Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интересен текст

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 16 јуни 2010.

  1. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Eдна девојка се мразела себеси, само поради тоа што е слепа. Таа ги мразела сите, освен своето сакано момче. Тој бил секогаш тука за неа. Му велела: "Кога би можела само да го видам овој свет, веднаш би се омажила за тебе".

    После некое време, се појавил донатор кој донирал очи за девојката.
    Откако ја оперирале девојката и ги извадиле завоите. Taa можела да го види светот, да види се и нормално да го види своето момче.

    Момчето ја прашало: "Сега, кога можеш да гледаш, ќе се омажиш ли за мене?"
    Таа го погледнала и увидела дека тој е слеп. Погледот на неговите затворени очни капаци ја шокирал. Таа не го очекувала тоа. Самата помисла дека затворените очни капаци на своето момче ќе треба да ги гледа цел живот, ја натерало да го одбие предлогот за брак.

    Нејзиното момче заминало со солзи во очите и неколку дена подоцна и испратил писмо во кое пишувало:
    "Драга моја, добро чувај ги своите очи, затоа што пред да станат твои, тие очи беа мои".
     
    На al-vik му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Го прашува ученикот својот учител:
    „Како тоа, почесто луѓето со помалку пари повеќе се спремни да им помогаат на други. А, повеќето луѓе со многу пари - не се такви.“
    Учителот му се обрати: „Погледај низ прозор, што гледаш?“
    Ученикот рече: „Жена со дете!“
    Учителот продолжи: „Погледни во огледало,... што гледаш сега?“
    Ученикот: „Себе си!“
    Учителот одвратил: „Ех, во тоа е штосот. Двете, и прозорот иогледалото се од стакло, ама ако му се стави малку сребро зад него,човекот ќе се види само себеси.
     
    На BeYourself и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Ја сменив книгата со пријателите
    Но не најдов верен како книгата
    Пријател, кај кого сеедно е, го искара или не
    Кој не наоѓа недостатоци кај своите пријатели
    Секогаш кога ја читам, ме освежува
    Ме украсува со облеката на вредноста и знаењето
    Пријател, за кого никогаш не сум се сомневал
    Единствената љубов која не ми чинела карање
    Ако во некоја ноќ се заборавам во прелистување
    Продолжува во молк и добрина
    Ако ме гледа зборувајќи или во тага
    Ги собира веднаш расказите
    Книгите, ако ги гледаш со критични очи, ги наоѓаш
    Како пријателите, вистинити и лажливци
    Ги бираш нив како и пријателот
    Го одбираш јадрото од пријателите и книгите
    Добриот пријател бара да си побожен
    А добрата книга бара да си вистинскиот!
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Затоа што си ми потребна

    Тој беше храбар човек,со јак глас и одлучни чекори. Таа беше нежна и чувствителна. Се зедоа. Тој се трудеше на неа ништо да не и фали,а таа ја пазеше куќата и ги одгледуваше децата. Децата пораснаа,се омажија и оженија,тргнаа по свој животен пат. . . вообичаена приказна.
    Кога сите деца беа добро згрижени,жената ја фати некоја тага,се повеќе слабееше и пропаѓаше. Кога веќе и не се хранеше,падна во постела. Нејзиниот маж беше загрижен и ја однесе во болница. Околу неа се трудеа лекари и специјалисти,но неможеја да ја најдат причината за болеста. На крајот еден од лекарите го викна мажот и му рече:„Јас би рекол. . . дека вашата сопруга. . . едноставно веќе нема волја за живот. „
    Човекот ништо не одговори. Седна покрај креветот и ја фати жената за рака. . . нејзината рака се изгуби во неговата голема дланка. Ја погледна и со длабок одлучен глас рече:
    „Ти нема да умреш!„
    „Зошто мислиш така?„ - го запраша таа со тивок глас.
    „Затоа што си ми потребна!„
    „А зошто тоа до сега не си ми го рекол?„
    Од тој ден на жената и е се подобро. Лекарите се прашуваа од која болест боледувала и со какви лекови се излечила. Никогаш не дознаа. . .

    Немој никогаш да чекаш утре да му кажеш на некого дека го сакаш. Речи му го тоа одма. Земи го телефонот и речи: „Јас сум,сакам само да ти кажам дека те сакам во името на Бога!„.
    Дали вие некогаш би се умориле слушајќи ја личноста како ви кажува дека ве сака?
     
    На Srculence--91 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Беше еднаш едно дете со многу лош карактер . Неговиот татко еден ден му купи дрвено пикадо и вреќичка со стрелки и му рече секој пат кога ќе се однесува лошо или кога ќе се скара со некој да закачи по една стрелка на пикадото .
    Првиот ден закачи 37 стрелки . Следната недела научи да се контролира и бројот на закачени стрелки се намалуваше од ден на ден . Откри дека мн полесно е да се контролираш отколку да закачуваш стрелки.
    На крајот дојде денот кога детето не закачуваше по ниту една стрелка во пикадото . Тогаш отиде кај татко му и рече дека тој ден не закачил ниту една стрелка .
    Татко му тогаш му рече да вади по една стрелка за секој ден кога нема да го изгуби трпението и добро ќе се однесува . Поминуваа денови и на крајот детето му рече на татко му дека ги извадил сите стрелки од пикадото.

    таткото го однесе синот до пикадото и му рече :

    Сине, се однесуваше мн добро , а погледни колку дупки има на пикадото!!

    Никогаш нема да биде како порано . Кога ке се скараш со некого и кога ке му кажеш грди работи оставаш рана како оваа на пикадото .

    Можеш да му забодиш нож на човекот и да го извадиш одма , ама раната ќе остане засекогаш . Не е важно колку пати ќе се извиниш , раната ќе остане .
    вербалната рана боли исто толку колку и физичката . ПРИЈАТЕЛИТЕ се ретко богатство, те прават среќен и те охрабруваат. Спремни се да те сослушаат кога тоа ти е потребно , Те поддржуваат и го отворат своето срце пред тебе.
     
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    ПРИЛИКИТЕ ВО ЖИВОТОТ ...

    ... Во болница еден стар човек е пред својата смрт... останати му се уште неколку часови од неговиот живот.

    Во еден момент отварајки ги своите очи, успеа да види само неколку ПРИЛИКИ кои беа собрани околу неговиот кревет.

    Не успевајќи да ги препознае затворајки ги очите ги запраша:

    - Пријатели !!!... Кои сте ВИЕ ?

    Една од ПРИЛИКИТЕ му рече :

    - НИЕ сме твоите пропуштени сништа, твоите заборавени желби и неостварените визии...

    - НИЕ сме се она што можеше да го направиш во својот ЖИВОТ, но за жал, ти го пропушти се она што можеше да го направиш...

    - Многу жалам поради тоа... промрмори старецот, но сепак го ценам тоа што сте се собрале и сте дошле да се опростите со мене пред мојата смрт, и покрај мојата немарност и лошиот однос што го имав кон вас...

    Една од ПРИЛИКИТЕ се наведна над него и со тивок глас му одговори:
     
  7. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    И ДЕНЕС

    Пред да кажеш некој лош збор,
    - Помисли на оние кои не можат да зборуваат
    Пред да почнеш да се жалиш за вкусот на храната
    - Помисли на оние кои немаат ништо за јадење
    Пред да се пожалиш на својот дечко или девојка
    - Помисли на оние кои го молат Бога да им подари сопатник.
    Пред да се пожалиш на животот
    - Помисли на оние кои умреле прерано.
    Пред да се пожалиш за своите деца
    - Помисли на оние кои сакаат деца, но никогаш нема да имаат.
    Пред да почнеш да се расправаш со некој кој не ја исчистил или средил куќата
    - Сети се на оние луѓе кои живеат на улица.
    Пред да почнеш да се жалиш за должината на патот кој мораш да го поминеш возејќи
    - Сети се на оние кои истата оддалеченост ја одат со своите нозе.
    И кога си уморен и се жалиш на својата работа
    - Сети се на неврабоените, инвалидите, оние кои би дале се да ја имаат твојата работа.
    И пред да го впериш прстот во некој и почнеш да го осудуваш
    - Сети се дека никој не е безгрешен.
    И кога лошите мисли ќе почнат да те фрлаат во депресија
    - Ти стави си насмевка на своето лице и помисли:
    Јас сум жив и се уште сум тука!
     
    На Fallin-ForHisSmile, Srculence--91 и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Девојката: Здраво!
    Момчето: Што!?
    Девојката: Навистина ми се допаѓаш... и мислам дека се заљубувам во тебе!
    Момчето: Добро...
    Девојката: Што мислиш под тоа "добро"?
    ...Момчето: Јас не те сакам на тој начин...
    Девојката: Зошто не?
    Момчето: Не можам да ти кажам... можеби некој друг пат.
    Оттогаш девојката постојано го прашува момчето зошто не. И секогаш кога ќе се сретнат, тој и вели "Ќе ти кажам друг пат"
    Девојката: Ми здосади веќе ова! Кажи ми зошто не!?
    Момчето: Дали навистина сакаш да знаеш???
    Девојката: Да!
    Момчето: Не те сакам бидејки си грда... која е поентата да одиш со некоја што не е убава?
    Девојката: Но... јас...
    Момчето: Те молам... замолчи... и оди си.
    Момчето си заминува, а девојката останува сама, плаче... тогаш, зазвони мобилниот.
    Девојката: Ало?
    Мајката: Душо, сакам да си одиш дома, добро? Ќе дојдам за неколку часа.
    Девојката: Добро, мамо.
    Мајката: Те сакам!
    Девојката: И јас, чао.
    Девојката оди дома и само што пристигнува во детската соба, се погледнува во огледало...
    Девојката: Има право, многу сум грда!
    Од кога мајката се вратила дома, слушнала дека водата тече. Брзо се качила горе да провери... чукнала на вратата...
    Мајката: Дали си добро, душо?
    Мајката ја отворила вратата и била шокирана од глетката. Водата била црвена и отишла во бањата да види што всушност се случува... и го видело своето девојче како лежи на подот, со ножици до раката и исеченици низ целото лице. Мајката брзо отишла да викне полиција, но тогаш здогледала на огледалото со големи букви во кое пишува: ДАЛИ СЕГА СУМ УБАВА?
     
    На Srculence--91, teddybear и kate-the-great им се допаѓа ова.
  9. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Драг мој сине! Ако го добиеш ова писмо значи дека стигнало! А, ако не го добиеш, јави се повторно да ти го пратам. Еве ти пишувам бавно, затоа што незнаеш да читаш брзо. Татко ти прочита во весник дека статистички повеќе сообраќајни несреќи се случуваат на 1 километар оддалеченост од куќите, така што и ние се преселивме малку подалеку од куќата. Вчера ставив алишта во машината за перење и повлеков вода, но ги снема. Овде времето не е лошо. Минатата недела имаше бура само 2 пати. Првиот пат траеше 3, а вториот 4 дена. Во врска со онаа јакна што ја бараше, за да не тежат ги извадивме копчињата и ги ставивме во џебот. Најпосле го закопавме дедо ти: го најдовме телото кога ја чистевме куќата. Беше во плакарот од оној ден кога победи додека игравме криенка. Вчера експлодира шише со гас во кујната. Мене и татко ти не исфрли низ прозорецот. Какво чувство!!! После толку време повторно излеговме надвор заедно. Татко ти доби нова работа. Под него се наоѓаат 1000 луѓе... Го вработија на градските гробишта. Твојата сестра Јулија најпосле се омажи за својот маж и роди бебе. Не го знаеме неговиот пол, па незнам дали ти стана тетка или вујко. Ако биде женско ќе го крсти по мене, иако ми е чудно, што ќе ја вика својата ќерка "мама". Мирко постојано се моли пред својата жена затоа што е девица. Веќе не се гледаме со вујко ти Петре, оној што умре минатата година. Брат ти Живко ме излудува. Ја затвори вратата од автомобилот, а клучевите останаа внатре. Мораше да оди дома, да земе дупликат клучеви и да не извлече и нас од автомобилот. Драг мој сине, не знам која ни е адресата. Фамилијата што пред нас живееше тука, си го зеде со себе и куќниот број. Ако ја видиш Стојна, поздрави ја. А, ако не ја видиш, ништо не и зборувај. Те сака мама!

    п.с. Сакав да ти испратам и пари, но веќе го затворив пликото.
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Еднаш во старо време си бил еден сиромашен човек...
    Не бил женет, живеел сам. Немал никаква работа, не можел да си ги обезбеди ниту најосновните работи. Немал пари ниту за леб. Еден ден поминувал покрај една кафеана и ги видел луѓето како јадат, пијат, а тој не можел да си дозволи ниту парче леб.
    Го замолил газдата. А тој му дал едно варено јајце. Човекот му заблагодарил на великодушноста и му ветил дека кога ќе има пари, ќе му плати. По кратко време човекот заминал некаде во странство. Успеал да спечали многу пари и се вратил во родниот крај, како успешен бизнисмен. Се сетил на меанџијата кој се сожалил на него пред многу време и тргнал кон меаната да му плати за јајцето и за великодушноста.
    Стигнал повторно на истото место каде што јадел пред неколку години, го побарал меанџијата и му платил не за едно јајце, за 30. Но, меанџијата увидел дека човекот е богат и дека може да извлече oд него многу пари па му рекол.
    - Ех, ти пред неколку години навистина изеде само едно јајце, но, тоа јајце ако не го изедеше ти сега ќе беше кокошка, ќе снесеше други јајца, тие јајца ќе станеа кокошки, а од кокошките повторно ќе добиев јајца и така ќе имав многу поголема печалба!
    Затоа сега ти треба да ми платиш онолку колку што би заработил доколку не го изедеше јајцето!
    Човекот се изненадил од ваквото дрско однесување на меанџијата, но сфатил дека не може да направи ништо!
    И самиот поверувал дека зборовите на меанџијата се точни.
    Барал помош насекаде, кај учени и мудри луѓе, но секаде го добивал истиот одговор!
    Еден ден, одејќи кон судот чекајќи ја пресудата да ги даде сите пари што ги заработил изминатите години на меанџијата за едно јајце сретнал еден сиромашен селанец кој се обидувал да заработи малку пари чистејќи ги чевлите на случајните минувачи. Се присетил на себе и на својата беда до пред неколку години и отишол до кај него. Додека му ги чистел чевлите, селанецот забележал дека нешто не е во ред со човекот и го прашал што му е. Човекот малку подразмислил зошто би му кажал на некој човек кој прв пат го гледа, но сметал дека малку би му било полесно ако му каже што го мачи .Му ја раскажал целата приказна.
    - Ех, рекол селанецот, немај мака. Јас можам да го решам проблемот. Човекот го погледнал чудно.
    - Мене не ми помогнаа најумните луѓе - ти, еден прост и неук селанец да ми помогнеш?!
    - Остави се на мене! Ќе видиш, можам да те спасам! Човекот не поверувал на неговите зборови но, сепак, не губел ништо ако се обиде.
    - Оди ти во судот. Јас ќе дојдам таму. Човекот заминал во судот. Судењето започнало и судијата го прашал човекот дали има да каже нешто што ќе му помогне. Човекот му кажал дека има некој селанец што му рекол дека ќе му помогне. Сите слатко се насмеале.
    Селанецот сеуште го немало, и човекот помислил дека е измамен. Судијата сакал да ја донесе пресудата кога селанецот влетал од вратата.
    - Се извинувам, Честити суде. Задоцнив. Со брат ми садевме варена пченица.
    - Варена пченица? - се зачудил судијата и се насмеал.
    - Како може да садите варена пченица? Па никогаш нема да никне!
    - Велите не може, Честити суде?
    - Секако дека не!
    - А како тогаш би можело, Честити суде, да настане кокошка од варено јајце? А на сето тоа и да снесе и други јајца?
    Судијата размислил добро. Навистина било точно тоа што го зборувал селанецот. Човекот задоволно се насмевнал - пресудата била донесена во негова корист.
    Со помош на еден селанец прост и неук успеал да го победи судот и мудроста на најучените луѓе.

    -------------------------------------------------

    НЕ СЕКОГАШ БАРАМЕ ПОМОШ НА ВИСТИНСКО МЕСТО. НЕКОГАШ ИЗГЛЕДОТ ЗНАЕ ДА ЛАЖЕ!
     
    На FortuneTeller.xD, Ema.Sk, pink4ever и 6 други им се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Една девојка, пред да се мажи, мајка и` и` дала една стара метална кутија со таен зачин. За да готви вкусно. И, навистина. Нејзиниот сопруг неможел да се наслади на нејзините готвења. Кога ја прашувал, како толку вкусно готви, таа таинствено се потсмевнувала и велела дека се` е во тајната на стариот зачин од мајка и`, кој љубоморно го чувала. Многу пати сопругот се обидувал да ѕирне во лимената кутија, да го помириса и види зачинот. Но, никако немал среќа. Жената вистински успешно го криела и чувала. Се` до еден ден, кога по многу години, нејзиното внимание попуштило. Жената пошла на пазар, а мажот се прикрал, видел каде го чува зачинот. Едвај дочекал таа да замине позади улицата. Со огромно љубопитство ја дофатил веќе ветвата истругана кутија и ја отворил. Внатре немало ништо. Кога жената дознала што се случило, таа на разочараниот и изненаден маж му рекла: Кога се мажев, мајка ми ми рече - во секоја манџа, во секое јадење и во се` што правам да ставам по малку од кутијата - по малку Чувства и страст. Тогаш животот ќе биде зачинет со вистинскиот вкус на љубовта. И се` ќе биде вкусно.
     
    На marama и blond им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    И дошол синот на мајка си и и рекол: Мамо, денеска го фрлив ѓубрето- тоа чини 10 денари, понатаму- ја чував сестра ми и таа услуга ти ја наплаќам 50 денари, го наместив креветот што чини 20 денари и купив леб, а за тој напор ќе ти земам само 20 денари. Значи мамо, должна си ми 100 денари. Мајката, подголтнала и му платила на сина си.
    Потоа седнала и напишала: Те родив - 0 денари, те хранев - 0 денари, те пеглав и те перев – 0 денари, те школувам - 0 денари, не спиев кога беше болен - 0 денари, бескрајно те сакам - 0 денари. Се вкупно - нула денари.
    Мајката, ливчето му го дала на синчето. Тој прочитал и со солзи во очите ја гушнал мајка си.
     
    На MonnaSi, Ema.Sk и marama им се допаѓа ова.
  13. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Во плодната почва биле засадени две семиња едно до друго.
    Првото семе рекло:
    -Сакам да растам! Сакам да ги пуштам корените длабоко во почвата под мене и да пуштам ливчиња преку земјината кора и надвор... Сакам да ги развијам нежните пупки како знаменца, за да го најавам доаѓањето на пролетта... Сакам да ја почувствувам топлината на сонцето врз лицето и благодетта на утринската роса врз моите венчени ливчиња.
    И така тоа пораснало.
    Другото семе рекло:
    -Се плашам. Ако ги пуштам корените надолу во земјата, со што ли се ќе се сретнам во мракот. Ако си направам пат нагоре, преку тврдата почва над мене, можам да си ги нахранам ливчињата. Но, што ќе се случи, ако ги отворам пупките и некој инсект се обиде да ми ги изеде? А кога ќе ги отворам цветовите, што ако некое мало дете ме откорне од земјата? Не, многу подобро е да почекам, додека не стане посигурно.
    И така тоа почекало.
    Една кокошка, која си буричкала низ ровката почва барајќи храна, го нашла семенцето, кое чекало и бргу го голтнала.

    ПОУКА

    Оние од нас, кои не се осмелуваат да ризикуваат и да растат, биваат проголтани од животот.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Пред многу многу години, во едно село, некој сиромашен селанец и должел многу пари на селската лихварка. Таа била стара, дебела и грда, но затоа пак, му фрлила око на младото стројно момче, синот на селанецот.И така, таа им дала предлог. Им рекла дека ќе го заборави и избрише долгот на селанецот ако неговиот син се ожени со неа. Таткото и синот се престрашиле и од самата помисла на тоа.Но, итрата лихварка им рекла - Ајде Судбината нека одлучи. Им рекла дека во една вреќа ќе стави едно бело и едно црно камче. Синот ќе треба да одбере едно камче од вреќата.

    * Ако го одбере црното камче, тој ќе мора да се ожени со неа, а долгот на таткото ќе биде избришан и заборавен.
    * Ако го одбере белото камче, тој нема да мора да се ожени со неа, а сепак, долгот на таткото ќе биде избришан и заборавен.
    * Но, ако одбие да одбере камче, неговиот татко ќе оди во затвор.


    Таткото и синот се сложиле, бидејќи немале друг излез.Лихварката се наведнала, зела две камчиња и ги ставила во вреќата и му рекла на младото момче да ја стави раката во вреќата и да избере едно камче без да гледа.Но, острото око на синот приметило дека таа во вреќата ставила две црни камчиња.Замислете дека сте младото момче. Што ќе направите? Што ќе му советувате на момчето? Ако внимателно анализирате, би можеле да дојдете до следниве три можности.
    * Синот ќе одбие да избере камче - долгот останува а таткото ќе оди во затвор
    * Синот ќе каже пред сите дека таа ставила две црни камчиња во вреќата, и со тоа ќе ја изложи на срам пред јавноста, но долгот на таткото сепак ќе остане и тој ќе оди во затвор
    * Синот ќе одбере камче (секако тоа ќе биде црно) и ќе се жртвува за да го спаси татко му.


    Размислете. Синот е во дилема. Дали традиционалното логичко размислување ќе помогне. Постои еден друг метод - латерално размислување - израз кој е воведен во психологијата од Едвард Де Боно, а значи метод на размислување од друг агол, со малку поинаква перцепција. Со помош на ваквиот метод, можеме да дојдеме до сознанија и идеи кои не се очигледни веднаш, и до кои не би можеле да дојдеме со традиционалното логичко размислување.

    Одговорот

    Синот ја ставил раката во вреќата и зел едно камче.Кога ја извадил раката намерно го испуштил камчето да му падне на земја,помеѓу другите камчиња.Камчето се измешало со останатите камчиња на земјата.
    Ох,колку сум несмасен-рекол синот.Но, не е проблем.Погледни во вреќата и види кое камче останало во неа,па така ќе знаеме какво камче си извлекол.
    А бидејки и другото камче во вреќата било црно,мора да се претпостави дека тој го одбрал белото камче.А бидејки старата дебела ликварка не се осмелила да каже дека била нечесна,синот ја сменил ситуацијата која се чинела практично невозможна,во ситуацијата во која тој победил.
     
    На Philippa, karak и Hipica им се допаѓа ова.
  15. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Ако можеш ...

    Ако можеш да видиш уништено дело во својот живот

    и без ниту еден збор повторно да го изградиш

    и без воздишки и протест

    да ја поднесеш загубата од она што долго си чекал;


    Ако можеш да се заљубиш без да полудиш од љубов;


    Aко можеш да бидеш силен, а при тоа да останеш нежен

    да не ги мразиш оние кои те мразат

    а сепак да се бориш и да се браниш;


    Ако можеш да слушаш

    како твоите зборови ги испревртува некој безобразник

    и да слушаш како луди усти лажат за тебе

    а да не кажеш сам ниту една лага;


    Ако умееш да го сочуваш достоинствоти при слава;


    Ако можеш да бидеш скромен:


    Ако можеш да се здобиеш со победа после пораз

    и тие две "измамнички" подеднакво да ги примиш;


    Тогаш сите кралеви, богови, слави и победи

    ќе бидат Твои послушни робови,

    а најголемо и највозвишено од сите слави и кралеви,

    ЌЕ БИДЕШ ЧОВЕК!
     
    На Hipica и teddybear им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Еден млад и успешен директор се движел по улицата од соседството, одејќи малку пребрзо со својот нов Јагуар. Тој внимавал на децата кои претрчувале помеѓу паркираните автомобили и наеднаш подзабавил кога мислел дека видел нешто. Како што неговиот автомобил поминал, не се појавило ниедно дете. Наместо тоа, една тула ја разбила страничната врата на Јагуарот. Тој удрил на сопирачките и го вратил Јагуарот назад кон местото каде што била фрлена тулата. Лутиот возач скокнал надвор од колата, го грабнал најблиското дете го подигнал на најблискиот автомобил, викајќи му: "Зошто го направи тоа и кој си ти?
    Што по ѓаволите мислиш дека правиш?
    Ова е нов автомобил, а таа тула што ја фрли ќе чини многу пари.
    Зошто го направи тоа? "
    Младото момче реагирало извинувачки. "Ве молам господине ... ве молам, се извинувам ... не знаев друго што да направам", се правдало момчето.
    "Јас ја фрлив тулата, бидејќи инаку никој друг немаше да застане..."
    Со солзи на очите кои му течеле надолу по образите и брадата, младичот покажал на местото околу еден паркиран автомобил.
    "Тоа е мојот брат", рече тој.
    "Тој се сопна на работ од тротоарот и падна од својата инвалидска количка и не можам да го подигнам."
    Со липање, момчето го замолило зашеметениот директор: "Ве молам да ми помогнете да се врати во својата инвалидска количка. Тој е повреден и претежок за мене да му помогнам."
    Прогледувајќи му низ прсти, возачот се обидел да го проголта отокот грутка кој му се создал во грлото. Тој набрзина го подигнал хендикепираното момче во инвалидската количка, а потоа го извадил своето модерно шамиче и му ги забришал свежите гребнатини. На прв брз поглед заклучил дека се ќе биде како што треба.
    "Ви благодарам и Господ да ве благослови", му рекло благородното дете на странецот.
    Премногу вознемирен на зборовите, човекот едноставно гледал како момчето ја турка инвалидската количка на неговиот брат по тротоарот кон нивниот дом.
    Тоа беше долго, бавно одење назад до Јагуарот. Штетата беше многу забележлива, но возачот никогаш не се погрижи да ја поправи вдлабнатата врата. Тој ја чуваше вдлабнатината за да го потсетува на оваа порака: Не одете низ животот толку брзо при што некој треба да фрли тула кон вас за да добие вашето внимание!

    ****************************
    Бог им шепоти на нашите души и им зборува на нашите срца. Понекогаш кога немаме време да го слушни ме, Тој мора да фрли една тула кон нас.
     
    На karak и marama им се допаѓа ова.
  17. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    ...Замислете си дека сте во пустина и во раката имате круша, а ве брка лав.
    Како ќе стасате до Рим ?


    Ќе ја фрлиш крушата и пошто крушата под круша паѓа, тап ете ти дрво . Се
    качуваш на дрво и пошто лавот не може да се качи ти паѓа камен од срце
    и ќе го отепа лавот. Е сеа тука пошто си се спасил автоматски си на
    коњ. Коњот ги знае сите патишта, а сите патишта водат до Рим. Така да,
    кај и да е ќе стасаш до таму !!!... :P
     
    На Hipica и karak им се допаѓа ова.
  18. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Си беше еднаш едно мало дете, со многу лош темперамент. Еден ден, неговиот татко му дал кеса со клинци и му рекол, да закова по еден клинец на оградата, секогаш кога ке збесне, или изгуби контрола над себе. Првиот ден, детето заковало 37 клинци во оградата. Следните неколку месеци научил да го контролира својот бес, и бројот на закованите клинци од ден на ден се намалувал. Открил дека е полесно да се контролира, отколку да кова клинци. Дошол денот, кога цел ден не побеснел. Кога му го кажал тоа на таткото, добил друга задача. Секој ден кога ке успее да го контролира своето однесување, да извади по еден клинец од оградата. Деновите поминувале, и еден ден, детето му кажало на таткото дека ги извадило сите клинци од оградата. Таткото рекол: “Добро што го направи тоа, синко, ама погледни ја сега оградата колку дупки има на неа. Оградата нема да биде повеке иста. Кога ке кажеш во лутина некои работи, истите оставаат лузна, како што се овие дупки во оградата. Можеш да избодеш човек со нож, да го извадиш ножот и после тоа не е важно колку пати ке кажеш дека ти е жал, раната останува.” Вербалната рана е исто толку болна како и физичката. Пријателите се навистина ретки скапоцености, тие прават да се смееш, те охрабруваат да успееш во нешто, спремни се да те слушаат, да ја поделат твојата болка, имаат добри зборови за тебе и секогаш срцето им е отворено за тебе.

    Почитувај го и цени секое твое пријателство!!!
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Eпитаф за моралот и вредностите

    Целта на следниот текст не е омаловажување и маркирање на општесвото или поединци, само укажување на трендовската дезинтеграција која се манифестира на се што е морално,духовно или разумно . Текстот не е предвиден да биде уметнички, со безброј компарации,хиперболи,метафори и сл срања кој само го зголемуваат фондот на напишани зборови и ја замачкуваат поентата.Ова е само искажување на моменталните ставови и чувства...

    Моралот ... треба да представува кодекс или правилник на внатрешната хиерархија кај секој човек, не онаа комерцијализирана верзија која е масовно проповедана и наметната од страна на , надредените личности за наивната маса. Тоа не е бонтон па секој да можи да го научи и применува, тоа е клучот за психичката стабилност кај секој човек,а не глобална наметната политика за заплашување и владеење на масата,посочуваќи на одредени постапки и ставови кои се декларирани како морал, при што се губи индивидуата од човекот. Секој живее за мислењето и признанието од другите, забораваќи на самиот себе и губеќи се во дезориентираната слепа маса,која оди по диктираните патеки на “општеството“.
    Честа е заменета со егото, среќата се задоволува материјално, а срамот и моралот ... веќе не постојат. Сето ова придонесува за едно сублимирано општество со глобално мислење,ставови и норми, каде постојат квантум на луѓе кој имаат свои индивидуални погледи кон светот, со цврсто изграден морал и сопствена животна филозофија. Тие се познати како девијанти или црни овци во сета таа хомогена маса на општо наметнато мислење,полна со стереотипи,без никакво разбирање за се различно од неа, која самата како црна дупка се проголтува,повлекуваќи ги со себе заборавените вредности и чувства, ако сеуште постојат ...


    Вредностите ... толку исти а толку различни, суштината на човекот,градителите на индивидуата веќе не се толку фенси. Тие сите се диктирани и општо прифатени. Надмоќ на другите,мешање во туѓите животи,тотално деградирање и злоупотребување на терминот љубов и уште мн слични срања се водечките лајт мотиви на општеството ( без навреди кон никого). Сите живеат како што му се диктира, слушаат тоа што му се пушта,обожаваат разни идоли, иако не го знаат суштинското значење на тој збор. Но која сум јас да кажувам како треба или не треба да биди. Јас сум само едно детиште со ставови и погледи поинакви од другите и не барам да бидам сватен, само сакам некој да проба да согледа и свати реалноста и да
    размисли малку во врска со тоа, за постапките и работите што ги прави во неа, бидеќи се друго е илузија, само во реалноста работите се битни и од значење, а човек останува запамтен по тие работи.

    Ако понекогаш сте разочарани од се околку вас, несигурни во тоа што го правите, не ја знаете вашата цел, не очајувајте, секогаш има излез.Изворот на сите тие негативни чувства, омраза, агресија е истиот кој ги нуди сосема спротивните.Иако звучиапсурдно или невозможно, бидеќи не е материјална вредност, со него треба да се соочите. Тоа ќе биди кога ќе
    успеете да ги отстраните сите надворешни влијанија и премините само на свое мисловно и духовно ниво .
    Ако не успеете да го надјдите овај извор и причинител за вашите чувства, вашата несигурност и нарушена самодоврерба,одговорот а истовремено причината на сето ова, се наоѓа во одразот на вашето огледало ....
    Запамтете најважно е да бидите свои,да го живеете сонот,да ги следите чувствата ... Животот е еден и е многу краток за да се живее за другите ....
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Бог на почетокот кога го создавал светот ја создал само ДУШАТА, а не и телото.

    Но, тоа му изгледало премногу едноставно.

    Еден ден душата ја поделил на ДВА ДЕЛА. Едниот дел го ставил во машко тело, а другиот во женско. Ги пуштил и им дал задача да се бараат по светот.

    За награда им дал да се почувствуваат дека се нашле, АКО ВООПШТО СЕ ПРОНАЈДАТ.
     
    На enca.69 и marama им се допаѓа ова.