1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инфантилизација

Дискусија во 'Психологија' започната од Bender Rodriguez, 13 септември 2017.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Инфантилизација е поим кој означува однесување кон одредена личност на начин несоодветен за неговите години, односно однесување со возрасен човек како со дете или однесување со тинејџер како со помало дете.

    Инфатилизацијата најчесто се врши од страна на семејството - пред сè, од страна на родителите, но и од страна на други роднини.

    Еве некои примери за тоа што подразбира инфантилизација кај децата од страна на родителите:
    • Родители кои спијат во ист кревет во сопственото дете, иако тоа има 10 години,
    • Родители кои зборуваат на „бебешки“ јазик со детето, иако е тинејџер.
    • Родители кои непотребно преземаат одговорности на децата, иако тие самите можат да ги извршуваат, како хранење, облекување, бањање и сл.,
    • Родители кои купуваат облека и играчки за децата кои се несоодветни за нивната возраст, т.е. предвидени за помали деца,
    • Родители кои одговараат на прашања наместо децата кога некој друг им се обраќа и сл.
    Од друга страна, балканските простори се познати по стереотипите за инфантилизација на машките деца од страна на мајките. Па така, често жените изјавуваат дека по дома имаат три деца (двете деца и сопругот), мајките ги прашуваат своите возрасни синови дали се јадени, се грижат како ги храни сопругата, дали се испотиле и пресоблекле, дали случајно седеле на промаја и сл. :D

    На страна од ова, речиси сите сме биле извор на инфантилизација кон некого или пак, сме биле изложени на неа, барем некогаш во животот. Инфатилизацијата често пати може да се помеша со „љубов“ или загриженост за некого и нечии потреби - границата е навистина тенка.

    Најчесто, оние кои инфантилизираат одредена личност тоа го рационализираат на овој начин и сметаат дека не прават ништо лошо, напротив. Но сепак, инфантилизацијата, ако е пречеста и силно изразена може да остави сериозни психички последици врз оние изложени на неа.

    Срам од врсниците (ако се работи за дете), несигурност, ниска самодоверба, чувство на потценетост, неразвиено чувство за одговорност, потешкотии при донесување одлуки, приврзаност кон родителите (најчесто кон изворот на инфатилизацијата), несамостојност, итн. - ова се само некои од последиците на инфантилизацијата.

    Сметам дека ова е релативно честа појава, на која не се посветува ни приближно доволно внимание и чии негативни последици на повеќето не им се познати, ниту пак се сфатени доволно сериозно.

    Што мислите вие за инфантилизацијата? Дали и колку е таа распространета, генерално и на нашиве простори? Дали сте се сретнале со неа - без разлика дали сте биле нејзин извор или примател? Кој е најдобриот начин да се справи одредена личност со неа?

    Ги очекувам вашите одговори. :)
     
    На AURUA, Annath, piglet1 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.681
    Сведок сум.
    Претходниот брак ми се распадна делумно поради ова.
    И..немора да се манифестира како отворена инфантилизација,може и латентна да биде која впрочем е и опасната.

    Иако верувам дека секој ќе се изрази дека не воспитува во тој правец, сепак вистината е поинаква.
     
    На AURUA, JuLleE, blonde_supergirl и 7 други им се допаѓа ова.
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Најдобро да се справиш со појавава која секојдневно ја гледаме е да го турнеш детето од себе.

    Несвесно,мислам дека многу од родителите се презаштитнички настроени кон своите деца,тука се ставам и себеси,но се трудам да им ја дадам слободата која им е потребна.
    Еве пример.
    Син ми,кој почна од неодамна градот да го врти со точак,се плашам за него,нормално.Не дека на него не му верувам,колку што се плашам од сообраќајниот хаос кој владее.
    И кога ќе ми каже,,мамо,не се секирај,не сум мало бебе",како да му објаснам дека ќе се секирам и ќе го мислам додека сум жива.

    Треба да оди на вакцина,сака сам со другари да оди,немало потреба од родител.И ќе оди сам,но јас сум информирана што и како ќе прими.

    Друг пример кој секојдневно го гледаме и слушаме е зборувањето во множина за мајките и детето:
    -имаме три месеци
    -ни излегуваат запчиња
    -јадевме кашичка итн...,
    сигурно сте биле сведок на вакви изјави.

    Има една убава изрека која гласи.
    ,,Дајте им крила на децата и научете ги да летаат".
    Нека згрешат,така ќе научат како се паѓа и станува.

    @Bender Rodriguez ,претпоставувам дека постот во сдк те инспирираше за темава,која патем е одлична и мислам дека е премногу широка,со тенка граница меѓу љубовта и претераната грижа.
     
    Последна измена: 13 септември 2017
    На AURUA, Espadrila, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.957
    Допаѓања:
    134.707
    Пол:
    Женски
    Многу застапена појава на наши простори и претежно од мајките кои имаат синови. Примери од околина еден куп. Најблизок пример баба ми(72год) и вујко ми(52год), после работа го проверува дали е испотен, ако работи подолго време му напоменува да одмори па да продолжи. Ако е подолго време излезен му се јавува дека одамна не бил јаден. Узбуна крева ако вози кола коа е многу ладно, подмрзнати биле патиштата. Мајка ми воопшто не ја третира така, туку како возрасна особа за разлика од вујко ми кој го третира ко дете.
    И ред други вакви ,,пареви,, мајка-син.

    Најдобар начин да се справи личноста е намерно да почне да возвраќа со ист принцип. Пример да се јавува кога му се јаде, да ја замоли да направи некоја потешка работа место него, едноставно да и даде можност да осети колку глупаво се однесува спрема него, колку несоодветно према неговата возраст.

    Грешка е ваквото однесување, огромна. Ради тоа доста особи не можат целосно да се осамостојат до постари години.
     
    На shekerna, cresa-jagoda, AURUA и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.840
    Допаѓања:
    131.939
    Не е само мајка син ваков односот. Колку мајки и ќерки се слушаат по 10 пати на ден. Па ќерката ќе се скара со мажот па трча кај мама да ја заштити. Па секој слободен викенд место со деца го мине кај мама... мама и кажува која боја да и бидат ѕидовите или мебелот. Единствено виновни се мајките кои ги држеле на краток ланец децата па како возрасни не знаат сами. Дури и сами да направат ќе бараат потврда од мама.

    Кога тие ќерки ќе станат мајки, во очите на децата се слаби жени несигурни во себе па и нивноте ќерки ќе бидат несигурни а нивните синови ќе мислат дњка жените се слабаци.

    Маѓепсан круг. Грешката на еден го уништува цело семејство како рак.
     
    На shekerna, Minnie 1, AURUA и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Многу интересна тема :)
    Сметам дека инфантилизацијата не е предизвикана само од претераната љубов која родителите ја чувствуваат кон детето, туку и поради фактот што тие психички не можат да прифатат дека нивното дете за кое се грижеле и го воспитувале цело време е веќе возрасно и независно.
    Самото тоа што детето ,веќе пораснато, ќе треба само да се грижи за себе и да се оддели и да создаде сопствена фамилија им предизвикува негативни чувства на родителите и загрозување на нивната важност и значење во животот на нивното дете.
    Освен тоа, некои родители едноставно сакаат да трае тоа чувство дека сеуште можат да бидат од корист, а не отфрлени.
    Но има и обратни ситуации каде што родителите едноставно прават детето да биде зависно од нив и да ги исполнува нивните барања и желби кога тие ќе бидат слаби и изнемоштени.
    Негативната последица од ова е што откако родителите на детето ќе починат, тоа ќе се почувствува многу изгубено и напуштено и може да предизвика одредени ментални проблеми.
     
    На AURUA, tina-63, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Rhaenys

    Rhaenys Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Супер тема,
    Мислам дека тоа се јавува бидјки родителите од старт не го гледаат детето како личност.
    Децата се најчесто жртви на неисполнетите желби, комплекси на родителите. Ако родителите го гледаат детето како личност чија улога е да му овозможат сигурна средина и алатки како самото дете да израсне во таа личност. мислам дека мн поретко би доаѓало до оваа појава. Впрочем ние луѓето општо имаме проблем да ги прифаќаме и другите луѓе навистина како што се. Што би било поразлично со родителите, плус они имат и контрола бидејки децата се завсни од родителите и тоа им дава ухуууу слобода да си праат ама баш што сакаат. Кога нереализирана личност станува родител на детето му пренесува конфлктни пораки вклучувајки и вакви.
     
    На AURUA, Bender Rodriguez, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Супер тема. Сите пораки од членовите како и оригиналниот пост се надополнувања за оваа појава која е многу зацврстена во човечката природа со години и години, а мислам дека тек ќе биде. Исто сакам да посочам во склоп со темата, дека постои и инфантилно однесување кај возрасен човек што значи детски, незрело.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rhaenys

    Rhaenys Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Леле ама јас сакам да верувам дека ние младите ќе го промениме ова.
    Не би сакала вака да остане.... Јас затоа и сакам вакви теми зошто се учи нешто, се посочува некое однесување кое нечини. И сеа од кога ги имаме информациите треба да си ветиме дека тоа однесување со нас ќе заврши. И коа ќе имаме деца дека нема така да се однесуваме со нив. Не знам дали се надевам на премногу ама па мора ние младите да бидеме подобри од нашите родители. Особено во ова доба коа буквално информациите се на тацна. Немаме изговор повеќе.
    Мојата визија за мојот живот е да бидам подобра, да се надгадувам се надевам и другите малди се такви.
     
    На AURUA, theowndemon, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Тоа е точно, всушност детското однесување на еден возрасен поединец може да се разгледа од повеќе аспекти.
    Имено сметам дека дете на родители со претерана грижа за нив може да развие ,, Петар Пан Синдром ,, кое го наведува да не сака или да се чувствува неспособно да порасне и да созрее. Така тие стануваат луѓе со тело на возрасен но со ум на мало дете. Тие не знаат како или пак не сакаат да престанат да бидат деца за да немаат одговорности самите да бидат родители.
    Ова секако влијае и на машкиот и на женскиот пол но статистиката покажува дека машкиот пол е повеќе погоден од овој синдром.
    Психологот Dan Kiley, кој го дефинирал Petar Pan Syndrome-от во 1983 година, исто така го употребил поимот ,, Wendy Syndrome ,, за да ги опише жените кои се однесуваат како мајки со нивните родители или блиски луѓе и роднини.
    Humbelina Robles искажува дека ,, Wendy е жената која стои зад Petar Pan. Мора да постои некој кој се справува со работите кои Petar Pan не ги прави се со цел Petar Pan да постои ,,
    Професорите често изјавуваат дека најголемиот проблем е тоа што луѓето кои страдаат од двата синдрома не се свесни и не чувствуваат дека тие се дел од проблемот ...
     
    На tina-63, Annath, Joi и 3 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.681
    Инфантилизацијата се впива и вградува во почетоците на воспитувањето и е Н Е И З Л Е Ч И В А!
    Само тоа го знам.

    И да не се лажеме само со инфантилизација кај машките деца.
    И женските деца се застапени:!:.Колку ЖЕНИ не превземаат ништо додека со ,,мама,, не се консултира:|, додека мама не го каже последниот збор:lol:
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, Espadrila и 9 други им се допаѓа ова.
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Аууу па чудово мајкарско шо го трпев и дијагноза си имало. Ова ако се смета како болест, кај нас е секој втор. Посебно машкиот свет и тие мајкичките што си ги лигават синчињата па мора жената да го трпи.

    Инфантилизација се среќава на секој чекор. Во мало населено и сигурно за живот место, мајката/бабата го носи 10 годишно дете до училиште (иако школото е на 300 метра од домот) , му ја носи ташната го седнува на стол во училница и си оди, за после 5 саата да дојде и да го чека пред врата.

    Тоа продолжува и во пубертетот. За мене не е нормално млад човек од 14 15 16 години да нема ама баш појма од никаква домашна обврска. Па нека му се сите петки, нека има најбогати родители и се останато, ако нема работни обврски тоа е голем хендикеп. Ама затоа се тука баба/тато/мама. За секоја мала ситница ако се изнервира тие решаваат. Па уште мајката на 16 годишен тинејџер се јавува по куки кај други мајки ако некое дете го навреди или му се скара другарчето.

    Над 20 да не правиме муабет. Познавам деца што не се запишаа на факултет заради тоа што ете биле деца и не било сигурно во друг град за нив. Па на лекар сам/а нема отидено . Па мајката му вели на лекарот Докторе дајте и/му помала доза, тоа е дете. На работа ‚‚детево‘‘ уште не оди затоа што е дете и така би излегло од стакленото ѕвоно.

    И најјакото, на некои такви ‚‚деца‘‘ однесувањето на родителите не што не им смета туку им одговара. Ко да сакаат да се хендикепирани. Дел од нив имам забележано се и големи хипохондрици.

    Не дај Боже со таков/таква да си во врска или брак...ќе те пукне. А ако ти е другар/другарка мајка и ке те пукне ѕвонувајки ти 100 пати дали е со тебе шо прави зошто не се јавува кај сте биле и ред др работи.
     
    На cresa-jagoda, AURUA, Espadrila и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Rhaenys

    Rhaenys Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    На прмер за оваа појава сметам дека ние жените сме делумно причинители.
    Имам приметено еден циклус во кој мн девојки, жени влагаат и како последица си ги зезнуваат децата, особено машките. Сите ние заедно со мене :) имаме некои daddy issues кои не ни се расчистени, и како последица на тоа си фантазираме.Сакаме дечкото да биде ваков, онаков, ќе направи она, ќе се чуствувам вака.... итн итн, не знаејки дека тоа зависи од нас не од дечкото. Понатака си факаме дечко и сеа тој не возбудува, ни ветува тоа што сакаме да го чуеме, јеееј практично си живееме во тој розев свет кои сме го измислиле. Тој ни покажува дека ете не е принцот, ама неее ние игнорираме, зошто да се вратиме во реалноста коа таму е толку розево. Си праиме фамилија и наеднаш бум, тој е кретен, неспособен, лажго... Хммм нз баш дали одеднаш се станува лош.
    Е сеа цаката е дека наместо да се соочиме со нас самите, и одговорно да си признаеме дека цената за живеењето во фанатзијата е пропаднат брак и несрекни деца, си правиме нешто уште по иу.

    Се свртуваме кон децата особено кон машките. :D Додека се мали децата, контролата врз нив е слатка и примамлива особено за мајка која е несреќна. И циклусот си продолжува, гушкање и мазење со детето кога тоа несака и коа е несоодветно, зошто да не, кажување на детето како да си го живее живтот затоа што ние така сакаме и сме замислувале, може и тоа, кажување на приватни интими работи од бракот на детето, ехааа па ние сме другари итн инт. Во принцип нашата фантазија за совршениот му ја рефлектираме на детето што е скроз несоодветно.
    Значи пред да испукаме деца мора убаво да поработиме на нас... за да не си праиме вакви комбинации.
    П.С. не сакам да навредам никоја посебно ова е едно генерлано размилсување за жените во кои спаѓам и јас.
     
    На AURUA, theowndemon, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  14. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    И јас сум сведок. И мене бракот главно ми се рапѓа поради инафантилизација т.е. преоектирано такво однесување на свекрва ми кон син и и мене. Мене ми доаѓа на гости и ми вели за да ми помогнела. Јас и велам те викнав ли? За да зготвам итн по дома способна сум и сама. Ама малото да го чувам. И велат побарав ли тоа од тебе помош. Со мене разговара како со тинејџерка видија таа на мајка најубавата итн. Во мојов случај е отворена инфантилизација и мм ја одбрува бидејќи само така е воспитан не успева да разликува дека не е тоа преголема грижа од љубов туку потреба за контрола на биските во околината.
     
    Последна измена: 20 септември 2017
    На cresa-jagoda, crimson и referentka им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.333
    Допаѓања:
    164.022
    Пол:
    Женски
    Оф колку е честа кај нас, за жал. На еден начин јас го препишувам на неискуството на мајката. Најчесто таа е причинител. Имам за ова зборано со мајка ми и вели дека е тешко да се спротиставиш на ова, со многу развиено мајчинско чувство, ама дека е неопходно да порасниш здрава индивидуа физички и психички, така да мора да има малку слобода да се изгради како посебна личност.
    Ми текнуваат околу три примери кои ми се поблиски. Првиот резултираше со распад на брак, вториот со губење на пријатели и третиот со не мрдаање од мртва точка на ни едно поле. Сите тоа поради ненормална контрола на родители, нивно мешање за кое децата беа навикнати и го прифаќаа и сметаа за неопходно. Сфаќам блискост да имаш, некое пријателско ниво на комуникација, но во граници на нормала, а некои работи ги преминуваат тие граници. Во првиот случај родителите го контролираа синот од Америка, до степен бракот да се распадни. Во вториот случај мајката одлучуваше со кој ќе се дружи ќерката, додека на сите другарки не им препукна мајката да не ја остава да излегва и да им труби како биле не доволно добри. Во третиот пример родителите испаничија зошто детето со другари на 18-19години, реши да замини во друг град, на два дена, на прошетка. Глумеа болни и детето не ни тргна. Почна да забушава на факултет и се ближи до 30 и буквално не прави ништо, ни факултет, ни работа, ни женска, ни хоби ...
    Зошто верувам дека се е до искуство на родител и дека треба да се спремиме пред да имаме деца. Книга не е исто како и животно искуство, но ако една мајка знај дека со нејзино однесување можи да наштети на дете, ќе биди поблага со свое однесување, ќе се контролира. Јас знам дека ќе бидам или престрога или премека како родител зошто гледам како се поставувам према брат ми, кој е многу помал од мене, и тоа не ми се допаѓа. Голем процент од време пробвам да не бидам "премногу" од нешто, ама успевам да држам нормално ниво на контакт, здраво, со здрава дистанца. Дури и на моменти кога моите ќе "заборават" дека е постар од што мислат, ги потсетувам. Поради ова кога зборуваме со дечко ми му велам дека треба да ме има на око кога ќе имаме дете, да не претерам, иако скоро за се можам да се контролирам, ама онака, за секој случај.
     
    На tina-63, Rhaenys, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Rhaenys

    Rhaenys Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Ова ми се допадна многу и ме замисли малку. Што е со татковците коа гледаат дека мајката претерува, дека се однесува несоодветно. Кај се да кажат... Не може така, мое дете нема да се воспитува така, да ја тргне на страна да инцира конструктивен муабет за да се вратат на права насока, да постави правила на комуникација, што е дозволено под негов кров што не...

    Аххх ми фали во животот ваков тестостерон.... нејкам од тие што се на мотори или во теретана :P
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.333
    Допаѓања:
    164.022
    Пол:
    Женски
    Можеби и за таткото е тоа прифатливо, баш сега дома татко ми збора со пријател дека детето не му е робот, а тој тврди дека мора да е така за негово добро. Јас бар за дечко ми знам дека е многу реален, конструктивен и логичен, додека јас повеќе реагирам бурно и емотивно, не размислувам во моментот туку подоцна. Успевам пред да пукнам да размислам доволно колку да пролонгирам испад за покасно, да се исконтролирам во моментот и потоа со денови сама да се јадам, битно во моментот е контролирано. Затоа мислам дека кога би имале дете, јас би била таа која можи да згреши, и затоа од сега знај дека треба да ме има на око и дури и во моментот да се лутам и да не сфаќам зошто, дека ќе сфатам по извесен период.