А зошто не му го избришеш.Јас на мојов му го избришав(и мојот секако)се љутеше 1 ден ама му помина и сега нема кавги
I mene mi se ima sluceno slicno nesto samo sto ne sum vo brak.i jas se pocuvstvuvav srekjna i mi godese koga doznav deka mu se dopagam i na nekoj drug osven decko mi so koj sme vo dolga vrska .srekja ne se sluci nisto ozbilno zosto prekinav na vreme oti mn si go sakam decko mi a komplimentite od drug samo mi laskaa.mozebi zasto vo posledno vreme nekako i ne dobivam komplimenti kako porano od decko mi,se e vo trka so vremeto i dvajcata na rabota plakanje smetki itn itn.NO mnogu bi me povredilo koga bi doznala deka toj se dopisuval so nekoja duri i nisto da ne se slucilo,a zamisli isto i tebe bi te povredilo koga bi doznala deka eve maz ti deli komplimenti ili nekoja mu deli na msn skype itn...Zatoa osekam griza na sovest oti TOJ ne zasluzi zad grb da se dopisuvam so drug
Вака мене ми се случи да јас кај него видов некои разговори со едно девојче и тоа случајно, тоа беше како флертување ова- -она ме рзбирате, и јас полудев ама знам СИГУРНО дека не излегол со таа *мивка* и мнооооогу ми беше тешко кога го видов тоа и му се скарав, и потоа тој цело време по мене да ми се извинува, да плачи и после некое време се смиривме оти одиме многу години, и го сакам а и тој мене. И откако се случи тоа оттогаш целосна контрола двајцата имаме фбук и си ги знаеме пасвордите и тој мојот и јас неговиот и влегувам кај него и тој кај мене и сите што не ги сакав да му бидат пријателки на фб му ги избришав, на мсн никако и сега ич не се замарам со тоа ми помина и почнав пак да му верувам мора така, иначе ќе се затрујаш и готово ништо не вреди после. И ден денес кога ке помислам ми иде да го убијам
Не сум имала ваква ситуација досега, и не дај Боже да имам, ќе реагирам одма.....се разбира на лошо, со кавги и се, затоа што сум љубоморна, дечко ми да се допишува со некој мивки, кои и покрај тоа што знаат дека е зафатен пишуваат...! Било како, имам сретнато многу случаи на фејсбук, каде партнерите имаат заеднички профил! Тоа ми се допаѓа! И девојки ако имате проблеми со Фб ви препорачувам да разговарате со вашиот партнер, за отворање на заеднички профил, секако за подобрување на односите во врската!
И јас кај мојот открив такво нешто,имавме многу проблеми во врската во тоа време,не ги знаев разговорите ама ми кажуваше демек барал од неа женско мислење за нашата ситуација,бре бре како и да е,открив многу касно,дури после година ипол,и тоа сосем случајно.Бев во голема дилема што да правам а знаев дека немал ништо со неа дека се немат видено,од друг град беше она,кратко траело и било завршено многу одамна кога дознав јас...Уште сме заедно,ама додека се помирам со тоа коса ми се креваше
Факт е дека се допишуваат со други, машки тоа е, сакаат да ќарат нешто, да си зачуваат резерва, да се докажат дека упте ги бива, што ги знам машки филозофии. Неможеш да бидеш 100% сигурна дека сега ништо не прави, со никоја не се допишува ова она, тој ако сака и уште 100 профили ќе направи. Така се ставени во искушение и неможат а да не пишат, тоа е тоа, само џабе ќе се нервира човек, затоа не се замарајте со тоа, едноставно нека пишува бе со која сака, ако дознаам нешто толку ќе му биде со мене, а ако сака да те откачи некој не му треба фб, со или без тоа ќе си најде причина и ќе заврши работата. Затоа не се замарајте што прави тој по социјалните мрежи, факт е дека пишува, и сигурна сум дека сите пишуваат, неможе да ми каже некоја дека дечко ми неее нема шанси да се допишува, што, ќе ставиш рака во оган? Јас не би.
Да така е Човек во себе не е сигурен 100% а не во некој друг. Ама мора да веруваш, сега не му верувам 100% ама 90% да и продолживме да одиме оти сум сигурна, најсигурна дека не излезе со неа, иначе немаше да му простам.
се согласувам со мимс-89 тој ако сака да се допишува ке си направи нов профил без да знаеме така да ужиајте и кулирајте..позз
Така е!Јас сио викам на крај краева нека пишува само да не дознаам јас зошто знам дека нема да ми биде сеедно.На крај краева тоа е само пишување,само да не премине во нешто поголемо...
Малку ме буни една работа...единствена пречка да не бидете заедно е твојот статус мажена,демек човеков нејќе проблеми да ти прави во брак...Како се сетил на тоа од кога не знам колку време сте контактирале на интимен начин,ти изнакажал триста чуда и коа дошла точката на вриење се откажал,сепак од старт знаел дека си во брак со дете,немало потреба од сето тоа ако тој е толку морален човек,и имам впечаток ако не се откажел он сепак ке сте го направеле тоа,како он да те разбудил тебе...како и да е,никој не е цвеке за мирисање,баш напраив тема слична на овој твој проблем,ако имаш време читни ја,се вика Дали љубовта е доволна да се справиш со монотонијата?...сите сме луѓе драга моја,од крв и месо со сопствени доблести и мани,без трошка совршенство,нормално е да посакаш друг,и да ти годи нечие внимание битно е само како ке изиграш во дадениот момент,а грижата на совеста,луѓето ја носат за многу пострашни работи па преживуваат
Никогаш не ни се случило тоа.Ама баш никогаш. А и сега немаме фб,не поради такво нешто туку поради тоа што сакаа да не разделат,но и со сите свои сили не успеаја! Сепак љубовта победува
Cамо сто сум долго мазена, и искрено мојот однос со мојот сопруг знацително се подобри после тие интернет глупости, сега знам дека го сакам безусловно, највисе на свет!!! Cе залјубив во мојот сопруг повторно!!!
Да резимираме одма во старт, интернет неверство е неверство, показател дека нешто не штима во врската па се бара внимание на друга страна а колку повеќе седиш на интернет толку повеке се запоставува партнерот.Во некои држави ваквото интернет неверство и сајбер неверството имаат правна подлога и основа со која може да се растури брак.Дојде доба на разводи на брак поради социјални мрежи.
Не сметам дека тоа е во буквална смисла целосно неверство, можеби се работи за психичко. Но да не заборавиме секој маж/жена има потреба да се преиспита колку е "способен/а" и таа потреба нема некоја конкретна причина, едноставно да си ја зголеми самодовербата и тоа е тоа. Не го оправдувам, но најмногу зависи од ситуацијата и слично.
Ми се случило. Јас тоа го направив. Не го сметав за неверство, немав лоша намера, но се пронајдов во овој текст горе. Што е најинтересно, дечко ми го прочитал тоа и мислеше дека јас со типот со кој пишував се и сешто, сум се видела и сум го изневерила, па и покрај тоа не се налути многу дури и премолчи, ми кажа дури после неколку месеци дека знае се што било. Мислеше дека е изневерен а пак се однесуваше како ништо да не е. Отпосле откако ми го кажа тоа, јас му кажував дека ништо со него немам направено и одвај ми поверува.