Мојата мајка имаше само едно око.Ја мразев...беше срамота за мене.Во нашето школо спремаше храна за учителите и за нас. Еден ден додека уште бев во тоа основно школо,мајка ми влезе во класот и ме поздрави.Ми беше толку многу срам.Како можеше тоа да ми го направи?Ја игнорирав,и упатив поглед полн со омраза и побегнав.Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа:Блјак твојата мајка има само едно око! Пропаднав в земја и посакав мојата мајка да ја нема...Кога повторно ја видов станав и и реков:-Ако повторно мислиш да ме правиш предмет на исмејување подобро ти е да умреш. Мајка ми ништо не ми одговори.. Не застанав ни за момент да размислам што реков,бев полн со омраза и бес во себе.Бев незаинтересиран за нејзините осеќаи..Едноставно што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа. Во касниот живот учев многу и тешко.Така да добив шанса да одам во Сингапур и да студирам...Бев пресреќен!Се оженив,купив куќа и добив свој деца.Бев среќен со својот живот,со своите деца иако живеев во друга земја. Но еден ден дојде мојата мајка да ме посети...Ме немаше многу години видено,а и внуците исто.Се појави на вратата.Моите деца почнаа да ја исмејуват.Јас почнав да и се дерам како може само така да се појавува непоканета.Се дерев:-Како можеш да доаѓаш туку така и да ми ги плашиш децата?Гони се одтука и да не те гледам! Мојата мајка само тивко одговори:„Извинете мора да сум ја погрешила куќата„ и замина... После неколку години дојде писмо кај мене.Повикан сум на матурска.Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат.После прославата,од радозналост свратив до стариот дом.Кога ме видоа соседите ми рекоа дека е веќе мртва.Нит една солза не пуштив.Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа... „Мил мој сине Мислав на тебе цело време. Извини што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата. Ми беше драго дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на просава овде. Јас можеби нема ни да станам од креветот да те видам. Жал ми е што секогаш те срамував и ти бев терет. Гледаш, кога беше мал се случи една несреќа и го изгуби едното око. Како мајка неможев да поднесам да растеш со едно око. Докторите те прегледоа и ми рекоа дека е можно. Тогаш јас ти го дадов моето... Бев пресреќна кога знаев дека мојот син,го гледа светот за мене со тоа око... Со љубов,Секогаш за тебе Твојата мајка..
успеа да ме наежиш браво. оф ова може би не требаше да го читам. се запрашаав едно време зошто сум толку баксуз и неможев да ја осетам мајчинската пожртвуваност. одруга страна размислив и си реков токму вакв текс ке ми даде до знаење колкава е таа пожртвуваност и ке знам да ја искористам на мојте деца.
На некој маж му дошло преку глава да оди на работа секој ден додека жена му останува дома. Тој сакал да види што прави таа па се помолил: “Драги Господе:... ...Јас одам на работа секој ден по 8 часа додека жена ми само седи дома. Сакам она да знае низ што се поминувам и затоа те молам да дозволиш нејзиното тело да се замени со моето на еден ден. Амин.“ eden-den-kako-zena Бог решил да му ја исполни желбата на мажот. Следното утро човекот се разбудил како жена. Станал, подготвил појадок за својата сопруга (мажот), ги разбудил децата, им подготвил алишта за на училиште, спакувал ужинка, ги однел на училиште, се вратил дома за да исчисти, отишол до банка да подигне пари, до супермаркет по намирници за ручек. Го сменил песокот на мачките и го избањал кучето. Веќе дошло 13 часот и побрзал да ги намести креветите во спалната, да ги испере алиштата, да пребрише прашина и паркет; истрчал да ги земе децата од училиште. Им подготвил ручек и им помогнал околу домашната задача. Потоа ја наместил даската за пеглање и додека пеглал гледал серија на телевизија. Во 16:30 почнал со готвење на зеленчукот за вечера. По вечерата ја исчистил кујната, ја вклучил машината за садови, ги ставил перените алишта на тераса да се сушат, ги избањал децата и ги легнал да спијат. Во 21:00 бил комплетно исцрпен, а домашните работи останале недовршени... додека во кревет го чекала жена му која очекувала да води љубов со него, што некако едвај без да се пожали успеал да и удоволи. Следното утро штом се разбудил клекнал покрај креветот и се помолил: “Господе, не знам што си мислев. Многу погрешив кога и завидував на жена ми што секој ден останува дома додека јас сум на работа. Те молам дозволи ми да се вратам во своето тело!“ Господ на тоа му одговорил “Сине мој, имам чувство дека ја научи лекцијата и ќе бидам среќен се да вратам онака како што беше. Само, ќе мораш да почекаш 9 месеци. Минатата ноќ ти забремени“. Внимавајте што посакувате затоа што може навистина да ви се оствари
Ова е приказна за двајца пријатели кои оделе низ една пустина. По патот се скарале и едниот го удрил другиот. Удрениот се почувствувал повредено... ...но молчејќи напишал во песокот: mudra-prikazna-od-zivotot “Денес добив удар од мојот најдобар пријател“ Продолжиле да одат се додека не наишле на оаза каде решиле да се избањаат. Оној кој добил удар за малку не се удавил бањајќи се, но животот му го спасил пријателот. Кога дошол при себе, изрежал на еден камен: “Денес мојот најдобар пријател ми го спаси животот!“ Тогаш пријателот кој претходно го удрил го запрашал: “Кога те удрив пораката ја напиша во песокот, а сега ја изрежа во камен. Зошто?“ Пријателот му одговорил: “Кога некој ќе ни направи нешто лошо, тоа треба да го запишеме во песокот за ветрот да го избрише, но кога некој ќе ни направи добро, тоа треба да го изгравираме на камен за никој и ништо да не може да го избрише!“ Научи се раните да ги запишуваш во песок, а среќата да ја изрежеш во камен! Велат: Потребна е минута за да пронајдете посебна личност, час за да почнете да ја цените, еден ден за да ја засакате, но цел живот за да ја заборавите!
<object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/DTMLqNjwNSM?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/DTMLqNjwNSM?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>
Си бил еден орел. Сите од нејзиниот вид изумреле заради некоја причина. Се што и останало било нејзиното јајце, и тоа јајце било надеж нејзиниот вид да преживее. Таа летала секој ден со километри, се обидувала да донесе повеќе слама за јајцето да биде топло. Еден ден, од јајцето излегло младо, здраво орле. Мајката тогаш не само што носела повеќе слама, туку и храна, и за неа и за младото орле. Нејзиниот живот бил ужасно напорен. Еден ден, летајќи, и се смачило веќе од целата таа работа. Почувствувала дека води загубена битка. Така на сред лет се откажала, ги свиткала крилјата и тргнала да паѓа надолу. Паднала со силен тресок и веднаш умрела. Орлето, бидејќи немал кој веќе да го храни, умрело. И така Америка ја изгуби својата национална птица. **************************** Поука: Ако сакате да се откажете од нешто, тоа е во ред, ваш живот, ваша одлука. Само не заборавајте дека честопати вашата одлука влијае на други многу повеќе отколку што влијае на вас.
Луксузна јахта застанала во едно мало мексиканско рибарско село. Сопственикот на јахтата бил воодушевен од квалитетот на рибата па ги запрашал рибарите колку време им е потребно за да уловат вака добра риба. “Не ни треба долго“ - одговориле рибарите “А, зошто не останете подолго на море за да уловите уште повеќе риби?“ Тие му одговориле дека она што ќе го уловат е сосема доволно за нив и нивните семејства. “Па, што правите со толку слободно време?“ “Спиеме, ловиме малку риба, си играме со своите деца, а попладнето го поминуваме во прошетка со своите сопруги. Навечер излегуваме во селото, се среќаваме со пријателите, пиеме по некоја пијачка и пееме неколку песни. Нашиот живот е исполнет.“ Господинот турист им предложил: “Јас дипломирав економија на Харвард и можам да ви помогнам со совет: ловете риба секој ден дупло подолго, продавајте ги и со тие пари купете поголем брод.“ “И што потоа?“ “Со поголемиот брод ќе уловите уште повеќе риби и со тие пари ќе можете да купите уште еден брод, па уште еден и така цела флота. На место да ја продавате рибата на посредници, можете да преговарате директно со големите производители и сами да станете еден од нив. Потоа можете да се преселите од ова село во главниот град или во Лос Анџелес, па дури и Њујорк. Од таму можете да го водите својот нов голем бизнис!“ “Колку време би ни било потребно за сето ова?“ “Дваесет, до дваесет и пет години...“ “И после?“ “Потоа? Е, пријатели сега доаѓа најинтересното. Кога бизнисот ќе ви стане добро разработен, можете да почнете со купопродажба на акции и да заработите милиони!“ “Милиони? Навистина? А, потоа?“ “Потоа можете да отидете во пензија, да живеете во мало крајбрежно село, да спиете долго, да одите по риба, да си играте со внуците, да го поминувате попладнето со жената, а ноќите со пријателите.“ “Секоја чест господине, но ние тоа го правиме и сега. Зошто залудно би потрошиле дваесет и пет години?“ - прашале мексиканците. Поука: Во животот мора да знаеш каде си се упатил затоа што можеби веќе си таму!
Сонував како шетам на плажата со Господ,а на небото блескаа сцени од мојот живот. Се завртив,и забележав една чудна работа.Во најтешките моменти од животот имаше само еден пар стапалки на песокот.Го запрашав Бог:Зошто си ме напуштал кога ми било најтешко? А Бог ми одговори -Мило мое чедо,како само можиш да помислиш дека сум те напуштал кога ти било најтешко? Тие мигови ги прати само еден пар стапалки,зошто тогаш јас те носев во моите раце
значи стварно немам зборови за текстовите..сите се супер! а секоја чест за анфејтфул, твојот текст е некако најубав, најемотивен, и да вистина е дека љубовта е слепа и луда .. но не се лутете вие другите..и вашите текстови беа многу поучни и убавии ...
Еден професор стоел пред група студенти на час по филозофија и држел некои предмети пред себе. Кога започнал часот, без зборови подигнал голема, стаклена, празна тегла која најчесто ја користиме за зимница и ја наполнил со топчиња за тенис. Потоа ги запрашал студентите, дали оваа стаклена тегла е полна? Сите одговориле потврдно. Потоа професорот земал кутија со каменчиња и ја истурил во теглата. Благо ја занишал. Каменчињата го исполниле празниот простор помеѓу тениските топчиња. Тогаш повторно ги прашал студентите, дали теглата сега е полна? Студентите одговориле со едно големо ДА. Следната кутија која што ја земал професорот била полна со песок. Кога ги сипал песокот, тој секако ги исполнил сите празнини во теглата. Запрашал по трет пат, дали сега е полна теглата, каде тие повторно потврдно му одговориле. Тогаш професорот од под маса извадил две чаши со кафе и ги полил во теглата. Со кафето се натопил песокот. Студентите се смееле. Сега, рекол професорот, додека се смеете, сакам да сватите дека оваа стаклена тегла го претставува вашиот живот. Тениските топчиња се битните работи во животот: верата, фамилијата, децата, здравјето и други работи што многу ви значат. Тоа се оние работи кои го исполнуваат вашиот живот и доколку се друго би снемало. Каменчињата се вторите работи кои се важни: работата, куќата... Песокот преставува останатите работи, претежно малите нешта. Доколку ја наполните теглата само со песок, нема да има место за камчињата и тениските топчиња. Истото важи и во животот. Доколку го потрошите времето и енергијата на малите работи, никогаш нема да имате место за оние - битни работи. Водете грижа за работите кои се клучни за вашата среќа. Играјте си со децата. Најдете време да посетите доктор. Изведете го партнерот на вечера. Однесувајте се како да имате 18 години. Секогаш ќе имате време да ја исчистите куќата или исперете колата. Прво погрижете се за тениските топчиња, а потоа следете ги приоритетите клучни за вашата лична среќа. Една студентка дигнала рака и го прашала професорот - а што е со кафето? Тој се насмевнал и одговорил: "Драго ми е што го прашавте ова. Кафето значи дека колку и да мислите дека вашиот живот е исполнет и дека немате време, секогаш има простор за едно кафе со вашите пријатели".
Три работи во животот... Девојки го најдов ова на нет и мораше да го споделам со вас. * Три работи во животот кои кога еднаш ќе заминат никогаш повеќе не се враќаат: Времето, зборовите, можностите. * Три работи во животот кои може да ја уништат личноста: лутење, гордост и неспособност за простување. * Три нешта во животот кои никој не би смеел да ги загуби: надеж, мир, почит. * Три највредни работи во животот: љубов, семејство и пријатели. * Три работи во животот кои никогаш не се извесни: среќа, успех, соништа – желби. * Три работи во животот кои ја прават личноста: посветеност, искреност, упорна работа.
Порака од една свеќа: Ме палите и ја гледате мојата светлина. Се радувате на јаснотијата и топлината која ја дарувам. Се веселам што смеам да горам за ВАС... Да не е така би лежела во некоја кутија без корист, а смислата ја добивам ...баш по тоа што горам. Но добро знам, што повеќе горам, тоа пократка станувам и повеќе се ближам кон својот крај. Потоа за мене ќе речете - "Изгоре !!!", а она што останува го фрлате... Знам, за мене постојат само две можности: Или да останам во кутија, во темнина, или со горење да постанам кратка, да дадам се што имам во корист на светлината, а со тоа да се доведам самата себе до крајот. Сепак, УБАВО Е АКО ИМАМ ШТО ДА ДАДАМ... Истото се случува и со ВАС, ЛУЃЕТО... Или се повлекувате, останувате сами за себе и се е студено, празно и темно, или се зближувате со другите и им дарувате од својата ЉУБОВ и ТОПЛИНА, и тогаш ВАШИОТ ЖИВОТ добива смисла. Но да знаете и тоа дека за ова мора да дадете нешто и од ВАС самите, нешто од Вашата радост, од Вашата срдечност, од Вашата смеа, можеби нешто и од Вашата тага... едноставно да е од Вашата душа. И не треба плашливо да размислувате за тоа, како ќе се сочувате самите себе. Само оние кои другите ги веселат, стануваат многу повесели, само оној кој е светло за другите и самиот ќе прими светлина. Што повеќе горите за другите, толку посветло ќе биде за ВАС. Многу луѓе само затоа се тмурни и нерасположени, плашливи и затворени, бидејќи се плашат да бидат ТУКА за другите - ТИЕ не го разбрале најважното: ЕДНО ЕДИНСТВЕНО СВЕТЛО КОЕ ГОРИ, Е ПОДОБРО ОД ЦЕЛАТА ТЕМНИНА НА СВЕТОТ!
Еден познат говорник го започнал својот семинар така што подигнал банкнота од 50 евра во воздух. Во просторијата имало вкупно 200 луѓе. Тој запрашал: „Кој ја сака оваа банкнота?“ Сите раце се подигнале. Продолжил. „Овие 50 евра ќе ги дадам на некој од вас, но пред тоа морам да направам нешто.“ Ја изгужвал парата. Потоа запрашал. „Дали се уште ја сакате?“ Сите раце и понатаму биле кренати. Продолжил. „А, ако и направам вака?“ Ја фрлил банкнотата на под и ја изгазил со чевлите. „Добро, кој ја сака се уште?“ Рацете уште биле кренати. „Драги пријатели, штотуку научивме една многу важна лекција. Што и да направев со банкнотата вие и понатаму ја сакавте, бидејќи во ниту еден момент не изгуби на вредноста. Цело време вредеше 50 евра.“ „Во животот често ни се случува некој да не оттурне од себе, да паднеме ниско, да се чувствуваме како згужвани и фрлени на земја во кал.“ Тоа се факти од секојдневниот живот. „Понекогаш се чувствуваме како да не вредиме ништо.“ Без оглед што ти се случило во животот, или што допрва ќе се случи, ти никогаш нема да ја изгубиш вредноста. Дали си бил валкан или чист, згужван или испеглан, ти и понатаму си непроценлив за сите оние кои те сакаат повеќе од се на светот. Нашите животи не се вреднуваат според она што го правиме или кого познаваме, туку според ОНА ШТО СМЕ. Ти си нешто посебно и не го заборавај тоа никогаш. Број ги соите успеси, а не грижи и проблеми. Немој никогаш да се плашиш да пробаш нешто ново. И секогаш имај на ум: Едноставни луѓе ја изградиле арката на Ное, а експертите – Титаник. Превземено од црнобело.ком