Здраво. На вагината од внатрешноста имам едно мало бело топче. Мив се со камилица веќе неколку пати но не поминува. Дали знаете што е тоа и како може да се отстрани?
пишав претходно дека ме заболува десната странаод стомакот...сега ми е малку издувана-мислам дека е јајникот... а и ми се појави исцедок .... Што би можело да биде односи имам со кондоми и не сум имала еден месец ... менструацијата ми е редовна и претходниот пат кога бев на гинеколог немаав ништо се беше во ред.
^ Може да ти е од овулација. Мене за време на овулација ми се јавуваат болки на десната страна кај јајникот и безбоен секрет.
Веќе неколку дена осеќав една бубулица на самиот клиторис, и денес се видов со огледало изгледа како оние што се прават на окото, ако знае некој. незнам што да правам , некој совет??? (пред да одам на гинеколог)
Имам проблем веќе 3 дена ме чешка доле. На моменти ме пецка и плус кога одам до тоалет да мочкам ме пече .Не ставав ништо ни канестен ни вагинолети незнаев дека е до волку страшно и нема да помине. Имам и бел исцедок и кога ја миев приметив како љушпи ,од што е сува. Веќе подолго време барем еднаш на месец или месец ипол фаќам кандида. До сега не ми било до волку и ме фаќа страв , незнам дали да земам канестен и вагинолети или пак да појам на гинеколог .Ве молам за мислење , не ми е лесно
Да, оди си на гинеколог најдобро. Но треба да знаеш дека кандидата е многу досадна инфекција. Треба да го исфрлиш благото, газирани сокови, и да пиеш многу јогурт. Внимавај да не седиш влажна доле(на пр со мокри купачи) и немој да користиш секојдневни улошки. Земи си нешто за јакнење на имунитет.
И јас со мојот проблем.. Значи менструацијава во последниве неколку дена има чуден мирис. Како на риба.. Знам дека е некоја инфекција , во понеделник имам закажано на гинеколог ..но од што е вака?
Мене ми беше откриена кандида и препишана терапија со три вагинални таблети Канестен, една капсула флуконазол и Нистатин маст, која уште ја користам. Воедно ми беше земен и брис за пап тест, а тоа беше предминатиот вторник, а резултатите уште не се готови. Па не знам како да се понашам, дали може да имам односи. Симптимите веќе ги немам, белиот густ секрет се изгуби пред неколку дена, и немам ни јадеж ни оток повеќе. Но сепак, не сум сигурна, од страв да не ми се повтори инфекцијата. Некој да ме просветли?
Најверојатно станува збор за Trichomonas vaginalis. Обично таков непријатен мирис има оваа инфекција. Но, ова е препроставка само. Гинекологот ке ја утврди причината за твојата состојба. Позз
^^ Фала makedonkamak . И јас се сомневав за истово. Ухх..отсекогаш си имам проблеми со менструација.. Понекогаш предолго ми трае..предолго ! Морам еднаш засекогаш да го решам ова..
Трихомонасот не се манифестира преку менструација. Знаеш ли воопшто каква бактерија е трихомонасот? Дали пред да добиеш имаше некаков смрдлив зеленикав исцедок?
Не е трихомонас, можеби од топлото, а и не е важно кога ќе ти заврши појди на гинеколог и изложи му го проблемот. А и смрди бе, па не може на парфем да мириса учурена целата.
Мораш на гинеколог, испитај хормони најпрво, ПАП тест и брис... Штом веќе одиш барем да знеш на што си. Јас ти посакувам се да биде во ред и пиши како ке поминеш.
Ух , многу се плашам. Уште кога добив за прв пат имам нередовна менструација. И само си замислувам како нема да можам (недајбоже) да имам деца. И одма ми текнува на лошо..операција ке ми правеле.. Леле..само да биде се во најдобар ред.. Фала ви
Twinkles ,јас и ти сме имале сличен проблем. Јас уште од почетокот кога добив ми е нередовен циклусот и згора на тоа ми трае највеке 3 дена од кои ми тече многу малце Незнам дали е така дека сум активен спортист или пак нешто не е во ред со мене.
^^Камо мене да ми траеше 3 дена..ух мене не му текнува да заврши..а и башка обилна е ,и понекогаш со мирис на риба !!! и баш затоа ке одам на лекар..да видам што е .. * И јас сум спортист