1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интересен текст

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 16 јуни 2010.

  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Зошто Сократ бил мудар?


    Во Стара Грција, Сократ важел за човек кој го цени знаењето. Еден ден познаник му пришол и му рекол: „Знаеш ли што слушнав за твојот пријател?“

    „Чекај малку“, му одговорил Сократ: „Пред да ми кажеш било што, сакам да ти направам мал тест. Се вика тест со троен критериум.“

    „Троен критериум?“, запрашал познаникот.

    „Токму така“, продолжил Сократ: „пред да почнеш да ми кажуваш било што за мојот пријател, би можел за момент да размислиш дали тоа задоволува одредени критериуми.“ Првиот критериум е „вистина“. „Дали си потполно сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина?“

    „Не“, одговорил познаникот, „само што слушнав и...“

    „Добро“, рекол Сократ: „значи, не си потполно сигурен дали е тоа вистина или не. Да видиме сега следниот критериум „добро“. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш е нешто добро?“

    „Не, напротив...“

    „Значи“, продолжил Сократ: „сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, а не си сигурен дали е точно. Се уште можеш да поминеш на тестот, затоа што има уште еден критериум – „корист“. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател, ќе ми биде корисно?“

    „Не, не баш.“

    „Па“, повторно рекол Сократ: „Ако тоа што сакаш да ми го кажеш можеби не е вистина, за мојот пријател не е добро, а за мене не е корисно, зошто воопшто би ми кажал такво нешто?“

    Ете зошто Сократ бил голем мислител и ценета личност во Стара Грција.

    Ова исто така објаснува зошто никогаш не дознал дека пријателот спие со жена му.

    превземено од црнобело
     
    На Bozica1980, teddybear, karak и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ :D :D :D
    Епа зошто да не му е корисно? Да дознаел.... ќе се разведел, не ќе можела жена му да го исмева и срами.
     
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Кога ќе видиш, и многу мудар да си не е на арно :D
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
  5. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Ај бил што бил мудар Сократ :D А ние одма ќе речевме: што што, кажувај. Женишта :D
     
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Швалерско писмо


    Оженет маж запознава убава девојка и се договара да ја помине ноќта со неа за 500 евра. Утрото, по заедничката ноќ, и рекол дека нема доволно кеш во него и дека ќе и каже на секретарката да и испрати чек со уплата на име “Наем на стан“ штом стигне во канцеларијата.

    На пат кон работа сфаќа дека се кае, дека целиот секс не вредел толку пари, така што и кажал на секретарката да спреми чек на 250 евра, и, и’ го кажал следново објаснение кое требала да го приложи со чекот:

    Почитувана госпоѓо,

    Во прилог е вашиот чек на износ од 250 евра на име „наем на стан“. Не ви го праќам износот кој го договоривме однапред, затоа што кога се договараме сметав дека:

    1. Станот претходно не бил користен
    2. Дека е добро загреан
    3. Дека ќе биде доволно мал за да се чувствувам во него пријатно како дома.

    Меѓутоа сфатив дека порано веќе сте имале подстанари, греењето не работи, а станот е премногу простран.

    Срдечен поздрав.

    Откако го примила чекот, дотичната госпоѓица веднаш му го вратила со следното објаснување:

    Почитуван господине,

    Пред се, не знам зошто сте мислеле дека така убав стан би можел да биде неограничено долго празен. Што се однесува до вашата жалба за топлината во станот, греењето функционира совршено добро, ако знаете како да го вклучите. Кога ја споменавте пространоста, станот е со нормална големина. Доколку вие немате доволно намештај за да го пополните, немојте да го обвинувате сопственикот на станот.

    Ве молам да го испратите договорениот износ за станарината, во спротивно ќе бидам приморана да ја контактирам вашата моментална станарка.

    Срдечен поздрав!
    превземено од црнобело
     
    На QueenElena, FortuneTeller.xD, Strumfeta93 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    :D :D :D :D
    Што може жена - не може никој! :D
     
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    аххахахаха оф леле се изнасмеав хахахаха ... ЖЕНИшта и се е можно хахахахаха :rofl:
     
  9. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Не сфакам.Чиј е станот?
     
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370

    станот е ... интимниот дел на жената.
     
  11. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    хахах фала...касно сфакам
     
  12. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807

    Стварно секогаш убави теми отвараш :clap: А овој текст го знам,ама во една пократка верзија.Овој е каде каде поубав,лелее а како се опфатени и опишани сите особини...А инаку љубовта навистина е слепа,а и често е придружена од лудоста да. :)
     
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    хехехе е навистина големо браво за текстот се изнасмеав до солзи :rofl: :rofl: :rofl:
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Швалерсково писмо ме скина од смеење. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  15. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Идниот зет

    Јас сум многу среќен човек. Со девојка ми (која е стварно одлична) излегуваме повеќе од една година и со тек на време одлучивме да се земеме. Меѓутоа, цело време имаше еден мал проблем кој ми сметаше - нејзината убава помала сестра. Мојата идна балдска, која имаше 22 години, носеше тесни кратки сукњи и генерално многу многу не сакаше прслуци. Таа редовно се наведнуваше кога беше во моја близина и секогаш добивав повеќе од добар поглед. Ова мораше да биде намерно, бидејќи таа никогаш не се однесуваше така околу другите.

    Еден ден, сестра и ми се јави и ме викна кај нив дома за да сме разгледале нешто околу поканите. Беше сама кога пристигнав и уште на влез ми шепна дека имала чувства за мене кои повеќе не можела да го сокрие. Ми рече дека сакал да ме има барем еднаш пред засекогаш да и се посветам на сестра и. Бев во тотален шок, не можев да кажам ниту збор.

    "Одам горе во спалната, ако сакаш да имаш едно последно диво уживање, само дојди и земи ме," ми рече пред да си замине..

    Стоев во шок додека ја гледав како се качува по скалите. Стоев таму за момент и потоа се свртев и по најкраткиот пат излетав низ влезната врата.

    Ја отворив вратата и се залетав кон колата, кога таму целото мое идно семејство стоеше и ми аплаудираше.

    Со солзи во очите, мојот иден дедо, ме гушна и рече "Многу сме среќни што го мина нашиот мал тест. И да сакавме не можевме да најдеме подобар маж за нашата ќерка. Добредојде во нашето семејство."


    Поента?

    Секогаш чувајте ги кондомите во автомобилот!
     
    На QueenElena, FortuneTeller.xD, teddybear и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    204
    Сепак се врти

    Директор на компанијата и вика на својата секретарка:
    - Спремај се, одиме на службен пат една недела.
    Секретарката му се јавува на својот сопруг:
    - Ќе бидам една недела отсутна од дома.
    Мажот и се јавува на својата швалерка:
    -Жена ми ќе оди на пат недела дена, ќе можеме да бидеме заедно.

    Швалерката му се јавува на ученикот на кој му дава часови по математика:
    - Ќе бидам зафатена, ќе паузираме една недела па после ќе продолжиме.

    Малиот му се јавува на својот дедо:
    - Нема часови цела недела, ќе ме носиш да фаќаме риба?

    Тој и се јавува на секретарката:
    - Внук ми сака да бидеме заедно, не патуваме.

    Секретарката му се јавува на мажот:
    - Патот ми е одложен.

    Мажот на швалерката:
    - Жена ми останува дома. Жал ми е.

    Жената му се јавува на ученикот:
    - Сепак ќе имаме часови како и обично.

    Малиот му се јавува на дедо му:
    - Дедо, професорката рече дека ќе учиме. Не можам да дојдам.

    Дедото на секретарката:
    - Спремај се, сепак одиме...
     
    На QueenElena, FortuneTeller.xD, skeridoll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    204
    Бизнисмен влегол во банка во Њујорк и побарал заем од 5.000 долари за двонеделен службен пат на Филипини. Банкарскиот службеник го известил дека претходно ќе мора да обезбеди некаква гаранција за заемот.Човекот му ги предал клучевите од своето ново Ферари паркирано на улицата пред банката а банкарот се согласил да го прими автомобилот како хипотека.

    Претседателот на банката и службениците му се изнасмеале на типот кој го употребил своето Ферари од 250.000 долари како гаранција за заем од само 5.000 долари.

    По завршувањето на процедурата, еден од вработените ја паркирал колата во подземната гаража на банката. Две недели подоцна, бизнисменот се вратил од пат, ги исплатил позајмените 5.000 долари и каматата која изнесувала 15, 41 долар.

    ”Господине, многу сме задоволни што трансакцијата беше извршена успешно, но едно не' чуди. Додека бевте на пат, ве проверивме и откривме дека сте мултимилионер. Зошто воопшто се мачевте да позајмите 5.000 долари?”, прашал банкарот.

    ”А каде на друго место во Њујорк можам да ја паркирам мојата кола на две недели за само 15,41 долари и да бидам сигурен дека нема да ми ја украдат?”


    Ништо за вечерва

    Никогаш не сум разбрал зошто сексуалниот нагон кај мажите и жените толку многу се разликува. Никогаш не ја разбрав целата Венера и Марс работа. Никогаш не разбрав зошто мажите мислат со главата а жените со срцето.

    На пример: пред неколку вечери, со девојка ми се подготвуваме да си легнеме. По пат почна да се појавува малку страст и работите полека се вжештија.По некое време, одеднаш ми рече: "Знаеш драги, мислам дека е подобро да не го правиме тоа, вечерва сакам само да држиш во раце ."

    "ШТО??!! Што беше ова," со запрепастување ја прашав.
    По што, таа ми го даде одговорот од кој секој дечко на планетава се плаши...
    "Ти едноставно не си доволно во допир со моите емоционални потреби како жена, за јас да можам да ги задоволам твоите физички потреби како маж."
    А на мојот целосно збунет поглед, се дополни со прашањето:
    "Не ли може да ме сакаш за тоа што сум а не за работите што ги правам за тебе во креветот?"

    Сфатив дека нема ништо да добијам таа вечер, се свртев и заспав.

    Следниот ден, направив се за да земам слободен ден од работа за да можам повеќе време да минам со нејзе. Бевме на убав ручек а потоа отидовме на шопинг во еден огромен трговски центар.
    Се шуткав наоколу додека таа пробуваше неколку доста скапи комбинации на облека. Не можеше да се реши која да ја одбере па и реков сите да ги купи. Сакаше и нови кондури што ќе и одат со новата облека, па и реков да одбере по еден пар за секое парче облека што го купи. По ова отидовме во одделот со накит, каде избра убав пар дијамантски менѓуши. И да ви кажам... изгледаше по возбудено од кога и да е. Сигурно мислеше дека сум на работ на разумот. Почнав да мислам дека ме тестира кога побара и опрема за тенис и покрај тоа што воопшто не знае да игра тенис. Мислам дека ќе се онесвестеше кога и реков "нема проблем драга." Изгледаше како да ќе доживее оргазам од возбуда. Со огромна насмевка од се што и се случуваше конечно рече:"Мислам дека тоа е се драги, може да одиме на каса.
    "Одвај можев да се воздржам кога и реков: "Знаеш драга, мислам дека е подобро да не го правиме тоа."
    Експресно пребледе и со последни сили изговори :"ШТО???"

    "Драга! Сакам само да ги ДРЖИШ работиве во раце. Ти едноставно не си доволно во допир со моите финансиски потреби како маж, за да можам да ги задоволам твоите шопинг потреби како жена." И таман кога и се гледаше во очи дека се подготвува да ме убие, дополнив: "Зошто не може да ме сакаш за тоа што сум а не за работите што ти ги купувам?"

    Изгледа, и вечерва нема да добијам секс. :lol: :lol:


    Бизнис лекција на денот


    Ѓокица имал ептен мерак на еден колешка од маркетинг. Но за негова несреќа таа имала дечко а и не планирала да го вара. Откако се останато не му успеало, Ѓокица и предложил на колешката да и даде 100 долари, во замена за секс.Цурата повторно го одбила.

    "Ќе бидам брз. Ќе ги ставам парите на земја, ти ќе се наведнеш да ги земеш и јас ќе завршам пред да ги собереш парите..." и предложил Ѓокица.
    Некако заинтересирана за идејата, девојката му се јавила на својот дечко за да се консултира за предлогот."Кажи му дека ќе се согласиш за 200 долари, ама собери ги парите мноооогу брзо, да нема време ни да се соблече! И одма јави ми се кога ќе завршиш."
    20 минути никој не се јавува, половина час повторно никој не се јавува, по 45 минути дечкото не може веќе да издржи, па и се јавува на девојката.
    "Зошто не се јавуваш? Што се случи?"
    "Џукелата имаше метални парички!"


    Лекција: :!:

    ВНИМАЈТЕ НА ДЕТАЛИТЕ, БИДЕЈЌИ И ВО ЖИВОТОТ И ВО БИЗНИСОТ ЗАРАДИ НИВ НАЕБУВАМЕ!


    Кујнска лекција на денот


    Жената му пржи јајца на сопругот за појадок. Одеднаш во кујната улетува мажот, викајќи на цел глас: "Полека, полека. ПОЛЕКА! Стави уште малку зејтин. Ух, за малку."
    "Пази, пази, пази. Пржиш премногу јајца. ПРЕМНОГУ! Преврти ги. АБЕ ПРЕВРТИ ГИ ОДМА! Мора да ставиш уште малку зејтин. ОХ ГОСПОДЕ! КАДЕ ќе најдеме УШТЕ ЗЕЈТИН. Ќе се ЗАЛЕПАТ за тава. Пази. ПАЗИ БЕ! Никогаш не ме слушаш кога готвиш! Никогаш! Сврти ги! Побрзо бе! Ало, да не си ЛУДА? Да не ОТКАЧИ во главата? Не заборавај да им ставиш сол. Секогаш забораваш да ги посолиш. Стави сол. СТАВИ СОЛ! СОЛ!!!"

    Не можејќи да си поверува, жената гледа во својот сопруг и го прашува: "Па дал си ти нормален бе? Дали стварно мислиш дека не знам да испржам неколку јајца?"

    На што мажот смирено одговара: "Не бе, само да видиш како ми е на мене кога возам."



    Продавач, службеничка и нивниот директор отишле на ручек и на масата во ресторанот виделе стара лампа. Ја протриле и од неа излегол духот:
    - Обично исполнувам три желби а бидејќи вие сте тројца на сите ќе им исполнам по една.
    - Јас сум прва! - извикала службеничката. - Сакам да сум на Карбите, да возам глисер и да имам куќа покрај море.
    Пуф, веднаш исчезнала.
    Гледајќи во чудо што се случило, изрипал продавачот.
    - Јас сум сега! Јас сум сега!!! Сакам да сум на Таити, да лежам на плажа со мојата лична масерка и да пијам коктели!
    Пуф, веднаш исчезнал.
    - Ти си на ред му рекол духот на директорот.
    - Сакам откако ќе завршам со ручекот, овие двајца да ги видам вратени во канцеларија.

    НАРАВОУЧЕНИЕ: :!:
    Секогаш пуштете го шефот да зборува прв.



    Еден млад и успешен
    бизнисмен на кој животот му подарил се', се возел со својот нов Јагуар
    низ улицата на која живеел со малку поголема брзина од пропишаната. Ги
    гледал децата како си играат покрај паркираните коли и намалил веднаш
    кога нешто удрило по десната врата на неговиот Јагуар. Се вратил назад
    здогледал огормна... цигла која ја удрила колата и се стрчал кон првото дете кое го здогледал, го грабнал и присилил на најблиската кола -Што е проблемот со тебе? Кој си ти? Ова е нова кола а ти фрли цигла по неа. Ова ќе те чини многу пари! Зошто го направи тоа?Детенцето започнало да му се извинува:- Извинете господине... жал ми е... немав друг избор.. ја фрлив циглата бидејќи никој не сакаше да застане...!Со солзи во очите покажал кон неговиот брат кој лежел на земјата, повреден од падот од неговата инвалидска количка. -Тежок е и не можам да го подигнам. Би ми помогнал ли+?Бизнисменот
    трогнат од неговата претерана реакција и запрепастен од зборовите на
    детето веднаш пришол кон детето, го подигнал во количката и го загрнал
    со неговото скапо сако за да не му биде ладно.-Бог да ве благослови!
    му се заблагодарило детенцето. Гледајќи дека се ќе биде во ред, останал
    без зборови кога јa погледнал сликата на братчињата како си одат накај
    дома. Започна да чекори кон колата. Тоа беа мошне долги чекори. Штетата
    беше видлива, но тој никогаш не ја поправи дупката на неговата десна
    врата. Ја остави да го потсетува на оваа порака:
    - Не оди пребрзо во
    животот за да не мора да фрлаат цигла по тебе како би го добиле твоето
    внимание!
    БОГ НИ ШЕПОТИ ВО НАШИТЕ ДУШИ И НАШИТЕ СРЦА. НЕКОГАШ КОГА НЕМАМЕ ВРЕМЕ ДА СЛУШАМЕ, ТОЈ ФРЛА ЦИГЛА ВРЗ НАС. НАШ Е ИЗБОРОТ: ДА СЕ ПОТРУДИМЕ ДА ГО СЛУШНЕМЕ ШЕПОТОТ... ИЛИ ДА ЈА ЧЕКАМЕ ЦИГЛАТА! :hai:
     
    На QueenElena, guguence и FortuneTeller.xD им се допаѓа ова.
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Драг Синко,

    Ти го пишувам ова писмо за да знаеш дека ти пишувам, зошто ако го
    добиеш значи дека стигнало. Ако не го добиеш јави ми, ќе ти го
    пратам повторно. Ќе пишувам полека, знам дека споро читаш.

    Пред некој ден татко ти прочита во весник дека по најнови статистички
    податоци повеќето сообраќајки се случуваат на далечина од 1км од
    куќата, па затоа ние се преселивме малку подалеку.

    Куќата е преубава, имаме дури и машина за перење, само не знам дали
    работи. Вчера ставив некои алишта да се перат, ја повлеков рачката
    за вода и алиштата ги снема. Тука времето и не е така лошо. Прошлата
    недела само два пати врнеше. Првиот пат траеше 3 дена, а следниот пат 4.

    Во врска со јакната што ја бараше, вујко ти Перо ми рече дека ако ги
    извадиме копчињата, пошто многу тежат, ќе не фати поефтино
    пратката во пошта. Јас затоа ги отпарав копчињата и ти ги ставив во џеб.

    Конечно го погребавме и дедо ти. Го најдовме телото во вторникот, кога
    ја чистевме куќата. Беше во орманот од оној ден кога игравме жмурки
    и кога он победи. Пред неколку дена ни експлодира плинската боца во
    кујна. Татко ти и мене, експлозијата не исфрли надвор кроз прозор. Какво
    убаво чувство беше тоа! После толку години, татко ти и јас, конечно
    излеговме заедно.

    Бидејки веќе го спомнувам татко ти, он најде нова работа!
    Многу се гордее. Има под себе околу 500 души...
    се запосли на градски гробишта, го коси травњакот.

    Сестра ти Милева, знеш онаа што се омажи, конечно се породи!
    Не знаеме кој пол е, па затоа не можам со сигурност да ти кажам
    дали си станал тетка или вујко...Сестра ти рече, дека ако биде
    женско ќе ја вика по мене. Малку ми е чудно што нејзината ќерка
    ќе ја вика "мама", ама ете желба и е.

    А брат ти Радојче, он е стварно за никаде. Замисли, ја затвори вратата
    од колата, а клучевите беа внатре. Мораше да се врати во станот да го
    земе дупликат клучот за да не извлече од колата. Катастрофа !!!

    Добро синко, нема да ти ја напишам адресата пошто незнам која е.
    Семејството што живееше пред нас тука, си го земаа куќниот број од
    зидот со нив. Ако ја видиш Светлана, Поздрави ја, а ако не ја видиш,
    не и кажувај ништо.

    Те сака Мама,
    Станислава.

    преземено од црнобело
     
    На QueenElena и FortuneTeller.xD им се допаѓа ова.
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    офф се пресмеав веќе не можам :rofl: од дневникот на една плавуша..

    14 март

    УРАААААА. ЈЕССС.ЈЕСССС.ЈЕССССС
    Конечно можам да си ја возам колата, а инструкторот цело време да не ми повторува: „ПАЗИ МА!, Идеш контра, пази ПЕШАААК! И слични глупости.

    Уствари ја стварно не разбирам како можев да го трпам цели две години да ми збори?

    8 април

    У ауто школата денес правеа журка, за мојата возачка.
    Инструкторите беа навистина возбудени. Еден од нив дури ни призна дека бил во црква и оставил прилог за мене.

    На другиот му засолзија очите иако не сакаше да го приметиме, а колегата до него ми се довери дека планира да се начука од среќа. Страшно се љубезни. Срциња се и ги сакам, ама мора да си признаам дека по малку ми е и чудно.

    Па не е возачката дозвола толку голема ствар за таква радост, а?

    14 април

    Си купив кола. Црвена. Ама морав одма да им ја оставам у сервисот да го сменат задниот браник. Мислам јбг, па ш`о да праам убацив у рикверц место у прва. Па немам толкаво искуство. Возам само недела дена, хелоооуууу.

    16 април

    Конечно. Ете јааа. Мојата кола е дома. Толку и се израдував што решив да се провозам одма чим ми ја донесоа. Изгледа и други имаа иста таква идеа, да се провозат за мојата нова кола. Се создаде одма цела колона зад мене.

    Свиреа на сирените ко улави, бе.... Изгледа беше свадба, па за да им се придружам намалив од 20 на 15 кмч. Знаев дека ќе им се допадне мојата идеа. После тоа не престанаа да свират.

    23 април

    Комшииве ми се топ. Екстра луѓе. Ставиле огромен натпис ПАЗИ, КОМШИКАТА ВОЗИ!!! И ми дадоа дупло место на паркинг, а на децата им забраниле да играат надвор додека се паркирам. Знам дека не сакаат да ми сметаат додека се паркирам. Стварно се срциња.

    30 април

    Возачиве позади мене секој ден само ми трубат и ми даваат некакви знаци. Мислам дека е тоа многу љубезно од нивна страна, ама и опасно.

    Еден тип нешто му збореше, ама ја не можев да го разберам пошто не можев да го најдам тастерот за отворање на стаклото и за малку ќе повредев еден пешак. Среќа негова што возев 15 км/ч.

    10 мај

    Овие возачиве секој ден ми се се почудни луѓе. Не само што ми мафтаат него и ми викаат за време вожња. Ја стварно не разбирам што сакаат, пошто уште не можам бе да го најдам тастерот за отворање на стаклата.

    Изгледа сакаат да ми дадат некоја информација, пошто еден денес како да го слушнав дека ми викаше: "Иди дома ма, ИДИ ДОМА....!!!" Мислам од кај па он знае дека идам дома. Чудно, нели?

    Кога ќе го најдам отворачот за прозори ќе ми биде дефинитивно полсено, ќе можам да ги слушнам што ми викаат.

    19 мај

    Ноќе градов е катастрофа со осветлување. Денес прв пат бев ноќе со кола. Абе цело време морав да ги држам упалени долги светла иначе ништо не се гледа.

    Изгледа дека и на другиве возачи ништо не им се гледа. Гледам ја одма што упалам дугачки и оние од спротива ги палеа.

    Само не ми е јасно зошто ми свиреа? Дали така плашат и бркаат мачки и кучиња да не им претрча некое, кој да ги знае. Ма остај ги чудаци.

    26 мај

    Денес имав сообраќајка. Влегов во кружен тек, ама влегов у шпиц ептен имаше коли. Не сакам да претерувам ама сигурно имаше едно 4 коли.

    И никако не можев да излезам. Кружев сигурно едно саат време. Мислам, почна да ми се врти од цело тоа кружење и на крај удрив во споменикот во средина на кружниот тек.

    Мислам дека мора да се ограничи возењето во кружен тек на мах. еден автомобил.

    3 јуни

    Несреќава ме држи и денес. Отидов да си ја земам колата од сервис и на искачање место да стиснам на кочница ја стиснав на гаста. Удрив у една кола и и ја искршив цела десна страна. И пази која коинциденција бе. Испадан дека тоа беше мојот инструктор.

    Колку е добар човекот, немате појма. Јас цело време му викам дека сум јас виновна, а он срце, се кубеше по главата и викаше: "Прости ми Господе, прости ми Господе".
     
  20. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Како ќе те зезне папагал?

    На Ванѓа и се расипала машината за миење садови, па се јавила кај сервисерот да дојде да ја поправи. Бидејќи морала да оди на работа, на мајсторот му...
    ...објаснила како да влезе во куќата:

    „Клучот е под чергичето, влезете внатре и немојте да се плашите од моето куче Спајк, тој нема да ви пречи, но ве молам немојте никако, ама никако, да му се обраќате на папагалот! Ќе ви префрлам пари директно на сметка. И уште еднаш повторувам, НИКАКО НЕ МУ СЕ ОБРАЌАЈТЕ НА ПАПАГАЛОТ!“

    Кога дошол сервисерот без проблем го нашол клучот. Кога ја отворил вратата го видел огромното и страшно куче, но како што веќе Ванѓа му кажа, тоа си лежело мирно и го гледало како работи. Но...

    Папагалот зад него бил ужасно, ужасно, досаден. Цело време се дерел и му идел на нерви на мајсторот. На крај тој веќе не можел да издржи:

    „Затни се ти глупа, гадна птицо!“

    На ова папагалот одговорил: „Држ’ го Спајки!“ :lol:
     
    На QueenElena и Ema.Sk им се допаѓа ова.