1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инфантилност

Дискусија во 'Психологија' започната од Queen-Nefertiti, 13 септември 2011.

  1. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Колку и да сакаме да ја избегнеме инфатилноста,за жал не можеме.Живееме во земја каде самостојноста е далеку од нас,за разлика од другите земји каде полнолетството им носи осамостојување,свој стан,работа,кај нас потешко е тоа за реализација.
    Секој помалку или повеќе го носи детете во себе,но тука не сме само ние виновни самата држава,условите... ни налагаат да бидиме на некој начин сеуште зависни од родителите,или благо кажано "деца".

    Колку сте вие инфантилни, колку го негувате детето во себе?

    Самиот начин на живот не не прави деца,постојат и многу други ситуции во кои "детето" преовладува.

    -Дали сте се нашле во ситуација да се однесувате детски, кога од вас се очекувало однесување како возрасен?

    -Постојат и возрасни луѓе кои сеуште си ги чуваат своите кукли,плишани мечиња...

    -Сме сретнале и доста луѓе кои се полнолетни,а сепак нивното размислување е така наивно детски,исто како да одат в градинка..

    -Постојат и жени кои се во брак а сепак не ги прифаќаат брачните обврски.Чекаат нивната свекрва/мајка да направи ручек,да ги сработи сите домашни обврски,бидејќи најлесно е да се кажи не можам,а вистината е таа дека не сакаме да научиме,беспомошни чекаме некој друг да ја заврши работата за нас...

    Никој не очекува од нас да сме крајно сериозни,но некои едноставно не созреваат остануваат засекогаш деца.На што се должи тоа?Како растеме така обврските стануваат се поголеми,дали овие луѓе се плашат да се соочат со обврските кои се дел од нашиот живот,или му е најлесно да ги избегнуваат и да бидат сокриени секогаш зад својот родител,правејќи се беспомошни.

    -Колку ние се плашиме да застанеме и да ги прифатиме обврските?
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Според наш менталитет ние секогаш ќе бидеме ,,деца,, за нашите родители. Како зрела особа која сум изградена (претпоставувам :) ) неможе детето да преовладува кај мене. Можеби некогаш свесно или несвесно го бараме детето во нас. На пр. кога се играме со нашите најмили - прост пример, биднуваме деца, се спуштаме на нивото на детето и влегуваме во тој детски свет.
    Степенот на созревање е различен кај секој човек, некој порано (во зависност од околности во кои израснал) а некој подоцна. Сите сме свесни за обврските кои не чекаат утре, ама денес претежно се водиме според тоа како ни одговара. Ме насмеа :) за тоа кога свекрвата готви за синот и снаата. Ок, нека готви ако така им одговара или едноставно се зависни младите од старите. И мене ми е мерак да кога дојдам од работа ме чека ручек на маса, ама кога сум слободна зошто да не зготвам нешто и јас. Не се плашам да научам нешто ново или пак да експириментирам со вкусови, начини на одржување на домот..
    Мислам дека и родителот ја игра тука најголемата улога. Колку повеќе го осамосталува своето дете ама баш буквално дете уште од мали нозе толку полесно ќе се осамосталува како расне (буквално онаа народска тоа ,,А,, ние ,,НА,,).
    Јас не се плашам од обврски зашто знам мене ме чекаат :) зашто ги нема мама и тато и да ги завршат моите работи. Во ред е да некогаш нешто помогнат или да ми се најдат при рака ама не за се и сешто да чекам од нив.
     
    На Queen-Nefertiti му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Јас имам одредена доза на инфантилност во мене! Можеби затоа што хороскопскиот знак ми е БЛИЗНАЦИ ,па тие се најчесто опишувани како анатуристи си ВЕЧНОТО ДЕТЕ во себе си! Тоа не значи дека се однесувам детски секогаш,но има ситуации каде што знам да направам таков потег!
     
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Инфантилноста некогаш се поистоветува со несериозноста и може да се гледа како негативна карактеристика.

    Лично мене дома сеуште ми угодуваат за се и ме гледаат толку заштитнички што често знам да им се налутам. Некако во одредени моменти се чувствувам како да не ми даваат самата да го запознаам светот во сите негови бои. Постојано ме дистанцираат од проблемите. Не дека ми се мешаат во моите одлуки, тоа никогаш не го правеле досега. Туку нивните проблеми никогаш не сакаат да ги споделат со мене.

    Пред некоја година решив да се осамостојам и да живеам со дечко ми. Моите прилично добро ја прифатија оваа одлука, но беа несигурни дали ќе успеам да се снајдам во сето тоа. Мислам дека сеуште малку се плашат за мене ама ги гледам дека полека се менуваат. Татко ми и сестра ми сеуште ме сметаат за несериозно човече. Мајка ми пак е променета, највеќе верува во мене.

    Се трудам да им го сменам тој заштитнички однос. Мислам дека ќе бидам најсреќна ако успеам во истото. Тоа ми е нешто како посакувана цел и амбиција. Да им докажам дека повеќе не сум мала и дека немора да ме гледаат како таква.

    Да си признаам сакам луѓе кои во одредени ситуации се однесуваат како весели деца. Сериозноста некогаш ми е преценета и досадна.
     
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    За несериозност сум против, бидејќи од секогаш сум била зрела личност, за разлика од моите врсници и ме нервирале несериозни луѓе, а ги има на сите возрасти. Меѓутоа инфантилноста јас ја разбирам поинаку, не ја гледам како нешто лошо, туку факт е дека никогаш не треба да дозволиме да го убиеме детето во себе. Сакам позитивни личности, кои знаат да те насмеат и да ти го разубават денот (и јас сум една од нив) и тоа нема врска со колку си зрел или незрел. Зрел ќе бидеш за многу работи во животот, но тоа не значи да го правиш своето секојдневие монотоно со преозбилното однесување и луѓето да те доживуваат како сноб.