Да прашам дали кандидата е штетна, и со што може да се лечи почетната фаза? Јас се мачкам со канестен, овие неколку дена и редовно се мијам со камилица, состојбата е значително подобрена. Канестенот маст ми се потроши, а вие имате спомнато вагиналетки? Што е подобро?
Не е штета колку што е досадна, за брзо да ти мине стави си вагиналетки. Лично мене со крема не ми мине, мора вагиналетки да си ставам
Здраво се надевам дека ке ми одговорите во најбрзо време и ке ми помогнете. Првпат ми се случува да имам вагинална инфекција. Пред некое време станав сексуално активна, и секогаш со дечко ми имаме односи со кондом. Пред еден ден ми се јави силен јадеж црвенило на вагината , исто така имам белузлави налепи на вагината. Ве молам дадете ми некој совет што да правам овие неколку дена додека да посетам гениколг во понеделник бидејќи не сум во можност сега. Ви благодарам однапред.
Би те советувала да се плакниш со камилица и да пиеш многу течности...пред некое време истото ми се деси и за два дена помина со камилица.. позз
Ако е кандида само со измивање нема да помине.Потребно е да се користат вагиналети и крем.И секако да се внимава на храната.
Феминки ве молам за совет...Пред година ипол имав кандида,бев на гинеколог и ми препишаа терапија и сето тоа помина...Сега последниов месец забележувам дека одвреме на време не да чувствувам јадеж,туку некако благо лутење на вагината...Што мислите дали повторно би била кандида? И што да купам од аптека за да го спречам тоа?Слушам за кремот канестен,па да ве прашам дали кремот ЛЕЧИ или само смирува? Ве молам за совет фала однапред
da prasam dali moze da prodolzat da se koristat flazil vaginaletkite ako imas menstrualen cikluc ili treba da se prekinat?ve molam za odgovor!!!
Isto imav i jas takvi topcinja na intimata,ispadna deka se CIROVI...i koga bev na ginekolog mi dadoa "crna mast da se mackam" i nekoi drugi lekovi... pretpostavka na ginekologot bese deka poteknuvaat od nekoja infekcija vnatresno, ali kako i da e najdobro posetete ginekolog!!!!
Epa vaka da vi kazam ako vi se ima slu4eno i vas ova da mi dadete nekakva pomos . (na genekolok ne sakam da odam ) poveke od edna nedela na zadnikot imam vnatre vo nego kako da imam nekoa linija koja sto mn me cesa, ama ne e odnadvor tuku skros vnatre isto i vo predniot del.ne kako da me cesa tuku i me galecka neznam kako da vi opisam se nadevam me svativte. aj nekoj sovet kazete?
Mislam deka se raboti za hemoroidi,probaj da se izmies so poladna voda a i postojat nekoi kremi pobaraj vo apteka
Оди кај матичниот лекар,немора кај гинеколог да одиш.Тој ке ти каже најдобро за што се работи мада и мене ми делува ко да имаш хемороиди,а тие не се лечат сами од себе туку доктор треба да ти даде терапија.
^ Не мора да одиш на гинеколог,можеш кај општиот лекар што ти е или на кожен лекар . Тие немаат никаква врска со гинекологот, а знаат најубаво да ти кажат што ти е и да ти дадат соодветна терапија .
^неможам на лекар да одам . некој домашен лек да ми кажете ако знаете ? ако не ке чекам само по себе да ми помине, ама тоа тешко
Дали до сега некој имал проблем со кокоидни бактерии и трхомонас вагиналис? И дали воопшто можат да се искоренат тие бактерии? многу ми тешко
Некни приметив дека на интимата имам 2-3 брадавички, поставени на усните ... знам дека порано ги немав, а брзо приметив дека ми се направиле и околу аналниот отвор дали има некој искуство или да знае од што може да с еправат или како да се лечат
Девојки имам страшно чешање на вагината ...истото го имав пред 2недели се мачкав со маст кансен и се одмивав со ациди борици ...чешањето изчезна но еве денеска пак ми се јави истото мн. се нервирам бидеќи неможам да излезам како што треба ....а на гинеколог ми е страм да одам ...кажте ми што да правам
Дали некому му значи нешто овој симптом : кога ќе ги подотворам вагиналните усни , таму на внатрешната страна ама на самите краеви ми е побелено , како некој бел слој се направил . А чепкав да видам што е бидејќи имам зголемен течен исцедок и баш тогаш кога ќе ми потече ненормално ме пецка долу . (Ако нешто значи , не сум сексуално активна , менструацијата редовна , а ова се случува неколку дена од како последен пат ми заврши , сега уште немам добиено во март . ) Се мислам на гинеколог да одам , а до сега немам одено ...
Pred nekoe vreme, pocna da mi se pojavuva obilen kafeav iscedok (namesto bel). Ponekogas vednas posle menstruacija mi se javuvaat tenki kafeavi parcinja. Takviot iscedok ne e redoven (ednas go ima, pa duri posle 1-2 menstruacii). Ve molam za pomos (nekoja infekcija e ili??)
Тоа значи дека најверојатно имаш инфекција (кандида) која што не си ја долечила или си ја третирала несоодветно.Пресрами се и отиди си на лекар тој ке ти каже што да правиш.Канестенот не е универзален лек и не помага за се .Може треба нешто друго да земаш и да ставаш вагиналети,бидејки ти со маста само однадвор го третираш местото ,а вирусот одвнатре сеуште си вирее и затоа ти се повторува.Исто не знам дали си сексуално активна,но пожелно е и партнерот да се лекува и нормално да избегнувате интимни односи додека не се излечите.