Кандидата ако порано ја имаше секоја втора жена сега секоја прва, така да повеќе не ја рачунам за инфекција туку составен дел од вагината.
Петокот имав огормно чешање кај интимата. Не можев дури ни да одам,цел ден се миев со камилица и ми помина чешањето. Еве овие два дена ништо не ми е. Дали се работше за Кандида? (оти и да е тоа не ми се верува дека за еден ден ми помина ) или па можно е нешто да ми е од прашокот за перење алишта и омекнувачот? Мајка ми белите алишта секогаш ги пери на 90 степени во перална,ама не знам некако страв ми е.Сега не ми е ништо,ама да си прашам Инаку не сум имала досега секусални односи и досега не сум била на преглед кај гинеколог.
Meне константно ми се јавува чешање и зголемен вагинален исцедок ден-два после неконтролирано консумирање на благо. Па, прво што си помислив да не и кај тебе поради истото, пошто пишуваш дека досега не си имала сексуални односи, значи можноста за инфекција е значително намалена (да не речам е сведена на минимум). Може и да ти е некоја алергија на детергентот или омекнувачот, поради тоа јас максимално ја избегнувам долната облека во боја, си купувам исклучиво во светла боја (бела, крем или светло розева) која може да се пере на 90 степени и кога ќе заврши повторно ја вклучувам на плавење. Исто така, може и да ти е ако си земала антибиотици во последно време. Намали го консумирањето на шеќер некој ден, земај повеќе пробиотици (ги има во јогурт, ќефир), не се миј со гелови, купки, сапуни, само со млака вода со малку сода бикарбона. Ако не делува и оваа "самопомош" побарај совет од гинеколог
Се јавив прееска кај гинекологот за таблетите ми кажа јас да ги пијам 8дена по 2 таблети, а партнерот 1 ден само. Не е малце чудно?како ќе се излечи за 1ден
Мој совет. Двајцата ќе си испиете по една доза.Претпоставувам дека се работи за јака инфекција (штом ти дале Флажил), а таа не се лечи за еден ден. Ништо нема да му биде да пие исто како и ти. Флажилот е антибиотик со широк спектар. И без алкохол додека го пиете Флажилот.
па и јас исто си мислев,настинка не се лекува за 1ден.инаку се работи за трихомонијаза.колкава е една доза?во паковањето има 20 таблети. и фала ти на одговорите
Да прашам, досега на секој пап-тест ми излегува клеточни промени што асоцираат на вирусни инфекции. Но докторите не ми реагираат на овојрезултат велат дека не е ништо. Но како може да не е ништо самото име не ми звучи добро
Оф леле трихомонас вагиналис. Двајцата ќе пиете и евентуално третиот,кој кого измамува!? Инфекцијата се пренесува единствено со сексуални односи помеѓу двајца(тројца). Ако ти не си измамникот прашај го од каде доби трихомонас????????????? Различно е зависи колкава грамажа се таблетите мислам дека 400мг 2х1 на ден, сепак цела недела се земаат. Имаше едно време Фасижин 4 таблети одеднаш еднократно, а девојката + вагиналети флажил.
Здраво, да прашам нешто. Незнам точно каде да го поставам прашањево. Дечко ми има на главичката на пенисот, на пресекот, едно делче од кожата е бело, кожата е сува. Не го боли не го пече, еднаш само распука таа сувата кожа па малку го печеше. Го има веќе некое време. (имаме најчесто без кондом) долго сме заедно и тој ми е единствен партнер до сега. Што може тоа да биде, и каде може да се обратиме?
Не е херпес, би се пренел кај мене да беше. А и е над кожата, како кога си многу време во вода па кожата на прстите ќе ти накисне, па станува бела и мека
Да би се пренел ама ти не можеш да приметиш затоа што тоа се испитува само во институт за микробиологија со посебен вагинален брис, а не се манифестира јавно за да видиш. Херпесот не е поткожен.
Леле прашањево кој е постар, кокошката или јајцето!? Знам само дека се пренесува од менување на партнер неизлечен т.е. тоа е вирус кој што сите го носиме во себе како сидата пр, ама треба поттикнувач. Не знам колку ме разбра.Ајде за сидата нема лек ако веќе се развие(сите сме носители) , ама за трихомонасот има, затоа двајцата евентуално тројцата треба да се лечите. Единствената причина за добивање трихомонас е таа што ја знам, за друг причинител не сум запознаена, така да не земај здраво за готово.
Ок де да прашам, зашто јас колку што читав пишуваше само за пренесување, фала ти за одговорите секако не фаќам здраво за готово, малце недоречен ми остана гинекологот затоа и прашував. Поздрав
Дали некој знае нешто на природна база за воспаление на матката ,сестрами и покрај терапиите повторно резутатите покажуваат дека има воспаление ,дали некој имал ваков проблем и што терапија користел?
Девојки, и јас не знаев каде да се обратам. Дали некоја е имала искуство со хпв, се излечила и сега има деца ? Ви благодарам однапред.
Конкретно за тоа дали ХПВ влијае врз забременувањето и доносувањето на дете, немој да се секираш -не влијае! Тука можеш да си почиташ повеќе http://forum.femina.mk/threads/hpv-–-дали-сте-информирани.171/, сигурно ќе ги најдеш одговорите кои ги бараш.