Една приказна за добрината Една студена вечер за време на Божиќните празници едно мало момченце на шест-седум годинки стоеше пред еден излог. Детето немаше обувки и беше облечено во парталава облека. Една млада жена, којашто минаваше оттука, го забележа детето и ја прочита желбата во неговите светло сини очиња . Таа го зеде детето за рака и го внесе во продавницита. Оттаму му купи нови обувки и топла облека. Двајцата излегоа на улицата и жената се обрати кон детето со зборовите : - Сега можеш да си појдеш дома и да се веселиш на празникот. Момченцето ја подигна главата кон неа и ја праша : - Госпоѓо, ти Бог ли си? Таа му се насмевна и одговори: - Не, синко, јас сум само едно од неговите деца. Момченцето се подзамисли малку и рече: - Знаев, знаев , дека сте роднини
ФОН: Факултет на кој кога се запознаваш со колегите ти ги поставуваат следниве 3 прашања: - Колку години имаш? - Од кој факултет се префрли? - Каква кола возиш? ЕТФ: Неупатените тврдат дека кратенка за ЕТФ е Електро Технички Факултет или Екстремно Тежок Факултет. А упатените знаат дека ЕТФ е кратенка од Ех, Требаше на Фон. ПМФ: Кратенка од Пи*ки Многу Фалат. Кога ќе завршиш факултет добиваш титула "1Ч2Ќ" - Чакнат - Ќорав - Ќелав Правен факултет: Ако не знаеш каде да се запишеш после средно, талентиран си, но за повеќе работи, никакко не можеш да се одлучиш на една, ако се одлучиш за една ќе ти се здосади, повеќе те интересираат работи како на пример алкохол, риби, добра забава, алкохол, ноќни барови, алкохол, од дома те тераат да запишеш нешто бидејќи "нашето дете мора да има факултет" на пример можеш да запишеш медицина но ти немаш просек за тој факултет а и плус тоа се онесвестуваш кога гледаш крв, ако немаш јасни планови за твојата иднина, а и зошто ти се, тогаш запиши се на прваен. Медицина: Академска установа во која се наоѓаат луѓе со завршено средно школо, мазохистично настроени и се одушевуваат на идеата за 6 години мачење(минимум). Доколку го преживеете овој третман и останете нормален продолжувате со својот живот со малку коса, работејќи како лекар на општа пракса. Сите причини за болести ги гледаат во конзумирањето на цигари, кај пушачите. Филолошки: Факултет во кој постојат две женски а ниту еден машки тоалет. Современ кокошарник. Се е исто само што кокошките не зобат зрна по дворот. Односот на машки и женски е 1 према 9. Најдуховните изјави на часовите се кога некој наместо аорист некој ќе каже имперфакт. Таму е толку голем дефицит на мажи што можеш да бидеш најгрдиот и најглупиот и пак сите да те сакаат. Воведување на сложени направи како на пример течен сапун се планира следната година... ДИФ: Да, имам факултет!
Порака од една свеќа Ме палите и ја гледате мојата светлина. Се радувате на јаснотијата и топлината која ја дарувам. Се веселам што смеам да горам за ВАС... Да не е така би лежела во некоја кутија без корист, а смислата ја добивам...баш по тоа што горам. Но добро знам, што повеќе горам, тоа пократкастанувам и повеќе се ближам кон својот крај. Потоа за мене ќе речете -"Изгоре !!!", а она што останува го фрлате...Знам, за менепостојат само две можности: Или да останам во кутија, во темнина, илисо горење да постанам кратка, да дадам се што имам во корист насветлината, а со тоа да се доведам самата себе до крајот. Сепак, УБАВОЕ АКО ИМАМ ШТО ДА ДАДАМ...Истото се случува и со ВАС, ЛУЃЕТО... Или се повлекувате, останувате сами за себе и се е студено, празнои темно, или се зближувате со другите и им дарувате од својата ЉУБОВ иТОПЛИНА, и тогаш ВАШИОТ ЖИВОТ добива смисла. Но да знаете и тоа дека заова мора да дадете нешто и од ВАС самите, нешто од Вашата радост, одВашата срдечност, од Вашата смеа, можеби нешто и од Вашата тага...едноставно да е од Вашата душа. И не треба плашливо да размислувате затоа, како ќе се сочувате самите себе. Само оние кои другите ги веселат,стануваат многу повесели, само оној кој е светло за другите и самиот ќеприми светлина. Што повеќе горите за другите, толку посветло ќе биде заВАС. Многу луѓе само затоа се тмурни и нерасположени, плашливи изатворени, бидејќи се плашат да бидат ТУКА за другите - ТИЕ не го разбрале најважното: ЕДНО ЕДИНСТВЕНО СВЕТЛО КОЕ ГОРИ, Е ПОДОБРО ОД ЦЕЛАТА ТЕМНИНА НА СВЕТОТ!
Како што подостарев... Сфатив дека не можеш никого да натераш да те сака. Се` што можеш да направиш е да му досадуваш и да се надеваш дека во паниката ќе попушти... Сфатив дека само со едно правилно свртување можеш да собереш многу од ќебето. Сфатив дека колку и да се трудиш, некои луѓе ќе останат шупаци. Сфатив дека требаат години за да изградиш доверба, а потоа доволен е само сомнеж, не доказ, за таа да се урнe. Сфатив дека кога нешто ќе удри во вентилаторот, нема да биде правилно разнесено низ собата. Сфатив дека не треба да се споредуваш со другите – посјебани се отколку што си мислиш. Сфатив дека депресијата е само гнев без ентузијазам. Сфатив дека не е битно што носиш, туку како го соблекуваш... Сфатив дека можеш да повраќаш уште долго откако си помислил дека си завршил. Сфатив дека „бившите' се како габички – постојано се враќаат и не можеш да се отарасииш од нив. Сфатив дека возраста е прескапа цена за зрелоста. Сфатив дека не страдам од лудило – туку уживам во него! Сфатив дека сме одговорни за своите постапки, освен ако не сме ѕвезди. Сфатив дека вештачката интелигенција е многу послаба од риродната глупост. Сфатив дека луѓето што најмногу ти значат, излегуваат од твојот живот прерано, додека оние помалку важните никогаш. А давежите се постојано до тебе!
Тажна приказна за едно малечко кученце Се родив на улица,благодарение на несовесните граѓани во градот ,со широките и долги улици на денот кога паѓаше дожд.Дали улиците беа навистина така широки и долги неможев да знам сеуште бев мало како останатите пет братчиња.Улиците стануваа се помрачни а дождот се пообилен и не престануваше,кутиите во кои не остави мама веќе беа водени. Ја чувствувавме влагата преку нашето тенко крзно.Не знаевме ништо за тој свет кој се гледаше низ отворот на кутијата,чекорите ни беа премали за големиот свет.Мислам дека ни светот надвор од кутијата не знаеше за нас.Мама веке долго време не се појави,сите петмина бевме исплашени,мокри на студот кој косеше во нашите сеуште мали коскички.Ни се насмевна среќата,една жена со прекрасна насмевка и нешто чудно низ кое не продираше дождот ја зема кутијата,подоцна дознав дека тоа чудо се нарекува чадор.Не носеше долго време кога ја отвори кутијата се беше суво и мирисаше прекрасно.Не пушти надвор од кутија,исплашени и премрзнати останавме таму каде што не остави.По некое време се врати со малку млекце,бевме пресреќни.Госпоѓата се погрижи сите петмина да добиеме прекрасно домче во кое ке се грижат и ке не сакаат.Јас бев последното,но најсреќното,ме однесе кај моето ново семејство,ме погали се насмевна и тргна,уште еднаш се сврте се насмевна и си замина.Веке не ја видов.Сега имав ново семејство,татко,мајка и сестричка,односно нивната ќеркичка која имаше шест години.Живеев во огромна куќа со многу соби и се изгледаше така прекрасно,бев пресреќно.Поминаа,две години веке несум малото бебенце од улицата премрзнато и исплашено.Израснав во прекрасен пес убаво крзно,црно со бело,и многу љубов во домот.Минатата година се преселивме во куќа сега имав и сопствено кукиче.На среќава и се ближеше крајот,набргу тие мораа пак да се преселат но овој пат во странство,како што велеа – во земјава нема живот заминуваме веднаш во странство.Како рекоа така и сториа,за помалку од месец дена тие заминаа,ме оставиа на улица.Втор пат се најдов на улица,се тешев тие незнаат што сториа,тие ке се вратат,тие...тие погрешиа...Ги чекав,но потоа настапи студот и дождовите како оној ден кога прекрасната жена ме спаси мене и братчињата од улицата.Сега бев сам ги немаште братчињата,ја немаше жената го немаше моето семејство го немаше ни мојот дом.Талкав по улиците на градот,преспивав во паркот под клупа.Секогаш кога ке ги затворев очите солзиви спомени навираа на душата и умот немав сила ниту пак говор да кажам колку ме боли,само солзите се лизгаа и се изедначуваа со дождот.Едно утро се разбудив од силна болка,потоа уште една па уште една,неколку лоши деца удираа со стапови по мене,неможев да ги отворам очите ниту да се помрднам од болка.Тогаш го почувстував ударот кој го запомнив,ме удри толку силно што веке не ги осекав задните нозе.Чув само викотници и караници а потоа се онесвестив.Кога ги отворив очите не бев под клупата,мислев дека сум сонувал но нозете веке неможев да ги помрднам.Потоа влезе една млада жена во бело,ме погледна нежно и ме погали.-О кутрото ти,што доживеа.Тие лоши деца ти го повредија р’бетот можеби веке никогаш нема да можеш да трчаш ниту пак да одиш.Ги забележа солзите кои се стркала по муцката па уште понежно ме погали и ме прегрна.Останав таму неколку дена,а потоа за чудно повторно ја видов жената која пред 2 години ме спаси од смрта.Ме зема и ме однесе кај неа дома,милно ми зборуваше и се грижеше за мене наредната година.Таа немаше деца,и починал синот млад во војната мажот ја оставил сега е сама па ме посвои мене ко нејзино чедо.Се грижеше за мене и ме негуваше цела година,а потоа,со нејзина помош ги почуствував повторно нозете.Повторно почувствував како е да стоиш на сопствени нозе.И бев неизмерно благодарен,ја сакав со целото мало кучешко срце.Вечер ке легнев до неа и заедно ке се одмаравме од напорниот ден а таа ке ми раскажуваше за нејзиниот син,колку ги сакал животните,колку бил убав,колку се грижел за неа,колку таа него го сакала.Почнав да трчам повторно бев стариот.Ме спаси по втор пат,повторно бев срекен и повторно трчав.Долго шетавме по кејот,таа веке беше остарена,ја немаше веке истата насмевка на лицето.Како да предчувствуваше нешто.Бев зачуден што е проблемот,но не се мислев долго,набргу дознав.На мојот петти роденден,утрото таа не се разбуди веке.Не го дочека мојот петти роденден,бев тажен.Таа веке не беше мегу живите а јас уште еднаш изгубив се што имав.Овој пат останав лојален,останав лојален на онаа жена со насмевка до крајот.Ја закопаа,но никогаш не ја напуштив,ми дозволиа на погребот да стојам таму.Иако веке ја немаше,само црната земја и мермерната плоча,моите солзи.Наредните години продолжив да живеам осамен живот.Живеев на гробиштата на гробот на кој стоеше нејзината слика.Веке долго бев таму,на мојот десетти роденден и се придружив,му се придружив на мојот ангел чувар и спасител.Нека ова биде порака до лугето и нивните најдобри пријатели нека и тие станат најдобар пријател на нивните најдобри пријатели.
За среќата постојат правила, бидејќи за паметниот човек сè не е составено од случајности. Трудот може да и` помогне на среќата. Некои се задоволуваат со тоа добродушно да застанат пред вратата на божицата на среќата и да чекаат додека не им се отвори. Другите, подобрите, се стремат напред и се служат со својата разумна смелост за, врз крилјата на нејзината вредност и храброст, да дојдат до божицата и да ја добијат нејзината милост. Но, правилно размислувајќи, нема друг пат, освен патот на добродетелство и на претпазливост, бидејќи секој има токму толку среќа и несреќа колку што има ум и безумие. ТРЕБА ДА УМЕЕШ ДА БИДЕШ СРЕЌЕН.
Писмо за помош кое го напишал непознат дечко од Македонија, каде објаснува зошто не може да биде резервист,во 2001 година за време на војниот конфликт, обидувајќи да избегне регрутација. Содржината на писмото е следна: „Почитуван господине министре, дозволите да ви ја објаснам мојата ситуација во надеж дека ќе помогнете да се расчисти мојот случај. Во моментов чекам покана за регрутација во редовите на резервистите. Имам 23 години, оженет сум со 47-годишна вдовица која има 26 годишна ќерка. Со таа ќерка е оженет мојот татко. Женејќи ја ќерката на мојата жена, мојот татко ми стана и зет. Во исто време, мојата жена е тешта(Баба) на мојот татко, ќерката на мојата жена е маќеа. Во фебруари добивме син. Тоа дете е брат на очувот на мојата жена, а зет на мојот татко. Во исто време, тоа дете е и мој чичко, бидејќи е брат на мојата маќеа. Во мај жената на мојот татко родила син. Тоа дете е мој брат, бидејќи е син на мојот татко. Во исто време, тоа е дете и мој внук, бидејќи е син на ќерката на жена ми. Понатаму, јас сум брат на својот внук, а со обзир дека мажот на нечија мајка и татко на тоа дете, јас сум и татко на ќерката на жена ми, т.е. брат на нејзиниот син. Јасно е, дека, јас самиот на себе сум си дедо. Се надевам дека се јасно објаснив. Се надевам, господине министре, дека ќе ме разрешите од војничките задолженија, бидејќи законот кажува дека синовите повеќе од две генерации (така да, дедо, татко и внук) не смеат истовремено да служат во војска. Ви Благодарам за разбирањето.“ Одговорот на Министерството за Одбрана на РМ пристигнало по две недели. Во извештајот пишувало: „-Личноста трајно е разрешена од војничката должност поради сомневање од психичка и ментална нестабилност кои се како последица на хаотичниот однос, внатре во семeјството.“
Странец Тешко е да сакаш нешто,а на тоа нешто да му кажеш не.Тешко е она што си го засакал да го изгубиш,а уште потешко е кога се трудиш повторно да го повратиш Тешко е кога во твојот живот ќе влезе странец кој не го познаваш, да го засакаш,да мислиш дека ќе добиеш бар капка љубов,а после да се разочараш во себе си,зашто си толку наивен и глуп што си им верувал на проклетите празни зборови,се обвинуваш себе си,а никој не е крив,таква е љубовта. Сакањето доаѓа и си оди,денес сакаш утре не Во нашиот живот влегува странец со непознато потекло,со пленета убавина не заведува дзоволува да полудуваме по него,не тера на некој начин да го засакаме,сакаме да го запознаеме што повеќе,кога ќе не допре трепериме,кога ќе не помилува се тресеме срцето ни чука забрзано, сме се заљубиле,а тој? Ќе знаеме ли дека искрено не сака,дека го чувствува истото што и ние,или е се само лага,лажни надежи или за нас ќе остане само мистериозен странец. Ден по ден се ближи,денот кога тој ќе дојде. Тргнуваме во авантура со недоверба,со несигурност верувајќи и на сопствената интиуција а не на сопственото срце,се впуштаме во длабоки залети,делуваме наивни однадвор но внатре сме доволно паметни. Сепак странецот си останува странец,неговата мистериозност ја крие вистината за неговиот карактер. Минуваат дните,слатки моменти се претвораат во откритие Она што беше мистериозно станува јаве,се откриваат болни вистини Доаѓа крајот на фантазијата се влегува во реалноста,минатите моменти стануваат минато,се бришат со една капка солза. Си заминува тој без да каже ни збор,на журките и забавите се флертува со други,заборавајќи дека сеуште својата половина од срцето е тука некаде. Заборава дека се си има крај и почеток,заборава дека се лесно ќе се открие. Како дошол така и ќе си отиде како странец,дел од твојот живот се враќа во нормала,како да не си го запознала воопшто.Сепак тоа е само еден момент од својот живот,дни сето тоа трае една секунда миг, ни изгледа како да ќе ни се сруши цел свет врз нас,но кога подобро ќе се размисли време е ние да бидеме тие што ќе ја напушти куќата на љубовта,т.е. куќата на странецот!
Скржавиот човек Пред да почине некој богат скржав човек муслиман, на својот син му рекол дека ќе му го остави целото наследство само ако овој му ја исполни последната желба-да го погребаат со чорапи а ако не ја исполни, ќе му остави само едно писмо. Кога починал старецот, неговиот син го молел оџата да му дозволи да го закопа татко си со чорапи но овој одбивал бидејќи во нивната вера мртовците се погребуваат без никаква облека. Синот се збогувал со помислата дека ќе добие дел од богатството и го зел писмото да го чита.Во него пишувало-Ти си мојот син единец, и секако дека се што создадов во животов ти оставам тебе,Само те молам немој да штедиш и да бидеш скржав како мене бидејќи како што гледаш на овој свет не те оставаат ни чорапи да си донесеш
Предмет: Искрено CV До: XXXX ДОО Потполно неподготвен за работа под притисок и прекувремена работа освен ако не сум дебело платен. Искрено, ме заболе за целите на вашата компанија ако со платата не можам да ги покријам сите тековни трошоци, плус и да ми остане за гардероба, книги, патување, излегување и спорт. Функционирам според принципот “Колку пари – толку музика.“ Исто така, не ме интересира што сте во пробеми и очекувам сите обврски кои ви се предвидени со закон да ги извршите на време, како и тоа да ги почитувате сите празници и годишниот одмор. Факт е дека ќе ве напуштам штом ми се пружи подобра шанса Комуникативен сум со пристојни и љубезни личности, за заебанти имам краток фитил. Пцујам на неколку светски јазици. Студирав 100 години, но сметам дека е успех што воопшто и завршив факултет во оваа земја, каква што е. Се усовршувам постојано и без вас, затоа што сум љубопитна личност и мислам дека животот има смисла и без скапување на работа. Реагирам само на позитивна стимулација. Немојте да ме гушите со тестирање и тим билдинг глупости. Ако веќе се притресувате на такви западњачки фори, тогаш понудете и западњачка плата и услови за работа. Тоа што сте посетиле два, три семинари – не ве прави образована личност. Што не знам – ќе научам. Не сум дебил. И да, постојат работи кои во животот сум ги правел од чист ентузијазам, но жалам што морам да ве информирам дека тоа не важи и за работата која Вие ја нудите. Со почит, XXXX XXXXX
Како настануваат караниците помеѓу мажите и жените? Иако велат дека жените се оние кои секогаш почнуваат први, ова се неколку примери... ...како маж може успешно да ве зафркне и извади од кожа . 1) Ја замолив жена ми во супермаркетот да купиме пиво за 650 денари. Рече дека не може и потоа без да ме праша купи дневна крема за лице за 1.500 денари. - И кажав дека гајба пиво повеќе ќе и помогнеше да се чувствува убава. 2) Пред неколку дена ја прашав жена ми каде би сакала да одиме по повод годишнината од бракот. Таа ми рече: “Некаде каде што не сум била одамна.“ - И ја предложив кујната. 3) Додека ја гледав омилената емисија на ТВ жена ми седна до мене и ме праша: “Што има на ТВ?“ - “Прашина...“ и одговорив јас. 4) Жена ми се погледна во огледало и беше незадоволна од она што го гледа. “Се чувствувам ужасно, стара сум, дебела и грозна. Одма да ми дадеш комплимент!“. - И реков дека очите се уште и функционираат совршено добро. 5) Со жена ми бевме на годишнина од нејзината матура. Еден од присутните беше пијан, но не престана да пие чашка по чашка. Ја прашав жена ми дали го познава. “Секако“ - ми рече таа. “Долго време бевме заедно и кога прекинавме почна да пие и од тогаш не престана“. - Јас и реков “Кој би рекол дека толку долго ќе слави...“
Сите ние ја бараме таа посебна личност која е вистинската за нас. Меѓутоа, ако сте проживеале доста врски почнувате да се сомневате дека не постои вистинска личност, туку само различни вкусови на погрешната. Зошто е тоа така? Затоа што вие самите сте погрешни на некој начин и барате партнери што се погрешни на некој комплементарен начин. Меѓутоа, потребно е многу да живеете за да се сродите во целост со својата погрешност. Дури кога најпосле ќе налетате на своите најдлабоки демони - своите нерешливи проблеми - оние што ве прават такви какви што навистина сте - дури тогаш сте подготвени да го најдете животниот партнер. Дури тогаш конечно знаете што барате. Трагате по погрешната личност. Но не која било погрешна личност: по "вистинската" погрешна личност - по некого што ќе го допрете со поглед полн со љубов и ќе помислите: "Ова е проблем што сакам да го имам." Ќе ја најдам таа посебна личност која е погрешна за мене токму на вистинскиот начин!
Мудра приказна од животот Ова е приказна за двајца пријатели кои оделе низ една пустина. По патот се скарале и едниот го удрил другиот. Удрениот се почувствувал повредено... ...но молчејќи напишал во песокот: “Денес добив удар од мојот најдобар пријател“ Продолжиле да одат се додека не наишле на оаза каде решиле да се избањаат. Оној кој добил удар за малку не се удавил бањајќи се, но животот му го спасил пријателот. Кога дошол при себе, изрежал на еден камен: “Денес мојот најдобар пријател ми го спаси животот!“ Тогаш пријателот кој претходно го удрил го запрашал: “Кога те удрив пораката ја напиша во песокот, а сега ја изрежа во камен. Зошто?“ Пријателот му одговорил: “Кога некој ќе ни направи нешто лошо, тоа треба да го запишеме во песокот за ветрот да го избрише, но кога некој ќе ни направи добро, тоа треба да го изгравираме на камен за никој и ништо да не може да го избрише!“ Научи се раните да ги запишуваш во песок, а среќата да ја изрежеш во камен! Велат: Потребна е минута за да пронајдете посебна личност, час за да почнете да ја цените, еден ден за да ја засакате, но цел живот за да ја заборавите!
Еден ден, една шивачка седела покрај реката и напрстокот и паднал во водата. Таа заплакала, а господарот кој тогаш поминувал ја прашал: „Драго дете, зошто плачеш?“ Таа му одговорила дека напрстокот и паднал во реката, а и е потребен затоа што му помага на сопругот да заработи пари и да го издржува семејството. Господарот ставил рака во водата и извлекол златен напрсток со сафири. „Дали е ова твојот напрсток?“ – прашал господарот. Кројачката одговорила: „Не.“ Господарот повторно ја спуштил раката во реката и извлекол златен напрсток со рубини. „Дали е ова твојот напрсток?“ – пак ја запрашал. Кројачката повторно одговорила: „Не.“ Господарот повторно ја брцнал раката во водата и извадил кожен напрсток. „Дали е ова твојот напрсток?“ – прашал. Кројачката одговорила: „Да!“ На господарот му било драго што жената била искрена па и ги дал сите 3 напрстоци и жената си отишла дома среќна. Неколку години подоцна, кројачката шетала покрај реката со својот маж. Тој се сопнал, паднал во реката и исчезнал под водата. Жената почнала да вика и повторно Господарот се појавил - „Зошто бараш помош?“ „Ох, Господаре, маж ми падна во реката!“ Господарот скокнал во реката и го извлекол Џорџ Клуни. „Дали е ова твојот маж?“ – ја запрашал. „Да!“ – извикала кројачката. Господарот многу се налутил: „Лажеш, тоа не е вистина!“ Кројачката му одговорила: „Ох, простете ми. Тоа е недоразбирање. Видете, да речев „не“ за Џорџ Клуни, вие ќе го извлечевте Бред Пит. Потоа кога ќе кажев „не“ и за него, ќе го извлечевте маж ми. Кога ќе ви кажев „да, тој е“ вие ќе ми ги дадевте сите тројца.“ „Господару, јас не сум најдобра со здравјето и не би можела да се грижам за сите тројца, затоа реков „да“ за Џорџ Клуни.“ Така Господарот и дозволил да го задржи Џорџ. Кога жените лажат, тоа го прават заради добра и чесна причина и секогаш во интерес на другите.
Georges PHILLIPS, старец од Ванкувер во Канада се спремал за во кревет кога жена му му рекла да го изгасне светлото во дневната, Georges ја отворил вратата во дневната и видел двајца крадци како го ограбуваат… Се јавил во полиција: - “…Помош, ме ограбуваат, пратете итно некој на ул……? “Полицијата: - “…во моментов немаме слободни полицајци, ќе ви се јавиме кога ќе се ослобдои некој “Georges: -”O.K.” Ја спуштил слушалката, почекал 30 секунди и повторно се јавил: - “Здраво, се јавив пред малку, побарав да пратете некој кај мене…Не мора да праќате… Ги убив! И ја затворил слушалката. За 2 минути, 6 полицајски коли, екипа на снајперисти, хеликоптер, две противпожарни камиони, итна помош пристигнале кај Georges и ги фатиле крадците. Полицаецот му се обраќа на Georges: -”…Мислев дека си ги убил” А Georges му одговорил: - “… а јас пак мислев ми рековте дека немате слободни полицајци …” Поука: Не се заебавајте со постари луѓе!
Ова го правеше една моја мила пријателка Благица Тесктот е прекрасен како и самото сонце што го напиша .. Love her
Си била една слепа девојка. Мразела се околу себе освен нејзиното момче. Еден ден момчето ја прашало девојката дали би се омажила за него? Таа одговорила: "Кога би можела да го видам светот, би се омажила за тебе!" По некое време се појавил донор на очи за девојката. Операцијата поминала успешно. Кога ги отворила очите, девојката прво што погледнала било нејзиното момче со спуштени очни капаци. Сватила дека е слеп. На одново поставеното прашање - дали ќе се омажи за него, девојката одговорила со "не" затоа што била со помислата дека цел живот треба да се грижи за него. Момчето навредено си заминало а другиот ден на девојката и стигнало писмо од него во кое што пишувало: "Драга, уживај во твоите очи, кои пред да бидат твои, беа мои. Со нив по цел ден радосно ја гледав твојата убавина!"
Влегува еден бизнисмен во банка во Њујорк и го бара службеникот одговорен за кредити. Му објаснува дека ќе оди на деловен пат во Европа две недели, и дека сака да земе кредит од $5.000 долари. Службеникот му одговора дека за да ги подигне парите ќе треба да остави некаков вид на гаранција. Бизнисменот без да се двоуми ни минута, ги вади клучевите од своето ново црвено Ферари, кое што патем е паркирано на паркингот пред банката. Луѓето го проверуваат возилото, и банката се сложува да го издаде кредитот со оваа гаранција. Откако заминал бизнисменот со парите, шефот на банката и вработените добро се насмеале, зошто бизнисменот го искористил своето ферари вредно $500.000 долари како гаранција за кредит од $5.000 долари. Откако биле средени сите документи, вработените од банката го ставиле возилото во подземната гаража на банката. Две недели подоцна, доаѓа бизнисменот, го враќа кредитот, и плус плаќа камата од $15.41 долари. Службеникот му се обратил на бизнисменот "Господине, многу сме среќни што соработувавме со вас, меѓутоа малку сме збунети. Додека бевте отсутни, Ве проверивме, и дознавме дека сте мултимилијардер. Не ни е јасно, зошто ви беше потребен кредит од $5.000 долари?" Бизнисменот слатко се насмевнал и одговорил: "А каде на друго место во Њујорк ќе најдам паркинг за моето ферари вредно половина милион долари, за две недели и тоа за само $15.41 долари?!"
Еј мангупе се сеќаваш ли на првото танго, на шамарот што ти го плеснав кога сакаше да ме бакнеш.Се сеќаваш ли на оној цвет што ми го даде,не знам дали беше синоличка или роза што ме потсеќа на твоите очи. Тој цвет падна во водата, а ти не ми дозволи да го земам, ми рече дека не вреди.Утредента ми донесе цел букет такви цвеќиња но ниедно ја немаше бојата на единствениот цвет кој падна во водата. Се сеќаваш ли еден ден кога дојдов пред тебе и сакав да те бакнам а ти се тргна и ми рече: Малечка, не те сакам повеќе. Сакам друга и мислам дека нема смисла да бидеме повеќе заедно.Тогаш ти реков ЧАО. Ти го свртев грбот и почнав да плачам. Застанав, скинав лист и почнав да го грицкам.Мислев дека ќе ми помогне. Тогаш ја почувствував твојата рака на моето рамо и го слушнав твојот глас: Малечка зарем навистина помисли дека не те сакам? Почнав да те бакнувам, многу ми беше мил во тие моменти. Еден ден кога дојдов пред тебе те фатив за рака , те прашав што ти е а ти молчеше. Те погледнав во очи а тие беа поцрвенети од плач. Ми рече : Деновиве заминувам за Америка. Можеби никогаш нема да се видиме . Ќе мора да се заборавиме.Ја извлеков твојата рака од мојата и почнав да плачам. Последното што го видов беа твоите очи и последното што го чув беше твојот глас. Љубовта преку писмо не е љубов. Се сеќаваш ли на она што ти го прочитав ? Тоа беа зборовите од една песна: Да љубиш е како песна да пееш, а не постои песна без крај. А, твоите писма и понатаму стојат неотворени. Во почетокот пристигнуваа многу писма. Еден ден кога се вратив од школо, на бирото забележав едно писмо. Со треперливи раце го отворив и почнав да читам: Само за мојата малечка. Малечка, на крај сепак доаѓам во Скопје. На 15 ќе ти се јавам.Кога ќе заѕвони телефонот крени ја слушалката, кога ќе го слушнеш мојот глас сослушај ме, а потоа се ќе биде како порано . Кој вели дека има писмо без крај. Мангупе се сеќаваш ли на песната што ја пеевме.А сега завршувам со пишување и го чекам твојот глас. Заедно ќе бидеме...Ова беше пронајдено на трупот на една девојка со пресечени вени. До неа е најден весник отворен на страна 15 во кој пишува: Авионот кој требаше да пристигне од Флорида (Америка) се урна во близина на Југословенската граница. Преживеани нема. Истрагата е во тек .