Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интересен текст

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 16 јуни 2010.

  1. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    47
    Едно неделно попладне, додека таткото го миел својот нов автомобил, децата и неговата сопруга околу него си играле...
    Во еден момент здогледал едно од децата како со тврд метал нешто пишува по вратата на автомобилот. Се налутил таткото и замавнал со четката која ја држел во раката. Не ни помислувал дека тоа е судниот момент за неговиот син. Детето починало. Од жал,колата ја оставил неисперена и не ја возел неколку месеци...
    Кога сакал да ја заврши конечно колата,видел дека на вратата пишува ТАТО ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ
     
    На QueenElena, FortuneTeller.xD, MonnaSi и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    :D :D :D :rofl:
     
  3. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    леле душиче ;(
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Периќ во стриптиз бар
    Маж и жена славеле 25 години брак. Мажот ја прашал жената со што да ја израдува за годишнината. Однеси ме во стриптиз бар, баш сакам да видам како се соблекуваат стриптизетите.

    - Што ќе бараш таму? Таквите локали се само за напалени мажи што сакаат да гледаат женски кои им играат.

    Жената не попуштала:

    - Па сеедно би сакала да видам, а бидејќи знам дека си срамежлив, јас веќе купив карти за двајцата.

    - Епа, добро тогаш, нека ти биде! – се согласил мажот со тешко срце.

    Кога стигнале во барот, во гардероберот ги оставале палтата, а гардероберката му се обратила на мажот:

    - Добар ден господине Периќ

    Жената го погледнала, а мажот набрзина објаснил дека тоа е ќерка на негов колега. Кога се сместиле на маса, келнерот ги поздравил:

    - Добар ден господине Периќ.

    Жената луто го погледнала, а тој брзо и одговорил:

    - Ах драга, тоа е келнер кој порано работеше во мензата кај нас во фирма.

    Жената повторно го погледнала под око и едвај му поверувала. Претставата почнала и стриптизетата се соблекувала. Дошла до гаќите и ја прашала публиката:

    - А, кој ќе ми ги соблече гаќичките денес?

    Целиот бар во еден глас и одговорил:

    - ПЕРИЌ!

    Жената се изнервирала и луто си заминала од барот. Мажот по неа викал:

    - Драга, ова ми го подметнаа! Јас воопшто не ги познавам тие луѓе! Љубов моја, верувај ми те молам!

    Жената седнала во такси, а тој едвај ја стигнал и влегол во истото такси. Кога се сместиле во таксито, таксистот го поздравил:

    - Добро вечер гоподине Периќ. Што ви е денес? Толку добри к*рви возевме до сега, а денес сте одбрале ваква стара бабетина?!

    Епа после шетајте ја жената за годишнина!
    :D :D :D
     
    На QueenElena и mar17 им се допаѓа ова.
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    ТРГОВЕЦОТ И НЕГОВИТЕ ЧЕТИРИ ЖЕНИ

    ЧЕТВРТАТА ЖЕНА ја сакаше најмногу. Ја обожаваше, ја даруваше со скапоцени поклони, се грижеше за неа најмногу и ѝ даруваше само најдобро.

    Многу ја сакаше и ТРЕТАТА ЖЕНА. Беше горд на неа и често ја покажуваше на своите пријатели. Но, секогаш се плашеше да не го остави и да замине со друг.

    Секако дека ја сакаше и својата ВТОРА ЖЕНА. Таа беше многу внимателна, стрплива и во неа имаше голема доверба. Секогаш кога ќе наидеше на некој проблем, трчаше кај неа и таа секогаш му помагаше да ги совлада прапреките полесно.

    А ПРВАТА ЖЕНА му беше многу приврзан партнер. Му помагаше во работата и во одржувањето на целото богатство. Но, неа и не ја сакаше многу, но таа за возврат го сакаше неизмерно.

    . . .

    Еден ден трговецот се разболе. Чувствуваше дека му се ближи времето и дека за кратко ќе умре. Помисли на својот богат живот па рече: „Имам четири жени, но кога ќе умрам ќе бидам сам, многу осамен...“

    Тогаш ја запраша ЧЕТВРТАТА ЖЕНА: „Те сакав најмногу, ти купував најубави нешта. Те опсипав со внимание. Сега кога умирам, ќе дојдеш ли со мене да ми правиш друштво?“ „Никако“ одговори четвртата жена без ниеден друг звор.

    Тогаш трговецот ја запраша ТРЕТАТА ЖЕНА: „Те сакав цел живот. Сега кога умирам, ќе дојдеш ли со мене да ми правиш друштво?“ „Не!“ одговори третата жена. „Животот на земјата е премногу добар, ќе се премажам после твојата смрт.“ Срцето на трговецот се смрзна од ладниот одговор.

    Тогаш ја запраша ВТОРАТА ЖЕНА: „Секогаш бев кај тебе кога ми требаше помош. И сега барам од тебе помош. Сега кога умирам, ќе дојдеш ли со мене да ми правиш друштво?“ „Жал ми е, овојпат не можам да ти помогнам.“ одговори втората жена. „Најмногу што можам е да те закопам.“ Одговорот го покоси како гром.

    Тогаш се слушна глас: „Јас идам со тебе, каде и да одиш.“ Трговецот се сврте и ја виде својата ПРВА ЖЕНА. Беше така слаба и превиткана како да е изгладнета. Заблагодарувајќи се жално, трговецот рече: „Требаше за тебе да се грижам повеќе додеја сеуште можев.“

    ______________________________________

    Всушност, сите ние имаме четири жени во својот живот...

    ЧЕТВРТАТА ЖЕНА Е НАШЕТО ТЕЛО... Без оглед колку го негуваме и му посветуваме внимание, ќе не напушти кога ќе умреме.

    ТРЕТАТА ЖЕНА Е НАШАТА ЛАКОМОСТ, СТАТУС И БОГАТСТВО... Кога ќе умреме, сѐ ќе замине кај други.

    ВТОРАТА ЖЕНА Е СЕМЕЈСТВОТО И НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ... Без оглед колку ни биле блиски за време на животот, не може да дојдат со нас во гробот.

    ПРВАТА ЖЕНА Е НЕШТО ШТО НЕ МОЖЕШ ДА ГО ВИДИШ - ТВОЈАТА ДУША. Често е потисната и не се гледа од материјалните богатства кои нѐ опкружуваат. Но, единствено таа нѐ прати секогаш.

    Можеби е добро да се погрижиме за неа СЕГА наместо да плачеме на смртната постела.
     
    На Lella, QueenElena, FortuneTeller.xD и 5 други им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Секогаш, кај луѓето кои ги запознавам, погледот спонтано ми се лизнува кон рацете.

    Рацете зборуваат за личноста повеќе и од лицето.

    Рацете имаат свој живот, свое минато, кое лицето одамна го заборавило, затоа што и така секојдневно ги менува маските, од ситуација до ситуација, носено од некоја силна желба или страв.



    Но, рацете... Рацете секогаш ја зборуваат вистината. Дали некогаш сте виделе тажни раце?.. Уморни?.. Збунети?.. Понизни?..


    Да не зборувам за оние наметливите, лутите, раце кои секогаш сакаат да имаат контрола над се и раце кои се изгубени во залудни обиди за служење на некое разединето суштество?
    Во рацете е молитвата. Создавање и раздор!
    Не постои поубава слика од склопени дланки во понизна молитва. Рацете се нашата врска со Бог, но и со светот во кој не испратил.
    Во рацете е ЉУБОВТА, тела со тело, душа со друга душа. Низ нив тече енергија на целата Вселена. Тие простуваат, но и опоменуваат. Милуваат, играат, се смеат.
    Дали некогаш сте виделе налутени раце?
    Погледнете ги детските рачиња! Чисти и невини, само што тргнале кон светот со исконска желба да го запознаат и да се стопат со него во спонтана игра на допири.
    Рацете служат за универзална комуникација со се’ што постои. Со луѓето, со животните, со растенијата, па дури и со предметите. Енергијата на допирот уште долго време го благословува или проколнува она што еднаш нечии раце го допреле.
    Приказни се раскажуваат со рацете. Само тие можат да ги раскажат скриените моменти кои би се изгубиле во зборовите или би останале неважни, незабележани. Само со поглед во рацете ќе ја откриете ЉУБОВТА или рамнодушноста.
    Не на лицето! Тоа го пишува на рацете! Рацете садат, негуваат, берат и хранат. Рацете лечат. Превиваат рани. Ги исцелуваат оние телесните, но и раните на душата, која најмногу и најјако е поврзана со рацете. Рацете секогаш се вистински, дури и кога не е лицето. Погледнете ги своите раце. Набљудувајте како се однесуваат во ситуации кога имате чувство дека Вие не сте Вие, дека сте некој друг, кој е подобар или полош од Вас.
    Вашите раце секогаш ќе си останат доследни кон себе. И кон Вас. Вие, што и да посакате да бидете, тие секогаш ќе останат исти и едноставни. Ако ги натерате да бидат лути или бесни, тие секогаш, со задршка, ќе си ја завршат работата, како недоволно платен работник, немотивиран, во служба кај својот тврдоглав и немилосрден господар.

    --------------------------------------------------

    А во моментите на мир, Вашите раце ќе ви покажат кои сте!!! Верувале или не, со рацете може да се прегрне целиот свет! И планетата Земја може да застане на само една единствена дланка!!!
     
    На QueenElena, teddybear и Queen.S им се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Еднаш, во едно време, во една земја, живееше прекрасната ќерка на големиот владар. Дојде време за нејзина венчавка, но на девојката не ѝ се допаѓаше никој, ниту синови на кралеви, ниту на везири, ниту на богати трговци. Девојката ги одбиваше сите. Во оваа земја живееше прекрасно, но сиромашно момче кое ја побара нејзината рака. Секако, ѝ него го одби.
    Mомчето замина во друга земја да работи. Работеше напорно и стекна големо богатство. Во својата земја се врати по многу години. Потсетувајќи се на претходните години, се присети на девојката која го одби и посака да ја види. Се распраша каде таа сега живее и појде до нејзината куќа. Пред да затропа на вратата неа ја отвори еден човек кој беше толку грд што момчето мораше да го симне погледот.
    Кога човекот се оддалечи, момчето тропна на вратата. Вратата ја отвори некогаш преубавата девојка. Момчето беше многу љубопитно и веднаш ја запраша зошто се омажи за така грд човек. Девојката го однесе позади куќата каде имаше прекрасна градина полна со ружи и му рече: „Ако сакаш да го дознаеш одговорот, треба да ја најдеш најубавата ружа во градинава и да ми ја донесеш. Но, под еден услов - може да одиш напред, не смееш да се враќаш назад.“
    Момчето тргна низ градината. Само што помисли дека ја пронајде најубавата ружа, здогледа во близина друга, уште поубава. Ја пружи раката кон неа, но виде друга уште поубава. За кратко време дојде до крајот на градината, а не успеа да се одлучи која ружа е најубава. А назад не можеше. Тогаш, наоѓајќи се во безизлезна ситуација, на самиот раб на градината виде една напола свената ружа, ја скина и ѝ ја однесе на девојката.
    Кога ја виде ружата во неговите раце, девојката му рече:

    „Сега знаеш зошто го избрав овој човек.“
     
    На QueenElena, MonnaSi, BeYourself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Еден млад Принц го „изненадиле“ кога ловел дивеч во соседното царство. Го однеле кај Кралот и овој доследен на неговите закони му објаснил дека казната за тие што крадат била убивање на лице место.
    Но, бидејќи човекот бил Принц, Кралот го поколебала неговата младост и убавина, па во замена му понудил слобода за одговор на едно прашање:
    - „ШTO САКААТ ЖЕНИТЕ“?
    Како и да било Принцот се согласил со рокот од една година, бидејќи во тој момент за него било се поприфатливо од бесење.Тргнал Принцот по неговото царство да прашува што сакаат жените. Разговарал со Принцезите, Кралицата, Дворски Дами, селаните, проститутки, дури и со некоја луда жена - но, никој не му дал одговор на тоа навидум лесно прашање, туку добивал совет дека за тоа треба да ја праша старата Вештерка, бидејќи единствено Таа знаела што е тоа што го сакаат жените.
    Старата Вештерка била многу мудра жена, но и надалеку позната по баснословно високите цени кои ги наплаќала за секоја услуга. Најпосле дошол и последниот ден од годината а Принцот сеуште го немал одговорот и на крај отишол кај Вештерката.
    Откако ја прашал Што е тоа што го сакаат жените, Вештерката се согласила дека ќе му го даде точниот одговор, но за тоа треба Принцот да плати! Прашал Принцот што треба да плати и таа му одговорила:
    - Сакам да се омажам за Вашиот најдобар Витез!
    Младиот Принц престрашено ја гледал, била грбава, ужасно грда, ширела околу себе таква смрдеа што во еден момент му дошло да повраќа и испуштала необични звуци и крикови. При самата помисла дека треба да го замоли својот најдобар пријател и Витез да се ожени со тоа ужасно суштество се исплашил и се откажал од одговорот.Се вратил во Замокот целиот несреќен и во исчекување на првиот ден од Новата Година кога требало да биде обесен, зашто не успеал да го најде одговорот на поставеното прашање.
    Но, неговиот пријател и најдобриот Витез во Кралството разбрал за што се работи, па целиот среќен дека може да го спаси животот на својот Принц, отишол кај него и прифатил да се ожени за Старата вештерка.
    Се венчале Вештерката и Витезот по што таа на Принцот му го дала одговорот:
    - „СЕКОЈА ЖЕНА САКА ДА БИДЕ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ ЖИВОТ“!
    Штом го слушнал одговорот Кралот од соседното Кралство, задоволен од истиот, тој го ослободил младиот Принц од казната. За целото време на венчалната церемонија, Витезот на големо изненадување на сите, бил насмеан, весел, љубезен и полн со почит по сите обичаи према „Невестата“ додека Старата Вештерка како и обично врескала и испуштала крици, јадела како ѕвер несмасно и без манири, и што е најгадно од се, смрдела неподносливо.
    Конечно дошла вечерта и времето за првата брачна ноќ и додека Витезот ја чекал спремен в кревет да му дојде Вештерката, пред него се појавила најубавата девојка која ја видел во својот живот!!! Целиот опиен од нејзината убавина ја прашал:
    - Што се случи???
    Таа му одговорила:
    - Бидејќи со мене беше толку фин и љубезен, Јас половина од денот ќе бидам девојка, а другата половина Старата Вештерка.
    Само уште да те прашам... Изборот ти го препуштам Тебе...
    - Кој дел од мене сакаш да го имаш навечер, а кој преку ден?
    Витезот се замислил:
    - Какво сурово прашање!
    Брзо размислувал: Дали преку ден да има прекрасна девојка со која ќе може секој да го гледа без срам и страв, а навечер во интимноста на својот кревет да има монструозна Вештерка или преку ден да има Вештерка, а моментите на брачното сладострастие да ги поминува со прекрасна девојка?

    -----------------------------------------------------------------

    Витезот немоќен да одлучи и се обратил:
    - Одлучи сама!
    Штом тоа го слушнала Вештерката му одговорила:
    - Засекогаш ќе останам во овој облик, прекрасна млада девојка и дење и ноќе, бидејќи Ти ме почитуваше до крај и ми дозволи да бидам ГОСПОДАР НА СВОЈОТ ЖИВОТ!
     
    На QueenElena, FortuneTeller.xD, MonnaSi и 5 други им се допаѓа ова.
  9. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    “Sigmund Freud once said, "What do women want?" The only thing I have learned in fifty-two years is that women want men to stop asking dumb questions like that.”
    Semety

    Bill Cosby quotes

    Поздрав до Џули - лонг тајм ноу сии :D
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    22 црвени ружи

    Ни црните темни очила не успеваа да ги сокријат солзите кои се лизгаа по лицето, тивко и нечујно како што и тој замина од нашите животи. Никој не ни помислуваше дека секогаш насмеаното лице денес ќе биде скаменето… Толку млад, полн со елан и желба за живот…А како почна се? Со плач… така и заврши…
    Голема беше поворката која ја следеше колата во која лежеше тој. Многумина дојдоа да изразат почит и големо жалење што една таква личност го напушти овој свет и замина на небото. Солзите беа украс на сечие лице од поворката, единствено лицето на неговата мајка веќе беше пресушило и беше згрчено од болка. Најтешко за секој родител е да го испрати своето чедо кон вечен сон, а неа Бог ја беше казнил два пати. Прво во сообраќајна несреќа и го зеде сопругот, но и подари утеха во синот кој само што се беше родил и постарата ќеркичка која исто така ја преживеа несреќата, но сега кога и го зеде синот на сосема идентичен начин, за неа како да не постоеше причина за која вредеше да живее.
    Пред неа со крстот во раце одеше неговиот најдобар другар. И тој беше скршен од болка. И нему не му се веруваше дека неговиот најдобар другар веќе го нема. Никогаш не беа одделени, постојано заедно, освен тој кобен ден.
    - Не доаѓај со мене, Ќе одам сам – му рече
    Одмори се, а нареден пат ќе одиме заедно. Ти ветувам!
    Тоа беше единственото ветување кое не го исполни. Можеби и намерно не му дозволи да оди со него, можеби и тој знаеше што го чека. По се изгледа судбината сакаше неговиот најдобар другар да биде поштеден. Во себе постојано се обвинуваше зошто не беше со него, којзнае.. можеби и ќе беше нешто поинаку. Можеби и ќе го спасеше…Но, сега веќе е доцна за нешто да се промени.
    Меѓу луѓето што полека се движеа беше и една девојка која во рацете носеше букет од 22 црвени рози, исти онакви какви што тој и подари за роденден. Со неа тој си имаше посебна врска. Еден со друг постојано се дополнуваа, беа како створени еден за друг, но најчудно од се беше тоа што тие никогаш официјално не беа во љубовна врска. Кружеа муабети, шпекулации, но тие секогаш успеваа да останат имуни на тоа.
    Никој не знаеше, но Таа беше последната што го чу неговиот глас. И се беше јавил само еден час пред несреќата за да и посака добра ноќ и да и каже дека е добар. Пред да ја затвори слушалката и рече:
    - Те сакам Мила, убаво да спиеш. Ќе се видиме наскоро.
    Зборови кои сеуште и одѕвонуваа во главата. Целиот живот беше ладна за искажување чувства, но очигледно тие зборови како да го скршија мразот што ја беше завил. И беше тешко сеа кога го загуби, но најмногу ја болеше тоа што не му рече дека и таа го чувствува истото за него. За неа тие зборови останаа неизречени. А го сакаше, навистина го сакаше, но никогаш не се осмели да го каже тоа, оти за неа тие зборови беа безначајни. Додуша немаше ни потреба тоа да го каже за тоа што Љубовта гореше во очите и на двајцата. Ама сепак..
    Почнавме полека да го спуштаме ковчегот, јас заедно со уште неколкумина негови другари, кога одеднаш небото помодре. Еден огромен црн облак се појави над нас, спремајќи се во секој момент да истури силен дожд. Тогаш мајка му списка:
    - Не, не се одделувам од своето чедо, ако треба закопајте ме со него. Јас немам поради кој да живеам. Тој ми беше СЕ!
    И се фрли врз ковчегот. Настана комплетен молк, никој не знаеше како да реагира. Никој не ни помислуваше да и застане на патот.
    - Мамо, рече нејзината ќерка, единственото чедо кое и остана. Те молам, знам дека ти е тешко, и мене ми е, но остави го. Судбината беше сурова и ни ги одзеде двата најмили машки лика од нашите животи, но те молам не заминувај и ти. Не ме оставај сама. Потребна си ми.
    - Не можам! Не не не… Сине зошто замина, чедо мајкино, синеееееееее… -се слушаа мајчините пискотници низ гробиштата.
    - Врати се најмило на мајка! О боже зошто ми го зеде? Земи ме мене, не него! Сине врати ми се!
    Сите оние што беа во нејзина близина се обидуваа да и помогнат, но како? Никој од нив неможеше да го врати него и да и ја пополни празнината.
    Капка по капка, се лизгаа капките на дрвениот ковчег. Дури и небото плачеше за него. Ковчегот конечно се спушти во проклетата дупка каде вечно ќе почива неговото тело.
    Додека лопата по лопата го покривавме со земја, грмотевиците над нас стануваа се посилни, како и тие да ја проколнуваа судбината што го зеде. Поминуваа сите присутни и фрлаа по една рака земја и цветови за спокој на неговата душа. И кога конечно го покривме неговото вечно почивалиште се појави девојката со 22те црвени рози и ги положи точно над него. Никој потоа не се осмели да ги покрие нејзините цветови туку откако ќе се поклонеа своите букети свежо цвеќе ги ставаа од страна.
    Се приближи кон мајка му и сестра му кои сеуште беа гушнати една со друга обидувајќи се да си ја намалат болката, ги прегрна и тивко им прошепоти:
    - Не грижете се.. тој можеби умре, но еден дел остана во мене да живее. Носам негово дете. Сакав да му ја кажам радосната вест кога ќе се врати, но судбината реши тој никогаш да не дознае. Затоа и ви кажувам Вам. За мене тој беше еден и единствен и сакам да го родам тоа дете, но неможам сама да се грижам, ми треба помош, ќе ми помогнете ли?
    Неговата мајка и сестра се скаменија од зборовите што ги слушнаа. Не можеа да поверуваат. Беа просто занемени и незнаеа што да и одговорат. Неговата мајка ја допре за лицето и само и рече:
    - Ти благодарам мила. Ти го оживеа мојот син. Што и да ти биде потребно, каква и да помош ти треба.. се ќе добиеш.. ти ветувам. Сега ти си дел од нашата фамилија.
    Како сонце да ја беше огреало неговата мајка. За миг надежта и се врати. Очите и блеснаа. Ја прегрна силно девојката за која нејзиниот син и рече дека е жената на неговиот живот и успеа да се насмевне.
    Мојата работа беше завршена па полека се оддалечував од гробот кога пред мене се појави една машка силуета. Ја поткренав главата и се вкочанив.
    - Хеј, па.. па.. ти.. ти си.. – почнав да пелтечам, неверувајќи им на своите очи.
    - Мртов? - ми рече со насмевка
    - Па да, што се случува? – мислев дека сум го изгубил умот и дека халуцинирам.
    - Па зарем е можно да сум мртов кога живеам во срцата на многумина?
    Погледни околу тебе. Она што ме одржува жив се спомените на луѓето за мене. Се додека тие го споменуваат моето име и се сеќаваат на сите наши заеднички мигови јас нема да исчезнам. Затоа драг пријателе, кога нешто не сакаш да исчезне труди се да го сочуваш. Се си бара свое внимание: љубов, пријателство, работа, деца, соништа… Никогаш не е доцна да се започне. Јас можеби не сум присутен физички, но духот мој не умира.
    Остани ми во добро здравје и запамети:
    “Изгубено е само она од кое сме се откажале, а се додека некој се сеќава на тебе и ти ќе живееш!”
     
    На QueenElena, BlackPiano, FortuneTeller.xD и 5 други им се допаѓа ова.
  11. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Девојката чекаше авион во чекалницата на големиот аеродром. Требаше долго да чека, па одлучи да купи книга како би ѝ поминало побрзо времето за чекање. Заедно со книгата купи и кутија со некои колачи.
    Седна во чекалницата за да не ја вознемирува никој. До неа беше столица со кутија колачи, а понатаму еден господин кој читаше весник. Кога девојката зеде едно колаче и господинот до неа зеде едно. Девојката се шокира, но ништо не рече, продолжи да ја чита книгата. Во себе си помисли: види молим те, да имам само малку повеќе хтаброст досега ќе го удрев... Секој пат кога таа ќе земеше едно колаче и човекот земеше уште едно. И така сѐ додека во пакетчето не остана само едно колаче во пакетчето. Девојката помисли: баш ме интересира што ќе направи сега. Без размислување човекот го подели колачето на две и си го зеде своето парче.
    Е, ова е навистина премногу, си помисли девојката. Шокирана си ги зеде своите работи, книгата, торбата и излезе од чекалницата. Кога малку се смири и откога ѝ помина лутината, седна на место каде немаше никој за да избегне некоја друга непријатна ситуација. Ја затвори книгата и ја отвори торбата за да ја стави внатре. Тогаш ја виде кутијата со колачи. Стоеше во торбата воопшто негибната.
    Во тој момент ѝ стана јасно дека кутијата со колачи, иста како нејзината, всушност му припаѓала на господинот кој седеше покрај неа. Се засрами и се почувствува како крадец. Господинот што седеше покрај неа, без шокирање, без нервоза, однесувајќи се сосема нормално, го подели и последното негово колаче со неа. Сосема различно од нејзиното однесување, кога ѝ беа повредени чувствата и гордоста.

    ЗАКЛУЧОК:
    Колку пати во нашиот живот сме изеле туѓи колачи, а тоа воопшто да не сме го ни знаеле? Пред да дојдете до погрешен и брзоплет заклучок и пред да помислите нешто лошо, ПОГЛЕДАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО ДЕТАЛИТЕ. Многу често ситуацијата не е таква како што ни изгледа на прв поглед
     
    На Philippa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    [​IMG]
    Pre nekoliko dana dobih od prijatelja mejl nepoznatog autora koji na intertesantan način ilustruje današnju globalnu civilizaciju i navodi da svi više razmišljaju o tome gde smo, šta smo,šta radimo, šta trebamo raditi , kuda idemo, šta možemo očekivati i čemu se imamo nadati.

    Tekst je posvećen međunarodnoj nedelji prijateljstva i zato mislim da zaslužuje da i na ovaj način bude prezentovan.


    Dakle:

    “Kad bismo celokupno svetsko čovečanstvo sveli na selo sa stotinu stanovnika, a poštujući proporcije svih postojećih naroda sveta, selo bi bilo ovako sastavljeno:

    57 Azijata
    21 Evropljanin
    14 Amerikanaca (severnih i južnih)
    8 Afrikanaca

    52 žene
    48 muškaraca

    70 ne-belaca
    30 belaca

    70 ne-hrišćana
    30 hrišćana

    89 heteroseksualaca
    11 homoseksualaca

    6 osoba bi posedovalo 59% sveukupnog svetskog bogatstva i svih šestoro bi bili iz Sjedinjenih američkih država

    80 bi živelo u kućama bez osnovnih uslova stanovanja

    70 bi bilo nepismeno

    50 bi bilo neuhranjeno

    1 osoba bi umirala
    1 se radjala

    1 osoba bi imala kompjuter

    1 (da, samo 1) bi posedovala univerzitetsku diplomu

    Ako svet posmatramo u svetlu ovih podataka, očigledna nam postaje potreba prihvatanja, razumevanja, saosećanja i edukacije.

    Razmislite i o ovome:
    Ako ste se jutros probudili zdraviji no bolesniji, srećniji ste od million ljudi koji neće dočekati iduću nedelju.

    Ako nikad niste osetili opasnosti rata, usamljenost zatočeništva, agoniju mučenja, ugrize gladi, srećniji ste od 500 miliona stanovnika ovog sveta.

    Ako možete otići u crkvu bez straha da vam prete, da vas hapse, muče ili ubiju, srećniji ste od 3 milijarde ljudi ovoga sveta.

    Ako u vašem frižideru ima hrane, na vama odeće, nad glavom imate krov i imate krevet u koji ćete leći, bogatiji ste od 75% stanovnika ovog sveta.

    Ako imate račun u banci, novac u novčaniku i nešto sitniša uokolo u nekoj kutijici, činijici, spadate medju 8% najbogatijih ljudi na svetu.

    Ako su vam roditelji još uvek živi a pritom još uvek u braku, spadate medju uistinu retke osobe.

    Neko je jednom rekao:
    - radi kao da ti novac nije potreban.
    - voli kao da ti niko nikad nije naneo bol.
    - igraj kao da te niko ne gleda.
    - pevaj kao da te niko ne čuje.
    - živi kao da je raj na Zemlji.

    Ako možete pročitati ovu poruku, upravo ste dvostruko srećni, jer je neko mislio na vas i jer ne spadate u 2 milijarde onih koji ne znaju da čitaju.
     
  13. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    1. Prijatelji dolaze i odlaze

    U srednjoj školi maštamo kako ćemo do kraja života biti okruženi ljudima koje smo tada poznavali. Kada krenemo na fakultet, neke više nikada ne sretnemo. Kada promenite mesto boravka, promenite i ljude. U tome nema ništa loše, uvek imate vremena za neke nove. Postoje milioni ljudi koji bi baš za vas bili uvek tu i koji su vaši potencijalni najbolji prijatelji.

    Kada ostavljate neke ljude iza sebe, imate priliku da uđete u sasvim novi svet sa sasvim dugačijim mogućnostima. Ako nemate mnogo prijatelja, verujte, u svetu ih je gomila koji čekaju samo na vas.

    2. Nećete uvek dobiti ono što želite

    Za rođendan poželite samo jednu stvar i ne dobijete je. Verujete da ako ste imali samo jednu želju, ko bi bio lud da se usudi da vam je ne ispuni? Na kraju štedite 10 meseci da biste sebi to kupili. To je život: ljudi kasne, ljudi vas razočaraju, ne postoji vaš broj haljine, nemate novca za premijeru...

    Nemojte tražiti sreću u materijalnim zadovoljstvima i naučite da prihvatite kada nešto ne može biti vaše. Život je previše kratak da biste očajavali.

    3. Mnogi ljudi će vas voleti, mnogi neće

    Bilo da ste slavni, sveštenik ili običan dečko sa sela, neki će voleti i vas i ono što radite, ali mnogi baš neće. Kao i ljudi, mnogi su i razlozi – ljubomora, sličnosti, razlike ili jednostavno niste njihov tip.

    Neće vas svi uvek „gotiviti“ i to je sasvim u redu. Ako žele da provode svoje vreme pričajući o vama to je samo njihov problem. Vi ste savršeni takvi kakvi jeste, vaša savršenost nekome bi bila mana, i obrnuto. Nije vam potrebno da vas neko voli da biste imali dovoljno samopouzdanja.

    4. Niko ne može da promeni vaš život do vas samih

    Baš bi bilo sjajno kada bi naši prijatelji činili samo divne stvari od kojih svi imamo koristi. Isto tako bi bilo sjajno da ne moramo da se penjemo na pozornicu već samo da pročitamo taj govor ili blog i postanemo savršeni govornik.

    Pa, ljudi neće baš biti toliko darežljivi prema vama. Samo vi možete promeniti sebe i svoj svet.

    Naučite da stojite na svojim nogama makar i ne mogli da dohvatie najvišu policu. Ljudi na koje se oslanjate neće biti tu zauvek, a ne želite, sigurno ne želite, da koristite druge kao merdevine.

    5. Bićete i na dnu

    Radićete mnoge poslove dok ne pronađete pravi, a za mnoge ćete isto to i misliti. Šta god radili, moraćete se nositi i sa velikim neuspesima.

    Postoji izreka da samo oni koji spavaju ne greše.

    Možete dosta naučiti od drugih, naravno, ali samo na svojim neuspesima i greškama ćete zaista nešto izvući kao korist. Prigrlite svoje greške i iskoristite ih na putu kao uspehu.

    6. Dosta zavisi od okolnosti

    Ponekad će krenuti kiša baš kada ste na putu na plažu. Neće stvari biti uvek onakve kakvim ih očekujete. Nemojte se nervirati zbog stvari na koje ne možete da utičete.

    Naučite da živite sa onim što ne možete promeniti. Ne možete promeniti prošlost ali možete budućnost.

    7. Možda ne postoji sutra

    Pa, realno je. Može biti nesreća na ulici, srčani udar, ko zna šta sve. Čak i taj smak sveta je moguć. Iako bi većina živela 70 godina, to nije baš opcija za sve.

    Jedan od narednih dana će biti poslednji. Iskoristite svaki dan. Postarajte se da ljudi znaju da vam je do njih stalo. Radite ono što volite i nećete promašiti svoj život, svoju jedinu priliku.

    8. Neko će uvek imati veći kolač

    Bilo da je to novac, prijatelji, partner ili bilo šta, uvek neko ima više. To što vi želite više govori o vama dosta. To što on ima više ne znači da je srećan.

    Pogledajte biografiju neke poznate osobe i recite koliko je zaista srećna. Koliko uopšte zna šta je sreća. Njihova razonoda je trošenje novca a to nije sreća. Okrenite se onome što volite, a ne onome šta to što volite može da vam kupi.
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Едно будно минување низ центарот на градот облечен во свечено руво, може да Ви дари безброј приказни и можности за создавање нови.
    Зад стаклото во ресторанот покрај кој минував - џагор, насмеани лица, забрзани келнери...
    Од внатрешната страна, детско главче потпрено на аголот од масата, со својот здив и показалецот на стаклото создаваше желбен свет: ...елка, снешко...
    Постарите лица со него на масата, претпоставив - негови родители и нивни пријатели или роднини, внесени во разговор, шеги, како да не го забележуваа. Тие само го беа повеле со себе. Понатаму, од надворешната страна на стаклото, едно друго дете го лепеше своето носе, правејќи слични движења со прстето што ѕиркаше од скинатата ракавичка, се доцртуваше себеси на блиската маса преполнета како за празнична гозба.
    Глетката здоболе. Клекнав покрај детенцето. Неговите родители погоре во улицата продаваа лампиони. Го зедов за рака, љубезно побарав дозвола од родителите, а потоа се вративме во истиот ресторан. По еден час излеговме пресреќни, јас и моето ново пријателче.
    Тоа беше само еден час во неговиот живот, тоа беше само еден час од мојот...
    Верувам, детенцето ќе се сеќава, не заради новите ракавички и вечерата, туку заради тоа што му ја поддржав вербата во луѓето. Можеби еден ден, по многу години, моето мало пријателче ќе седи зад некое друго стакло со свој специјален гостин.
    Ги собрав рамениците за да ја задржам топлината што мило ми струеше низ телото, а на лицето имав сосема нова поинаква насмевка.
     
    На FortuneTeller.xD, MonnaSi, Fallin-ForHisSmile и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Еден кинески селанец и неговиот син на својот имот имале само една кобила. Кога кобилата во една прилика им избегала, нивниот сосед дошол и им рекол:- Ужасна работа, вашата кобила да ви избега.Селанецот одговорил:- Не знам дали тоа е лошо или добро, тоа е животот.
    Следниот ден кобилата се вратила назад и донела со себе цело стадо диви коњи. Соседите се собрале и рекле:- Каква голема среќа. Твојата кобила ти донесе толку многу други коњи. Сега сте богати.А земјоделецот одговорил:- Тешко е да се каже дали е добро или зло.
    Тоа е животот.
    Синот на селанецот сакал да ги скроти коњите и јавнал еден. Но коњот го фрлил, тој ја скршил ногата и останал инвалид. Соседот му рекол на селанецот:- Ужасно е она што се случило. Синот да ти остане инвалид.Селанецот одговорил:- Не знам дали тоа е лошо или добро.
    Тоа е животот.
    Наскоро војници дошле во селото и ги мобилизирале за војна сите способни млади мажи. Го зеле и синот на соседот,но синот на селанецот не, бидејќи кривел на едната нога. Тогаш соседот рекол:- Јас никогаш повеќе нема да си го видам својот син. Но, ти си среќен, твојот син е поштеден.Селанецот повторно рекол:- Јас не знам дали е тоа добро или зло.
    ТОА Е ЖИВОТОТ.
     
    На FortuneTeller.xD, mims-89 и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Еве да ве почастам и јас со еден
    Еден кинески селанец и неговиот син на својот имот имале само една кобила. Кога кобилата во една прилика им избегала, нивниот сосед дошол и им рекол:- Ужасна работа, вашата кобила да ви избега.Селанецот одговорил:- Не знам дали тоа е лошо или добро, тоа е животот.


    Следниот ден кобилата се вратила назад и донесла со себе цело стадо диви коњи. Соседите се собрале и рекле:- Каква голема среќа. Твојата кобила ти донесе толку многу други коњи. Сега сте богати.А земјоделецот одговорил:- Тешко е да се каже дали е добро или зло.
    Тоа е животот.


    Синот на селанецот сакал да ги скроти коњите и јавнал еден. Но коњот го фрлил, тој ја скршил ногата и останал инвалид. Комшијата му рекол на селанецот:- Ужасно е она што се случило. Синот да ти остане инвалид.Селанецот одговорил:- Не знам дали тоа е лошо или добро.
    Тоа е животот.

    Наскоро војници дошле во селото и ги мобилизирале за војна сите способни млади мажи. Го зеле и синот на комшијата,но синот на селанецот не, бидејќи кривел на едната нога. Тогаш соседот рекол:- Јас никогаш повеќе нема да си го видам својот син. Но, ти си среќен, твојот син е поштеден.Селанецот повторно рекол:- Јас не знам дали е тоа добро или зло.
    ТОА Е ЖИВОТОТ.
     
    На kate-the-great и pink4ever им се допаѓа ова.
  17. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Еден златар си седел во својот дуќан и низ излогот ги гледал минувачите.
    Едно девојче се доближило до излогот. Прекрасните сини очи добиле радосен сјај гледајќи во еден од изложените предмети.
    Одлучно влегла во дуќанот и со раката покажала кон една тиркизно сина огрлица.
    - За сестра ми е, може ли да ми ја запакувате како поклон?
    Трговецот просто не си верувал и го прашал девојчето: „ Колку пари имаш?“
    Девојчето се дигнало на прсти и отворило лимена кутија полна со неколку банкноти, ситни пари, школки и играчки.
    Ќе биде ли доволно? - прашала гордо.
    Сакав на постарата сестра да и купам поклон. Откако ја нема мајка ни, таа само работи и нема време за себе. Денес и е роденден. Мислам дека поклонот ќе ја израдува. А нејзините очи ја имаат истата боја.
    Трговецот отишол назад, го спакувал поклонот и го дал на девојчето.
    Земи ја, внимавај и оди дома кај сестра ти.
    Таа гордо го зела поклонот и тргнала дома.
    Еден час покасно во дуќанот влегла прекрасна девојка со коса боја на мед и прекрасни тиркизно сини очи. Ја ставила кутијата на пултот и прашала:
    - „ Дали ова е купено овде?“
    - „ Да, госпоѓице “ - одговорил трговецот.
    - „ Колку чини ова?“
    - „ Во мојот дуќан цените се доверливи, не можам да ви кажам“ - одговорил трговецот.
    - „ Но мојата сестра имаше само малку ситни пари, сигурно не можела ова да го плати.“
    Трговецот ја затвори кутијата како што беше и и ја даде на девојката.
    „Вашата сестра ја плати највисоката цена, ДАДЕ СЕ ШТО ИМАШЕ.“
     
    На Ane10, Philippa, FortuneTeller.xD и 3 други им се допаѓа ова.
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Едно момче ја прашало својата мајка : " Зошто плачеш ?"
    "Затоа што сум жена." - му одговорила таа.
    "Не разбирам." - рекло момчето.
    Мајката само го прегрнала и кажала : " Никогаш и нема да разбереш."
    Подоцна го прашало својот татко : "Зошто мама плаче без причина ?"
    "Сите жени плачат без причина" - било единственото што таткото можел да му каже.
    Момчето пораснало, станало маж и сеуште се прашувало зошто жените плачат.
    *На крај го прашал еден алим:
    "Оџо, зошто жените толку лесно се расплакуваат ?"
    Он му одговорил :
    "Кога ја создавав жената мораше да биде посебна.
    И дадов раменици, доволно јаки за да ја носат сета тежина на овој свет, а сепак доволно нежна да може да пружа утеха.
    И дадов внатрешна сила, да го поднесе раѓањето и одбивањето кое често пати го добива од своите деца.
    И дадов цврстина која и овозможува да оди напред кога сите ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство во период на болести и неволји без приговор.
    И дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете многу ја повредило.
    И дадов сила да го носи својот маж низ неговите грешки и ја сочинив од неговото ребро за да го штити неговото срце.
    И дадов мудрост за да знае дека добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, ама дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него.
    И најпосле, и дадов солзи за да се исплаче.
    Тоа е само нејзино на користење кога и да и затреба.
    Гледаш сине мој, убавината не е во облеката која ја носи, во нејзиното тело, или во начинот на кој се чешла.
    Убавината на жената мора да се види во нејзините очи, бидејќи тоа е влезот во нејзиното срце - место каде што е љубовта."
     
    На Srculence--91 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Ова е приказна за двајца пријатели кои што патувале заедно низ пустината.Во еден момент, во текот на одењето почнале да се расправаат и едниот пријател му удрил тупаница на другиот. Удрениов се почувствувал навреден, но без да каже збор, напишал во песокот: "ДЕНЕСКА ДОБИВ ТУПАНИЦА ОД МОЈОТ НАЈДОБАР ДРУГАР" Продолжиле така да одат се додека не наишле на една оаза каде што решиле да се искапат. Оној кој што ја добил тупаница за малку ќе се удавел бањајки се, но животот му го спасил другиот. Кога дошол при себе оној кој што за малку ќе се удавел, изгравирал на еден камен: "ДЕНЕСКА МОЈОТ НАЈДОБАР ДРУГАР МИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ". Пријателот кој му удрил тупаница го запрашал: "Кога те удрив - ти запиша во песокот, а сега гравираш на камен -"Зошто?"Пријателот му одговорил: "Кога некој ни прави лошо, треба тоа да го запишеме во песокот, за ветровите на проштевањето да го избришат". Но, кога некој ни прави добро, треба тоа да го изгравираме на камен за да неможе ништо повеќе да го избрише!" НАУЧИ СЕ ДА ГИ ЗАПИШУВАШ "РАНИТЕ" ВО ПЕСОКОТ, А "СРЕЌАТА" ГРАВИРАЈ ЈА НА КАМЕН.Велат дека е потребно една минута да запознаеш посебна личност. Еден час за да научиш да ја цениш. Еден ден за да ја засакаш. Но, еден ЦЕЛ живот да ја заборавиш.
     
  20. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Еден ден, се појави една мала дупка во школката. Човекот седеше и гледаше како пеперутката неколку часа се мачи да го провлече своето слабо тело преку таа мала дупка. Тогаш пеперутката застана. Се чинеше дека не може да продолжи.Човекот реши да им помогне на пеперутката:зеде нож и ја отвори школката. Пеперутката излезе веднаш надвор со леснотија. Но,имаше слабо тело и нежни крилца. Човекот продолжи да ја гледа, очекувајќи дека секој момент ќе ги отвори крилата и ќе полета.Сепак, ништо не се случи! Пеперутката го помина целиот свој живот ползејќи наоколу со своето слабо тело и неразвиени крилја. Никогаш не летна.Човекот и покрај неговата љубезност и добрите намери, не разбрал дека тешкотиите низ кои пеперутка морала да помине,излегвајќи од капсулата,ги измислил Бог да крвта од телото на пеперутката дојде во крилјата и штом ќе се ослободи од капсулата да е подготвена да лета.
    Понекогаш тешкотиите се она што ни е потребно во животот ...
    Ако Бог нас не ослободи од сите пречки,Тој би не осакатил. Никогаш не би станале онолку силни колку што можеме да бидеме.Ние никогаш не би можеле да летаме..."

    Барав Сила......и Бог ми даде Потешкотии кои ме зајакнаа...
    Барав Мудрост......и Бог ми даде Проблеми кои требаше да ги решам...
    Барав Богатство......и Бог ми даде Мозок и Тело да можам да работам...
    Барав Храброст......и Бог ми даде Препреки кои морав да ги совладам...
    Барав Љубов......и Бог ми даде Луѓе на кои требаше да им помогнам...
    Барав Услуги......и Бог ми даде Шанси...

    „Не добив ништо од она што барав,но добив се што ми требаше.„
    „Живеј живот без страв и соочи се со препреките и знај дека можеш да ги надминеш сите.„
     
    На Philippa, MonnaSi и mims-89 им се допаѓа ова.