Можеби си настинала, па се појавила некоја блага верзија на цистит. Пиј поголеми количества чај од брусница и наместо нездрави солени грицки, земај си сушена брусница. И Уве-микс чајот е добар за овој проблем.
Не знам зошто толку ве загрижува кандидата. Вагиналетите не се проблем при доење, Канестен 3 две дози и ќе помине.
Вака значи кога мокрам не ме пече ништо све е во ред али пред после бањање чисто онака седење одење ме чешка а понекогаш и пецка долу. Мала сум не сум имала интимни односи редовно одржувам хигиена немам појма што е. Совети?
Здраво девојки, имам едно прашање до сите оние кои го имаат истиот проблем. Направив ПАПА тест и тој покажа дека имам кандида. Јас немав никакви симптоми, ни чешање, ни пецкање, ни ништо. Папа тестот го направив онака рутински, можам да кажам дека белото прање ми беше единствен симптом. Два месеци примав орална и вагинална терапија меѓутоа не ми помогна воопшто..јас се уште имам бело прање и тоа со жолтеникава боја, не е густо туку водесто и е многу непријатно. Докторот ми ја продолжи терапијата со линекс вагиналетите па се надевам дека конечно ке ја снема. Кажете ми некој од вас дали имал слично искуство како моето, дали ви помогнале некои чаеви,да ми предложите нешто? и дали можам да имам односи, со заштита нормално, дури ја имам оваа инфекција? Фала однапред!
И предходно напишав, кандидата нема жена што ја нема. Со терапија само ќе се повлече за при најмала настинка, паднат имунитет или нешто најбанално се појавува. Непријатна е знам ама тоа е тоа, модерна инфекција која за жал цел живот си ја носиш. Со самата орална терапија пак ја активираш, така да не се труј, пробај само со канестен 3 две дози, ама гледај да темпираш пред мензис.
Девојки,пред неколку денови имав малку кафен исцедок и мислев дека ќе добијам,ставив влошка и подоцна кога отидов да проверам имаше премногу,а не добив еве уште што значи не е тоа.Сега прашањето ми е,што би можело да е тоа,инфекција некаква,настинка ? Прв пат ми се случува ова да го имам,а да не добијам после тоа.Благодарам однапред
Да не си на средина од циклусот па да станува збор за овулација ? Или ако циклусот ти завршил пред скоро, па истекла таква „стара“ крв која не успеала да истече за време на циклусот ? Ако покрај тоа забележуваш нешто невообичаено, не е лошо да посетиш лекар, за да си бидеш сигурна од што е ова.
Здраво девојки. Сакав да ве прашам дали вагиналетите и мастта канестен мора да ви ги препише гин. или може да ги земете така од аптека? И колку чинат? Имам внатрешно чешање, и бело прање како урда и малку печење при однос. Претпоставувам дека е некаква инфекција. Или некој друг лек за ова, домашен или било каков? Поздрав
Апчињата и маста не се издаваат на рецепт. Вагиналетите се околу 300 денари и се употребуваат вагинално три дена по ред и се ставаат само навечер. А маста канестен би требало да е околу 100 до 200 денари максимум. А што се однесува до инфекцијата тоа ти е кандида. Без паника, кандида ја има секоја жена но не прави проблеми освен ако не ти опадне имунитетот,потоа може да настане нехигиена во вц шољи особено од вц школките во клубовите, кафичите. Потоа може и од сексуални односи, потоа може и од нехигиена. Така да без паника, подобро земи си ги вагиналетите и гледај да не се чешаш. Носи памучни гаќи и ќе помине. Среќно.
Да, јас ги зедов така без рецепта по таа цена околу 300 денари. Е сега имаш и апчиња 280денари), она првин нив ќе ти ги понуди ама барај си ги Вагиналетите за побрзо лечење. И да знаеш дека нема лесно да се излечиш пошто е многу досадна ( нели те чеша). Јас и канестен си земав кога имав па кога ќе ме зачешаше надворешно си ставав од неа и ми помина. А можеш и домашно да се миеш со сода бикарбона и ова смирува ама само за кратко. Треба да бидеш упорна.
Здраво девојки. Во последниов месец ми имам премногу исцедок и има жолта боја(а и мирисот е како кисело млеко :&) Сега овие денови приметив долу на усните како да ме чеша нешто, али само таму. Дали е можно да е некоја од страшните инфекции како кламидија, сифилис или сл... ? Читав по интернет и така нешо пишува за симптомите на тие инфекции. Знам дека треба на гинеколог, но чекам дека докторката е на одмор Ако имала некоја некакво слично искуство, ќе ми биде од корист. Фала.
сифилис не постои више бар не тука а и не јавува такви симптоми, можи да е кандида чим те чеша и мириса на кисело, каква жолта боја има исцедокот густ ли е? Ти се има јавено друг пат? ама можи и да е кламидија или друга бактерија ако имаш незаштитени односи, но не се страшни, на гинеколог ке ти земат брисеви ке видат што е и со антибиотик ке се реши
незнам дали е густ. али морам постојано со дневна влошка дека ќе треба да мењам гаќи на секои 2 часа. на влошката постојано гледам жолта флеќа и ми мириса се надевам не е ништо страшно. инаку ти благодарам многу, ме утеши некако. а со тоа кандидата, душа ми има излезено. 3 пати по ред во еден месец.......
додека да ти дојди матичната миј се со камилицa, купи си маст канестен или нистатин и мачкај се од надвор за чешањето а можиш и канестен вагиналети да ставаш 3 се во пакување ако не помине од ова значи не е кандида. И не ставаj веке секојдневни влошки уште полошо правиш подобро менувај гаки него нив да ги ставаш Па пиши ни кога ке одиш на гинеколог што си направила
фала ти. ќе пишам секако. добро е да го споделам искуството со вакви проблеми. во секој случај, се надевам дека не е ништо сериозно. фала ти многу