1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интрусивни мисли (intrusive thoughts)

Дискусија во 'Психологија' започната од FroggyLover, 9 јули 2022.

  1. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Дали ги имате и како се справувате со нив? Јас скоро пред некое време го дознав терминов. Имено имам одредени мисли кои ми прават нервоза или страв и се појавуваат рандом и не можам да ги тргнам од мене.
    Некако се зачести кога прележав ковид (мизерно и трауматично искуство) и сега каде и да одам имам мисли од типот "сега ќе се разболиш" не можам ни да имам односи зашо ми доаѓаат мисли као "сега ќе останеш трудна и ќе ти се уништи животот"
    Исто мислам дека имам ретроактивна љубомора. Тоа е некаква си обсесија со претходниот живот на партнерот и луѓето со кој тој/таа бил/а т.е бившите. Ми нанесува огромна болка. Добивам нагли мисли и слики у мозокот од мојот дечко со таа друга женска како биле среќни заедно. Па како она е поубава и поуспешна од мене. Такви работи...
    Мислам дека имам одредени "тригери" кои ја прават оваа реакција кај мене т.е океј сум се дур не ги видам/чујам. Такви се на пример имиња, места, одредени интереси. Стварно е ептен мизерно.
    Се чувствувам како да си ја уништувам среќата и свесна сум дека само јас сум крива за ова. Но никакво чаре не гледам. Ми личи како цел живот да ќе ме прати ова. Не можам со никого да зборам за ова од страв дека ќе бидам наречена ненормална.
     
    На DarkStormm, Lavender4 и cooll им се допаѓа ова.
  2. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    И јас така сум за некои работи. Син ми лани го пратив во градинка. Жива радосна. Почна да се разболува. Ако ќе гради имунитет. Му ослабна крвта, му опадна и така кревкиот имунитет. Фати некоја бактерија, не знаев кој пат да го фатам. 8 дена температура 39-40. Никако не можев да му ја симнам. Тројца доктори консултирав. Откако оздраве Ковид по 10 дена. Ме фати стрес, ме фати страв што ќе биде. Станав freak. И еве сега кога се меша со други деца се потресувам да не се зарази со нешто, ќе видам мрсули на другарче негово и го оддалечувам одма. Ќе се накашла некој и готово почнувам да си правам сценарија, проверувам кои сирупи ги имам дома. Неодамна се разболе братучетката негова, со температура, тој немаше ништо, ама јас почнав да ѕвонам по доктори. Покачи температура околу 37 почнав јас да паничам, да замислувам и да планирам како ќе ја симнуваме кога ќе оди накај 39. Не спиев, топломерот не го испуштав.

    Слушнав неодамна за еден познаник дека е болен од рак. Човекот е генерација со татко ми. Можеби година две помлад. Бидејќи ја изгубив мајка ми пред неколку години, почнав да се тресам што ќе биде со татко ми. Што ако и нему му се случи нешто?

    Лани ми се случи пожар. Нема да давам детали, ама сега постојано се плашам да не повторно се најдам во таква ситуација. При најмал мирис на чад престанувам со се што правам и барам од каде доаѓа мирисот. Додатно при секое излегување од дома како ненормална се враќам да проверам случајно на тераса дали ми е изгасена цигарата што сум ја пушела, дали пред 10 минути или еден час. Па за секој случај истурам вода во пепељарата.

    Имам уште многу за пишување ама доста е толку...