Интернет неверство

Дискусија во 'Врски' започната од tiva2010, 16 мај 2010.

  1. tiva2010

    tiva2010 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Прилично сум нова на форумот,па би сакала да споделам нешто со Вас,а и Ваше мислење би сакала да добијам.
    Со сопругот сум 10 години,од кои 5 во брак :)
    Имаме прекрасна ќеркичка од 2 години и нормален живот.
    Се почна еден ден кога на фејсбук со еден "другар" си пишевме на чет и навлеговме во некои теми,
    работите почнаја во друг тек да одат,како тој ме знаел уште од пред 10 години и сакал да има нешто со мене,
    ама никогаш не собрал храброст.......
    јас подзинав,не знаев за неговите чувства,бев многу среќна што го слушам тоа(а сметам дека не би требало тоа среќна да ме прави,сепак сум мажена)али стварно е преубаво да слушниш,прочиташ дека на некој си му значела и сеуште му значиш(освен на сопругот)
    Потоа,почнавме секој ден да пишуваме до касните часови,ми годеше неговото внимание,ми крадеше многу насмевки,секој ден станував мислејќи на него,бев среќна............а знаев дека не смеам....
    Продолживме со пораки на мобилен,скајп,мсн,се подлабоко и подлабоко стануваше тоа,големо искушение,горевме од желба да се видиме и да се имаме еден со друг.....ама се разбудивме навреме........
    Се разделивме на фин начин,статусот мој(мажена) е единствена пречка за нас,не сака да ми се меша во бракот,на ќеркичката и требаат двата родители за да расте среќна............
    Беше убаво и никогаш нема да го заборавам,многу ми е мило што не направив глупост.пр.да спијам со него,двајцата знаевме дека е погрешно и дека никаде не води ситуацијата.......
    И ден денес сме пријатели на фб,си пишиме,здраво,како си,се поздравуваме каде и да се сретнеме........
    Ама сепак ја имам онаа грижа на совест дека направив нешто што не требало,со сопругот сме 10 години среќни,никогаш не сум го изневерила......
    Ви благодарам што одвоивте време да прочитате :)
    Поздрав!!!
     
  2. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    808
    според мене-немаш апсолутно никаква причина за грижа на совест. не се оптоварувај со глупави мисли-не си направила ништо за што би требало да се каеш. според мене не е неверство тоа што си му посветила неколку насмевки, и што си се почувствувала срекна поради неговото внимание. ;) па жени сме-нормално дека ке ти годи после толку време некој да ти признае љубов и да ти симне некоја звезда ;)
    ја те поздравувам што си решила да размислуваш разумно ;) навивам за твојот сопруг и керкичката ;)
     
  3. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    Е јас вака како помала не би требало да делам совети на тема на која баш и немам некое големо искуство, ама и мене ми се има случено по разговор со некого да се почувствувам дека летам, да се смејам и да си легнувам и станувам мислејќи на тоа, но со тек на врме ми минувало тоа. Така да кај тебе единствено има грижа на совеста, што не би требало да ја има ако не сте направиле ништо. Сепак биле само неколку насмевки кои се нешто нормално со другар кој го знаеш подолго време. Сигурно се сакате со сопругот ако сте 10 години заедно, така да треба само да престанеш да се обвинуваш. Се ќе биде ок :*
     
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Не мисли дека си направила нешто лошо затоа што денес на секој му се има случено истото, не полуде сите тој интернет хаха :D Убаво е чувството кога и друг маж ти посветува внимание и ти дели комплименти, освен твојот сопруг и ние жените право летаме :) Нема зошто да мислиш уште на тоа, нема потреба за грижа на совест, затоа што ништо не се случило меѓу вас, добро е што се завршило само со пишување на нет. На време си се вразумила :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.267
    Допаѓања:
    36.375
    И јас се согласувам со претходните коментари. Кога веќе не си ја направила најголемата грешка, немој да си го расипуваш бракот со грижата на совест. Било поминало.
     
  6. scream

    scream Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    nema mesto za griza na sovest. Ti ne si napravila nisto losho, sekoj bi omeknal na tie komentari. Bitno e deka si go sakas soprugot i imate prekrasna kjerkichka ajde do godina i edno sinche. se najubavoo
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    23.968
    Јас сметам дека тебе Тива ти се допаднал мал флерт за да се разбие малце монотонијата на бракот, сигурно си била во облаци заради тоа што си долго време во брак и ти годела таа симпатија и тоа нешто непознато, ново... но сепак си се освестила на време што не си го загрозила твојот брак. Сигурно ја глеаш и таа страна како би било да би бил со тој човек... сигурно не би било тоа што ти го имаш во бракот...
    Помала сум од тебе но би сакала да ти кажам до какви опасности и проблеми се доведуваме самите сите поради тие социјални мрежи, да не сте чатувале на фб тој сигурно не би ти го кажал тоа во лице и не би ти приредил такво неспокојство... а што ако твојот сопруг прочитал нешто, и погрешно ги сфатил работите... проблеми.
    Сега уживај затоа што си се освесила на време и биди благодарна за тоа, јас мислам дека другпат не треба да влегуваш во вакви разговори на фб или било каде...
    Се најдобро, уживај во семејството кое го имаш.
    Поздрав :*
     
  8. tiva2010

    tiva2010 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам за Вашите мислења,многу ми значеа :)
    И јас сум среќна што постапив правилно,а и многу сме посреќни сега со сопругот......а и ќеркичката......
    Сега и веќе не уклучувам фејсбук толку често.......
    Поздравче,имајте убав викенд :)
     
  9. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    74
    Леле луѓе коса ми се крева на оваа тема! :@ Порано дознав дека дечко ми си пишувал со некои девојки на интернет,значи флертувале и претпоставувам дека се претставувал како да нема девојка!Иако немам докази дека нешто направил со некоја во живо стварно се вадам од такт кога ќе го видам пред компјутер :( Ме фаќаат некогаш периоди кога мислам дека стално кога ќе седне на компјутер се допишува со некоја!Еве сега бевме на мини одморче и го носевме мојот лап топ и гледам во хистори дека гледал слики од разни девојки(тоа сигурно додека јас не сум била во негова близина).И безвезе цел ден ми се расипа денес многу глупаво се осеќам,како изневерена и понижена ;( ...иначе јас немам фејс бук(едноставно не осекам потреба за тоа).
    `
     
  10. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Епа и да не осеќаш потреба, направи си и ти фб, почни да стануваш пријател со некои машки па да видеш и нему како ќе му станува криво.
    И да немал ништо со тие девојки сепак не е убаво што така ти прави зад грб. А и не биди толку сигурна, ако немал намери, зошто би си пишувал со нив :^) Можеби сака нешто да ќари, па си ја пробува среќата. Секако ова се само мои претпоставки, не мора да значи.
    Трај си, не избувнувај ама направи си и ти фејсбук, па и тој нека си има вакви мисли, дали пишуваш со некој или не. Ако само се осмели да ти пререче нешто, почни ја војната. Кажи му како ти си се чувствувала кога си открила дека пишува со други, и гледа нивни слики, па дури и кога сте биле на одмор!
     
  11. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    808
    Martincencencee najdov tvoj posto kade si pisala deka so deckoto ste se zapoznale preku internet, taka da e, ete sto ti e makata-da ne najde nekoja druga kako sto te najde tebe.
    ke mora ubavo da si porazgovarate, da si gi preispitate cuvstvata, otvoreno da mu kazes i da insistiras da ti ja objasni potrebata od muabet so nepoznati luge na internet....taka da-bitno e samo da go pocnete muabetot, odgovorite i site nedoumici sami ke ti se objasnat. pa fino lepo ke si razmislis dali ima potreba od nervozi ili ne ;)
     
    На GEJSA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    74
    Абе би направила фб ама незнам бе леле јас многу сум против тоа ама баш ич не сакам.И знам дека ќе се искомплицираат работите само уште повеќе и ништо нема да се реши туку ќе се укашка :worried: Иначе баш денес му казав дека сум видела во хистори што правел и пона: па што ти е на тебе големо чудо јас само сум гледал,па што да правам на фб тоа се глупости,само ти смета нешто бла бла и ми вика ти демек не гледаш машки и му реков: да може да гледам ама нема сигурно додека сум со тебе глупав е гестот и неубаво се осетив!И онаков целиот:леле не ми се верува за што се расправаме за глупости! :?: Незнам ни дали воопшто требаше да му спомнам...
     
  13. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    74
    Абе не се плашам дека ќе ме откачи зошто стварно ни е сериозна врската него едноставно и да не се гледа со некоја шо е за една вечер...не сакам воопшто да пишува со други!Тоа едноставно ме прави љубоморна и не заслужувам такво нешто зошто сигурно и он не сака така да му прават.Работата е што он тоа не го смета за многу страшна работа и неможеме да се разбереме на таа тема стално завршува со караница,и што е најтрагично уште јас испаѓам кривата и љубоморната а воопшто не сакам да е така ко очајна некоја да изгледам! :worried:
     
  14. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    166
    Мое мислење е дека сите парови се караат поради интернет те.поточно кажано фејсбукот!
    И тоа е тоа... :?:
     
  15. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    74
    Точно! И сите другарки само за тоа се жалат аман веќе незнам за вас ама што се однесува до мене може слободно да го укинат фб-от :) Порано ги немав овие фрки а сега се спомне ли иметп фб и цела се кострешам!
     
    На SpoiledBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    23.968
    Ехх и јас многу караници имав ради тоа фејсбукот, си го избришав и сега сум раат, ниту гледам што прави со кој пишува кој додава ама не ми е ни гајле! Додека е со мене значи сака да биде со мене, ако го конторлираш што прави на фб нема нишо да постигнеш, нема ни да му раскинеш сигурно ако флертува со други така да боље не се ни замарај, ако сака да те откачи веруј дека не му е потребен ни фб ни ништо. Ајде со среќа и не се замарај за фб! Не вреди!
     
    На newring86 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    74
    Фала мимс,во право си не треба да се замарам и не се замарам некогаш ама кога ќе ме фатат некои периоди(како што ми е периодов сега) ..ми влагаат мушички во глава и пак почнувам да расчепкувам таму и џабе само живци кинам,ништо не решавам,само бетер!
     
  18. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    И мојот има,јас немам.Јас му го имам пасвордот,тој сам ми го кажа и можам да се уклучам во било кое време.Пријатели нема многу,само тие што ги познава и некои негови другарки.А инаку мартинченцее и ти да имаш фб и ти ќе гледаш слики на машки....онака од радозналост.И јас кога имав гледав,а тоа не значи дека сакав нешто со нив.Тепање време едноставно!
     
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.898
    Мартинче направи си и ти фејс , па врати му се иста мера . Инаку и јас имав проблеми ради таа глупост , го избришав јас , после недела дена и дечко ми . Имаме проблеми , не викам не .. ама тогаш ради тоа хаос беше . Нели рече дека не се ставаш ? имаш стиснато за група ..и преку глава веќе . Сега барем од такви работа раат сум .
     
  20. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    74
    Фала ви многу девојки на советите.Иначе еве ќе пробам поретко да му го отварам профилот и да не мислам на тоа,стварно ми е безвредно и смачено за тоа да се расправам.Порано се бунев да го избрише ама таква му е работата,потребен му е фб-от(на жалост).Некогаш си викам нека гледа нека прави што ќе прави ама јас да не дознаам и да не гледам такви работи зошто не е сеедно! :!: