвртоко доодиш си дома и не ни ме примети оти сам била на фризер. Одих и нофтите да си среда, викам бечи ме приметиш, да усетиш шо искам да ти кажа… та скоро еден месец не си ме погалил като маш! Маани това ајде, вечера ти направих таква като ти шо искаш, а и розава спавача облекох викам ајде бечи му текне, а ти като теле, ц, ц, ц…дојде дома, најаде се набрзина и ка заврши фудбало си легна! Ни ми викаш вече оти ме искаш, ни ме галиш като жена, ни па сексуални односи имаме като свето! Ти или си си нашел друга или вече не ме искаш. Ама ка иска нека е, јас те оставам сега, а ти шо искаш прави!

    Поздрав од бившата ти жена!

    ПС. Че те замола да не ме тераш, јас и брат ти се селиме фоф Разловци, там че живееме заедно!

    Мила моја БИВША жено!

    Немаш појма колку се само израдувах ка ти прочитах писмото! Тачно е оти јас и ти бехме седам години фоф брак, ама ти уопште не беше добра жена и сопруга. Јас фудбал гледам за да не ме замараш, оти жифци снемах од тебе, сечи ден кавги! Ама и това не помагаше!

    Јас приметих оти претходната недела беше се дотерала, ошишала това онова, ама прво шо ми дојде на памет е оти личиш на машко сос новата фризура. А, незнам дали знаеш ама, јас куга нема шо да кажа убаво или да пофала нешчо, чута си секугаш! За вечерата незнам шо да ти кажа, това ни приближно не е мое омилено јадење, това е сигурно на брато омилено јадење оти јас свинско не јада от ка се оперисах од камен на бубрего! Ојдех да си легна таа вечер оти ошче на спавачата и стоеше цената залепена. Молех се на Бога да е случајност това шо истие ден брат ми ми потера 3000 денара на заем, а цената на твојта спавача беше 2950.

    Ама ајде, на крај краишча јас си те тебе исках и усишчах оти ошче можеме да сме заедно. Затова ка добих на лото (1 милион евра) оставих работата и купих две карти за Куба, за да идеме на одмор малку, ама ка си дојдех дома ти вече беше киднала.

    Ама, това е това… мош тека е требало да биде! Јас се надам оти че имаш убав живот сос брат ми… мош сос мене немаше да го имаш. Питах адвокато и ми рече зарад твојто писмо нема да добиеш ни пул од разводо, тека да препушчена си сама на себе.

    Поздрав, твое БИВШИ маж, слободен и богат!

    ПС. Изгледа никугаш не ти кажах оти Перо брато е роден като Петранка. Надам се оти нема да ти е проблем това на тебе!
     
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    На српски е, ма верувам ќе го разберете:
    Pismo muza, cija zena je u bolnici

    Sve je uredu, draga Zorice!

    Puno hvala na tvom lepom pismu. Ne treba da se brineš za mene. Sve je u redu.
    Kuvam sam, i svaki dan se sve više čudim kako to dobro funkcionše!
    U međuvremenu mogu to i da pojedem, bez da idem u bolnicu na ispiranje želuca.

    Pošto sam često u žurbi, juče sam pekao krompir. Mora li krompir da se ljušti?!
    Dok se to peklo, otišao sam da kupim hleb.
    Kad sam se vratio, emajl u tiganju se skroz istopio.
    Nisam mogao da verujem da tako malo može da izdrži.
    Dim u kuhinji se razišao u medjuvremenu, ali mačka je crna ko đavo i kašlje.
    Od tada panično beži čim ujkjučim šporet ili počnem da lupam šerpama.
    Pošto, kao što znaš, moram najmanje jednom dnevno pojesti nešto toplo,
    mačka se više i ne pojavljuje.

    Reci mi, koliko se dugo kuvaju jaja?
    Kuvao sam ih dva sata ali nikako da postanu mekana.
    Ajde napiši mi molim te, da li se zagorelo mleko može
    još za nešto upotrebiti. Da li da ga stavim sa strane dok se ti ne vratiš?

    Imao sam mali problem sa gulašom kad sam hteo da podgrejem konzervu.
    Nažalost expodirala je u mikrotalasnoj.
    Vratanca od mikrotalasne su izletela kroz prozor i uništila naš lepi staklenik .
    i prozor isto.
    A'l, pošto je prozor bio zatvoren (moram da ga zatvaram kad kuvam jer inače uvek dođu vatrogasci),
    izleteo je zajedno sa nadprozornikom.
    Udarni talas je bio strašan. Konzerva je nasuprot vratancima izletela kao raketa prema gore,
    probila plafon i pogodila 15-godišnju ćerku gospodina Đurića, koji stanuje iznad nas, tačno između nogu.
    Ona je upravo svirala klavir, i njoj se nije ništa desilo, ali učitelj klavira je ostao bez tri prsta.

    Da li ti se već događalo da ti se prljavi sudovi ubuđaju?!
    Kako li je to samo moguće za tako kratko vreme? Ti nisi ni pune 4 nedelje odsutna.
    Iza sudopere što-šta živi, mogao bi čovek UNIVERZUM da snimi.
    Odakle li samo dođu svi ti gmizavci?
    Uglavnom, napokon sam se sabrao i oprao sudove.
    Draga, nemoj se molim te ljutiti i vikati, ali onaj skupoceni porculan od tvoje bake je polomljen.
    Izgledao je tako čvrst da mi nije bilo ni na kraj pameti da neće izdržati.
    Možda su 1000 obrtaja mašine za veš ipak malo previše. Usput rečeno, i ona je pokvarena.
    Prilikom centrifugiranja, veliki nož za meso malo je oštetio bubanj . i sada se nalazi u zidu .. nož, ne bubanj.
    Bubanj je probio zid. I sada leži bez veze, negde napolju.

    Dok sam jeo, zaprljao sam tepih u dnevnoj sobi i to sokom od paradajza.
    Ti si mi uvek govorila da je sok od paradajza nemoguće očistiti.
    Tu se varaš draga moja, fleka je odlično uklonjena, dlake od tepiha, nažalost, isto tako.
    Možda ipak nije trebalo koristiti nitro-razređivač.

    Morao sam da otopim frižider.
    Ti si uvek tako nespretna, led seodlično skida i zidarskim čekićem.
    A'l, čudno, sad više ne hladi, nego greje.
    U svakom slučaju meso je dobro pečeno, a jogurt, šampanjac i mineralna voda su eksplodirali.

    Draga moja, u četvrtak sam zaboravio da zaključam stan.
    Mora da je neko bio ovde jer nedostaju neke vredne stvari,
    ali, novac sam po sebi ne čini čoveka srećnim, kako ti to uvek kažeš.
    Ormar je prazan, mada sigurno nije bilo puno u njemu
    jer ti uvek govoriš da nemaš šta da obučeš.

    Kada sam sinoć hteo da nahranim zeca, prevrnula mi se sveća. Zec je sad bez dlake.
    Izgleda prilično smešno.

    Ovim bih da završim za danas. Sutra malo više. Nadam se da uživaš u miru u bolnici i da se dobro odmaraš.

    Puno lepih pozdrava od Tvog Zvonka!

    P. S.
    Kada je tvoja mama saznala za nesreću, dobila je moždani udar.
    Sahrana je bila juče, nistam hteo ništa da ti pričam da se ne uzbuđuješ bez razloga.
    Ipak si ti u bolnici i treba da se odmaraš. :)
     
  20. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    205
    Едно мало девојче со нејзиниот татко поминуваа преку еден мост. Татко и беше исплашен, па милно му рече на девојчето:
    - Мила, те молам држи ми ја раката за да не паднеш во реката.

    Малото девојче рече:
    - Не, татo, ти држи ми ја раката.
    - Што е разликата ? - праша збунетиот татко.
    - Има голема разлика тато... Доколку јас ја држам твојата рака и нешто ми се случи, има шанси да ти ја пуштам раката... Но доколку ти ја држиш мојата рака, со сигурност знам дека што и да се случи,... ТИ НОКОГАШ НЕМА ДА ЈА ПУШТИШ МОЈАТА РАКА !!!

    Таткото беше многу изненаден од одговорот на својата ќерка, се навали над неа ја крена во своите раце, ја прегрна силно, ја бакна, а потоа смело преминаа од другата страна на реката...

    Во секоја врска, ДОВЕРБАТА е најважната работа која ги ВРЗУВА ДВАЈЦАТА ... затоа...
    ДРЖЕТЕ ЈА СЕКОГАШ РАКАТА БОЖЈА КОЈА НЕМА ДА ВЕ ИСПУШТИ НИКОГАШ ШТО И ДА ВИ СЛУЧУВА ВО ЖИВОТОТ !!!