Најдобро е да се ставаат неколку дена пред циклус, затоа што со самиот циклус се прочистуваш. Ама можеш и кога сакаш само не за време на циклус.
Blagodaram za sovetot sluchajno da ne znaesh za kakov vid na infekcija se raboti, dali e opasna ili ne i dali e neophodno da posetam ginekolog
Здраво. Веќе неколку денови имам вагинален исцедок и јадеж..Земав Канестен 3 крема но незнам како да го употребувам, малку ми е несватливо тоа што таму пишува да се става што подлабоко во вагината со апликатор, а овде имам прочитано да се мачка. Ако некој знае ве молам за помош..поз
Здраво девојки имам еден проблем и многу сум уплашена...Имам премногу вагинален исцедок ако може да се нарече тоа така прв пат ми се случува нешто такво да ми тече од вагината значи нешто ептен густа густа течност и бела буквално бела и имам многу чешање на вагиналните уснички тоа ми се случува од вчера...Пред 4 дена имав незаштитен однос и незнам дали е од тоа но со дечкоми веке 5 месеци имаме односи и до сега нешто такво не ми се случило ...и пред тоа имавме незаштитени односи неколку пати значи мислам дека не е од тоа...И на гаките ми е малце жолто како загрзнано и пробав да го исчепкамсо ноктите да викам какво е значи се гребе т.е се струга како прашок ...Како брашно е инаку нема никаков мирис...Имам само 16 ипол години и на гинеколог нема ШАНСИ...Дали некој имал таков проблем ве молам да ми помогнете ... И длаи е можно да сум останала бтремена или нешто слично немој да се некакви знаци на бременост ? навистина ми е страв ....
Ако имаш 16 години не значи дека си мала за на гинеколог тоа.Со самото тоа што си се впуштила во секс покажи барем зрелост и онака се препорачува после првиот однос,можеш и приватно.Иначе тука може само да претпоставуваме од што ти е тоа.Би рекла кандида,но велиш нема никаков мирис,а за кандидата е специфично тоа што има мирис на квасец(квасна габа).За бременост постојат секогаш шанси кога имаш незаштитен однос,ризик е тоа посебно за тебе незнам како си го дозволуваш тоа на 16 години и тоа без заштита.Незнам што друго да ти кажам не е исклучена можноста да имаш и некоја СПБ или кандида иако велиш само бел густ исцедок имаш.
Јас мислам деκа е досадната κандида. По симптомите мислам деκа е таа. Густ белузлав сеκρет во обилна κоличина, пρопρатен со чешање. Κандида и најчесто таа се добива. Меѓутоа, само е пρетпоставκа. Моρаш на гинеκолог да одиш, саκала ти или не задолжително да посетиш стρучно лице. За да ги ублажиш симпρомите пρави пρомивκи на интимниот дел со чај од κамилица,невен, ρаствоρ со сода биκаρбона итн. Κупи си κанестен маст и пρавец на леκаρ. Избегнувај благо и јаглехидρати. Таа се хρани со нив. Аκо ти се утвρди κандида не е ништо стρашно и за паниκа. Ќе тρеба леκување и малκу диета,κаκо и зајаκнување на имонолошκиот систем. Позз
Девојки, имам зголемен исцедок со непријатен мирис, изгледа пак ми е кандидата вратена. Но, имам и чешање малку подоле од вагината, на крајот големите срамни усни имам непрестајно чешање и како сува да ми е кожата, при чешање крвари кожата. Дали и тоа е резултат на кадидата или не? фала ви однапред
Тоа крварењето може да е многу чешање,пробај да се воздржуваш да не се чешаш. Од др.страна кандидата е попратена со чешање затоа и се вика досадна кандида. Поработи малку на имунитетот.
Девојки дали може некој да ми каже гинеколог ЖЕНА во Скопје? Ве молам, ми треба за да се проверам заради вагиналниот исцедок со непријатен мирис, ама немам односи до сега (невина сум). И ако може да ми каже колку е цената. Ви благодарам
За чешањето маст Кутерит Г ама сега ја нема , а како замена Белогент исти состав е. Мислам дека беше Белогент ама во аптека ако побараш Кутерит ќе ти кажат која е замената.
Шеќер највеке, диетата против кандидата е многу ригорозна, квасeц не смее да се козумира.Подетално прочитај ги овие статии. http://www.zdravjeizivot.mk/anti-kandida-dieta/ http://zdravjeiubavina.com/dieti/anti-kandida-dieta/
Кандидата пред се се пренесува преку интимен однос, а не поради јадење одредена храна. Зошто девојчиња кои не се сексуално активни немаат кандида, или оние каде двајцата партнери не шврљаат? Тоа е само измислица дека кандидата се јавува од храна. Ако е од храната нема да се пренесува на другите туку ќе биде само кај тој што конзумирал одредена храна. Инаку главен преносител е мажот, бидејки кај жените симптомите се по изразени за разлика од кај мажот па така промискуитетен маж може да зарази поеќе жени без да тој има одредени симптоми. Друга грешка е што при лечење се лечи само жената бидејки ретко кој маш е ревносен во користењето на препораките од докторите и по одредено време пак доага до префрлање од мажот на жената. Ќе речете не е точно. А дали сте прочитале мажите да се жалат волку на кандида? Не, а тие се главните кои ја пренесуваат. Дали и кај мажите се јавувва поради јадење благо? Апсолутно не. Кога веќе сте заразени може да има удел благото, и слични работи за да таа потешко се лечи, ама ти да си седиш мирна на газот и да те фати кандида тоа тешко. Секоја од вас би рекла па јас имав а партнерот ми е верен. Тоа вие така мислите но колку реално е така е друга прашање.
Кандидата не е сексуално пренослива болест, дури и девојка која е невина може да ја добие! Понекогаш доволни се обични антибиотици за да дојде до пореметување на балансот на `добрите бактерии`во вагината и следствено, да дојде до појава на кандида. Кандида може да се добие од долна облека која не е памучна, како и парфимирани влошки или појаки средства за интимна хигиена. Кандида може да се добие дури и од претесна облека. Инаку, кандида е предизвикана од габа која сака топли и влажни места и вагината и устата се идеални места за неа, тоа е и причината поради која е и многу поретка кај мажи (немаат вагина ) Меѓутоа, кај оние момци кои често пијат пиво или имаат проблеми со шеќерот знае и тоа како да се појави.
Знаи не ми се верува, кандидата на било сексуално пренослива болест. Потоа сите алергиски реакции од долна облека и слично ги смести под кандида, што не е точно. Лаички може ви личи на кандида но точно се знае што е кандида а што алергиска реакција. Неможе од осип од прашокот од долна облека или од синтетички матрејали да настане кандида, туку тоа си се посебни алергиски реакции.
Повели: http://std.about.com/od/parasiticandfun ... tanstd.htm http://www.patient.co.uk/doctor/vaginal ... andidiasis http://bodyandhealth.canada.com/conditi ... ease_id=26 Google is your friend Бах, и место да се чудиш и да не ти се верува, подобро ќе ти беше да читнеше малку пред да се истрчаш со муабет од типот на
Абе ти да не имаш кандида, пап да не ти земаа случајно или вагинален преглед ти направија? Лелллле што се не се изначитав од тебе. Која сексуално пренослива болест бре кои бакрачи. Ај доста тресеш зелени, сите не направи овде дека многу ни шета (параскева) па добиваме кандида.