Најдобро е да појдеш на гинеколог. Мене ми се случуваше повторување на чешање неколку месеци по ред, па си користев канестен маст, од претходно што ми имаше препишано докторот, чај, сода и сл. Ама после неколку месеци не се трпеше веќе пошто нонстоп се повторуваше и отидов на лекар. Ми рече дека е нормално да се повторува кога не е лечено со терапија, ама да напоменам дека терапијата се однесуваше и на дечко ми. Тие апчиња по едно што се, едно за мене и едно за него. Зашто ако инфекцијата е останата кај другиот, при незаштитен секс пак се пренесува и кај другиот. Инаку мене ме интересира дали непријатната миризба (никаков друг симптом) може да е знак за некаква инфекција. Пред околу три месеци испитував крв и во урината имав кристали и незнам уште нешто слуз или нешто друго, не сум сигурна (и кај дечко ми нешто слично беше) па матичниот побара дополнителна анализа кај двајцата. После резултатите ни рече дека не е ништо само да пиеме повеќе вода. Не знам дали има нешто од тоа, дали е некоја инфекција. Негде брзо пред тоа почувствував по јака миризба, што порано не се случило.
Девојки, имам страшни болки додека имам секс Може да ми препорачате некои тестови и добар гинеколог ?
здраво денес само што завршив со менструацијата почна нагло да ме чеша и тоа многу и потоа ми поцрвени многу едната страна и сега ми е отечена многу само и тоа едната страна а другата си е нормално од што ми е така некој совет да ми дадете ова ми е прв пат што ми се дешава незнам што да правам се повеќе и повеќе ме тера на чешање
Здраво на сите, Вака на 5ти овој месец имав менструација , ми заврши и после 3 дена одкако ми заврши почна да ми тече темно кафен исцеток.Тоа трае веќе 3 дена , се плашам многу.Што би можело да биде ? (Да напоменам дека сексуално сум активна и редовна ми е менструацијата) Ви благодарам многу
од вчера ми се појави бело прање можам да кажам во големи количини и тоа како да уринирам-само кога сум седела подолг период... ... ете се измив со сода бикарбона и вода сега,ќе отидам да си купам брусница-ќе пијам чај... па некој совет друг?
Мене обично ми се појавува за време на овулација, па не обрнувам многу внимание за евентуален проблем иако морам да признаам дека е многу непријатно. Ако не ти помине за неколку дена или доколку кон него се придружи и чешање, посети доктор. Еве на овие линкови имаш информации, како и за природни лекови кои го намалуваат белото прање http://popara.mk/2014/zhivot/zdravje/le ... ni-lekovi/ http://www.zazdravje.com.mk/%D0%B1%D0%B ... 9A%D0%B5-0
Бев кај мојот матичен гинеколог да направам ПАП тест но не ми дозволи т.е ми рече дека неможело да се направи бидејќи сум имала некаква инфекција па ми даде Нео-Пенотран форте, Гинекс форте и некакви си витамини кои треба да ги пијам 3 месеци. Некоја да не има искуство со сите овие работи да ми кажи дали е нешто страшно или??Докторката ми рече дека не е ништо сериозно и откако ќе завршам со терапијава да одам на контрола за ПАП тест. Фала ви однапред
Баш сега бев на кафе со пријателка, и таа ми се пожали дека имала некоја инфекција од која имала осип од која многу испаничила. Беше на гинеколог во Плодност и му дале некои таблетки не знам точно кои и му рекле да се мие со хиперманган Инфекцијата се повлекла за два дена и сега е супер. Мој совет е да не се зема што било туку кога нешто ќе се појави веднаш да се посети гинеколог, најпаметно и најсигурно е.
Ми дојде на 16ти и ми траеше нормално до 22ри. Според оваа апликацијава што е на мобилен ми идеа плодни денови и видов дека некако поразличен ми беше мирисот и густо прање...пред неколку менструации кафенко ми течеше сега не...нз дали оти влегувам во овулација или некоја инфекција е.Позз
Бев на гинеколог и не ми пронајде ништо а ми се појавуваат како топчиња тврди внатре со гној и многу ме болат. Од што би можело така да ми се појавува? А моментално имам исцедок бел без мирис.
Пред една недела ми помина...сега од време на време на тоалетната хартија имам лигаво нешто со крем боја без мирис.. Загрижена сум.. Што би можело да е? А вчера си ја проверував крвта и микажаа дека се е во ред..и брисот ми е одличен..без проблеми
Здраво,, Вчера се се соочив со непријатно чешање на интимата баш на излегување и ме скрена скрос.Ми се појави некој осип во долниот дел,не на усните а менструацијата ми заврши пред два дена.За време на менструацијата се избричив и сега претпоставувам дека од тоа ми се направи осипот,можи направив некои ранички долу.Дали се средувате со бричење или депилација ко ќе имате менстр. или избегнувате за да не ви се појави некоја инф?Дали преферирате да користите тампони повеќе од влошки?некаде видов дека се намалуваат шансите за да се изиритира местото.Инаку јас си носам за време на лето најмногу.Си купив интимен гел и марамчиња од нивеа го сменив стариот и денес еве воопшто не ме чеша,кај што беше осипот се се лушти и паѓа мислам дека поминува.Мислам дека бричењето најмногу придонесува за некоја инфекција.Не појдов на гинеколог,ако се појави пак ќе појдам.Инаку исцедокот е ок како и обично.Дали да се одмијам со сода бикарбона?Порано се одмивав со хиперманган(мислам така дека се викаше)лиљакови топченца што се раствораат во вода и ми поминуваше чешањето вие користите??
Јас користам влошки Always ноќни и ми се одлични и не ми создаваат осип или чешкање. Скапи се, но вредат за сите пари. Тампонот не го префеирирам, никогаш не сум користела тампон и малку е комплицирано за местење самиот тампон. Инаку за осипот, да може да ти е од бричење, подобро е да си земеш брич специјален за интимни делови и не многу остар. Измиј се со сода бикарбона, но и со чај од камилица.
Треба да земам таков брич,сега ќе видам во веро.Ќе ги пробам ноќните секако.Тампони зедов од Грција тампех се викаат,со апликатор за местење,не знам кај нас дали ги има..Фала буба
devojki vaka znachi sum vo 13 nedela od bremenosta e sega od koga ostanav bremena imav kako iscedok od vaginata so zolta boja i mirsa kako na riba ama ne sekjogas periodicho ginekologot mi dade canesten edna vaginaleta vo 4 nedela od bremenosta e sega iscedokot go imam uste znachi cheshanje imam retko i mirisot se pojavuva periodichno ama bojata na iscedokot e ista brisovi ginekologot mi reche posle 14 nedela plodot se razviva odlichno partnerot nema nekoj simptomi kako cheshanje povremeno ima peckanje koga odi da mokri ama toa se sluchuvashe prvite nedeli od koga ostanav bremena sega nema nisto sovet ako ima nekoj neka pise vi blagodarfam odnapred chitam po netov sekakvi bolesti so aj da rechem nekoj slichni simptomi da kazam i malku sum zbineta
на вагиналните усни ми се појавија "ресички". Незнам дали е инфекција. Не ме чешаат,не ми пречат,не ме болат ...не се полни со нешто туку така како црвени кожички незнам како да објаснам.. Лек? Слично искуство?
Имам само 16 год. и не сум сексуално активна. Во последно време ми се појави црвенило на вагината, и чешање. Одржувам хигиена и се мачкам со обична крема со надеж дека ќе помине. Но еве веќе неколку дена ми трае чешањето и не поминува. Дали е нешто сериозно бидејќи немам ни односи ни ништо.. Се нервирам веќе. Сигурно има некои поголеми и поискусни од вас, кажете ми ми нешто во врска со ова!
^Може да биде кандида,иако не си сексуално активна.Обично со кандидата има и белузлав секрет и беличасти наслаги и чешање.Гинеколог тоа веднаш би го утврдил и без класичен преглед..