1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интересен текст

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 16 јуни 2010.

  1. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Борба за живот
    Како и да го наречат лекарите: малигно заболување, карцином, ... тоа е тоа сакаат да кажат рак.
    Најтешко
    е кога ќе ви кажат после сите завршени анализи “за жал анализите ги
    потврдија нашите сомневања вие боледувате од карцином ќе сториме се што
    е во наша можост да ви помогнеме”. И потоа следи празнина. Голема темна
    полна со ништо. Кога ќе ја снема празнината доаѓаат прашањата; зошто
    баш јас, каде згрешив, и најболното од сите уште колку време ми остана,
    и што сега од каде да почнам, од почетокот на крајот или можеби не е
    крај. Ова беше оптимизмот кој некој мисли дека се дава а всушност секој
    го има ама заборава каде го ставил во кој дел од мозокот.
    И
    борбата почнува. Тешка е. На моменти е толку тешка што ти доаѓа да се
    откажеш и предадеш но мораш да продолжиш по тешкиот пат по кој ќе те
    води желбата за живот. Сите велат дека најважна во оваа борба е
    поддршката од најблиските, од луѓето што ги сакаш но не е, најважно е
    сам себеси да си дадеш желба за живот причина за која ќе живееш, а ако
    побараш такви ќе најдеш многу. За некого и за нешто вреди да се живее а
    јас знам за кого и зошто. Ова е мојата борба за еден во која ЈАС морам
    да победам а сојузници ми требаат.
    1 дел

    Дијагнозата ја знаев уште кога ја напипав
    грутката на левата града но не кажав никому бар некое време, но ме
    мачеше тоа па се јавив кај матичниот гинеколог кој при првиот преглед
    рече дека не му се допаѓа тоа што го виде, ме упати на мамографија и
    ехо каде што се потврди дека има нешто но дека без биопсија не може да
    се даде дијагноза па ме упатија кај патолог. За ова знаеја само моите
    дома, несакав да кажам на никој друг, напуштив и од работа без збор да
    кажам како и зошто си одам, можеби сакав да сокријам што ми се случува
    или сакав само да си одам од таму. До биопсијата кај мене постоеш надеж
    дека нема да биде ништо страшно но после неа дојде кошмарот. На
    останатите пациентки само ги даваа резултатите и им закажуваа контрола
    а мене ме одведоа на страна да ми кажат дека се пронајдени малигни
    клетки и дека морам да одам на операција да ја одстранам градата и да
    се лекувам со останатите третмани. Тие зборуваа а јас веќе не ги слушав
    во умот ми се вртеше мислата зошто баш јас, Боже премлада сум имам само
    38 години, имам мало дете, животот е пред мене, а имам и убави гради и
    ...
    Тогаш дојде празнината во паметта која не сакаше да го прифати тоа.
    Ми
    требаа неколку дена да се совземам и да сфатам што ми се случува,
    закажав на торакална хирургија за операција која беше за 10 дена а во
    кои ги броев и часовите. Утеха побарав во храната, неколку пати во
    алкохолот, па дури кажав и на неколку луѓе за кои мислам дека ми се
    пријатели и кои беа со мене и сеуште се тука да ми дадат поддршка на
    некој начин. А тие што мислев дека ме сакаат и дека морална обврска им
    е да бидат покрај мене ги немаше иако знаеја што ми се случува. А мене,
    мене ми требаше само среќа, божја помош, добар доктор, а ми требаше и
    љубов, но и пари, малку имав од сето тоа но морав напред. И тргнав
    храбро со крената глава, и со сите мои сили на операција која не траеше
    повеке од 2 часа. Кога се разбудив ги видов докторите и сестрите кои
    рекоа дека се е во ред и тргнаа да ме носат во собата. Во холот стоеше
    мајка ми и уште една личност која не очекував да ја видам а многу ја
    сакав. Се израдував толку многу што заборавив на операцијата и на
    болеста. Како да ми даде инфузија со оптимизам. И тогаш видов дека не
    ми ја одстраниле цела града, само мал дел, што исто ме израдува. Брзо
    почнав да се опоравувам, вториот ден станав од кревет почнав да шетам
    по малку и видов дека има полоши случаи од мене. Се спријателив со
    болните што ми помагаа па времето помина побргу. Стравот сега стануваше
    поголем што ќе покажат резултатите. Ама резултатите ке бидат готови за
    две три недели а до тогаш неизвесноста убива. Иако знаев што ме чека,
    потајно се надевав на тоа дека се ќе биде во ред и дека не мора да
    поминам низ сите фази на лекувањето. Ама не беше така. Резултатот
    покажа карцином од 2а и морам на понатамошно лекување. Бев спремна на
    се иако знаев дека е тоа патот низ пеколот на еден човек, знаев што ме
    чека кога ќе влезам во вратата на која пишува радиологија и онкологија.
    Ја мразев таа врата, но влегов, можеби навистина е тука патот кон
    спасот. Никогаш не се знае од каде ке дојде.
    Дојде денот за резултати, беа потврдени резултатите, за среќа без метастази, што ми влеваше надеж дека се ке биде во ред.

    2 дел

    Сега морав на радиологија. Чекорите ми
    одеа еден напред назад два, се плашев. И имав право на тоа. Можеби не
    требаше да прочитам и да прашувам толку многу па немаше да се плашам. А
    јас точно знаев се што следи. Прво хемотерапија, па радиотерапија, а во
    меѓувреме пекол. Првата терапија помина добро сестрата што ми ја даваше
    рече дека е исто како да сум се напила многу алкохол па ќе ми биде лошо
    неколку дена. Не беше далеку од вистината само што таа беше малку
    полоша. По една недела се вратив и на работа бидејќи работата ми беше
    седечка можев да работам. Но не беше се исто, луѓето ме гледаа со
    поинакви очи, незнам сеуште дали со сожалување или само љубопитно, но
    не беше важно, работата ме исполнуваше, а бев со луѓето што ги сакам.
    Најтешкиот момент дојде кога 17-етиот ден косата почна да ми паѓа,
    утредента се повеќе и повеќе, а 20-тиот ден морав да ја избричам
    главата. Имав прекрасна густа коса речиси до половината, се потсетив на
    еден филм каде Деми Мур се истрижа на 0, па почнав и јас сама со
    машинката. Сечев и плачев, еве и сега додека го пишувам ова плачам но и
    си ја местам мојата убава кратка коса. Утрдента беше втората терапија,
    отидив со перика, ја мразев многу иако не ми стоеше лошо но морав да ја
    носам, инаку не можев. Се редеа терапиите една по една која од која се
    полоша. Почна да ми ослабува целот организам, ама земав многу витамини,
    почна да ми крвари непцето, ми паднаа и неколку нокти, незнам дали од
    терапијата или од друго нешто друго. Почна да ми се намалува видот,
    слухот, мирисот, се беше некако поинаку. Но петтата и шестата беа ужас,
    не можев ниту да одам ниту да зборувам ниту да јадам неколку дена, но
    знаев дека имам сила за пак да станам, да се издигнам како Феникс, од
    сопствената пепел, морав, имаше некој кому му бев потребна. Јас сум и
    мајка и ќерка. Друите не се важни, мислев дека се важни, ама не се.
    Некои луѓе имаат чувства само за себе, некои немаат воопшто, а некои
    само лажен алтруизам. Се на се, никој не ги сака болните луѓе. Имав
    многу пријатели и роднини кои ги снема под изговор да не ми пречат,
    останаа со мене само оние кои навистина ме сакаат, а тие се бројат на
    прстите од едната рака .

    3 дел

    Потоа, после месеци половина, почна
    зрачењето, се решив да патувам секој ден, не сакав да лежам во болница.
    Немаше да го издржам сето тоа психички, зошто почнав да се чувствувам
    слаба. Психички ја немав веќе силата и поддршката од некои луѓе па
    почнав да се плашам. Долго време се 25 дена, да се патува секој ден, но
    се издржува ако се сака. Се си течеше во најдобар ред додека не почнаа
    изгорениците да се појавувуваат, беа грозни, но не болеа. Се појавија
    22-риот ден, но морав да продолжам. И најпосле заврши се. Решив да се
    одморам малку пред да се вратам во нормален живот, но не беше по мое.
    Хемотерапијата и зрачењето си го направија своето, колку ти помагаат
    повеќе ти штетет. Почнав да се чувстувам уморно, мислев дека ќе помине
    ако се одмарам повеќе, но не беше така, ми беше полошо па морав на
    лекар пак. Нова болест, нова дијагноза, сега срцето ослабело од
    терапиите.
    Има ли крај ова мачење, немам веќе сила, почнав да
    попуштам, почна да ме фаќа депресија. И што е најлошо, почнав да ги
    мразам сите. Јас морам да лежам во кревет а толку многу сакам да
    живеам, да шетем, да се забавувам, да се опијам, некогаш да заборавам
    на се што било во оваа проклето тешка година, ама не е по мое. Но велат
    надежта последна умира. Подготвена сум на се, па одам напред. И јас
    еден ден да живеам нормално како сите други кои сега само ги гледам
    како одат на работа, како излегуваат. Се надевам дека ке победам.

    LICNOSTA ZA KOJ E NAPISAN BLOGOT POCINA DENES..........NEKA I E LESNA
    ZEMJATA I NEKA POCIVA VO MIR.......A BLOGOT NEKA OSTAVI DLABOKA TRAGA
    ZA HRABRITE...........A ZA ONIE KOJ NEMAAT HRABROST NEKA GI
    OHRARBI.............. :( ;( :(
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    навистина жален текс текс кој навистина ќе ги охрабри другите, ќе им даде можност да размислат се што имаат и таа мала радост да знаат да ја уживаат и да го искоренат од нив зборот јас не можам јас не сакам. само храброто срце продолжува во борбата наречена живот
     
  3. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Што заслужува секоја девојка
    Па доколку сакате да бидете успешен, зрел и одговорен партнер, еве што е неопходно да сторите за својата партнерка:

    Комплетно внимание во важни моменти
    Ако таа минува низ емотивна криза, немојте да ја оставите и да заминете на кафе со пријателите бидејќи не знаете како да се справите со нејзината тага. Можеби мислите дека е подобро да ја оставите сама да се исплаче, но таа многу повеќе би сакала да останете покрај неа и да ја прегрнете.

    Комплименти кажани јасно и гласно
    Жените сакаат нешто повеќе од насмевка и воздишка после добар секс. Во вакви моменти тие сакаат да чујат дека изгледаат неодоливо привлечно. Нежностите и комплиментите никогаш не се на одмет во врската.

    Убаво однесување дури и ако сте повеќе години во врска
    Иако веќе сте ја освоиле тоа не значи дека подоцна не треба да се однесувате убаво со неа. Убавите манири секогаш се добредојдени, а и секоја жена заслужува такво нешто.

    Фина рамнотежа меѓу вистината и малите лаги
    Не би било лошо да премолчите дека нејзината мајка ви оди на нерви или дека ручекот не е толку многу вкусен. Малите заобиколувања на вистината некогаш се добри за врската, но од друга страна важните работи не смеете да ги премолчите пред неа.

    Безусловна посветеност кон еден дел од нејзиното тело
    Одберете еден дел од нејзиното тело, кој безусловно ќе го обожавате и тоа отворено покажете го.

    Многу предигра
    Предиграта е е важна исто како и сексот полн со многу преграти, бакнежи, милувања и контакт со очите.

    Потврда пред пријателите и семејството и секако на Facebook
    Наместо статусот 'single' на Facebook задолжително треба да стои 'in a relationship'. Електронската потврда е подеднакво важна како и реалната. Ако не сакате да признаете дека сте во врска најверојатно оставате простор за некоја друга личност.

    Бидете нејзин најдобар PR
    Морате да се гордеете на нејзините успеси, да не се чувствувате загрозени и задолжително да ја пофалите пред пријателите и семејството.

    Никогаш немојте да и кажете дека е неподнослива заради ПМС
    Ова е дозволено да го кажете само ако таа претходно си го признае истото самата на себе, но дури и тогаш треба да се смешкате и да ја прегрнете.

    Да бидете нејзин модерен витез
    Да ја земете од работа после напорниот ден и да ја одведете на мирен ручек, а потоа на релаксирачка купка.

    Повик наместо порака или игнорирање
    Јавувајте и се редовно, не ја оставајте да го очекува вашиот повик.

    На вашите сакани покажете им го ова ;)

    Кога ќе го исполнат ова побарајте и нешто повеќе :)
     
    На mims-89, julie77, Shila89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    После редовниот тренинг во кошарка на група пријатели, во соблекувалната, наеднаш ѕвони мобилен телефон и еден од мажите се јавува, но ja уклучува......“hands-free” опцијата. Сите во соблекувалната молчат и слушаат.

    Мажот: Ало?
    Жената: Душо, јас сум. Играш кошарка?
    Мажот: Да.
    Жената: Јас сум во трговскиот центар и најдов една преубава бунда. Само 1.000 долари е! Може да си ја купам?
    Мажот: Штом толку ти се свиѓа, купи си ја.
    Жената: Исто така, по пат застанав и до салонот на Мерцедес, ги видов новите модели за 2009. Видов еден што е створен за мене!
    Мажот: Колку е?
    Жената: 90.000 долари.
    Мажот: Добро, но за таа цена очекувам да има сé внатре.
    Жената: Супер! Но, има уште една работа... Куќата што ја сакав е пак на продажба. Сега бараат 950.000 долари.
    Мажот: Штом е така, добро, само понуди им прво 900.000 долари. Најверојатно ќе ги прифатат. Ако не, дај им ги и останатите 50.000 долари. Навистина е добра цената.
    Жената: ОК, ќе се видиме подоцна! Те сакам најмногу!

    Мажот ја спушта слушалката. Другите мажи го гледаат со подотворени усти, не им се верува што виделе...

    Тогаш тој се насмевнал и им вика: Да не знае некој чив е телефонов?

    ___________________________________________________________________________________

    Без навреда, немам ништо против Велес и велешаните. Ова е чист хумор и зафрканција, со единствена цел - забава и подобро расположение..




    Лична карта на Велешанец

    Име и презиме: Исто како дедо му.

    Прекар: Улав, Смрден, Пеер, Умрен, Ташак, Сељак.

    Хороскопски знак: Семкар, подзнак Драпајмадиња.

    Адреса: Или Благој Ѓорев или нагоре по ридот.

    Професија: Шо и да е за пет иљади.

    Општествен статус: Незадоволен граѓанин од владата.

    Хоби: Кладење, Гледање плакати кој умрел.

    Брачен статус: Среќно неоженет.

    Деца: Едно ко ниедно.

    Домашно милениче: Галапчиња.

    Станбен статус: Хармонична симбиоза со родителите.

    Вечна амбиција: Да добијам документи за на брод.

    Надежи: Годинава да биде поарно.

    Најчеста фраза: „Абе умрел Андре на Ленка..."

    Непоправлива навика: Плукање по улица.

    Дневна маршута:
    Дома – Работа – Дома
    Дома – На школо – Дома
    Дома – Кладилница – Дома
    (Кладилница се комбинира со претходните две)
    Дневна – Спална – Дневна (само за најупорните)

    Вечерна шема:
    30 круга од Панини до кај Семкарот (за под 18 год.)
    Рандом избор на комплекс кафичи + PUB, Glamour, AS, Nocturno

    Трошоци: Повеќе од заработката.

    Комплекси: Да му цркне козата на комшијата.

    Најпосакуван велешанец: Тој со поршето.

    Најпосакувана велешанка: Таа со деколтето и миничот на минус 20
    ________________________________________________________________________________________


    Плавуша ќе оди на пат „за Америка“
    На средината на Пашкиот мост (Хрватска), на самиот раб од оградата стои една преубава и совршено градена плавуша. Погледот и е насочен надолу во синото море, со желба да се убие, кога, во меѓувреме поминува еден морнар во униформа:

    - Девојко, што правиш тука на мостов? – ја прашува морнарот.

    -Ма, сакам да се убијам, ...секое машко сака само да ме помине за една ноќ, никој не сака да биде со мене заради друштво или слично! – тажно одговори плавушата.

    -Немој така, не сме сите машки исти, еве јас денес одам за Америка со брод, ако сакаш можеш да дојдеш со мене, не треба ништо да плаќаш. Ќе спиеш на креветот до мене во кабината и јас скришно ќе ти носам храна.... Само вети ми, дека ќе останеш скриена во мојата кабина, зошто ако те дознае капетанот, и двајцата ќе настрадаме!

    - Еве, надеж за подобар живот! – си помисли плавушата.

    И така, таа вечер скришно се качија на бродот. Првиот ден морнарот и донесе доручек во кабината и се врати на работа.

    И донесе и ручек па пак се врати на работа.

    Вечерта и донесе и вечера и мртов уморен од работа заспа на својот кревет. Истото беше и вториот, третиот и петиот ден.

    На плавушата од ден на ден моранрот и стануваше се помил и помил, па по една недела се заљуби во него. Една вечер кога тој влезе во кабината да и донесе јадење, таа го пољуби и завршија заедно во кревет...

    И така некои два, три месеца, преку ден тој работеше, а таа благодарна и среќна ја чистеше неговата кабина. А секоја вечер креветот крцкаше од жестокиот секс.

    Меѓутоа, едно попладне капетанот случајно се симна во кабината. Капетанот чудно ја погледна прекрасната плавуша и ја праша:

    - Девојко, што правите вие на мојот брод??!

    - Знаете капетане..., јас сакав да се самоубијам затоа што сите мажи сакаат само да ме е*ат, никој не сака да разговара со мене! Ме спаси вашиот млад морнар, ме земa на бродов со него. Ја ризикуваше својата работа за да ми помогне, предобар е со мене, цел ден вредно работи и ми носи храна. Секоја вечер нашите души и тела се спојуваат во едно. Различните расипници веќе не го искористуваат моето тело, повеќе никој, како што викате вие мажите не ме "е*е".

    Капетанот само мирно ја погледна и ладнокрвно и одговори:

    - Те е*е тој тебе среќо, те е*е ....Зошто ова не е брод за Америка, туку траект Сплит – Брач!
     
    На QueenElena, 2468 и karak им се допаѓа ова.
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Значи да си кажам прво, немам ништо против нашата праисториска убавица Боки 13ка. Човекот е права срцка, му нема рамен :lol: Нема да навлегувам, само сакам да споделам со вас еден интересен текст поврзан со Боки, т.е биографија што случајно ја пронајдов на нет :D

    Кратка Биографија Бојан 13-ka J

    Роден е на сосема неважен датум, од мајка која за инает на советите на докторите за абортус поради недостаток на хормони, го роди, и татко кој уште не знае колку дрога земал пред 9 месеци, и не е свесен дека ќе зема уште повеќе кога ќе порасне неговото дете.

    На 5 годишна возраст мајка му за првпат го облече во женска облека. Од тогаш па наваму секоја недела после штрумфовите во 19ч Бојан се носеше како девојче правејќи водителски емисии со неговите кукли. На 7 години го доби првиот другар. Неговата пудлица Жан Пјер како поклон за роденден, набрзо му стана и љубовник.

    Основното училиште едвај го завршува, со помош на мајка му и нејзините орални ургенции. Доби неколку укори, поради пресоблекување во женската соблекувална, и допирање на машките за незгодни места. Победи на првоаприлската забава во училиштето маскиран во Missy Eliot.

    Се запиша во средното училиште Јосип Броз Тито, каде го заврши за рекордни 5години. Во ова време Бојан не успеа да направи нови другарчиња, туку ги победи научниците, со рекорд од 19 год живот без мозок и како човек кој нема другар цели 18 год.

    Неговата кариера беше почната од родителите, и со дебело спонзорство успеаа да најдат термин во ЕЛИТНАТА телевизија МРТВ каде тој го поставуваше прашањето на кое никогаш не доби точен одговор... Кога ја изгубивте невиноста? Фантастична морфолошка и синтаксичка структура. Виртуоз на македонскиот јазик. Феноменално одиграна игра со зборови.

    За него познатите рекоа:

    Сергеј (фризер, стилист): најлошто искуство со машко до сега...

    Дунстер ( затвореник, 40год робија): Да ми го донесат во ќелија не би го допрел.

    Бејби (водителка): Галениче...

    Џорџ Мајкл (пејач): Нема да посакате да го видите гол во кревет сабајлето...

    Версаче (моден креатор): Колку и да шиете никогаш не е доволно да го покриете мешето на Бојан...
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    -Život je uzbudljiv biznis, i najuzbudljiviji je kada ga živiš za druge.

    - Kad nam sreća zatvori jedna vrata, često nam otvori druga, ali mi ponekad znamo predugo gledati u ona zatvorena, a ne videti ona otvorena vrata.

    - Ono najbolje i najlepše ne može se videti, pa čak ni dotaknuti. To se mora osetiti srcem.

    - Sve ima svoja čuda, pa čak i tama i tišina, i ja učim u kakvom god stanju bila da tu budem i zadovoljna.

    - Život je ili smela avantura ili ništa.

    - Ono u čemu smo nekada uživali, nikada ne možemo izgubiti. Sve što istinski volimo postaje deo nas.

    - Možemo postići sve što hoćemo ako smo dovoljno uporni u tome.

    - Užasna je stvar moći videti, a nemati viziju.

    П.С. Се извинувам што не е преведен...Инаку е превземен текстот.
     
  7. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Чевлите се подобри од мажите?
    Нема жена која не сака чевли. Повисоки, пониски, рамни, со платформа...не е важно. Кога би можеле сите пари би ги потрошиле на чевли. Ова се неколку причини зошто чевлите се подобри во споредба со мажите:

    1. Можете да си ја одберете големината.

    2. Можете да ги чувате колку сакате.

    3. Нема да ве заменат со друг газда.

    4. Не доаѓаат во пакет до „багажот“ на бившите.

    5. Немаат претерано заштитнички моменти.

    6. Не се жалат и не приговараат

    7. Лесно се вклопуваат каде и да ги однесете.

    8. Многу е полесно да се најдат совршени чевли отколку да пронајдете совршен маж.

    9. Доаѓаат со сметка и можност да ви ги вратат парите доколку не чинат.

    10. И кога ќе ве изневерат постои можност да ги поправите.
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Ова го копирав од една страна :rofl: :rofl:

    “И јас сум дете!”

    (прв дел)

    Не давај ми мајко ластик,
    со штикли ластик не се играт!

    Не давај ми мајко Бекутан крема,
    со мојта пудра не е во шема!

    Не давај ми мајко лижавче,
    за него нема место до моето цигарче!

    Не давај ми мајко “Наш Свет” да читам,
    за КОСМО ќе треба по улици да питам!

    Не давај ми мајко од кајсија сок,
    кришум пијам водка ко смок!

    Нит ми дај цртан да гледам,
    јас само Фешн ТВ следам!

    Тук ми шминка мајко дај,
    ф’стан танок, деколтиран и краток,
    да фатам момак сладок
    висок до папок!

    Ние не сме моми фини,
    не сме верни
    ко Санто од Бандини!

    Па што ако школо немам,
    богат маж ќе си земам!
    ќе има и за мене… и за тебе…
    а него мајко… кој го е*е!

    шифра: Мама знае најдобро!
     
    На QueenElena и karak им се допаѓа ова.
  9. Minuska

    Minuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    11
    Децата се закон! :)

    Воспитувачка во градинка му помага на детето да ги облече чизмите. Тоа туркало, таа влечела, но чизмите никако да легнат на ноџињата. Кога едвај успеала...

    ...да му ги навлече, целата препотена, речиси се онесвестила кога малиот и рекол:

    „Ама сте ми ги облекле обратно... левата на десна нога, десната на лева.“

    И навистина. Не било лесно повторно да му ги соблече и облече, но, на крај чизмите си биле секоја на вистинската нога.

    Малиот тогаш викнал: „Тоа не се моите чизми“.

    Воспитувачката се гризнала за јазик за да не вресне. „Зошто не ми го кажа ова порано???!!!“ И со напор повторно му ги соблекла чизмите.

    Тогаш малиот продолжил: „Чизмите се од брат ми. Мама ми ги даде мене“.

    Воспитувачката не знаела дали да плаче или да се смее... после повторна мака, чизмите биле повторно на нозете.

    Тогаш таа го прашала детето: „А, каде ти се ракавичките?“

    Детето одговорило: „Па ги сокрив во чизмите!“
     
    На QueenElena и FortuneTeller.xD им се допаѓа ова.
  10. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Девојки, кога би имале можност нешто да промените кај вашиот партнер, што би било тоа? Што е она што како по некој стандард го имаат сите мажи.а со задоволство би го замениле со нешто друго? Би ги пратиле ли на ваков курс за мажи?

    Курс за мажи



    Модул 1:

    1. Научете како да живеете без мајка ви (2.000 часа)
    2. Мојата жена не е моја мајка (350 часа)
    3. Како да сфатите дека фудбалот е само спорт (500 часа)

    Модул 2:

    1. Немојте да бидете љубоморен на сопствените деца (50 часа)
    2. Не зборувајте глупости кога жена ви има пријателки на гости (500 часа)
    3. Како да го совладате синдромот на далечинското (550 часа)

    + БОНУС

    4. Не уринирајте околу шољата (100 часа + пракса)
    5. Како да преживеете студ без да драмите (100 часа)

    Модул 3:

    1. Како да испеглате маица за помалку од 2 часа (практична работа)
    2. Готвење без загорување, додека таа мие садови (практична работа)

    Модул 4:

    1. Почетен степен: куќни апарати (приказ во живо)
    - ОН .......вклучи
    - ОФФ.... исклучи

    И за надарени: Мојата прва супа без да претече (практична работа)

    ТЕМИ ЗА ДИСКУСИЈА

    Со оглед на комплексноста на темите, учествуваат најмногу 8 кандидати.

    Тема:

    1. Пеглање, од машина за перење до плакар... тој мистериозен процес.

    2. Опасност при полнење и празнење на садови за мраз (демонстрација).

    3. Ти и електрика – економски предности кога ќе повикате мајстор.

    4. Последно научно откритие – готвењето и фрлањето ѓубре не предизвикуваат импотенција.

    5. Иако си во брак со неа, смееш да и купиш цвеќе (разговор со психијатар).

    6. Тоалет хартија – дали расте на држачот?

    7. Како се спушта даската од ве-це шољата – чекор по чекор, видео презентација од Харвард.

    8. Детергенти – дозирање, употреба (практичната работа се изведува на отворено).

    9. Основна разлика меѓу корпа за валкани алишта и под (лабораториски експеримент).

    10. Мажот како совозач – дали е генетски возможно да не коментира кога таа се паркира?

    11. Комуникација: ментални вежби за разбирање, ако нешто е во фиоката не се прашува во која туку се обидуваш да го најдеш.

    12. Дали шољата за кафе може да прелета сама до мијалникот? (практичниот дел го води Дејвид Коперфилд).
     
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Еден ден, еден човек влегол во ресторан, а со него бил еден огромен ној. Келнерката ги запрашала што сакаат да нарачаат. Човекот нарачал „хамбургер, помфрит и кока кола.“ А, потоа се свртел кон нојот „А, ти?“
    „И јас истото!“ - одговорил нојот.
    После некое време келнерката се вратила со нарачката. „Тоа би било $9,40 долари“.
    Човекот посегнал во џебот и извлекол точно толкав износ.
    Наредниот ден човекот и нојот повторно отишле во истиот ресторан. Повторно нарачал „хамбургер, помфрит и кока кола.“ и се завртел кон нојот:
    „И јас истото!“ - одговорил нојот. После некое време келнерката им ја носи сметката и им наплаќа $9,40 долари, а господинот од џебот и извадил точно пари до цент.

    И така сето ова преминало во рутина. После 2 недели, повторно дошле во ресторанот.
    „Вообичаеното?“ - прашала келнерката.
    „Не, денес е петок! Ќе земам месо со салата и пиво“, рекол господинот.
    „И јас исто“ - рекол нојот.
    Набргу келнерката се вратила со нарачката. Тоа би било $32.65 долари.
    Човекот посегнал во џебот и извлекол точно толку пари. Овој пат келнерката не можела да одолее на љубопитноста.
    - „Простете, но како тоа во џебот секогаш имате точно толку пари колку што ви е сметката?“
    - „Па, пред неколку години го чистев таванот и најдов стара ламба. Ја протрив и од неа излезе дух кој рече дека ќе ми исполни две желби. Мојата прва желба беше во џебот секогаш да имам точно пари колку ќе ми бидат потребни за да ја платам сметката. И желбата ми се оствари, секогаш кога купувам нешто во џебот ми се појавуваат точно толку пари колку што ми се потребни.“
    - „Па тоа е извонредно!“ - рекла келнерката. „Повеќето луѓе би барале милиони, а вие вака ќе бидете богат засекогаш.“
    - „Токму така! Без разлика дали купувам млеко или автомобил ,секогаш ќе можам да ги платам.“
    - „Добро, а зошто нојот е секогаш со вас?“

    ------------------------------------------------------
    На тоа човекот воздивнал и рекол “ех, тука е штосот. мојата втора желба беше покрај мене до крајот на животот да имам „пиленце“ со долги нозе и голем задник кое секогаш ќе се сложува со сè што ќе кажам!“

    ------------------------------------------------------

    Затоа ... ВНИМАВАЈ ШТО ПОСАКУВАШ!!!
     
    На QueenElena, karak, BeYourself и 5 други им се допаѓа ова.
  12. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    3 приказни за неверството

    1. Жена била во кревет со љубовникот кога го чула мажот како влегува во куќата.



    „Побрзај, сокриј се во ќошот“. Го полила со бебешко масло и му истурила бебешка пудра врз него.

    „Не се мрдај додека не ти кажам“ – му рекла.

    „Претворај се дека си кип!“

    „Што е ова?“- прашал мажот кога влегол во собата.

    „Тоа е кип“ – му одговорила жената. „Комшиката си купи па мене ми се допадна и купив и јас сличен за нас.“

    Без дополнителни коментари си легнале да спијат. Околу 2 часот по полноќ, мажот излегол од собата и се вратил со пиво и сендвичи.

    „Еве, му рекол на кипот, земи си сендвич.“

    „Јас така стоев два дена кај комшиката, можев да умрам од глад!“

    2. Маж отишол во бар и нарачал пиво.

    „Повелете господине, тоа ви чини 2 денари.“

    „2 денари?“ – повторил муштеријата.

    „А, колку ви чинат 10 ќебапи и една шницла?“

    „5 денари“ – му одговорил келнерот.

    „5 денари???“ – повторил човекот.

    „А, сакаш да ми кажеш каде е сопственикот на ресторанов?“

    Келнерот го погледнал:

    „Горе на спрат, со жена ми“.

    Човекот го прашал: „А, што прави горе со жена ти?“

    „Истото што и јас го правам овде со неговиот ресторан.“

    3. Перо бил на умирање, а жена му седела покрај него.

    Погледнал кон неа и со тивок глас и рекол:

    „Морам да ти кажам нешто“.

    „Немој сега да се заморуваш со зборување“ – му одговорила таа.

    „Не“ – инсистирал Перо.

    „Сакам да умрам мирен. Спиев со твојата сестра, твојата најдобра пријателка, нејзината пријателка и мајка ти.“

    „Знам“ – одговорила.

    „Сега само опушти се и дозволи му на отровот да делува.“

    :D :D

    (превземено од веб сајтот црнобело)
     
    На QueenElena, FortuneTeller.xD, soledad и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Навики кои не' вадат од такт

    1. Плукање. Онакво од пета, уште ако има и шлаем – таман.

    2. Пукање со прстите за да го викнете келнерот за сметка.

    3. Пушење на места за непушачи.

    4. Буткање со лактови во гужва каде сите чекаат во ред.

    5. Зјапање во непознати луѓе. Детална анализа што носат и што зборуваат.

    6. Бакнување и драпање на јавно место.

    7. Пребројување на парите во новчаникот додека 20 души чекаат во ред позади вас.

    8. Шепотење во друштво.

    9. Хистерично викање и потреба да се биде во центарот на вниманието.

    10. Сепарирање кога сте излезени во друштво.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833



    100 % true
    ова не од такт туку од патики ме вади |(
    ама често ваквите навики ги имаат некултурни ,нецивилиирани и неизживеани суштества :fubar:
     
  15. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Еве и од мене еден :) малку тажен е

    Еден човек се вратил доцна од работа, уморен и нервозен наишол на својот пет годишен син како го чека на вратата.

    Синот: "Тато смеам ли да те прашам нешто?"

    Таткото: "Да, секако, повели ?"

    Синот: "Тато колку заработуваш на час?"

    Таткото: "Тоа не е твоја работа. Зошто тоа ме прашуваш?" - рекол бесно таткото.

    Синот: "Само сакав да знам. Те молам кажи ми колку заработуваш на час?"
    Таткото: "Ако веќе мораш да знаеш, заработувам 20 евра на час."

    Синот: "Ох.." - детето одговорило, со спуштена глава."Тато те молам, ќе ми позајмиш ли 10 евра?"

    Таткото збеснал: "Ако единствената причина што ме прашуваш да ти
    позајмам 10 евра e за да купиш некоја играчка или слична глупост, сврти
    се и оди право во својата соба и не ми излегувај пред очи оваа вечер.
    Јас не работам секој ден до доцна во ноќта за такви детски глупости!"

    Детето тивко заминало во собата и ја затворило вратата.
    Човекот седнал и уште размислувал за прашањето од синот... "Како се
    осмелува такви прашања да ми поставува само за да извлече пари од
    мене?" После неколку часа, веќе се смирил и си помислил : "Можеби нешто
    навистина му е потребно за тие 10 евра..тој речиси и воопшто не бара
    пари."
    Скокнал од столчето и отишол до неговата соба и ја отворил вратата.

    "Заспа ли сине?" - прашал.

    "Не, тато буден сум".- одговорило детето.

    "Размислував...можеби бев премногу строг спрема тебе. Имав тежок ден
    и на тебе ти се нафрлив. Еве ти ги 10те евра кои што ги бараше."

    Детето се исправило смеејќи се. "Ех, ти благодарам тато." - извикнало.
    Тогаш ја тргнало својата перница и од под неа извлекло кесичка полна
    со монети. Кога таткото видел дека детето веќе имало пари, пак почнал
    да се лути. Детето полека ги избројало парите и го погледналo својот
    татко.

    "Зошто бараше од мене уште пари ако веќе си имал ?" - прашал таткото.
    "Затоа што немав доволно а сега имам".- одговорило детето. "Тато
    сега имам 20 евра. Може ли да купам час од твоето работно време? Те
    молам дојди си утре порано дома. Сакам да вечерам заедно со тебе."
    :worried:
     
    На QueenElena, baguf4e, Ema.Sk и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Snegulkaa

    Snegulkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Еднаш, многу одамна постоел остров на кој што живееле сите чувства. - Среќата, Тагата, Знаењето и сите други ... вклучувајки ја и Љубовта.
    Еден ден им беше соопштено на сите чувства дека островот ќе потоне на дното од океанот. Така сите чувства започнаа да ги подготвуваат своите бродови за да си заминат. Единствено Љубовта остана. Таа сакаше да го придружува островот до последниот можен момент.
    Кога островот скоро цел беше под вода, Љубовта реши дека е време да си замине. Таа започна да бара некој да и помогне. Токму тогаш Богатството поминуваше во голем брод.
    Љубовта праша: - "Богатство, ќе може ли и јас да дојдам на твојот брод ?" , Богатството одговори: - "Извини, но на мојот брод има многу злато и сребро и нема да има место за тебе."
    Тогаш Љубовта реши да ја замоли за помош Ништожноста која што поминуваше во огромен брод. Љубовта извика: - "Ништожност, те молам, помогни ми! ", "Не можам да ти помогнам" - одговори Ништожноста - "Ти си целата мокра и ќе го уништиш мојот прекрасен брод."
    Следно, Љубовта ја виде Тагата како поминува. Љубовта праша: - "Таго, те молам дозволи ми да појдам со тебе!". Тагата одговори: "Извини Љубов, но мислам дека сега треба да бидам сама..''
    Тогаш Љубовта ја здогледа Среќата и извика: "Среќо те молам, те молам земи ме со тебе !! ", но Среќата беше толку пресреќна што дури не ни ја слушна Љубовта како ја повикува.
    Љубовта започна да плаче. Тогаш слушна еден глас како ја вика: "Дојди Љубов, јас ќе те земам со мене". Тоа беше некој старец. Љубовта се почувствува толку благословена и беше пресреќна што заборави да го праша старецот како се вика.
    Тогаш Љубовта го сретна Знаењето и го праша:"Кој беше тој што ми помогна?" . "Тоа беше Времето" - Знаењето одговори. "Но зошто Времето ми помогна кога никој друг не сакаше ?" - запраша Љубовта.
    Знаењето се насмевна и со длабока мудрост и искреност одговори, "Бидејќи само Времето е способно да разбере колку е голема Љубовта."


    Текстов навистина ми се допадна, се надевам и вам. :)
     
    На QueenElena, Snowdrop, Forgotten и 3 други им се допаѓа ова.
  17. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Пред"1001 ноќ" во далечната "Индија" во "Долина на волците" "Кога лисјата паѓаат" се слушаше "Плачот на виолината" и таму во "Имотот на дамата" беше заробена робинката "Бандини" која рече "Збогум засекогаш" на " Љубовта и омразата " но дојдоа "Малечката невеста" и "Ѓумуш" и ја ослободија и таа им рече да бидат внимателни бидејќи, секогаш постои "Горка љубов''' . :D
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    постојат и такви родители кои мислам само на работата и неможат да поминат една вечер на вечера со своето малечко срценце на кое му е потребна родителска љубов.. :)
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Еден човек стар 92 години, со добро држење и горд, кој секое утро во осум часот бил целосно облечен, со модерна фризура, совршено избричен, иако е сосема слеп, се вселил во дом за стари лица. Неговата седумдесет годишна жена неодамна починала и затоа се преселил во домот за стари лица. После неколку час...а трпеливо чекање во ходникот на домот, пријатно се насмевнал кога му кажале дека собата му е подготвена.
    Додека одел кон лифтот, лицето за нега на старците му опишало како изгледа неговата соба.
    "Ми се допаѓа", му рекол со ентузијазам и без да ја види собата.
    "Господине вие сеуште не сте во својата соба, почекајте уште малку" рекло лицето вработено во домот.
    "Тоа нема никаква врска со ова", одговорил старецот, додавајќи:
    "Среќата е нешто, за што одлучувате однапред.Дали ќе ми се допадне собата или не, не зависи од тоа како е распореден мебелот, туку како јас ќе ги распоредам своите мисли...Веќе одлучив дека ми се допаѓа.Тоа е одлука која ја носам секое утро кога ќе се разбудам.Јас имам избор:можам да го поминам денот лежејќи во кревет и броејќи ги тешкотиите кои ги имам со делови од телото кои веќе не ми функционираат или да станам од кревет среќен поради оние делови од моето тело кои сеуште функционираат.Секој ден е подарок и додека ми се отворени очите ќе мислам на секој нов ден и на сите среќни спомени кои сум ги одложил.Староста е како банкарска сметка.Со неа го подигнувате она што сте го вложиле.Мој совет до вас е да вложувате многу среќа во банката на спомените".
     
    На QueenElena, teddybear, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Неколку добри причини да се биде женско

    1.Можеш да легнеш кого сакаш и кога сакаш.
    2.Клечеш кога мочаш,па многу полесно поминуваш ако пијана паднеш во WC-ТО
    3.Можеш да не платиш казна за брзо возење-само пушти некоја солза.
    4.Можеш да се омажиш за богат маж и потоа цел живот да не мора да работиш.
    5.Можеп да добиеш бесплатен пакет аражман со се што ти треба од било кој маж-се што треба да направиш е да спиеш со него.
    6.Мажите ти отвараат врата и ти припалуваат цигара.
    7.Жените се послатки од мажите,подобро лажат и манипулираат.
    8.Не се грижиш дали ке оќелавиш
    9.Не мора да го фрлаш губрето
    10.Не мора да бојадисуваш
    11.ПМС-уште еден добар изговор за тоа што си КУЧКА.
    12.Секако,ПМС е и легален изговор за убиство
    13.Жените можат да мастурбираат повеќе пати дневно од мажите.
    14,Секогаш ке најдеш добро оправдување.
    15.Мажите може да си замислат секс 200 пати дневно,жените можат да си го дозволат тоа
    16.Жените имаат повеќе од една ерогена зона
    17.Жените се подобри во караниците.
    18.Не размислуваш со своите гениталии
    19,Менопаузата-не мора да се раѓа и после 50
    20.Менструацијата една причина повеке да кажеш НЕ
    21,Жените не може да имаат влакно во енормни количини по своето тело
    22,Жена без долен веш е секси и дива,маж без долен веш е просто кажано одвртен.
    23.Жена не поминува 45 мин на клозетската шоља
    24.Кога жена ке го налути партнерот,не мора да троши пари на скапи подароци,анален и орален секс ке завршат работа
    25.Жените имаат 3 дупки со добар пристап
    26.За разлика од грд маж,грда жена со добра шминка и фризура може да го поправи впечатокот
    27.Жените не се грижат дали ке им се дигнат
    28.Далечинскиот управувал не е телесен израсток кај жените
    29.Не мора да правиш будала од себе за да импресионираш некој маж.
    30.Можеш да легниеш КОГО САКАШ,КОГА САКАШ,КАДЕ САКАШ-АКО САКАШ



    ПОСЛЕДНИТЕ 27,28 И 30 се најточни :)
     
    На QueenElena, teddybear, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.