Извини, ама кандидата го колонизира бебето за едно два часа откако ќе се роди. Ти да не ја помеша со кламидија!?
Не знам дали се работи за инфекција ама приметив малечко топче на надворешната вагинална усна,на допир се осеќа, значи внатрешно е,од надвор ништо не се гледа а и не ме боли кога го допирам.Што би можело да е во прашање?
Воопшто не се секирај немој да се паничиш околу тоа, одмивај се почесто а можеш да се одмиваш и со чај од камилица и ќе ти помине, нема потреба да се чепиш пред гинеколог бидејки не е нишѓто страшно, се појавуваат тие брумчиња скоро кај сите како поткожни влакна се.
Кондиломи. Тоа што го имаш, самите се повлекуваат. Купи си кансен и мачкај се при секое уринирање. Ќе ти помине за два дена.
Кондиломите се еден вид на вагинални брадавици, сепак појди на гинеколог иако не си сексуално активна. Ние мошеме само да нагодуваме, инаку не исчезнуваат од канестен маст, како што напиша предходната феминка.
Имам вагинален исцедок секогаш како што сум имала ама сега последниов месец почна и да мириса не убаво,нема никакво чешање,печење и слично али само тоа..
значи вака! веќе неколку дена се чешам доле и мислев ке помине... откако имав односи со дечко ми на неговиот пенис имаше бели парченца со малку непријатен мирис (мн малку мирис)... не сум била никогаш на гинеколог, но откако ги забележав тие парченца , чуствувам потреба дека треба да посетам... ако може да ми препорачате некој приватен гинеколог во Скопје, бидејќи не сум од таму и дали е опасно ако почекам за на гинеколог уште некој 5 дена пошто сега не сум во можност да одам....
Ми личи на кандида, ако чекаш уште повеќе ќе те чеша, ќе ти потечат срамните усни....купи канестен вагиналети и крема. Ќе ти кажат како се користат во аптека. Од крематс нека се мачка и дечко ти. Миј се со чај од камилица и сода растворена во вода. На гинеколог обавеџно да одиш , може и др,да е, а и штом си сексуално активна треба преглед.
Не е опасно ама препорачливо е за тебе да одиш,бидејки нели си сексуално активна а не си била никогаш на гинеколог Инаку како што ти пиша Леона тоа сигурно ќе ти помогне,земи уште денес почни со тоа,и има и едни апчиња на природна база лактогин ќе ги побараш во Зегин тие се за регулирање на таа женска флора(она што сега ти го имаш како бели парченца).Ова ми го препорача мојот гинеколог бидејки и јас имав таков проблем
Гинекологот ми препиша рецепт за метродизанол таблети, ми кажа да се лечиме и јас и партнерот, во едно паковање има 10 таблети а ако се земаат по 2 дневно 7 дена,треба да ми даде пак рецепт за да земам уште едно паковање?? а за партнерот како ? да оди и он да се провери па да му напишат и него рецепт?
При инфкции потребно е и двајцата партнери да се лечат. Најверојатно ти дал рецепта и за него за истите таблети, така да тој нема потреба да оди да се проверува. Едноставно ќе си ги пиете истите и двајцата. Како ќе оди на гинеколог? Единствено да појде кај матичниот лекар и тој да му даде рецепта за истите.
Зависи како се дозирани.Обично се пијат 5 таблети во еден ден,па така 10 ви се сосема доволни.Сепак провери си кај аптекарот или кај гинекологот.
Zdravo! Od pred 1 mesec imame odnosi so decko mi , skoro sekogash bez kondom. Posledno imavme odnosi pred 2 dena i deneska mi se javi cesanje na vaginata i malce na anusot. Mi se ima sluceno istoto i predhodno pa bez koristenje na kanesten , kamilica ili vaginaletki samo od sebe mi pomina. Pomos ?