Очите на тагата Очи со боја на тага. Очи со боја на море. Тие се преливаат и се како солза чисти. Тагата во нив отскокнува и погледот кои го имаат е таинствен, како да е полн со солзи, со страдање, со некоја скриена болка можеби... Тие замајуваат со својата длабочина, со своето синило кое се прелива, се разбранува и станува зелена. Во најдлабокиот дел од нив, се гледа носталгија... Таа носталгија останала длабоко да живее во нив. Да не биде искажана и да не биде испливана на површината од водата. Секоја капка пролиена од тие очи значи посебна тага... За изгубеното пријателство, стариот дом, училиштето, градот, љубовта. Можеби еден ден во тие сини насолзени очи ќе се врати светлината. Онаа која порано блескаше и можеше да се забележи од далеку. Но знам дека таа светлина ќе успее да се врати. Повторно над тие сини бранови ќе огрее сонце... И солзите од очите кои течат ќе престанат. Тие очи со тага, со болка, со страдање... Тие очи....Тоа се моите очи....
Необичен подарок Во едно мало богато кралство, секое утро еден просјак без ниеден збор на кралот му носеше по едно јаболко, му го подаруваше и си заминуваше. Кралот, кој беше навикнат да прима многу поскапоцени подароци од ова овошје кое секое утро го добиваше, обожаваше да се изнасмее на сметка на просјакот откако тој ќе си заминеше... Но, просјакот не се обесхрабруваше и секое утро повторно доаѓаше и со насмевка му го подаруваше на Кралот својот ПОДАРОК. Иако веќе му здосади од тоа, Кралот сепак го примаше подарокот со вештачка насмевка и го ставаше во една кошница. Кошницата беше преполна и одвај некако во неа можеше да се стават јаболката кои просјакот секое утро со ЉУБОВ, ГРИЖА и ТРПЕНИЕ му ги носеше. Еден ден омилениот мајмун на Кралот зеде едно јаболко и само што го загриза, веднаш го фрли пред нозете на Кралот. Кралот, го крена јаболкото и беше премногу изненаден кога здогледа дека во средината на јаболкото се наоѓа дијамант, па во истиот момент нареди да се пресече секое јаболко од кошницата во кое се наоѓаше по еден дијамант. Кралот веднаш побара да му го донесат просјакот од кого побара објаснување. Просјакот му одговори: - Почитуван Кралу, јас секој ден ви ги носев овие дарови за да сватите дека ВАШИОТ ЖИВОТ секое УТРО ви нуди СПЕЦИЈАЛЕН ПОДАРОК на кој вие заборавате поради големото богатство со кое сте опкружени. Тој ДАР е секој НОВ ДЕН кој ЗАПОЧНУВА !!! МНОГУ НЕШТА НИ ИЗГЛЕДААТ ПРЕМНОГУ ВАЖНИ... НО ПОСТОИ ЕДНО ДОБРО КОЕ НАДМИНУВА СЕ И КОЕ КАКО ДИЈАМАНТ Е СКРИЕНО ВО НАШИТЕ СРЦА... ТОА Е НАСМЕВКАТА КОЈА ЈА ПОДАРУВАМЕ !!!
Си живееле еднаш многу оддамна еден брачен пар кои имале дванаесетгодишен син и едно магаре. Еден ден мажот и жената решиле малку да патуваат, да работат и така да го запознаат светот па тргнале на пат. Кога дошле во првото село, селаните почнале да зборуваат: - Видете го ова невоспитано момче. Тоа го јавнало магарето а неговите сироти родители одат пеш. Жената кога слушна што зборуваат луѓето му рекла на мажот: - Не смееме да дозволиме луѓето толку лошо да зборуваат за нашиот син. Мажот ја послушал жена му го симнал детето и самиот го јавнал магарето. Кога стигнале во другото село луѓето мрмореле: - Како не му е срам на овој човек кога дозволува жена му и детето да го водат магарето, а тој да седи качен на него. Видел невидел човекот, одлучил жена му да го јава магарето, а тој и син му да го водат за оглав.Така и стигнале во третото село каде луѓето повторно почнале да коментираат: - Сирот човек! Цел ден работел, а жена му седнала на магарето. И сирото дете! Којзнае што го чека со таква мајка. Кога ги чуле коментарите на селаните, мажот и жената решиле сите тројца да се качат на магарето и така да го продолжат патот. Кога стигнале во следното село ги чуле мештаните како коментираат дека на сиротото магаре ќе му пукне кичмата од преголема тежина. Засрамени од коментарите на мештаните, сите тројца се симанале од магарето и одлучиле да пешачат покрај него. Кога проаѓале низ следното село, не можеле да им поверуваат на коментарите на мештаните кои им се смееле: - Погледнете ги само овие три будали… одат пешки, а имаат магаре кое би можело да ги носи. ... НИКОГАШ нема да можете да ги задоволите сите, ниту пак сите подеднакво ќе ве ОБВИНУВААТ... Секогаш ќе има ЗАДОВОЛНИ и НЕЗАДОВОЛНИ... ТАКА БИЛО, ТАКА Е и ТАКА ЌЕ БИДЕ... - ЗАТОА НЕ СЕ ГРИЖЕТЕ МНОГУ НА ЗБОРОВИТЕ НА ОСТАНАТИТЕ СЕ ДОДЕКА СОВЕСТА ВИ Е ЧИСТА
Рај и пекол Еден човек, неговиот коњ и куче чекореле заедно по патот накај шумата. Додека поминувале покрај едно големо дрво, ги погодило гром и паднале... ...мртви на лице место. Но, патникот, не забележал дека го напуштил овој свет и продолжил да оди заедно со своите пријатели. Понекогаш, на мртвите им треба време да сфатат дека се наоѓаат на друго место и под други услови. Долго оделе. Се потпреле на едно дрво додека сонцето ги печело, а тие биле испотени и жедни. На едно брдо здогледале величествена камена врата која водела на плоштад поплочен со злато, а во средината на плоштадот имало фонтана. Патникот се обратил на човекот кој стражарел пред вратата: - Добар ден - Добар ден , одговорил стражарот. - Какво е ова убаво место? - Ова е небото. - Ух, баш добро што сме стигнале на небото, многу сме жедни. - Слободно влезете и напијте се вода, ги поканил стражарот. - И мојот коњ и кучето се жедни. - Жал ми е, овде е забранет влез за животни. Човекот многу се разочарал. Бил многу жеден, но не сакал само он да се напие. Се заблагодарил на стражарот и продолжил понатаму. Кога го поминале брдото, патникот и неговите животни стигнале до некое место каде стоела стара врата која водела до земјена стаза окружена со дрва. Во сенката на едно дрво лежел човек со шешир и дремел. - Добар ден, рекол патникот. Човекот само кимнал со главата. - Јас, моето куче и мојот коњ сме многу жедни. - Имате овде еден извор меѓу камењата – им покажал човекот. И додал: Пијте колку што сакате. Човекот, коњот и кучето се приближиле до изворот и се напиле вода. Патникот отиишол да се заблагодари. - Вратете се кога сакате – рекол човекот. - А, како се вика ова место? - Небо! - Небо? Но, стражарот пред камената врата ми рече дека она таму е небото. - Она таму не е небото, тоа е пеколот. Патникот останал збунет. - Треба да им забраните да го користат вашето име. Таква лага може да направи голема збрка. - Ма никако. Во принцип тие само ни прават услуга. Таму се задржуваат сите оние кои себично ги напуштаат своите најдобри пријатели...одговорил стражарот. Не ги напуштајте никогаш своите пријатели. Затоа што: Да се пронајде пријател е Милост, Да се има пријател е Дар, А, а да се сочува пријателот е предност.
Никогаш нема да можеш да ги избегнеш злобните коментари и озборувања на твоја адреса! Без разлика што правиш или не правиш, што зборуваш или што премолчуваш, секогаш ќе има незадоволни! Едноставно запомни, дека ако беше никој, немаше и да те коментираат! Животот не ти ги дава луѓето што ти ги сакаш. Тој ти ги дава оние од кои имаш потреба. Да ти помагаат. Да те повредуваат. Да те сакаат. Да те напуштат. И да те направат човекот што треба да бидеш… Љубовта е да ја раздаваш душата без жал и во истиот миг да заборавиш кому што си му дал! Нема полесна вежба за срцето од тоа да протегнеш раце и да го подигнеш духот на некого! Ако остануваш – остани за секогаш! Ако заминуваш – стори го тоа денес! Ако се промениш – тоа нека биде на подобро! Ако зборуваш, биди убеден во тоа што го кажуваш… Понекогаш она што ти дава сила е твојата слабост… Не секогаш е лесно да зборуваш тивко…Особено кога живееш во опшество на глуви! Пазете се од луѓе кои се обидуваат да ги омаловажат вашите успеси и амбиции. Малите луѓе секогаш ќе го прават. Додека вистински големите ќе ве направат да почуствувате дека и вие можете да станете големи! Кога си навистина важен за еден човек, тој секогаш ќе најде време за тебе – без извинување, без лаги и без неисполнети ветувања. Можеш ли да бидеш сигурен која болка е полоша – шокот од тоа што веќе се случило или болката од она што никогаш не било? Кога ја пишуваш историјата на својот живот, не дозволувај друг да го држи пенкалото! Животот е премногу краток, за да го поминеме во чудење. Ако сакате да направите нешто, направете го. Секогаш! Дури и ако после се покаете, дека не било тоа што сте си го мислеле… Живеј за себе и запомни – пред да зборуваш, слушај, пред да пишеш, мисли, пред да повредиш, почуствувај, пред да мразиш, сакај, пред да се предадеш прво пробај, пред да умреш, живеј!
Воспитување Една баба стои на ред на каса во голем супермаркет. Позади неа во редот стои млада жена со син на возраст од околу 9-10 години. Синот цело време... ...ја туркал количката која 5-6 пати ја удрила бабата по нозете. Бабичката се завртела кон малиот и го замолила да престане да ја удира. Тој дрско продолжил, па бабата се свртела кон мајка му велејќи и: - Зар не можете да му кажете да вашиот син да внимава и да престане да ме удира? Младата госпоѓа, без возбудување – мртва, ладна одговорила: - Не! Мојата метода на воспитување му дава слобода да прави што сака, сè додека во неговата свест не му стане јасно дека тоа што го прави не другите не е во ред. Научно е докажано дека тој метод е многу ефикасен! Во редот позади дамата со детето стоел дечко на возраст од околу 20 години, кој внимателно го слушал целиот разговор, а во раката држел џем од сливи. Кога дамата го завршила своето објаснување за методот на воспитување, тој го отворил капачето од теглата и ја истурил на главата на мајката со детето. Бесна и нервозна се свртела кон дечкото, а тој ладнокрвно и одговорил: - Знаете, госпоѓо, јас сум воспитуван слободно, баш на ист начин како и вашиот син. И еве, видете го резултатот. Старицата весело се свртела кон касиерката и и рекла: - Ве молам ставете ја оваа тегла со џем на моја сметка...
Басна: Феминитска Еднаш многу одамна си живеела една принцеза, полна со самодоверба и независна. Права феминистка. Еден убав ден, шетајќи се низ паркот сретнала... ...една жаба. Одеднаш жабата прозборела: - Некогаш бев принц, но една лоша вештерка ме маѓепса и ме претвори во жаба... Ајде те молам бакни ме за да ја тргнеш магијата од мене, повторно да бидам убав и богат. - Ќе те одведам во мојот замок, ќе те оженам, а ти ќе ми родиш деца, ќе ми готвиш, чистиш и ќе си живееме среќно до крајот на животот. Таа вечер, принцезата јадеше жабји батаци и додека се смешкаше си помисли во себе: - Јас ќе ти перам, готвам и раѓам деца? Како не!!
Како ќе те замолчи жена? Маж и жена се одлучиле да одат на одмор на езеро познато како рај за риболовците. Мажот бил мераклија за ловење риба посебно во раните зори... ...а жената сакала да седи во мир и да чита книги. Едно утро, после неколку часа риболов, мажот се вратил во куќичката и решил да дремне, а жената тогаш се решила да се прошета со чамче по езерото иако сама баш и не се снаоѓала добро. Го запалила моторот и го одвела чамецот на едно осамено место, го фрлила сидрото и продолжила во тишина да ужива во својата книга. По некое време се појавил риболовниот инспектор со својот чамец и се доближил до чамецот на жената: - Добро утро госпоѓо. Што правите? - Читам книга – одговорила таа (и во себе си помислила „зарем не е очигледно?!“) - Се наоѓате на делот од езерото кој е забранет за спортски риболов, ја информирал инспекторот. - Жал ми е господине, но јас не ловам риби. Јас само седам и читам книга. - Да, но во чамецот го имате целиот прибор кој е потребен за ловење и ако се прашувам јас, вие можете да почнете да ловите риба во секој момент. Ќе морам да ве однесам до станица и да поднесам пријава против вас, рекол инспекторот. - Ако вие го направите тоа, тогаш знајте дека и јас ќе поднесам пријава против вас, но, за силување – му одговорила жената. - Но, јас не ве ни допрев!? – рекол инспекторот. - Да, но вие го имате целиот потребен прибор и ако се прашувам јас би можеле да почнете да ме силувате во секој момент.. - До видување госпоѓо и уживајте во овој убав ден! Наравоучение: Не се расправај со жена која чита. Многу е веројатно дека таа умее и да мисли.
Мажот, жената и пронајдоците Мажот ги откри боите и го создаде цртањето Жената го откри цртањето и ги создаде шминките Мажот ги откри зборовите, го создаде дијалогот Жената го откри дијалогот и го создаде карањето Мажот ги откри игрите и ги создаде картите Жената ги откри картите и го создаде тарот Мажот го откри земјоделието и ја создаде храната Жената ја откри храната и ја создаде диетата Мажот ги откри чувствата и ја создаде љубовта Жената ја откри љубовта и ја создаде свадбата Мажот ја откри жената и го создаде сексот Жената го откри сексот и ја создаде главоболката Мажот го откри пазарот и ги создаде парите Жената ги откри парите и ги потроши сите.
Поучна приказна...Нејзиниот татко бил кувар по занимање. Ја зел со себе во кујната, зел три лонци, ги наполнил со вода и ги ставил на шпорет. За кратко време водата во лонците почнала да врие. Во првиот лонец ставил морков, во вториот јајце и во третиот неколку зрна кафе. Ги оставил така да се варат некое време, а потоа ги извадил од водата и ги ставил на маса морковот, јајцето и зрната кафе. Ја погледнал ќерката и... ја прашал што гледа. - Гледам морков, јајце и зрна кафе – одговорила таа. Побарал од нејзе да го допре морковот и таа го допрела па почувствувала колку е мек и ронлив. Побарал да го разгледа јајцето и таа го зела во рацете, го излупила и видела како внатре јајцето е тврдо варено. И рекол да ги допре зрната кафе и таа ги зела во рацете, видела дека се тврди, ги помирисала и се насмевнала од пријатната миризба. -Но што значи ова? – го прашала девојката својот татко. - Еххх ќерко драга... тоа значи дека морковот, јајцето и зрната кафе поминаа низ една иста ситуација, борејќи се со еден ист непријател – водата што врие, но секој од нив, на различен начин му се спротивставува на непријателот. Морковот беше тврд и силен, но многу брзо ослабе и омекна во водата што врие. Јајцето беше заштитено со лушпата, но не за долго. Во врелата вода од течна се претвори во тврда состојба. Додека кафето пак, сосема е поинакво. Зрната останаа сосема исти како и на почетокот, но таа успеа да ја промени водата што врие! А Ти? - Дали си морков, наизглед цврста, силна, но штом наидеш на проблеми и потешкотии во животот, слабееш, ја губиш силата? - Или си јајце можеби, со меко срце кое кога наидува на проблеми, станува тврдо? Твојата надворешност не се менува, но се менува твојата внатрешност така што срцето ти станува тврдо, горко и ровито? - Или пак можеби си кафе, кое при извор на болки, ја менува водата што врие, ја прави повкусна и и дава пријатна арома? ...Размисли ќерко моја, како ќе се соочуваш со животните проблеми и тешкотиите на овој свет, како морковот, јајцето или зрната кафе? Јас сум најчесто морков,за жал
Вредноста на времето Замисли дека имаш сметка во банка, на која секое утро ти префлаат 86.400 евра. Меѓутоа, на сметката не се пренесува ништо од она што не било......потрошено и не останува да се користи следниот ден. Секое утро, банката го брише оној дел кој не си го потрошил претходниот ден. Што би направиле ако го знаете ова? Би потрошиле сè до цент нели? Секој од нас има таква сметка во банка. Нејзиното име е „време“. Секое утро ти дава 86.400 секунди. Секоја вечер ти се отпишуваат сите оние нешта кои не си ги направил во текот на денот. Не се пренесува ништо од претходниот ден. Не дозволува пречекорување. Ако не го искористиш својот депозит, загубата е само твоја. Не постои нешто што се вика „утре“. Мораш да живееш во сегашноста од денешниот депозит. Вложи го за да извлечеш максимум здравје, среќа и успех. Часовникот никогаш не застанува. Затоа искористи го овој ден. Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една година, прашај студент кој не фатил услов. Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на еден месец прашај мајка која родила бебе пред време. Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една седмица, прашај уредник кој е одговорен за неделник. Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на еден час, запрашај некој вљубен пар кој исчекува да се сретне. Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една минута, прашај ја личноста која не стигнала да го фати возот на време. Ако сакаш да ја сфатиш вредност на една секунда, прашај некого кој за малку избегнал несреќа. Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една мили секунда, прашај ја личноста која освоила сребрен медал на Олимпијада. Сигурни сме дека сфати. Искористи го максимално секој момент кој ти стои на располагање. Потроши го со личностите кои се вредни за да бидат дел од твоето време.
hey you. yes, you. stop being unhappy with yourself. you are perfect. stop wishing you looked like someone else or wishing people liked you as much as they like someone else. stop trying to get attention from those who hurt you. stop hating your body, your face, your personality, your quirks. love them. without those things you wouldn’t be you. and why would you want to be anyone else? be confident with who you are. smile. it’ll draw people in. if anyone hates on you because you are happy with yourself then you stick your middle finger in the air and say screw it. my happiness will not depend on others anymore. i’m happy because i love who i am. i love my flaws. i love my imperfections. they make me me. and “me” is pretty amazing. ------------------------------------------- Понекогаш, посакувам да можев да ја напишам совршената песна, оние стихови кои ќе ги отворат фиоките од мојата мала, десна срцева преткомора и од таму ќе ги извадат сите заборавени чувства, скриени стравови, болка, сомнежи, некогашни животни радости и, макар и за краток момент, ќе се почувствувам одново живо. Но, зарем постојат совршени зборови, совршени реченици, стихови, мисли… зарем е можно да се напише совршената песна? Кога ми можела да ја раскажам целата моја животна историја, таа би била многу кратка, неколку реченици напишани на лист хартија си ситни, неправилно обликувани букви : "Сакав, чувстував, постоев. Читав за да го видам невидливото, да го допрам недопирливото и да го сфатам несфатливото. Кога еден ден ќе ме нема, никој нема да се сеќава на мене, ниту на мојата опседнатост со дождот. Ќе се слеам, како капките кои паѓаат од небото и кои ми ја причинуваат најголемата животна радост. И, ќе престане моето постоење." Би сакала да го допрам најнежното катче од срцето на луѓето, да ги знам нивните најголеми стравови, да ја сфатам нивната болка, да ја почувствувам нивната љубов. Да можам, би му дала се што имам на мало дете, само за една насмевка на неговото лице. Би одела до крај на светот и назад, ако знам дека ти ќе си со мене. Би пишувала за работи кои и јас не ги сфаќам, би уживала во работи кои не знаев ни дека постојат и би мечтаела за нешта кои никогаш нема да ги добијам, само затоа што знам дека тоа всушнот го прави животот она што е, тежок, убав, исполнет, тажен но, ни за момент здодевен. И, сето тоа би го опеала во стиховите на мојата песна, онаа совршената, никогаш напишана, започната длабоко некаде во моето срце, која, за жал, нема да доживее да ја види светлината на денот. Всушност, така и треба да биде. Совршените работи се оние кои никогаш не ги изговараме, кои ги закопуване некаде длабоку во себе, кои тлејат во нашето срце како пламенче. Секогаш пламен, никогаш не прераснуваат во оган бидејќи само како такви, мали, нежни, кршливи…се вистински совршени. ------------------------------------------------------- последното писмо... Ја подигна чашата од масата и отпи голтка. Веднаш се смршти. Си го изгоре јазикот. Повторно го беше прегреал млекото, па го остави кафето да олади малку. Се смести удобно во фотелјата, а во рацете го држеше сеуште неотвореното писмо. Лесно минуваше по мазната, бела површина, а погледот му застана врз онаа страна, каде беше испишано неговото име и презиме. Го позна ракописот, оние мали, ситни, убаво оформени букви, специфичната “а“ со стомаче, која му беше толку позната. Без да размислува повеќе, го отвори писмото. Внатре најде 2 страни ситно испишани. Започна да чита. “Здраво. Не ми се верува дека се натерав себе си да ти пишам. И тоа писмо, замисли..веќе со години никој не пишува писма. Сакав единствено да ти кажам..збогум. Знам дека ние кажавме збогум пред многу години, но денес, навистина можам да се збогувам со тебе, засекогаш. Поминав години прашувајќи се што би било ако работите тргнаа понатаму. Секој ден, одново и одново се измачував себеси, анализирајќи ги по стоти пат нашите разговори, сеќавајќи се на се кој момент, доживувајќи ја повторно онаа возбуда како тогаш, кога те гледав секој ден. Ми недостигаше, иако не сакав да си признаам на себе, иако се убедував дека те мразам, дека не сакам повеќе никогаш да те видам, сепак, во мене постоеше едно скриено парченце надеж дека можеби некаде случајно ќе те сретнам, ќе се разминеме на улица, пак ќе ми се насмевнеш како порано и светот повторно ќе е розов. Но, не се сретнавме. Не ми се насмевна. Не направи пак да се чувствувам среќна. Всушност, веќе со години те немам видено. Не знам дали се смееш, дали си намуртен и тажен, не знам ни дали сеуште се обидуваш да пораснеш брада на тоа детско, бело и мазно лице. Можеби си се здебелел, можеби си ослабнал, што, се надевам дека не се случило бидејќи отсекогаш беше преслаб за својата висина. Се надевам дека не си го сменил својот уникатен поглед на светот. Отсекогаш беше толку луд, креативен, полн со идеи. Затоа и те сакав. Покрај тебе, ни за момент не се чувствував чудно или поинакво од останатите. Со тебе можев да сум она што сум, да јадам сладолед во зима, да чекорам бавно на дождот, да јадам кинеска храна за носење на најневообичаните места, да се смеам на работи кои не се смешни, но смешно е како ти ги кажуваш, да го поминам цел град пеш, без да се почувствувам уморна, да ги пребарам сите библиотеки во потрага по некоја книга, без на крај да ја најдам и за цело тоа време, да знам дека и ти ќе си до мене. Откако ненадејно замина, не можев да си го замислам мојот живот без тебе. Не знаев како ќе се снајдам во овој град без ти да ми се смееш дека сеуште ги немам научено улиците. Знаев да живеам без тебе, но, не сакав. Не сакав да сум сама, повторно препуштена на себе. Велат дека времето лечи се. Поголема глупост не сум слушнала во мојот живот. Времето не лечи ништо, само ти помага да живееш со некои нешта. Времето ти помага да “го ставиш ѓубрето под тепихот“, правејќи се дека си исчистил се. Потребно беше само малку, само случајно спомнување на твоето име, за повторно да се натажам, да се сетам, да се врати старата, толку позната болка. Знам дека мислиш дека сум патетична или дека ги правам работите поголеми отколку што се, но, мора да сфатиш дека јас...те сакав. Искрено, наивно и чисто, како што малите деца сакаат. Зошто не ти кажав? Можеби нашата приказна ќе имаше поинаков крај. Сеуште го памтам мирисот на дожд, комбинацијата на есенскиот дожд со паѓањето на лисјата. Се сеќаваш ли? Се сеќаваш ли како гледаше во мене, се насмевна и ми рече дека ме сакаш.? Беше речиси совршено, но премногу доцна. Премноу, премногу доцна. Правењето работи на време никогаш не ти било јака страна. Потоа замина, ненадејно, тивко, нечујно, неприметно. Никогаш повторно не те видов. Останав на дождот да се прашувам дали згрешив што не појдов со тебе. Можеби ќе бевме некаде среќни заедно, правејќи си сите луди работи, кои сонувавме да ги правиме еден ден. Денес, повеќе не се прашувам. Знам дека ја донесов правилната одлука. Знам дека јас и ти бевме совршени заедно, во тоа и беше проблемот. Премногу совршени. Сега, после толку години, можам конечно да кажам дека веќе не те сакам. Повеќе дури и не се натажувам при спомнувањето на твоето име. За мене, ти секогаш ќе бидеш топол спомен од моето не толку далечно минато, кое, од не знам кои причини, го нарекувам детство. Бев ли тогаш дете? Можеби. Гледајќи се сека, да, сум била дете, кое детски размислува, но и детски сака. Откако пораснав (малку), научив дека понекогаш, животот ни изгледа не фер, неправеден, работите кои ги сакаме, без кои мислиме дека не може да живееме, всушност, не ги добиваме. Но, тоа е за наше добро, сега го гледам тоа. Знаеш ли дека сега, сум всушност благодарна што нашата приказна имаше таков крај. Со тоа всушност, започна нова приказна, најубавата во мојот живот. Среќна сум. Посреќна не сум била во животот. Кога ќе го видам, кога ќе се насмевне, ми го разубавува животот. Мислам дека никогаш не би можела да престанам да го сакам. Ми недостига секоја минута кога не е со мене, сакам да го поминам цел свет со него, да ги направам сите работи на мојата листа, додека тој е до мене. Би можела вечно да слушам како ми раскажува работи, за кои малку знам, а со кои тој е опседнат, да јадеме пуканки заедно, да се тркаме на картинг и да ги броиме ѕвездите заедно. Се надевам дека и ти ќе најдеш некој во твојот живот, кој ќе те сака, како што јас го сакам него. Верувај ми, тоа е најубавото чувство на светот. И сега...кога те нема и кога престанав да се прашувам, се чувствувам слободна. Не знам дали некогаш повторно ќе се видиме, дали ќе се разминеме на улица или ќе се сретнеме во продавница, но, и да се случи тоа, те молам, еднаш, насмевни ми се, во чест на порано, и продолжи да чекориш не свртувајќи се назад. Јас ќе тргнам на другата страна бидејќи и двајцата чекориме по различни патеки, кои, како што покажа времето, одат во различна насока и никогаш нема да се вкрстат.“ Сеуште ги држеше листовите во рака, иако поминаа неколку минути откако заврши со читањето. Беше изненаден, збунет од ненадејното пристигнување на ова писмо и од неговата содржина. Тогаш, се насмевна. Во право беше таа, нивните патеки одеа во спротивна насока, ним не им беше судено да чекорат заедно. Стана и, откако размисли неколку секунди, го фрли писмото во оганот. Пламени бргу бргу ја проголтаа хартијата и, гледајќи како се губат нејзините зборови, помисли дека токму така, неосетно и таа престана да е дел од неговиот живот. И за прв пат, и тој, се почувствува...слободен. ------------------------------------------------------ Ја подигна чашата од масата и отпи голтка. Веднаш се смршти. Си го изгоре јазикот. Повторно го беше прегреал млекото, па го остави кафето да олади малку. Се смести удобно во фотелјата, а во рацете го држеше сеуште неотвореното писмо. Лесно минуваше по мазната, бела површина, а погледот му застана врз онаа страна, каде беше испишано неговото име и презиме. Го позна ракописот, оние мали, ситни, убаво оформени букви, специфичната “а“ со стомаче, која му беше толку позната. Без да размислува повеќе, го отвори писмото. Внатре најде 2 страни ситно испишани. Започна да чита. “Здраво. Не ми се верува дека се натерав себе си да ти пишам. И тоа писмо, замисли..веќе со години никој не пишува писма. Сакав единствено да ти кажам..збогум. Знам дека ние кажавме збогум пред многу години, но денес, навистина можам да се збогувам со тебе, засекогаш. Поминав години прашувајќи се што би било ако работите тргнаа понатаму. Секој ден, одново и одново се измачував себеси, анализирајќи ги по стоти пат нашите разговори, сеќавајќи се на се кој момент, доживувајќи ја повторно онаа возбуда како тогаш, кога те гледав секој ден. Ми недостигаше, иако не сакав да си признаам на себе, иако се убедував дека те мразам, дека не сакам повеќе никогаш да те видам, сепак, во мене постоеше едно скриено парченце надеж дека можеби некаде случајно ќе те сретнам, ќе се разминеме на улица, пак ќе ми се насмевнеш како порано и светот повторно ќе е розов. Но, не се сретнавме. Не ми се насмевна. Не направи пак да се чувствувам среќна. Всушност, веќе со години те немам видено. Не знам дали се смееш, дали си намуртен и тажен, не знам ни дали сеуште се обидуваш да пораснеш брада на тоа детско, бело и мазно лице. Можеби си се здебелел, можеби си ослабнал, што, се надевам дека не се случило бидејќи отсекогаш беше преслаб за својата висина. Се надевам дека не си го сменил својот уникатен поглед на светот. Отсекогаш беше толку луд, креативен, полн со идеи. Затоа и те сакав. Покрај тебе, ни за момент не се чувствував чудно или поинакво од останатите. Со тебе можев да сум она што сум, да јадам сладолед во зима, да чекорам бавно на дождот, да јадам кинеска храна за носење на најневообичаните места, да се смеам на работи кои не се смешни, но смешно е како ти ги кажуваш, да го поминам цел град пеш, без да се почувствувам уморна, да ги пребарам сите библиотеки во потрага по некоја книга, без на крај да ја најдам и за цело тоа време, да знам дека и ти ќе си до мене. Откако ненадејно замина, не можев да си го замислам мојот живот без тебе. Не знаев како ќе се снајдам во овој град без ти да ми се смееш дека сеуште ги немам научено улиците. Знаев да живеам без тебе, но, не сакав. Не сакав да сум сама, повторно препуштена на себе. Велат дека времето лечи се. Поголема глупост не сум слушнала во мојот живот. Времето не лечи ништо, само ти помага да живееш со некои нешта. Времето ти помага да “го ставиш ѓубрето под тепихот“, правејќи се дека си исчистил се. Потребно беше само малку, само случајно спомнување на твоето име, за повторно да се натажам, да се сетам, да се врати старата, толку позната болка. Знам дека мислиш дека сум патетична или дека ги правам работите поголеми отколку што се, но, мора да сфатиш дека јас...те сакав. Искрено, наивно и чисто, како што малите деца сакаат. Зошто не ти кажав? Можеби нашата приказна ќе имаше поинаков крај. Сеуште го памтам мирисот на дожд, комбинацијата на есенскиот дожд со паѓањето на лисјата. Се сеќаваш ли? Се сеќаваш ли како гледаше во мене, се насмевна и ми рече дека ме сакаш.? Беше речиси совршено, но премногу доцна. Премноу, премногу доцна. Правењето работи на време никогаш не ти било јака страна. Потоа замина, ненадејно, тивко, нечујно, неприметно. Никогаш повторно не те видов. Останав на дождот да се прашувам дали згрешив што не појдов со тебе. Можеби ќе бевме некаде среќни заедно, правејќи си сите луди работи, кои сонувавме да ги правиме еден ден. Денес, повеќе не се прашувам. Знам дека ја донесов правилната одлука. Знам дека јас и ти бевме совршени заедно, во тоа и беше проблемот. Премногу совршени. Сега, после толку години, можам конечно да кажам дека веќе не те сакам. Повеќе дури и не се натажувам при спомнувањето на твоето име. За мене, ти секогаш ќе бидеш топол спомен од моето не толку далечно минато, кое, од не знам кои причини, го нарекувам детство. Бев ли тогаш дете? Можеби. Гледајќи се сека, да, сум била дете, кое детски размислува, но и детски сака. Откако пораснав (малку), научив дека понекогаш, животот ни изгледа не фер, неправеден, работите кои ги сакаме, без кои мислиме дека не може да живееме, всушност, не ги добиваме. Но, тоа е за наше добро, сега го гледам тоа. Знаеш ли дека сега, сум всушност благодарна што нашата приказна имаше таков крај. Со тоа всушност, започна нова приказна, најубавата во мојот живот. Среќна сум. Посреќна не сум била во животот. Кога ќе го видам, кога ќе се насмевне, ми го разубавува животот. Мислам дека никогаш не би можела да престанам да го сакам. Ми недостига секоја минута кога не е со мене, сакам да го поминам цел свет со него, да ги направам сите работи на мојата листа, додека тој е до мене. Би можела вечно да слушам како ми раскажува работи, за кои малку знам, а со кои тој е опседнат, да јадеме пуканки заедно, да се тркаме на картинг и да ги броиме ѕвездите заедно. Се надевам дека и ти ќе најдеш некој во твојот живот, кој ќе те сака, како што јас го сакам него. Верувај ми, тоа е најубавото чувство на светот. И сега...кога те нема и кога престанав да се прашувам, се чувствувам слободна. Не знам дали некогаш повторно ќе се видиме, дали ќе се разминеме на улица или ќе се сретнеме во продавница, но, и да се случи тоа, те молам, еднаш, насмевни ми се, во чест на порано, и продолжи да чекориш не свртувајќи се назад. Јас ќе тргнам на другата страна бидејќи и двајцата чекориме по различни патеки, кои, како што покажа времето, одат во различна насока и никогаш нема да се вкрстат.“ Сеуште ги држеше листовите во рака, иако поминаа неколку минути откако заврши со читањето. Беше изненаден, збунет од ненадејното пристигнување на ова писмо и од неговата содржина. Тогаш, се насмевна. Во право беше таа, нивните патеки одеа во спротивна насока, ним не им беше судено да чекорат заедно. Стана и, откако размисли неколку секунди, го фрли писмото во оганот. Пламени бргу бргу ја проголтаа хартијата и, гледајќи како се губат нејзините зборови, помисли дека токму така, неосетно и таа престана да е дел од неговиот живот. И за прв пат, и тој, се почувствува...слободен. -------------------------------------------------- Познавам толку многу деца што не се ценат себе си, што го мразат својот живот, луѓе кои и за најмала ситница велат "сакам да умрам!". Животот ни е ДАР ОД ГОСПОД, разберете го тоа. Како можете за таков дар тоа да го велите ? Секој човек има маки и проблеми во животот, но секогаш поминуваат тие периоди..Aко уште не завршило значи дека не е крајот. За да го видиме сонцето мора да го почувствуваме дождот, па така е и во реалниот живот. Почнете да се цените себе си, затоа што ќе проживеете толку прекрасни моменти во својот живот. Ќе имате личност со која заедно ќе го одите патот на животот, ќе го почувствувате првиот бакнеж, до себе имате фамилија која е секогаш тука за вас, ќе станете мајки..Замислете си го моментот кога детенцето ќе го држите во рака, кога ќе си помислите како сте донеле нов живот на земјата. Кога ќе видите колку е тоа малечко и слатко, а вие сте негова мајка. Тогаш ќе се почувствувате како лавица..Жена која се може да стори во тој момент. Помислете колку болни луѓе има на земјава, мали дечиња кои со надеж се борат за својот живот, помислете колку луѓе има кои ги загубиле своите блиски, помислете колку животи згаснуваат во оваа секунда. Има полоши работи од "тој не ме сака", "јас немам друштво", "мене никој не ме сака". Секој човек носи свој крст, колку и да е тешко да го носиш на грбот, на крајот ќе стигнеш до целта и ќе бидеш горд на тоа што си го направил. Тоа што неможе да ве убие, ве прави се посилни. Сакајте си го животот, тоа е најголемиот дар кој Господ може да ни го даде! ----------------------------------------------- Седам на таа клупа и се потсетувам на спомените... Солза, затоа што се навраќам во болката. Насмевка, затоа што се радувам дека времето лечи се. Бура од прашања низ мојата глава, на повеќето нема одговори. Филозофирам во себе, се правдам на самата себе за она што сум го направила, а и за она што не сум го направила. Се смеам на глас кога ќе ми текне како во моментите на нервоза мислам дека ќе западнам во тешка депресија и дека никогаш нема да сум среќна.. А на мои години моите родители се уште играле криенка. Сфаќам дека има време за се, дека животот е пред мене и дека ќе бидам среќна. И сега сум среќна, само што потрагата по повеќе среќа ги потиснува убавите работи. И зошто да се нервирам?! Зарем ќе губам нерви за глупости и ќе патам за небитни луѓе? Па не можам ни да ги мразам, едноставно не ги “регистрирам“. И кога ќе ги слушнам како викаат дека мразат некого се запрашувам што е всушност омразата и каква корист имаат од тоа да мразат некого... Можам да не сакам, но не можам да мразам. Се смеам на тоа како мислите ми летаат, сфаќам дека животот не ми бил уништен. Решавам да бидам друга личност, но другиот ден повторно плачам и се нервирам за глупости... Аахх овие тинејџерски години, ќе поминат ли некогаш? Нормално дека ќе поминат, а дотогаш ќе уживам во секоја насмевка, но и во секоја солза... Затоа што токму на овие пролеани солзи некој ден ќе се смеам... се извинувам ако на текстовите не им е местото тука,но не знаев каде - а едноставно морав да ги споделам со вас
ДОБРОТО СО ДОБРО СЕ ВРАЌА - Поучна приказна Еден ден, едно сиромашно момче, коешто продавало разни нешта од врата на врата за да може да се школува, останало со само една паричка во својот џеб, а било многу гладно. Тоа решило на следната врата да замоли за оброк. Како и да е, кога една прекрасна млада девојка му ја отворила вратата, тоа се засрамило и побарало само чаша вода. Кога го видела момчето, таа помислила дека мора да е многу гладно, и наместо вода, му донела голема чаша со млеко. Тој полека ја испил чашата, и потоа прашал: „Колку ви должам?“ „Не ми должите ништо“ му одговорила таа „мајка ми нè научи никогаш да не примаме пари за нашата љубезност.“ Тој кажал: „Тогаш, ви се заблагодарувам од сè срце.“ Како што Хауард Кели се оддалечувал од куќата, тој не само што се почувствувал посилен во снагата, туку и неговата вера во Бог и во луѓето исто така се утврдила и зајакнала. А веќе беше почнал да се откажува од неа. Години подоцна, таа млада жена тешко се разболела. Локалните лекари биле збунети и не знаеле што да прават, и најпосле ја испратиле во големиот град, каде што повикале специјалисти да ја проучат нејзината ретка болест. Др. Хауард Кели бил повикан за консултација. Кога го слушнал името на градот од каде дошла болната, очите му засветлиле со чуден сјај. Во истиот миг станал и низ болничкиот ходник се упатил право во нејзината соба, облечен во својот докторски мантил. Веднаш ја препознал. Се вратил назад во кабинетот за консултации решен да стори сè што може да го спаси нејзиниот живот. Оттогаш, тој на случајот му посветил посебно внимание. После долга борба, битката најпосле била добиена. Др. Кели побарал од одделот за финансии да му ја донесат конечната сметка за тој да ја потпише. Погледнал во сметката, и потоа напишал нешто на крајот и сметката била испратена во собата на пациентот. Жената се плашела да ја отвори, бидејќи била сигурна дека цел живот ќе треба да ја исплаќа. Најпосле таа погледнала, и нешто на крајот од сметката ѝ го привлекло погледот. Почнала да ги чита следниве зборови: Исплатено во целост со една чаша млеко.
Една трогателна приказна... Еден доктор влегол во болницата набрзина откако бил повикан на итна операција.Тој се пријавил,се пресоблекол и влегол директно во одделот за операции.Тој го сретнал таткотот на детето како поминува во ходникот чекајќи доктор.Кога го здогледа,ттакото извикал: “зошто ти требаше толку време за да дојдеш?Зар не знаеш дека шивотот на син ми е во опасност? Зар немаш осет за одговорност?“ Докторот се насмеа и одговори: “Извинете,не бев во болницата и дојдов веднаш штом го примив повикот...А сега,ве молам смирете се за да можам да ја работам мојата работа“ “Да се смирам? Што доколку твојот син беше во салата сега,дали би сте се смириле? Доколку синот ви умираше сега што би направиле?“ -рече таткото гневно. Докторот повторно се насмевнал и одговорил:“ЈАс би рекол како Јов што рекол во Библијата“ Од земја дојдовме и во земја се враќаме,нека е благословено името на Господ.“Докторите не можат да го продолжат животот.Одете и молете се за вашиот син,а ние ќе направиме се најдобро според милоста Божја“ “Да даваме совети кога не сме засегнати е многу лесно.“ промрморе таткото. Операцијата траеше неколку часови по која докторот излезе надвор задоволен. “Фала му на Бог,вашиот син е спасен!“ И без да го дочека одговорот на таткото тој продолжи да оди .“Ако имате некое прашање,прашајте ја сестрата!!“ “Зошто тој е толку арогантен? Не можеше ли да почека некоја минута за да го прашам за состојбата на син ми?“ Коментираше таткото гледајќи ја сестрата откако замина докторот. Сестрата одговори, низ солзи во очите: “Неговиот син почина вчера во сообраќајна несреќа, тој беше на погреб кога го повикавме за операцијата на син ви.И сега откакао го спаси животот на вашиот син, тој замина да го доврши погребот на неговиот син.“ Поука: Никогаш не ги судите другите бидејќи не го знаете нивниот живот и низ што поминуваат тие...
ПАТОТ ДО БОГ - Поучна приказна Еден ден, една млада девојка која имала 16 години, откако слушнала од нејзините родители за Бога, се одлучила да оди во црква. Но, непријателот го видел тоа па во лик на стара жена се појавил пред девојката и започнала да ја прашува: “ Каде си тргнала девојче? “ А таа одговорила: “Сакам да одам во црква и да се помолам на Бога.“ Но, старата жена почнала да ја разубедува: “Што ќе правиш ти во црква, таму се само стари луѓе.“ Така девојката почнала да се предомислува и се вратила дома. После неколку години, на истата девојка, која повеќе и не била девојка туку жена која имала 40 години, и се појавил истиот копнеж во срцето да оди во црква за да се обрати на Бога. Но, и овој пат, непријателот се “погрижил“ за тоа. Одејќи жената кон црквата, повторно била пресретната од непријателот кој бил во лик на стара жена, и повторно почнала љубопитно да ја прашува, каде тргнала. Таа пак одговорила: “Одам во црква да се помолам на Бога“, но старата жена ѝ рекла: “Што ќе правиш во црквата млада жено? Ти си сега во најубавите години , треба само да уживаш во животот.“ И овој пат разубедувањето успеало, па жената се вратила дома. Кога остарела и наполнила 80 години, и кога едвај можела да се движи, еден ден повторно се одлучила да оди во црква. Сепак на непријателот и ова не му се допаѓало, па овој пат се појавил пред неа во лик на млада жена која почнала да прашува: “Каде си тргнала бабо?“ Старата баба и одговорила: “Еве појдов во црква да се покајам и да се помолам на Бога“. А на ова младата жена (преправениот непријател) ја разубедувала: “што би правела ти вака стара и изнемоштена, бабичке во црквата, па таму се само млади луѓе“. И така и овој пат му успеало на непријателот да ја разубеди и таа се вратила дома. После неколку месеци починала и никогаш не успеала да се обарати на Бога. Така е и со секоја личност. Непријателот преку разни искушенија, секојдневно и на разни начини се обидува да ја спречи секоја една душа да се обрати кон Исуса. Секоја душа за себе одлучува по кој пат ќе оди, по патот на непријателот или по патот на животот и вистината, патот кон Бога.
[СДК] Сакам да кажам... ДА ТИ КАЖАМ, ЌЕРКО... Дојде време ќерко моја, да го запознаеш светот, онаков каков што не си помислувала дека е. Сега си во години кога илузиите се рушат, и кога се почесто ќе бидеш во ситуација да го работиш тоа што не го сакаш. Да се однесуваш како ништо да не си научила...да ги кршиш своите основни приципи како тенка стаклена чаша...бидејќи на друг начин нема да успееш. Задржи ги некаде длабоко во себе оние вистинските вредности...не дозволувај никој да те присили да ги заборавиш...бидејќи навистина многу малку ќе ги користиш. Овој свет тоа не го признава. Ќе дознаеш дека ништо не може да се реши како што сакаш...не постои лесен начин. Постојат многу патишта, искривени, иронично, но постојат само затоа што се единствено можни како опција. И плачи ќерко моја, ќе плачеш уште многу пати. Кога неправдата ќе се сруши на тебе, кога ќе мораш да постапиш онака како што си мислела дека никогаш нема да постапиш... И ќе си бидеш одвратна самата себеси, кога ќе се погледнеш во огледало...и ќе ја мразиш ова држава и овие луѓе...но со времето ќе зајакнеш. Влези во тој систем на безвредности, систем на лицемерие, интереси...но никогаш немој да го изгубиш она што го имаш во себе. Никогаш немој да станеш робот...и да одиш надвор од границите на својата свест. Не дозволувај алчноста и зависта да те заведат, никогаш не заборавај...не дозволувај желбата за матерјалното да те однесе таму каде што не треба. Никогаш не дозволувај да го уништат тоа што си ти. Како и да е, сите мораме да го поминеме патот и да дознаеме во каков свет навистина живееме, ќерко моја. И колку и да звучи лошо, со текот на времето ќе се навикнеш...и ќе ти стане сеедно, верувај ми на зборовите. и сосем нормално ќе го работиш она од што ти се лоши, што ти е грозно. Жал ми е што се мора да биде така...и што се ова ти паѓа тешко... Би сакал засекогаш да си она девојче со плетенки, кое не познава лоши зборови и дела. Би сакал да си уште под моето стаклено звоно, но не оди тоа така. Со секоја постапка ќе стануваш се појака и тоа е единствена добра страна на ова немилосрдност. Така ќе се изградиш себеси, ќе го зајакнеш својот карактер. А мене јави ми се, во секоја ситуација. Јас ќе ти помогнам колку можам...и жал ми е што јас морам да бидам тој кој ќе те запознае со реалноста. Немој да ме гледаш со други очи заради тоа, немој ни себе. Таков е светот. А ние мораме да се снаоѓаме за да опстанеме. Јас сум тука и секогаш ќе бидам тука. Само сега на малку подруг начин. Извор:факултети.мк Колку е проклето точно.
Еве зошто треба да го цените бракот! Кога стигнав дома таа вечер жена ми ја послужуваше вечерата, ја фатив за рака и реков, имам нешто да ти кажам. Седна и јадеше тивко. Повторно ја видов болката во нејзините очи. Одеднаш не знаев како да ја отворам мојата уста. Но, морав да и кажам на што мислев. Сакам развод. Ја отворив темата смирено. Таа како да не беше вознемирена од моите зборови, наместо тоа ме праша тивко, зошто? Го избегнав нејзиното прашање. Тоа ја налути. Таа ги фрли стапчињата за јадење и извика кон мене, Ти не си маж! Таа ноќ, не разговаравме еден со друг. Таа плачеше. Знаев дека сакаше да открие што се случило со нашиот брак. Но, јас едвај можеше да и дадам задоволителен одговор, таа го изгуби моето срце заради Јана. Јас не ја сакав повеќе. Само ја сожалував! Со длабоко чувство на вина, го подготвив договорот за развод, во кој беше наведено дека таа ќе ја добие нашата куќа, нашата кола и 30% од акциите на мојата компанија. Таа погледна во него и потоа го искина на парчиња. Жената која потроши десет години од својот живот со мене, ми стана туѓинец. Ми беше жал за нејзиното потрошено време, ресурси и енергија, но не можев да го вратам назад она што и го кажав, затоа што толку многу ја сакав Јана. Конечно таа заплака гласно пред мене, што беше она што очекував да го видам. За мене нејзиниот крик беше всушност еден вид на ослободување. Идејата за развод со која бев опседнат во последните неколку недели се чинеше дека сега е уште поцврста и појасна. Следниот ден, се вратив дома многу доцна и ја најдов како пишува нешто на масата. Не вечерав, веднаш си легнав и заспав многу брзо, бидејќи бев уморен по поминатиот ден со Јана. Кога се разбудив, таа сеуште седеше крај масата и пишуваше. Мене едноставно не ми беше грижа, па се завртив на другата страна и заспав повторно. Изутрината таа ги постави своите услови за развод: не сакаше ништо од мене, но бараше да помине еден месец пред разводот. Таа предложи во тој месец да се обидеме да живееме колку што е возможно понормален живот. Нејзините причини беа едноставни: нашиот син имаше испити по еден месец, а таа не сакаше да го попречи со нашиот срушен брак. Тоа беше прифатливо за мене. Но, таа бараше уште нешто, ме замоли да се присетам како ја однесов во нашата свадбена соба на денот на нашата венчавка. Таа бараше за времетраење на месецот да ја носам надвор од нашата спална соба до влезната врата, секое утро. Мислев дека полудува. Но за да ги направиме нашите последните денови заедно поподносливи јас го прифатив нејзиното чудно барање. И кажав на Јана за условите за развод на жена ми. Таа се насмеа гласно и мислеше дека тоа е апсурдно. Не е важно какви трикови ќе употреби, ќе мора да се соочи со разводот, рече со презир. Мојата жена и јас немавме телесен контакт уште откако мојата намера за развод беше експлицитно изразена. Кога ја изнесов првиот ден, ние двајцата бевме некако несмасни. Нашиот син ракоплескаше зад нас, тато ја држи мама во неговата прегратка. Неговите зборови ми предизвикаа чувство на болка. Од спалната соба до дневна соба, а потоа до вратата, изминав повеќе од десет метри, со неа во мојата прегратка. Таа ги затвори очите и рече тивко, не му кажувај на нашиот син за разводот. Кимнав со главата, со чувство на вознемиреност. Ја спуштив надвор од вратата. Таа замина да чека автобус за на работа. Јас возев сам до канцеларија. Вториот ден на двајцата ни беше полесно. Таа се потпре на моите гради. Можев да го почувствувам мирисот на нејзината блуза. Сфатив дека долго време не сум погледнал внимателно на оваа жена. Сфатив дека повеќе не е млада. Имаше брчки на лицето, косата и беше проседена! Нашиот брак го земал својот данок од неа. За една минута се прашував што сум направил со неа. На четвртиот ден, кога ја кренав почувствував враќање на интимноста. Ова беше жената што даде десет години од својот живот за мене. На петтиот и шестиот ден, сфатив дека нашето чувство на интимност растеше повторно. Јас не ни и кажував на Јана за ова. Како што изминуваше месецот стануваше се полесно да ја носам. Можеби секојдневниот тренинг ме направи посилен. Едно утро таа избираше што да облече. Проба неколку фустани, но не можеше да најде соодветен. Потоа воздивна, Сите мои фустани станаа преголеми. Одеднаш сфатив дека таа стана толку тенка, дека тоа е причината зошто ја носев се полесно. Одеднаш почувствував како удар ... таа имаше закопано толку многу болка и горчина во нејзиното срце. Несвесно ја подадов раката и ја допрев по главата. Нашиот син дојде во тој момент и рече: Тато, време е да ја изнесеш мама надвор. За него, гледањето како неговиот татко ја носи неговата мајка стана суштински дел од неговиот живот. Мојата сопруга со гестикулација му даде знак на нашиот син да се приближи и го прегрна цврсто. Го свртев моето лице на другата страна, бидејќи имав страв дека може да се предомислам во овој последен момент. Тогаш ја земав во моите раце, одејќи од спалната соба, преку дневна соба, до ходникот. Нејзината рака беше околу мојот врат нежно и природно. Ја држев цврсто, беше исто како на денот на нашата венчавка. Но, нејзината помала тежина ме растажи. На последниот ден, додека ја држев во моите раце јас едвај можев да направам чекор. Нашиот син отиде на училиште. Ја држев цврсто и реков: не забележав дека на нашиот живот му недостигаше интимност. Возев во канцеларија .... скокнав надвор од колата набрзина без да ја заклучам вратата. Ми беше страв дека секое одлагање ќе ме натера да се предомислам ... одев нагоре по скалите. Јана ја отвори вратата и реков, Жалам, Јана, не сакам повеќе развод. Ме погледна, вчудоневидено, а потоа ми го допре челото. Да не имаш треска? рече таа. Јас ја тргнав нејзината рака од мојата глава. Жал ми е Јана, реков, јас нема да се разведам. Мојот брачен живот беше здодевен веројатно затоа што таа и јас не ги ценевме деталите од нашите животи, не затоа што ние не се сакавме повеќе еден со друг. Сега сфаќам дека штом ја внесов во мојот дом на нашиот свадбен ден, би требало да ја задржам се додека смртта не не раздели. Се чинеше како Јана одеднаш да се разбуди. Ми удри силен шамар, а потоа ја тресна вратата и прсна во плач. Се симнав надолу и заминав. Во цвеќарницата на патот порачав букет цвеќе за мојата сопруга. Продавачката ме праша што да биде напишано на картичката. Се насмеав и напишав, Ќе те носам секое утро, се додека смртта не не раздели. Таа вечер стасав дома, со цвеќе во моите раце, со насмевка на моето лице, трчајки по скалите, само за да ја најдам жена ми во кревет мртва. Мојата сопруга се борела со ракот со месеци, додека јас бев толку зафатен со Јана што дури и не бев забележал. Знаеше дека ќе умре наскоро и сакаше да ме спаси од негативните реакции на нашиот син, во случај да продолжев со разводот. Барем во очите на нашиот син - Јас сум саканиот сопруг .... Малите детали од вашите животи се она што е навистина важно во врската. Не се работи за куќата, за автомобилот, имотот, парите во банка. Тие создаваат средина погодна за среќа, но не може да дадат среќа самите од себе. Затоа најдете време да бидете пријател на вашиот брачен другар и да ги направите оние мали нешта едни за други, кои ја градат интимноста. Имајте навистина среќен брак! Ако не го споделите ова, ништо нема да ви се случи. Ако го споделите, можеби ќе спасите нечиј брак. Многу од неуспесшните луѓе во животот, се оние кои не сфатиле колку блиску биле до успехот, кога се откажале. Непознат автор
[СДК] Сакам да кажам... Една девојка го прашува својот дечко : Дали си заљубен во мене? Тој и одговара: Не! Девојката го прашува : Дали мислиш дека сум убава ? Тој и одговара : Не ! Таа пак го прашува: Дали сум во твоето срце?Тој и одговара : Не! На крајот го прашува :Да те напуштам дали ке плакаш за мене? Тој и одговара: Не! Девојката ја наведнала главата многу тажно и сакала да си оди него. Тогаш тој ја прегрнува и и кажува: Јас не сум заљубен во тебе - ЈАС ТЕ САКАМ! Јас мислам дека не си убава- ЈАС МИСЛАМ ДЕКА СИ ПРЕКРАСНА! Ти не си во моето срце - ТИ СИ МОЕТО СРЦЕ! Јас не би плакал кога ке ме оставиш - БИ УМРЕЛ! Се познавале 6 месеци , пред да започнат врска. Се карале но тие кавги ги само зближувале уште повеке. Еден ден девојчето му кажала дека е болна од срце. Во моментот тој ја прегрнал и почнал да плаче. Кога требала да оди на операција,кога требала да влезе во авионот,тој не се поздравил со неа. Кога се вратила оправена после неколку денови не го нашла својот дечко.Ја запрашала мајка и каде е тој а таа и одговорила:“ ЗАР НЕ ЗНАЕШ КОЈ ТИ ДАДЕ СРЦЕ?! Луѓето со ладни раце имаат топли срца!