Леле Драко ова со таткото и синот многу ме натажи.Децата се секогаш тие што се најискрени.Многу ми се допадна текстов
Пред некој ден го прочитав текстот,може повекето од вас да го знаат бидејќи беше постиран на една убава страница на фејсбук,сепак ке го споделам со вас и за оние што го немаат прочитано. Еднаш во една гора имало три дрвја и секое од нив си имало свои планови и мечти. Првото дрво сакало да се удостои да стане еден ден скапоцен сандак- прекрасно изработен, со резби, и во него да се чуваат скапоцени работи. Второто дрво посакувало да падне во раце на добар мајстор за кораби и да стане голем кораб, со прекрасен облик, величествен, кои ќе превезува цареви и великодостоинственици со кои ќе патуваат луѓе на високои позиции. Третото дрво велело, дека многу сака само да стане највисокото и најсилното дрво во гората, така што луѓето кои што гледаат високо кон неговиот врв, да се чудат и да си мислат за небото и Бога. Така минале години и работите се развиле сосема поинаку. Отишле дрвари во гората. Го исекле првото дрво. И додека тоа жаднеело да стане сандак за скапоцености, дрводелецот направил сад за храна – јасли за сено на животните. Од второто дрво кое мечтаело да стане прекрасен кораб, кој ќе превезува цареви, направиле мало рибарско кајче, кое сиромашните рибари го користеле, за да ловат риба. А,третото дрво кое сакало да стане највисоко во гората, го исекле и го оставиле во складот на дрводелецот. И пак, минале години. Дрвјата, нажалени од развојот на нештата, ги заборавиле своите мечти. Еден ден еден маж и една жена дошле во шталата, каде што се наоѓало дрвеното корито – јасли со сено, и таму жената родила Младенец, и го положиле во јаслите кои биле направени од првото дрво. Тоа биле блажениот Јосиф и пресвета Богородица. Во тие дрвени јасли не положиле просто злато или дијаманти, туку Самиот Бог. Така тоа корито за хранење – јасли, се удостои да го прими во себе Богатството на богатствата – Самиот Бог! Во малото рибарско кајче, направено од второто дрво, по извесно време се качиле рибари и Еден од нив изморен, легнал да спие. Излегле со кајчето на отворено море. Настанала голема бура и невреме. Рибарското кајче не било доволно јако за да издржи невремето. Тогаш сите останати го разбудиле Оној, Кој што спиел. Тој станал и му заповедал на разбранетото море: “Молкни! Престани!” Морето веднаш се смирило. Тоа бил Христос во Генисаретското Езеро, заедно со учениците. Така второто дрво кое имало амбиција да стане гоелм кораб и да превезува цареви и великани, се удостоило да го превезува Царот на царевите, Самиот Христос со Неговите ученици. А пак третото дрво, кое се наоѓало во складот на дрводелецот, еден ден било земено и од него направиле крст. На тој крст го распнале Христа. Така дрвото станало многу повисоко отколку што можело да посака. Стигнало до небесата и до Бога. Се изедначило со небото. Всушност конечно, секое од дрвата во оваа приказна, го достигнало не само она кое го посакувало, туку и несразмено повеќе, иако не токму онака како што си го претставувало. Оваа приказна ни говори за следното: Ние не знаеме каква е Божјата волја за нас. Треба да имаме мечти, желби. За добро. Но, не треба да заборавиме, дека некои нешта не секогаш се развиваат, како што ние сакаме. Но, Бог ги прави нив подобри отколку што ние сакаме и си ги претставуваме.
Преубав и вистинит текст,сосема точно дека работите не се одвиваат како што ние сакаме,ние немаме целосна контрола на сите нешта во животот,имаме само мал дел од нашето делување врз работите,но останатото е на судбината токму затоа не секогаш се остваруваат нашите желби,треба да се има желба,но истовремено да се знае дека постои можност за нејзино неостварување.Текстот го немам никаде прочитано,но истото мислење го имам од одамна,кое ми стана јасно за сето тоа што е напишано во заклучокот од текстот.
Мило ми е што ви се допадна,стварно е преубав текстот,посебно заклучокот што може да се извлече од него,дека навистина не ни се остваруваат желбите одма,но може навистина Господ ни дава повеќе од тоа што бараме,или како што вели другарка ми Господ може забавува ама не заборава
прекрасни текстови првиот ме растажи, вториот ми даде поука дека може да нема утре живеј го животот како денот да ти е последен, а третиот ми даде до знање односно само го потврди старото правило надежта поскледна умира а желбите треба да се посакуваат.
Оваа е текст што го најдов одамна на интернет. Си била една група на жаби кои живееле во мочуриштето покрај една висока кула. Тие еден ден решиле да се натпреваруваат која ќе се искачи на високата кула. Се насобрале доста гледачи. И натпреварот почнал. Арно ама, никој од присутните не верувал дека некоја жаба ќе успее да се искачи на врвот од кулата. Цело време вртеле со главите и зборувале: "Леле тоа е многу напорно,никогаш нема да успеат!" или "Нема да успеат кулата е многу висока!" И навистина, една по една жабите почнале да заостануваат, да се откажуваат......освен една, која брзо лазела, се качувала се повисоко и повисоко. Гледачите повторно почнале да викаат: "Тоа е многу напорно! Не е можно толку високо да се искачи!" Но жабата упорно одела напред...и воопшто не покажувала знаци дека ќе се предаде! На крај упорната жаба се искачила на врвот од кулата! Останатите жаби како и гледачите сакале да дознаат како успеала баш таа да го стори тоа што другите не можеле да го направат. Еден од гледачите се приближил до жабата за да ја праша како успеала да се искачи на врвот и што ја мотивирало за да успее. Жабата само го гледала. Кога ја прашал повторно и повторно, а таа само гледала, дури тогаш се дознало дека всушност жабата - победник е ГЛУВА!!! Драги пријатели, едноставно бидете "глуви" за секој оној кој ќе ви рече дека не знаете или не можете да ги остварите своите цели и соништа! И секогаш мислете на силината на зборот, затоа што се она што ќе го слушнете или прочитате влијае на вашите дела.
за последниве текстови ....... ме воодушевија прекрасни заклучоци за кои сме свесни но не доволно паметни да ги употребиме, а последниов текст ми даде знаење дека најдобро е во некои моменти да бидеме глуви ако сакаме да успееме во животот зошто зречиси секогаш лугето се тие што ни одмагаат да успееме
Во една плодна долина под Андите живееше едно мирољубиво племе. Еден ден група на разбојници, која имаше свое засолниште некаде високо во планините, го нападна селото. Во пленот што го украдоа од селото се најде и едно малечко дете кое го поведоа со себе во планината. Луѓето од долината не знаеа како да дојдат до момчето. Низ карпестите планини не постоеше ни козја патека, а немаше никаков траг. Сепак, пратија една група составена од најдобрите воини во селото да го побараат детето и да го вратат во селото. Луѓето пробуваа, се качуваа по левата, па по десната страна на планината, се спуштаа по стрмоглавите кањони, пребаруваа по густите шуми... Но, ни по неколку дена макотрпно барање, не успеаа да најдат ништо. Заклучувајќи дека се немоќни да направат нешто и дека целиот труд што го вложуваат е залуден, одлучија да се вратат во селото. Наеднаш ја здогледаа мајката на момчето како се симнува од планината низ која тие не можеа да најдат ништо. На грбот, во вреќа, жената го носеше детенцето живо и здраво. Еден од луѓето од групата ја поздрави и ѝ рече: „Ние сме најјаките луѓе во селото, а не можевме да се справиме со планината. Како ти успеа тебе“? Жената ги собра рамениците и мирно им одговори: „Не беше тоа ваше дете“! Четири свеќи полека гореле. Во тишината се слушал нивниот разговор. Првата свеќа рекла: „Јас сум МИР ... луѓето не успеваат да ме сочуваат ... нема потреба да горам понатака ... мислам дека ќе се угасам“ и веднаш се угасила. Втората свеќа рекла: „Јас сум ВЕРА ... за жал многу луѓе имаат само површна вера и јас не ги интересирам ... нема смисла да горам понатаму ...“ Само што ги изрекла овие зборови, дувнало ветерче и свеќата се угасила. Третата свеќа жално проговорила: „Јас сум ЉУБОВ ... немам повеќе сила ... луѓето често забораваат на мене ... “ и истиот момент се угасила. По кратко време во собата влегло дете: „Што е ова ... “? запрашало детето. „Требаше да горите до крај“ и почнало да плаче. Тогаш се огласила четвртата свеќа: „Не плаши се ... додека јас горам ќе може да ги запалиме повторно сите свеќи ... јас сум НАДЕЖ“.
Еве една прекрасна приказна, полна со многу длабока вистина: Си беше едно дете кое требаше да дојде на свет. Детето беше многу загрижено заради непознатиот свет во кој требаше да се роди. Еден ден реши да го запраша Бога: -Господе ми рече дека утре ќе ме испратиш на светот, но јас сум толку мал и немоќен, како ќе живеам таму? -Бог му одговори на детето: Немој да се грижиш, определив еден ангел кој ќе се грижи за тебе. Тој ќе те пречека, ќе те чува и ќе те научи на се што е потребно. Секој ден ќе ти пее и ќе ти се смее. Така што постојано ќе ја чувствуваш неговата љубов и ќе бидеш среќен. -Добро, а како ќе разберам кога нешто ќе ми кажат луѓето, кога јас не го знам нивниот јазик? запраша детето. -Твојот ангел ќе ти ги кажува најубавите и најслатките зборови што можат да се слушнат на земјата и тој нежно и со многу љубов ќе те научи да зборуваш на нивниот јазик. -Детето загрижено продолжи со прашањата: Слушнав дека на земјата има и многу лоши луѓе и опасности, кој ќе ме штити од нив? -Бог се насмевна и рече: Ангелот ќе те заштитува од секакво зло, па макар и по цена на својот живот. -Детето го погледна Бога и со расплакано гласче рече: Но јас сум многу тажен што никогаш повеќе нема да те видам. На тоа Бог му одговори: Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе те научи на патиштата кои водат до мене. Тогаш во рајот се прекина тишината и гласовите од земјата допреа до детето. Тоа сфати дека мора да оди и го постави последното прашање: Господе нешто морам да знам, кажи ми како се вика мојот ангел? Господ му одговори со голема насмевка: Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА
Еден ден во паркот една мајка седна на клупа, на која веќе седеше еден татко. -Она е мојот син, рече таа покажувајки на малото момче во црвен џемпер, кое се лизгаше на лизгалката. -Убаво момче, одговори човекот. Она онаму во белиот фустан е мојата ќерка. Тогаш погледнувајки на саатот ја повика ќерка си: Ајде, што велиш да одиме? -Девојчето одговори: Уште 5 минути тато, те молам? -Таткото климна со главата и таа продолжи да го вози велосипедот на нејзино големо задоволство. Времето минуваше и таткото стана и повторно ја повика: Време е да одиме? -Девојчето одговори: само уште 5 минути тато, само уште 5 минути. -Таткото се насмевна и рече: Во ред. -Тогаш жената рече: Вие секако сте многу трпелив човек. -Човекот се насмевна со тага во очите и одговори: Нејзиниот постар брат загина во сообраќајка од пијан возач минатата година, возејки се со велосипед недалеку од овде. Никогаш не поминував многу време со него и сега би дал се, за само 5 минути да можеме да бидеме заедно. Се заколнав дека нема да ја повторам истата грешка и со неговата сестра. Таа мисли дека има уште 5 минути да го вози велосиедот, но всушност јас имам уште 5 минути за да ја гледам како си игра.
сите текстови се феноменални, секогаш кога читам по некој текст длабоко се трогнувам и размислувам. колку само една мала приказна ќе не вивне во вистината на животот, во стварноста и ќе ни даде насока на движење како и што е правилно.