Сигурно станува збор за некаква инфекција штом менува боја и има мирис. Обавезно да одиш на гинеколог. Инфекција не се добива само од вагинален однос.
Мирисот ретко се појавува до сега 1 осетив но има зеленкаста боја дане можеби само ги имам преладено јајниците или пак незнам што може да е
Зеленкастата боја е дефинитивно знак за инфекција. Брис се зема и надворешно. Оди на гинеколог, не чекај.
Гинекологот најдобро ќе ти каже. Знаат тие како оди процедурата и што мора да се направи. Нема кој друг да ти помогне за ваков проблем.
Нема врска, и да си немала секс можи да има некаков проблем и да си немала секс гинеколог можи да ти помогни. Не е страшно, ајде.
На гинеколог се оди од добивање прва менструација. Брис сд зема и надворешно, ама гинекологот поубаво ќе ти објасни. Обавезно закажи што поскоро.
Ви благодарам премногу на одговорите незнаев дека брис може да се земе и надворешно веднаш ке закажам на гинеколог. Фала ви од се срце.
@Sweetbaby007 Јас кога одев на гинеколог (кај два различни гинеколози бев) а бев сеуште невина, ни под разно не сакаа да ми земат брис со изговор дека нема потреба и ќе се среди и без тоа, не било ништо озбилно. Едниот гинеколог ми препиша апчиња на природна база, ги имам сретнато на форумов ама им заборавив име. И после тоа ако не ми помогнат и се влоши состојбата да одам да ми земат брис. Значи брисот беше крајно решение. Памтам дека ми помина само од себе, ни апчињата не ги зедов. Само применував некои совети што ми ги дадоа. И јас исто така мака мачев со зеленикав и жолт исцедок ама ми се среди без никави антибиотици. Се одмивав со камилица/сода, го пеглав долниот беш, користев само памучен, почнав да користам интимен гел џеса и ми се среди. Од "мала" си имам повремено мака со ваков исцедок, ама трае кратко време тоа, се средува брзо. Не е ништо озбилно изгледа, како и што ми потенцираа гинеколозите.
Дали е можно ако ти сврши кај вагината ама не внатре да забремениш ? (Внатре ич не влезе ни пред тоа)
@Sweetbaby007 може да се јави кандида (габична инфекција) со мирис и исцедок и причината не е имањето односи. Оваа бактерија нормално постои во телото ама може да реагира кога јадеш многу благо, ако настинеш, ако си примала антибиотик во последно време... Дури отидеш кај гинеколог што секако е супер да ти каже што да правиш, избегнувај благо и леб. На мене лично и стрес ми влијае оти кога сум под стрес се хранам како што не треба. Прави си промивка со сода бикарбона (гинеколог ми препорача) и со чај од камилица, посебно ако имаш чешање камилица помага. Немој да се плашиш ако прв пат одиш кај гинеколог, стварно не е ништо страшно