http://www.youtube.com/watch?v=aiAhaBB3 ... re=related ............. еве линк од најубавиот текст ....
Не за џабе се рекло "Да бараш љубов со разум е како да го бараш сонцето со фенер".Потполно се согласувам!
Текстов дури сега го видов..навистина е преубав.И така е, каде има вистинска и искрена ЉУБОВ секогаш има и лудост.. Затоа и постојат изјавите од типот..Те сакам лудо или Лудо сум вљубен/а во тебе итн.
Љубов, тага, болка, презир... неколку емоции измешани давајќи една специфична слика совршено јасна од една страна, а од друга толку нејасна. Како скапоцена слика на уметник кој со своите бои и четкички создал една совршена целина, апстрактна фигура, разбирливо само за оние со префинет вкус, кој си допуштаат на момент да избегаат од грубоста на суровата реалност и да уживаат во благодетите на својата фантазија, како единствен начин да забораваат на својот духовен бол. Овие луѓе го прифатиле ризикот играјќи ја љубовната игра, составена од интриги, во која сега беа изгубиле. Подобро би било да изгубеле на руски рулет, или можеби побезболно. Смртта е брза и едноставна. Тешко е да си физички присутен , додека болката емотивно и психички те убива. Што беа згрешиле тие та Бога ги казни без душа да живеат? Можеби им биле помалку симпатични на ангелите? Што беа направиле поразлично од оние стари двојки во својата младост кои сега изнемоштени, но среќни заедно чекореа по улицата, по која јас сега одам сама и им се восхитувам. И повторно си велам да напишам крај на овој мој монолог бидејќи можам вечно да поставувам прашања на кои неможам да им најдам соодветен одгвоговор. Воодушевена , истовремено огорчена. Збунета и лута на судбината што си поигрува со младите срца. Иронично, како аматери во оваа љубовна игра, се здобивме со толку искуство, што сме презаситени и се откажуваме. Зарем мора ли судбината да не преплашува и искушува на самиот почеток? ..
Ќе го ставам ова писмово овде, зошто сепак е текст, а ако мислат администраторите дека треба да има посебна тема со писма слободно нека го префрлат.Се двоумев дали да отворам нова тема ''Писма'', ама ете овде ќе го постирам. Извадок од книга од српски го преведов на македонски Најдрага моја Али, Не знам повеќе што да ти кажам освен дека синоќа не можев да заспијам затоа што знаев дека е готово помеѓу нас. Тоа е посебно чувство за мене,чувство кое не го очекував, но гледајќи на назад претпоставувам дека не можеше да заврши на друг начин. Ти и јас сме различни.Потекнуваме од различни светови, а сепак ти беше таа која што ме научи колку е вредна љубовта. Ми покажа како изгледа да сакаш некого, и јас поради тоа сум подобар човек.Не сакам ова никогаш да го заборавиш. Не сум огорчен заради тоа што се деси.Напротив.Сигурен сум затоа што знам дека она што го доживеавме беше право, и среќен сум што имавме прилика да се споиме макар и на краток временски период. И, ако некаде далеку во иднината, се сретнеме во нашите нови животи,ќе ти се насмевнам со радост, и ќе се сетам какво лето поминавме покрај дрвјата,учејќи еден од друг и се повеќе се заљубувавме. И можеби за еден кратки момент, и те ќе почувствуваш, и ќе ми вратиш со насмевка насладувајќи се на сеќавањата кои засекогаш ќе ги делиме. Те сакам,Али Ноа
ТИМСКА РАБОТА Ова е приказна за четворица луѓе по име СЕКОЈ;БИЛОКОЈ,НИКОЈ И НЕКОЈ.Требаше да се заврши една многу важна работа и СЕКОЈ беше сигурен дека НЕКОЈ ќе го стори тоа.БИЛОКОЈ можеше да ја заврши работата,а НИКОЈ не се нафати. Затоа НЕКОЈ се налути,бидејќи тоа беше работа на СЕКОЈ. СЕКОЈ мислеше дека БИЛОКОЈ ќе ја заврши работата,но НИКОЈ не сфати дека СЕКОЈ нема да го стори тоа.Се заврши така што СЕКОЈ го обвини НЕКОЈ дека НИКОЈ не го стори тоа што требаше да го стори БИЛОКОЈ. хахха,текстов ме изнасмеа,стварно е добар
Би сакала да споделам со вас еден преубав текст кој што многу ми се допадна, а можно е и Анфеитфул претоа да го има постирано, . Како и да е, да се потсетиме на истиот. "Еден ден, се појави една мала дупка во школката. Човекот седеше и гледаше како пеперутката неколку часа се мачи да го провлече своето слабо тело преку таа мала дупка. Тогаш пеперутката застана. Се чинеше дека не може да продолжи.Човекот реши да им помогне на пеперутката:зеде нож и ја отвори школката. Пеперутката излезе веднаш надвор со леснотија. Но,имаше слабо тело и нежни крилца. Човекот продолжи да ја гледа, очекувајќи дека секој момент ќе ги отвори крилата и ќе полета.Сепак, ништо не се случи! Пеперутката го помина целиот свој живот ползејќи наоколу со своето слабо тело и неразвиени крилја. Никогаш не летна.Човекот и покрај неговата љубезност и добрите намери, не разбрал дека тешкотиите низ кои пеперутка морала да помине,излегвајќи од капсулата,ги измислил Бог да крвта од телото на пеперутката дојде во крилјата и штом ќе се ослободи од капсулата да е подготвена да лета. Понекогаш тешкотиите се она што ни е потребно во животот ... Ако Бог нас не ослободи од сите пречки,Тој би не осакатил. Никогаш не би станале онолку силни колку што можеме да бидеме.Ние никогаш не би можеле да летаме..."
Anglece браво за текстот ......некако ме натера да размислувам ..... Пречките и тешкотиите се тоа што во животот не прави силни , а доколку не би биле тие пречки едноставно не би знаеле што е убаво, како што и пеперутката никогаш не успеала да летне
Еден човек се враќа дома од работа, доцна, уморен и нервозен, и го наоѓа својот петгодишен СИН како го чека на врата. СИНОТ: Тато, смеам ли нешто да те прашам?' ТАТКОТО: Да, секако, кажи што е? СИНОТ: Тато, колку заработуваш за еден час? ТАТКОТО: Тоа да не те интересира. Зошто ме прашуваш? -рече со гнев. СИНОТ: Само сакав да знам. Те молам, кажи ми, колку заработуваш за еден час? ТАТКОТО: Ако навистина сакаш да знаеш, заработувам $50 за еден час. СИНОТ: Ох, (детето одговара со спуштена глава.) СИНОТ: Тато, те молам, ќе мозеш ли да ми позајмиш $25?' Таткото збесна “Ако единствената причина поради која бараш да ти позајмам 25 долари е да купиш некаква играчка или слична глупост, тогаш веднаш да си одиш во собата и да размислиш зошто си толку себичен. Па не работам јас секој ден за твоите детинарии!” Детето тивко се повлече во собата и ја затвори вратата. Човекот седнал, овој пат уште повеке збеснат заради прашањето на детето... “Како се осмелува да поставува такви прашања само за да добие пари?” По околу еден час, малку се смирил па си рекол: Можеби навистина му се потребни тие 25 долари... моето дете ретко бара пари... Па се упатил во собата на синот и ја отворил вратата. “Спиеш ли сине?” - го праша. “Не, тато, буден сум” - одговори детето. “Знаеш, размислував... можеби пред малку бев престрог. Имав тежок ден и се истурив на тебе. Еве ти 25 долари како што ми побара.” Детето се исправи во постелата, насмевнувајќи се. “Ох, ти благодарам, тато!” - извика. Потоа, посегна под перницата и извади едно купче стуткани банкноти. Кога таткото виде дека детето има други пари, повторно почна да се лути и гневи во себе. Детето полека си ги изброја своите пари и го погледна татка си. “Зошто бараше уште пари, кога веќе имаш?” - пламна таткото. “Затоа што немав доволно, а сега имам.” - одговори детето. “Тато, сега имам 50 долари. Ќе можам ли да купам еден час од твоето време? Те молам, дојди си утре порано. Сакам да вечерам со тебе." Таткото беше скршен. Го гушна своето чедо и го молеше за прошка. Еден ден или Сега? Мојот пријател отвори една од кутиите кои и припаѓаа на неговата жена. Извади една кеса завиткана во хартија и рече: “Ова не е било што, ова е нешто специјално“. Ја одвитка кесата од хартијата и длабоко се загледа во прекрасниот фустан од свила кој беше во неа. Таа го купи фустанот, кога прва пат бевме во Њу Јорк пред осум години. Никогаш не го употреби. Го чуваше за некој “специјален момент“. “Добро... јас мислам дека сега е погоден момент за тоа.“ Се доближи до креветот и го остави фустанот покрај другата гардероба, што ќе ја има таа на погребот. Неговата жена починала. Се сврте кон мене и ми рече: “Не чувај никогаш ништо за некои специјални моменти, секој ден во твојот живот е специјален.“ Сеуште мислам на неговите зборови...тие го променија мојот живот. Јас читам повеќе, чистам помалку. Јас седам на тераса и уживам во пејзажот, и не ми сметаат лисјето во дворот. Јас поминувам повеќе време со најблиските, одколку на работа. Сфатив дека животот е всушност една целина исполнета со задоволства, а не курс за прежививање. Јас не чувам повеќе ништо. Јас ги употребувам моите кристални чаши секој ден. Јас ако сакам го облекувам моето ново сако кога одам во супермаркет. Јас не го чувам мојот најдобар парфем за специјални излегувања. Фразите “еден ден“ или “еден од овие денови“ скоро изчезнаа од мојот речник. Ако е нешто вредно да се види, работи или слушне, тогаш јас сакам тоа да го видам, работам или слушнам СЕГА. Јас не сум сигурен што би направила жената на мојот пријател, да знаела дека нема да биде овде утре. Јас мислам дека таа би била повеќе во контакт со нејзината фамилија, со нејзините најблиски пријатели. Таа можеби би им се јавила на своите стари пријатели и би ги замолила за прошка за некои неспоразуми, и би се помирила со нив. Верувам дека таа би отиднала да јаде во кинески ресторан, тоа е нејзината најомилена храна. Ми смета кога не би им се јавил на пријателите, на кои “еден ден“ би планирал да им се јавам. Ми смета и ме растжува кога не би им рекол на моите родители и пријатели дека ги сакам. Сега се трудам да не задоцнам и секој ден си кажувам на себеси дека секој ден е специјален, секој час, секоја минута... е специјална.