Низ мојот живот минуваат луѓе и оставаат некоја трага, но ти си нешто навистина посебно. Илјадници луѓе слават роденден денес, но јас мислам само на тебе… Среќен роденден!
Што да ти посакам? Убавината си ја имаш. Среќата ти е во срцето. Ум? Тој ти е достапен, за да живееш така како што сакаш. Љубов? За што ти е, кога сите околу тебе те сакаат. Тогаш ќе ти посакам: верувај во себе и чекори умерено по патот на животот. Среќен роденден!
Пиво, вотка, мартини, наздравје за многу години. Жива, здрава, насмеана и цела година пијана, но не од домашна ракија туку од љубовна магија! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!
Јас најчесто честитам со песна. Со оние пријатели што можам да се зафракавам им ја праќам оваа http://www.youtube.com/watch?v=UyxNY20wcDw
Нека очите се твојот најубав накит, неодоливата насмевка најубавата облека. Cреќата да е патот којшто го одиш, исполнет со предизвици, храброст и сила да ги совладаш и да го достигнеш успехот за кој го посакуваш. Љубовта да ја примаш неограничено, да те топли и грее секогаш. Ти посакувам од се срце : СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НАЈМИЛА МОЈА!
Нека изворот на среќата извира со кристални води кон патот на твоите соништа. Живеј! Фрли се во прегратките на младоста и нека секоја твоја замисла биде остварена мечта! Среќен роденден!
Друштво ми треба ваша помош, во вторник и е роденден на керками полни 15год. би сакала да и напишам убава порака како мајка за керка но воопшто не ме бива за составување па ако може некој некоја поракичка убавка да ми состави да ја дирнам во срце дека ми е светлост и дека кога се родила ми е најубавиот ден во животот нешто во тој стил би ви била многу благодаран
Во тивкото утро, кога птичка ќе ти го прекине сонот, а отчукувањето на часовникот ќе го означи твојот ден, од сè срце ти посакувам најсреќен и највесел роденден!
Овој свет е поубав поради лугето како тебе,поради тоа ти заслужуваш да бидеш срекен/срекна не само на овој ден туку и на секој нареден ! СРЕКЕН РОДЕНДЕН!!! Нека небото биде опкружено со љубов и срека,ѕвездите - твои исполнети желби замислени со најмилите нешта и личности! СРЕКЕН РОДЕНДЕН!!! Пред 19 години се роди едно бебе , кое многу личеше на тебе. Го сакам тоа бебе,те сакам тебе ,го сакам и овој ден дека е твој роденден ! СРЕКЕН РОДЕНДЕН !!!