WELCOME TO THE 21ST CENTURY! Our Phones ~ Wireless! Cooking ~ Fireless! Cars ~ Keyless! Food ~ Fatless! Dress ~ Sleeveless! Youth ~ Jobless! Leaders ~ Shameless! Relationships ~ Meaningless! Attitude ~ Careless! Wives ~ Fearless! Feelings ~ Heartless! Education ~ Valueless! Children ~ Mannerless! Everything is becoming LESS But still, Our Hopes are ~ Endless.
- Мајка ми ме научи на религија. "Моли се на бога тоа да излезе од тепихот." - Мајка ми ме научи за основите на логиката. "Затоа што јас така реков, ете зошто." - Мајка ми ме научи за правилата на осмозата. "Затворија устата и јади ја супата." - Мајка ми ме научи за важноста на издржливоста. "Има да седиш тука додека не го изедеш целиот спанаќ." - Мајка ми ме научи за кругот на животот. "Јас те донесов на овој свет, јас можам и да те извадам од него." - Мајка ми ме научи за зависта. "Има милиони помалку среќни деца на светов, кои немаат родители како ти." - Мајка ми ме научи за медицината и функционирањето на човековото тело. "Ако не престанеш да ги вртиш очите, ќе ти останат такви." - Мајка ми ме научи за генетиката. "Ист си како татко ти." - Мајка ми ме научи за моето потекло. "Затвори ја вратата. Не си роден во штала!" - Мајка ми ме научи за мудроста. "Кога ќе бидеш на мои години, ќе разбереш." - Мајка ми ме научи како функционира правдата. "Еден ден и ти ќе имаш деца, и се надевам дека ќе излезат исти како тебе."
Извинете на фонтот Racete ti se tresat a srceto zabrzano ti cuka,a zdivot ti zastanuva?! -toa ne e ljubov, toa e dopaganje!! Nemozes da go trgnes pogledot ili racete od nea?! -toa ne e ljubov, toa e potreba!! Gord si na nea i sakas da ja pretstavis na site?! -toa ne e ljubov, toa e sreka!! Ja posakuvas zosto znaes taa e tuka kraj tebe?! -toa ne e ljubov toa e osamenost!! So nea si zosto taa te saka?! toa ne e ljubov, -toa e sozaluvanje!! So nea si zosto te baknuva i te drzi za raka?! -toa ne e ljubov toa e nesigurnost!! Srceto ti potskoknuva stom ja zdogledas?! -toa ne e ljubov, toa e strast!! I gi prostuvas site greski i se grizis za nea?! -toa ne e ljubov, toa e prijatelstvo!! Sekoj den i kazuvas deka taa e edinstvenata na koja mislis?! -toa ne e ljubov, toa e velikodusnost!! Srceto te boli i se vo tebe se rusi koga e tazna?! -da toa e ljubov!! Te privlekuvaat i drugi, no ti ostanuvas so nea bez tronka kaenje?! -da toa e ljubov!! Gi prifakas nejzinite mani zosto i tie se del od nea?! -da toa e ljubov!! So nea si zosto istovremeno cuvstvuvas sreka, bolka i uzivanje?! -da toa e ljubov Bi go dal zivotot za nea -da toa e LJUBOV.
Еден брод кој крстарел, го зафатила силна бура. Огромните бранови си поигрувале со него, како да е лушпа од орев. Патниците биле крајно вознемирени, а еден од патниците бил хистеричен. Вриштел на цел глас, плачел, трчал низ бродот и кукал над судбината, вознемирувајќи ги другите патници уште повеќе. Тогаш на палубата се појавил капетанот и им наредил на морнарите да му облечат сигурносен појас и да го фрлат в море хистеричниот патник. Неколку секунди морнарите го гледале уплашено, но ја извршиле наредбата. Човекот уште повеќе вриштел од морето, мафтал со рацете и барал помош. Капетанот наредил "Извлечете го на палуба!" Морнарите го извлекле и на големо чудо на сите патници, овој бил смирен, се стуткал во еден ќош занемен без да испушти глас. Помошникот збунет го прашал капетанот како знаел дека патникот ќе се смири на тој начин, а капетанот одговорил: Човекот е најглупав од сите живи суштества. Никогаш не знае колку бил среќен додека не се најде во полоша ситуација! Секој момент има убави и лоши страни, а како тоа ќе го гледате, зависи од вас!
Еден ден, богатиот татко го одвел својот син на прошетка кај едно сиромашно семејство, за да му покаже како живеат луѓето кои немаат многу пари.На враќање кон дома, таткото го запрашал синот што мисли за ова искуство, а синот му одговорил: - Ова беше многу убаво искуство татко. Научив дека ние имаме едно куче, они имаат четири. Ние имаме убав базен, но они имаат река. Ние имаме покрив, тие имаат небо со ѕвезди и месечнина. Ние имаме голема тераса со преубава градина, но тие имаат шума. Додека синот зборувал, таткото останал без здив слушајќи го што му зборува. Тогаш детето додало: Ти благодарам што ми покажа колку сме сиромашни! Кога го мериме она што го имаме, резултатот е нашето гледиште на животот. Ако имаме љубов, пријатели, здравје, смисла за хумор и позитивно мислење, имаме се во животот!
Мудра приказна Едно момче дошло кај познат мудрец со цел да го изигра. Момчето ги ставило рацете зад неговиот грб и го прашал мудрецот да му одговори на неговото прашање. "Дали врапчето кое го држи во раката е мртво или живо?" "Мртво" по кратко размислување одговорил мудрецот. Момчето се насмеало и ја отворил својата рака, од која врапчето летнало. "Гледаш ... не погоди", рече момчето. "Точно, не погодив, но ако ти кажев дека врапчето е живо ти ќе ја стегнеше раката и ќе го убиеше, но не сакав тоа да се случи па затоа кажав дека е мртво. Одговорот сепак се криеше во вашите раце.
емејството на едно момче од Индија, реши да го испрати својот син единец на студирање во друг град и го сместија во интернат. Пред да замине да живее одвоено од семејството момчето, имаше најдобар успех од сите негови соученици. Секогаш ги освојуваше првите месета на натпревари, секогаш ги добиваше најдобрите оценки, со еден збор тој беше најдобар. Но откако го напушти родниот град и татковиот дом тој целосно се промени. Оценките му беа многу слаби, не сакаше да се дружи, секогаш беше стуткан во некој агол, сосема сам. Еден период се чувствуваше толку депресивен што дури размислуваше и за самоубиство. Сето тоа бидејќи тој се мислеше дека безвреден и осамен. Неговите родители почна многу да ги загрижува состојбата на нивното дете. Па така таткото реши да го посети синот и да открие која е причината за драстичната промена. Таткото и синот седнаа на брегот на езерото во близина на училиштето. Загрижениот татко го започна разговорот со обични прашања за часовите за наставниците, за спортските активности. По некое време тој го праша синот: „Сине, знаеш ли зошто сум денеска тука?“ Синот одговорил: „За да провериш какви ми се оценките?“ „Не, не.Овде сум за да ти кажам дека ти си најважната личност во мојот живот. Сакам да бидеш среќен, не ми е грижа за твојот успех. Се грижам само за твојата среќа и радост. ТИ СИ МОЈОТ ЖИВОТ.“ одговори таткото. Овие зборови се врежаа длабоко во срцето и умот на момчето и му надојдоа солзи во очите. Двајцата се прегрнаа и долго време ништо не прозбореа. Сега момчето има се што сака. Повторно е најдобар ученик, опкружен е постојано со пријатели и никој не го видел повторнио натажен. Тој беше уверен дека постои некој кој би го дал светот само за него и кому тој му е се. Многу често ја потценуваме моќта на допирот, насмевката, прегратката, моќта на добриот збор на рамото за плачење и искрениот разговор. Но тие можат да ни го променат животот.
СТАРЕЦОТ И СРЕЌАТА Човек, стар 92 години, со гордо држење, добро облечен и избричен, кој станува секое утро во 8, со уредни исчешлана коса, денеска се сели во старечкиот дом. По смиреното чекање од неколку часа, се насмевнува кога му кажувате дека неговата соба е спремна. Неговата 70 годишна сопруга почина неодамна и затоа тој мора да се сели. Додека со количката го носам накај лифтот, му ја опишувам малечката соба. -Тоа е навистина убаво, ми вели со ентузијазам на малечко дете кога ќе добие поклон куче. -Господине, па вие сеуште не сте ја виделе вашата соба. -Тоа нема никаква врска, ми вели тој. Јас во сбоите мисли веќе одлучив дека мојата соба е убава. Тоа е одлука која ја носам секој ден кога ќе се разбудам. Среќата е нешто што го бираш однапред. Дали мојата соба е убава не зависи од мебелот или декорацијата. Зависи од тоа како јас ги забележувам работите. Јас сам избирам дали ќе останам цел ден во креветот и ќе си ги бројам деловите од телото, со кои имам проблеми или ќе станам и ќе му се заблагодарам на бога за тоа што сеуште ме служат. Секој ден е подарок за себе се додека можам да ги отварам очите и да го насочам својот поглед на новиот ден и се сеќавам на сите среќни моменти во мојот живот. Староста е како сметка во банка, земаш од неа колку ти е потребно. Значи мојот совет ти е на сметката да ставиш што повеќе среќа. За да бидеш навистина среќен потребно е: 1.Да го ослободиш своето срце од омраза. 2.Да се ослобдиш од сите грижи. 3.Да живееш едноставно. 4.Да пружаш многу. 5.Да не очекуваш премногу.
Силни жени и мажи – кукавици Имам жална вест за вас: Синдромот на балкански алфа мажјак не е во изумирање туку е сè почест, многу ми е жал, навистина! Си мислиш дека би требало да биде поинаку, ама не е. Од една страна ретко која жена знае вистински да се избори за рамноправност, иако во денешно време навистина ги имаме правата кои жените во минатото не ги уживале, но од друга страна, кога дирекно ќе се соочиш со човек кој го има овој синдром, едноставно губиш надеж за човештвото… Сите ние во фамилија си имаме барем еден чичко, вујко или познајник, кој не пропушта ни една прилика за да нагласи дека со право Бог прво го создал мажот, си мислиш човеков е многу религиозен, не бе луѓе, тој само цитира извадоци кои му одат во прилог. Порано дебатирав на вакви теми и искрено бев мошне успешна, но кренав раце, па која е целта да му го докажуваш спротивното од она што тој си го зацртал како единствено животно мото? Во ред, ако тоа го прави да се чувствува подобро за самиот себе. Самите си се правиме зависни од мажите, не целиме кон наша самостојност, му се покоруваме на тој глупав синдром на алфа мажјак и тераме по глупавата филозофија дека некој нас треба да нè издржува. А јас многу добро ја знам филозофијата на т.н. алфа мажјаци. Не се тие толкави мажи за да се спротистават на вистинските предизвици во животот, тие знаат да кренат раце на својата жена. Не се тие толку успешни и со некој посебен авторитет на работното место, па комплексите си ги лечат со понижувањето на нивните жени. Демек нигде не сум вистински газда, ама дома ќе бидам глава на семејството. Имало времиња кога жената немала можност гласно да го искаже своето мислење, но сега кога ние можеме, зошто не го правиме тоа? Сè ќе се смени кога искрениот одговор на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ нема да биде „Домаќинка“! Не мислам дека е грев да имаш деца и да си посветена на семејството, но грев е тоа да ти биде единствена преокупација кога можеш да бидеш многу повеќе. Да не заборавиме дека и во нашето општество постојат супер жени! Оние со одлична кариера, семејство кое го држат под контрола, тие се пријателки кои се секогаш тука за тебе и плус се запишале на факултет после 40-та година од животот бидејќи сега можат да си го дозволат и учат со задоволство. Тие жени се како инстант кафе 5 во 1, кое сè уште не е измислено, барем јас не сум чула. Знам, зашто во нив спаѓа и мајка ми, затоа никој никогаш нема да може да ме убеди дека е невозможно да најдеш баланс меѓу кариера и семејство. Мажите се кукавици, не се жените. Не сме ние плашливки и плачки, ние сме супериорни во мултитаскинг, болките кои жените ги поминуваат во животот за мажите би биле неиздржливи. Да не го забораваме ова и секогаш да се стремиме кон тоа да ги промениме работите на подобро. Мажите и жените се различни, и тоа е нормално, секој човек си е различен. Но жената не смее да биде потценета или обесправена само затоа што е жена. Факт е дека мажите се плашат од силни жени! Од жени кои се стремат кон рамноправност, кои се независни и храбри, бидејќи со овие жени тие нема да можат да си го хранат своето его доживувајќи ги нив како кревки суштества. Доколку не може да се носи со успешноста и независноста на една жена, дали тоа го прави припадник на ПОСИЛНИОТ пол или кукавица? Општеството ни е преполно со балкански алфа мажјаци кои во суштина се огромни кукавици. Вистинскиот маж не се истакнува себеси со понижување на жената! Жената на 21-от век треба да е силна, борбена, со изострено сетило за планирање на кариера и правење пари, со огромна креативност и многу амбиции за иднината. Жалосно е што во денешно време огромен е бројот на младите девојки чија примарна цел е да си најдат ситуиран и богат човек, девојки кои одат на факултет со цел да се мажат! Не сме ние слаби, предрасудите дека жените се припаднички на ПОСЛАБИОТ пол останале од минатото кога жената била третирана како роб на мажот. Жените се хероини и време е да почнат да се претставуваат како такви, а не како жртви! Со голема желба дека нашата генерација е носител на промени…
Зошто кучињата живеат пократко од луѓето? Како ветеринар ме повикаа да прегледам едно куче старо 10 години, кое се викаше Бак. Неговите стопани и нивното дете Марко, беа многу приврзани за кучето и се надеваа на чудо. Го прегледав Бак, и открив дека умира од рак. Беше пред умирање. Имаше уште неколку часови живот.Гледајќи го семејството како жали по кучето, ми го стегна грлото, но си помислив дали момчето Марко воопшто знае што се случува со неговото куче. Наскоро,кучето Бак мирно почина. А Марко изгледаше многу смирен, изгледаше дека многу лесно ја прифаќа смртта на кучето. Седнавме заедно некое време по смртта на Бак, и размислувавме гласно, зошто кучињата живеат пократко од луѓето. Марко,кој слушаше тивко, наеднаш извика, “Јас знам зошто.“ Наеднаш, сите се свртевме кон него. Следното што го кажа Марко ме запрепасти. Не сум слушнал подобро објаснување. Ми го промени начинот на размислување во животот. Тој рече „Луѓето се раѓаат за да научат како да живеат добар живот – како да ги сакаш сите и да бидеш фин, така?“ продолжи Марко, „Па, кучињата веќе знаат како да го прават тоа, па затоа не треба да живеат толку долго...“ Запомнете, од куче може да научите некои работи: - Кога саканите ќе пристигнат дома, секогаш истрчајте да ги пречекате. - Никогаш не пропуштајте прилика да одите на прошетка. - Секогаш уживајте во свежиот воздух и убавото сонце. - Дозволете си да дремнете. - Истегнете се пред да станете. - Трчајте, скокајте и играјте секојдневно. - Уживајте на тревата и под сенките во топлите денови. - Кога сте среќни, уживајте. - Бидете верни. - Никогаш не се преправајте да бидете нешто што не сте. - Ако тоа што го сакате е закопано,копајте ,додека не го пронајдете. - Ако некој имал лош ден, бидете тивки, седнете блиску, и галете ги нежно. - Бидете со оние кои ве исполнуваат, животот е прекраток за да бидете се освен среќни. Да паѓате доле е дел од ЖИВОТОТ... Да се научите да станувате е ЖИВЕЕЊЕ..
Вистинска приказна: Живеј го животот Неодамна, еден убав сончев ден враќајќи се од училиште една девојка го сменила правецот на патот кој водел до нејзиниот дом. Замислена бавно чекорела. За што размислувала? За иднината и за е она што се случувало околу неа. Одлучила да се упати кон езерото. Прошетките биле нејзината слабост. Водата, птиците, планините, со еден збор природата значеле нејзиниот живот, таму секогаш наоѓала мир. Кога чекала да ја премине улицата односно зеленото светло некој ја допрел за рамото. Кога го кренала погледот здогледала еден старец, имал околу 70 -тина години, се познавало неговото веќе уморно лице. Во својата десна рака носел кошничка во која имало 50 црвени рози. Старецот извадил една и со искрена насмевка и ја подарил на девојката велејќи и дека цвеќе е најубавиот подарок што може да го добие секоја девојка. Таа веднаш го сменила изразот на нејзиното лице, се насмевнала и ја прифатила розата заблагодарувајќи се. На семафорот се вклучило зелено светло, ја преминале улицата и се упатиле кон паркот, крај езерото. Таа кажала дека ги обожава цвеќињата и се восхитува на неговиот гест, а старецот одеднаш почнал да ја раскажува својата животна приказна. И раскажал дека неговата сопруга била најубавата жена што некогаш ја видел, дека многу ја сака, дека сè ќе направи за неа, дека ако и се случи нешто нема да може да си прости, дека ќе го даде својот живот за нејзиниот, дека розите всушност биле симбол на нивната љубов односно нивната 50 - годишнина. Девојката била трогната, да споменам таа не верувала во тоа дека некој може толку силно да сака некого, од тоа што дотогаш го имала видено мислела дека љубовта е минлива и не им верувала на припадниците на посилниот пол. Радосна на туѓата среќа со восхит го слушала. Кога старецот ја завршил својата животна приказна веселата девојка веќе ја немала таа ведрина и живост во себе, нејзиниот лик се променил, очите и се насолзиле, душата и била празна, чувствувала немоќност. Всушност тој бил упатен кон старите гробишта, да ги остави црвените рози на нејзиниот гроб. Да, неговата сопруга не била повеќе покрај него, таа млада заминала и го оставила сам, целиот живот тагувал преостанувајќи му да ја гледа нејзината слика и да се сеќава на убавите моменти со својата сопатничка. Живеј го животот! Живеј додека можеш ти да бидеш водичот во него, пронајди ја вистинската љубов, сакај и никогаш не престанувај да ја негуваш, не дозволувај да ја изгубиш, ќе сфатиш дека си погрешил, но веќе ќе е премногу доцна. Не откажувај се од ништо во животот, бори се за тоа што те влечи, што го сакаш, што те исполнува. Научи да се извиниш и признај кога грешиш, а исто така и да простиш. Радувај се на сопствената, но и на туѓата среќа. Биди оптимист во вистинската смисла на зборот, секогаш во главата имај позитивни мисли. Биди искрен и чесен. Живеј со ентузијазам! Се има своја вредност, цени ја и не потценувај никого. Едноставно, животот е еден, па затоа не испуштај ја шансата што ти ја дава.
Неговиот vs. нејзиниот дневник Нејзиниот дневник Во саботата вечер ми се причини нешто чуден. Се најдовме во кафулето и испивме по една пијачка. Помислив дека јас сум крива за тоа бидејќи цело попладне бев со пријателките во шопинг и малку задоцнив на состанок, но тој ништо не искоментира. Разговорот запнуваше, па му предложив да отидеме на некое поинтимно место каде што би можеле на мира да поразговараме. Отидовме во еден ресторан, но тој продолжи чудно да се однесува. Изгледаше како да е отсутен со духот. Се обидов да го расположам и почнав да размислувам дали сум јас крива што е таков или постои некоја друга причина. Се прашував што му е, а тој ми одговори дека тоа нема врска со мене. Одговорот не ми звучеше уверливо. Додека се враќавме дома со автомобилот, му реков дека многу го сакам, но тој ништо не одговори, само ја префрли раката преку моите раменици. Не знаев како да го објаснам неговото однесување бидејќи не ми возврати дека и тој мене ме сака, ниту пак било што рече, па уште повеќе се загрижив. Кога конечно стигнавме дома помислив дека сака да ме остави. Се обидов да го наведам на разговор, но тој го запали телевизорот и почна отсутно да го гледа програмот. Како да ми дава до знаење дека помеѓу нас е готово. На крајот се откажав и му реков дека ќе си легнам. Десетина минути подоцна дојде и тој и на мое изненадување одговори на моите милувања и почна да води љубов со мене. Но, и понатаму изгледаше занесено. Сакав да се соочи со ситуацијата, да разговарам со него што е можно побргу, но тој заспа. Почнав да плачам и плачев се додека не заспав. Веќе не знаев што треба да направам. Речиси сум сигурна дека мисли на некоја друга. Мојот живот е комплетна катастрофа. Неговиот дневник Денес играше репрезентацијата и изгуби. Но, барем јас се сексав.
Еден човек стар 92 години, со добро држење и горд, секое утро во осум часот бил облечен, со модерна фризура, совршено избричен. Toj иако бил сосема слеп, се вселил во дом за стари лица. Неговата седумдесет годишна жена неодамна починала и затоа се преселил во домот за стари лица. После неколку часа трпеливо чекање во ходникот на домот, пријатно се насмевнал кога му кажале дека собата му е подготвена. Додека одел кон лифтот, лицето за нега на старците му опишало како изгледа неговата соба. “Ми се допаѓа!”, му рекол со ентузијазам и без да ја види собата. “Господине вие сеуште не сте во својата соба, почекајте уште малку”, рекло лицето вработено во домот. “Тоа нема никаква врска”, одговорил старецот, додавајќи: “Среќата е нешто, за што одлучувате однапред. Дали ќе ми се допадне собата или не, не зависи од тоа како е распореден мебелот, туку како јас ќе ги распоредам своите мисли… Веќе одлучив дека ми се допаѓа. Тоа е одлука која ја носам секое утро кога ќе се разбудам. Јас имам избор: можам да го поминам денот лежејќи во кревет и броејќи ги тешкотиите кои ги имам со делови од телото кои веќе не ми функционираат или да станам од кревет среќен поради оние делови од моето тело кои сеуште функционираат. Секој ден е подарок и додека ми се отворени очите ќе мислам на секој нов ден и на сите среќни спомени кои сум ги доживеал. Староста е како банкарска сметка. Со неа го подигнувате она што сте го вложиле. Мој совет до вас е да вложувате многу среќа во банката на спомените.”
Белата и црната кутија Некогаш одамна, живеел некој многу сиромашен човек што имал само еден син со кој бил многу пиврзан. Го научил да чита и да пишyва, а во тоа време, ретки биле тие што знаеле да читаат и пишyваат. На денот пред да си умре, старецот го повикал синот и му дал две мали кутии – една бела и една врна, и му рекол: - За жал, синко, немам ништо друго да ти оставам освен овие две кyтии. Кога ќе ти биде многу тешко во животот, кога ќе мислиш дека повеќе не можеш да издржиш, отворија белата кyтија, а црната отвори ја тогаш кога ќе ти биде добро во животот. Младото момче достојно го испратило татка си, го спакувал она малку што го поседувал и тргнал по работа во белиот свет и во потрага по сопствената среќа. Работел секакви работи, спиел под отворено небо, но ништо не му останувало и никако не можел да се спастри на едно место. Со тек на време станал многу уморен и очаен. Го печело сонцето, го тресел студот, го носеле водите. Рацете му огрубеле, лицето му се наполнило со брчки. Не можејќи повеќе да издржи, решил да се убие. Легнал на земјата, ги склопил рацете да му се помоли на Бога, и тoгаш од под појасот, зашиени за пантолоните, ги осетил двете мали кyтии што му ги дал татко му и се потсетил на татковите зборови: „Кога ќе ти биде најтешко во животот и кога ќе мислиш дека повеќе не можеш да издржиш, отворија белата кyтија“. Ја отворил белата кyтија, и од неа, извадил оризова хартија на која пишувало: ОВА ЌЕ ПОМИНЕ! Момчето тогаш ја разбрало пораката. Се предомислил и прибрал со мислите, станал и тргнал кон најблискиот град. Таму, пред големите порти на градот, стоел насобран многу народ, многу луѓе кои не можеле да влезат внатре, бидејќи никој од нив не знаел да прочита што пишyва на вратата. Момчето се доближило до портата, ја прочитал на глас пораката и поминале. По него поминала и останатата група на луѓе. Неколку денови лyтал низ градот, барајќи работа, кога му пришол некој човек: - На мојот газда му треба писар. Селаните ми рекоа дека си знаел да читаш и да пишуваш. Така момчето добило работа како градски писар. Работело вредно и чесно, но многу напорно. Со тек на време станал познат и признат писар. Се стекнал со имот, се оженил со млада и убава девојка со која создал свое семејство. Станал навистина среќен човек. И тогаш се сетил на својот татко, и на двете кутии. Ја извадил црната кутија. Во неа, повторно ливче, со ракописот од татко му: И ова ќе помине! Писмо од родителите Драг/а сине/ќерко: Сега уште не сум остарен, а кога ќе ме видиш таков, биди трпелив со мене и пробај да ме разбереш. Ако се накапам додека јадам, и ако сам не можам да се облечам, биди трпелив со мене. Сети се на часовите кои ги имам потрошено додека јас те научив на сето ова. И ако во разговор повторувам исти работи повторно и повторно, немој да ме прекинуваш, слушај ме. Кога беше мал, морав исти работи да ти ги кажувам по сто пати. Ако не сакам да се мијам и капам, не ме исмејувај и не ме вреѓај, сети се како морав да те молам и убедувам за да те однесам во купатило. Кога ќе видиш дека не ја познавам новата технологија и не се снаоѓам, дај ми време и немој да ми се потсмеваш, бидејќи јас тебе те научив на многу работи: правилно да јадеш, правилно да се облекуваш и да се соочуваш со животот. Ако некогаш во разговор заборавам, или ја изгубам мислата, дај ми малку време да се присетам и ако не можам немој да ми се потсмеваш, зошто мене не ми е најважната работа на светот нашиот разговор, туку да бидам со тебе и да знаеш да ме слушаш. Ако не сакам да јадам, немој да ме присилуваш, сам знам кога ми е потребна храна. Кога старите нозе нема да можат да ме држат и нема да можам да одам, подај ми рака исто онака како кога јас тебе ти ја подавав раката кога прв пат проодуваше. И ако ти кажам дека не сакам да живеам, сакам да умрам, немој да ми се лутиш. Еден ден ќе ме разбереш. Еднаш ќе сфатиш дека сите мои грешки и строгост кон тебе, биле направени само затоа што сум ти сакал сè најдобро и да те подготвам за понатамошниот дел од животот. Не ме ожалостувај, не лути се и не се чувствувај беспомошно кога ќе ме гледаш таков покрај себе. Биди покрај мене и пробај да ме разбереш и помогни ми исто така како што јас ти помогнав кога почна да живееш. Биди ми потпора, помогни ми да го завршам ова патување со љубов и трпение. Јас ќе ти вратам со насмевка и неизмерна љубов како и секогаш. Те сакам сине/ќерко.
Пивото ги претвора мажите во жени? Минатиот месец, истражувачите од универзитетот во Глазгов, ги објавија резултатите од студијата која го докажа постоењето на женските хормони во пивото. Тие ги предупредија мажите дека треба повеќе да внимаваат на количината на пиво која ја консумираат. Теоријата е дека пивото содржи женски хормони и ако доволно се испие, овие хормони би можеле да ги претворат мажите во жени. За да ја тестираат теоријата, 100 мажи требало да испијат по 10 кригли во рок од 2 часа. По ова секој од учесниците ги покажал истите симптоми: - Почнале да се расправаат за ништо - Одбивале да се извинат кога очигледно не биле во право - Се здебелиле - Цело време збореле, притоа немајќи никаква логика - Станале премногу емоционални - Не знаеле да возат - Не можеле да размислуваат рационално - Морале да седат за мала нужда
ПОГОВОРКИ ЗА БРАКОТ! Еднаш еден човек рече: Не знаев што значи среќа се додека не се оженив и тогаш веќе беше предоцна! Љубовта е еден долг сладок сон, а бракот е алармот. Речено е дека кога маж ја држи раката на една жена пред брак, тоа е љубов, после стапувњето во брак, тоа е самоодбрана. Кога штотуку оженет човек изгледа среќно, знаеме зошто. Но кога човек што е веќе 10 години во брак изгледа среќно, се прашуваме зошто? Си беше еднашка еден човек кој велеше дека ќе помине низ пеколот за љубената, Се ожени и сега поминува низ него. Кукавица е херој со жена, деца и хипотека. – Марвин Китман Џентлмен е оној кој никогаш не се колне во жена му, додека има присутни жени околу него. Мажот е жив доказ дека жената може да свати шала. Маж е тоа што ќе остане од љубовникот од кога нервите ќе му се истрошат.
Некогаш одамна живеела една тажна девојка…. - A зошто била тажна? - Полека, не прекинувај ме, се ќе ти раскажам. Затоа што била осамена. - Зарем немала ниту мајка? - Немала никој што ќе ја сака многу, најмногу на светот. Седела таа тажна девојка на брегот од морето, кога ја видел Господ и се сожалил на неа. Бидејќи таа си играла со камчиња, тој одлучил едно од камчињата да го претвори во камен на среќата. Одненадеж, камчето во нејзината рака засветило силно, посилно од било кој дијамант.. - A таа што направила? - Најпрвин силно се израдувала, но помислила: можеби има уште многу вакви магични камчиња на плажава, па внимателно го оставила камчето на песокот и тргнала по брегот да бара друго такво. - И после? - Одела долго, се стемнило, па таа сфатила дека каменот бил само еден и правен само за неа, па побрзала да се врати назад но веќе не можела да го најде. - A утредента, кога било дење, зарем ниту тогаш не го нашлаa? - Не, морето го однесло со себеси.Во малите очи се собираат солзи. Бајката треба среќно да заврши, што е ова? - A зошто морето го однело камчето кога било за нега? - Затоа што не била доволно внимателна. Господ и ја спуштил среќата во рацете, а таа не знаела да ја задржи. Се полакомила и сакала уште. Но тука не е крајот на бајката. Морето го чува тоа камче на среќа и ќе го исфрли пред некоја друга девојка која ќе го заслужи и која ќе знае како да го сочува. - Мене сепак ми е жал за онаа девојката што го изгубила – вели поспаното гласче. - И мене. - Што се случило со неа потоа? - Не знам. Не е ни важно, само ти убаво спиј – и велам и го гаснам светлото. А пред да ја затворам вратата тивко го кажувам крајот на приказната: Таа девојка, сега жена, се уште оди често на истиот брег и го моли морето да и го врати нејзиниот камен. Верува дека еден ден навистина ќе и го врати. Ќе има уште знам. Погрешни избори. Можеби и погрешни одлуки. Но едно е најважно: Горда сум на себеси. Единствена. Тврдоглава. Своја. Велат: посебна… Но секогаш насмеана. Иако со тажни очи. Сепак насмеана.
Тој беше голем маж, со силен глас и одлучни движења. Таа беше нежна и чувствителна. Се земаа. Тој се трудеше ништо да не и недостасува, а таа внимаваше на куќата и ги одгледуваше децата. Децата растеа, се оженија и омажија, па појдоа по својот животен пат... вообичаена приказна. Кога сите деца беа згрижени, жената почувствува некоја тага, сè повеќе слабееше и пропаѓаше. Бидејќи веќе не земаше храна, падна во постела. Нејзиниот маж беше загрижен и ја однесе во болница. Околу неа се трудеа сите лекари и познати специјалисти, но не можеа да ја пронајдат причината на болеста. Само ги креваа рамениците и мрмореа: Хм..хм... На крајот еден од нив го повикал нејзиниот маж и му шепнал: „Јас би рекол дека вашата сопруга... едноставно нема повеќе воља за живот.“ Човекот ништо не одговорил. Седнал на креветот и ја земал жената за рака.... нејзината рака се изгубила во неговата оргомна дланка. Ја погледнал и со длабок и одлучен глас и рекол: - Ти нема да умреш! - Зошто? Го запрашала таа едвај чујно. - Затоа што ми требаш! - А зошто тоа не ми го кажа порано? Немојте никогаш да чекате утре за некому да му кажете дека го сакате. Кажете го тоа веднаш. Немојте да речете: „Мојата мајка, мојот син, мојата жена... тие тоа веќе и онака го знаат.“ Можеби го знаат, но никогаш никој не се уморил слушајќи ја саканата личност како тоа и го повторува. Не гледајте во часовниот, земете го телефонот и кажете: „Јас сум, само сакам да ти кажам дека те сакам.“ Стиснете ја раката на личноста која ја сакате и кажете и: „Ми требаш! Те сакам...те сакам....“
Таткото се враќа од работа и го гледа својот шестгодишен син застанат пред влезната врата, се поздравиле и малиот рекол: - Тато, смеам ли да те прашам нешто? - Да, секако, кажи...- рекол таткото. - Тато, а ти колку заработуваш на час? - А, што тебе те интересира тоа - дури налутено рекол таткото. - Само сакав да знам, те молам тато, одговори ми! Откако таткото конечно му кажал на синот дека заработува 50 долари на час, малечкиот ја спуштил тажно главата. Но, пак го погледнал татко му и прашал: - Тато, те молам, можеш ли да ми позајмиш 25 долари? Татко му веќе бесен, почнал да вика дека ако таа била причината што го чека пред врата, треба да се засрами, да бара пари за неговите детски глупости, зар тој работи напорно секој ден за детски лудории и играчки.... Го испратил синот право во соба и му рекол да размисли малку за неговото себично однесување. Момчето тивко, без збор заминало во собата. Таткото продолжил налутено да коментира и да се чуди на денешните деца. По некое време, се качил во соба и прашал, сега веќе посмирено: - Да не заспа сине? - Не тато, буден сум... - одговорило момчето. - Извини, можеби бев престрог кон тебе. - За што конкретно ти требаа тие 25 долари? Не е важно, еве земи! - и му ги подал парите на детето. - Многу ти благодарам тато! - Пресреќен извикал синот и со раката извадил купче згужвани банкноти од под перницата. Сега веќе татко му пак се налутил зошто бара пари кога веќе има и повеќе од доволно за толку мало дете. - Не, немав доволно тато! - рекол синот. Сега имам точно 50 долари. Може ли да купам еден час од твоето време, тато? Те молам, дојди си утре порано, сакам да вечераме заедно! Што направил потоа таткото - претпоставете сами. Сами завршете ја приказнава онака како што мислите дека треба да заврши, но не заборавајте: Ако умреме утре, компаниите за кои работиме лесно ќе нè заменат. Но, на семејството и на пријателите кои ќе останат зад нас, ќе им недостасуваме до крајот на животот!
На брегот на една река седеле три угледни жени. Седејќи во природата, тие се восхитувале на убавината на своите раце. Сите три имале бели, нежни и негувани раце. Меѓусебно се прашувале чии раце се најубави? На патот минувала една гладна старица. Таа љубезно ги замолила да и дадат нешто да касне. Но попусто. Тие не ја слушале. Убавината на нивните раце за нив била поважна од молбата на гладната баба Тие побарале од неа таа да пресуди. Но таа си го продолжила патот трагајќи по корка леб. Нејзината мака била разбрана од една селанка, која седела на брегот, сиромашна, работлива жена. Да, нејзината кожа не е бела, туку истоштена, поцрнета и збрчкана од сонцето кое секојдневно ја пече додека работи на својата нива. - Земи, мајче! Немам многу, но земи ја половината од мојот леб. Старицата каснала малку, а потоа се вратила кај трите жени. Застанала годро пред нив и гласно викнала: Рацете на селанката такви црни, отечени испукани што ме нахранија се најубавите раце што некоја жена може да ги има, а не вашите мази и средени кои немаат направено ни едно добро дело. Убави се нежните и негувани раце, но 1000 пати поубави се чесните и вредни раце. Тие даваат храна,тие помагаат, тие ја бришат солената пот од челото. Од солената пот и од стегањето на мотиката тие се така рапави и избраздени. Но кријат друга убавина. Впрочем убавината на еден човек не е во рацете, во надворешниот изглед. Таа спие во срцето на душата на човекот.