Сите сме свесни дека основата на добра врска е квалитетно време поминато заедно. На долгите врски често им се заканува рутината и монотонијата. Затоа излегувањата на нови места или правењето нови работи и тоа како знаат да ја освежат врската. Во темава ќе даваме интересни предлози за излегувања. Доколку е изводливо убаво би било да има и приближна цена. На пример 1.Куглање во салата Борис Трајковски. Гарантира убаво помината вечер,забавно е и ново. 2.Посета на ресторан што служи странска кујна. Од типот на Мексиканскиот ресторан на кеј или Кинескиот Ѕвезден океан. 3.Излет во природа. 4.Посета на зоолошката градина 5.Дегустирање коктели 6.Заедничко готвење
Јас еве би предложила романтична вечера на пр. на бродот во Велес или во бањата во Катланово. Слушнав имало мало базенче за интимна атмосфера, со добро вино и евентуално масажа и било супер Ако бил некој од феминките би сакала да знам нешто подетално
Картинг Ноќно капење Јавање коњи Посета на некое место каде не сте биле Крстарење Летање со параглајдер
Explore Macedonia, вожња до друг град каде што не сте биле. Јас си направив мисија, ги имам обележано градовите кај што сме биле, првата прилика кога ќе ни биде досадно и ќе немаме што да правиме ќе отидеме на кафе и ручек во Кратово (на пример) . Возење велосипеди заедно. Посета на Аква Парк, баш ми кажаа во Струга во Изгрев бил супер Аква Паркот.
Не најдов бар во првиве 5-6 страни ваква тема.А ме интересира пример кај искачате со парнтерот.Што правите. Еве јас со детево што излагам досега само на едно место одиме, и таму си седиме.Би сакала нешто ново да направиме, да разбиеме монотонија.Само да не е во кафич со 500 луѓе, не сакам во јавност до толку. Дајте предлози, или кажете вие што правите. Јас размислував да понудам нешто како куглање или картинг?Се надевам не е прерано за такви работи. Да не е само секое искачање седење на столче и зборење, мене тоа воопшто не ми пречи, можам со часови да зборам али сакам да биде интересно, да нема монотонија, сакам на партнерот (не на овој сега него општо) да им е интересно искачањето со мене и да сакаат пак и пак, а не да гледа у саат да дое време за идење. *Споена дупла тема
Зависи дали се гледате во јавност или не. Доколку искачате во јавност нема зашто да е глупаво, не мора да се гледате само по кафиња. Според мене, доколку сте искочиле више 2-3 пати на кафе/јадење/шетање, слободно предложи куглање, картинг или било што што те привлекува. Пример мене и на дечко ми прв дејт ни беше на пијачка, втор на јадење во лабав lounge bar - негови предлози, трет дејт ни беше на кајакарење на Матка - мој предлог, случајно спомнавме нешто кроз муабет и му кажав ајде ако си слободен у недела може да идеме. Зависи каков ви е односот, спомни за некаде и види како ќе реагира. Инаку за седење по кафичи, јас обично со другарки идам повеќе - они се по такви искачања, а дм е тип што повеќе сака кога се гледаме да седиме кај него и на раат да се изнамуабетиме а за искачања гледаме да идеме на Водно, на кино, во adventure park - от бевме, на Козјак идеме често, летово идевме да играме тенис Good luck, доколку е океј дечко нема зашто не би прифатил.
Епа и ние така седиме кај него и си вергламе со саати, али сакам и нешто друго да се прави, да ни` биде интересно малку.А не сакам у кафичи пошто не ми е комотно, а и сакам приватност.На кафиња само со другари идам или апла посериозно кога ќе стане.
Mногу големо детето Се шалам. Следите спорт? Можеби некој спортски настан, или пак одете на Водно, Матка, некаде надвор од градот ако имате можност и секако финансии.
Куглање или билјард ти е добра опција, може и шах, зошто нели и тоа е спорт. Според мене ако casually искачате, не е баш добро театар и кино за почеток. Може понатаму, зошто побитно е да комуницирате и да се запознаете овака на почетокот.
За мене најдобри се класичните опции, на пример кафич или ресторан каде што не е многу бучно и може да комуницирате. Ако сте по спортот, доаѓа предвид и некоја спортска активност. Според мене сите опции се прифатливи, дури за дејт и тоа што е навидум пообично излегува подобро. Само јас не би во кино или во театар, поради причината шти ја спомна членката пред мене. Не е ни толку важно местото колку што е важна хемијата меѓу вас. Ако се согласувате, секаде ќе ви биде добро.
Природа, пикник, ама не на некое познато место каде ќе има многу луѓе. Ќе прошетате, ќе смените и ќе зборувате. Секогаш кога ќе ми стани монотоно барам местенце во природа, заедно со благо и кафе.
Лелел колку ми е страв мене од лизгање да знаеш.. он обожава зимски спортови, и скија и борда и сака зима.Јас сум си летен човек, место лизгање би го понудила на базен да пливаме или спа (сериозна сум) фала што ми ја стави идеава во глава. Уште да се утепам пред него заби да искршам