Ова моево незнам дали е инфекција, се надевам ќе добијам некој совет додека да отидам на гинеколог Околу клитористот ми се имаат појавено неколку бели точки. Не се мозолчиња зашто не можам да ги стиснам Од време на време знаат многу да ме чешаат а искрено и ме нервираат Кога се чешам кожата знае да ми се вцрви ненормално многу Некои од нив се како израстоци мн мали (имам неколку такви по вратот) Викаат дека се наследни, мајка ми ги има мн околу вратот А ова е првпат нешто такво да ми се појави долу Не мислам дека е кандида чешањето што го имам, туку од нив. Или скраја да е, некоја инфекција Некое чаре? Еве вакви се нешто отприлика само помалечки
Може да се вирусни брадавички или кондиломи. На гинеколог обавезно, за да даде дијагноза дали е тоа или не. Гинекологот ќе ти каже најдобро, зависи за каков тип се работи и дали има предизвикано промени на грлото на матката. Соодветно на тоа ќе ти даде терапија. По форуми не се прашува за ова.
Некни бев на депилација и денес гледам ми се појавиле мали бели брунчиња на вагината не ме чешат ниту пак ме пецкат , од што може да е ???
Веројатно ти се иритирала кожата. Ставај бебешка пудра, мене тоа ми помага највеќе, би требало да се повлечат по неколку ставања.
Дали од често носење на хеланки и фармерки може да дојде до голема појава на бело прање? Во последно време често имам бело прање и тоа во големи количини а сум немала односи 3 месеци...
Феминки ме пецка при мокрење и одлучив да се одмивам со чај од камилица.Кажете ми да се измијам само со камилица и така да оставам или да исплакнам и со вода после?
Девојче оди на лекар, после толку мислења не отиде на лекар. Со камилица можеш само да ја ублажиш но не и да ја излечиш инфекцијата што ја имаш.
Најверојатно имаш уринарна инфекција, па додека да одиш на лекар пиј многу чај од брусница и избегнувај кофеин, цитруси, благо и зачинета храна. П.С. Се надевам дека досега си отишла на лекар.
Пред 2 дена си правев сама шеќерна депилација на интимата и вчера видов дека едната усна ми е отечена, а горе над клиторисот имам како топче и ме боли на допир и кога ги прекрстувам нозете, а треба да добијам за ден два. Многу ми е страв, што може да биде? Не можам да одам на гинеколог, има ли шанси да се тргне само?
Веројатно ти е мозолче или внатрешно влакно. Доколку не можеш да одиш сега на гинеколог, почекај некој ден но прати дали има некакви промени(дали ќе има врвче бело или ќе се намалува/зголемува). Во меѓувреме носи памучна долна облека, одржувај хигиена, и гледај да носиш поширока облека.
Ме снема на кратко извинете,да ве известам само дека правев крвна слика и мокрача дадов и ништо немаше,а пецкањето само од себе ми престана.Сега се е супер и вчера го имав мојот прв однос
и мене истово ми се дешаваше,немав ништо со мокрачата и крвната слика и на крај со пап тест испадна дека имам инфекција,ќе ми прекинеше печењето па ќе ми почнеше пак после некое време,ако те пече пак обавезно оди на гинеколог,чисто за проверка
otkoga dobiv menstrualen ciklus posle poragaj pocna da dobivam nekoj sekret da go opisam bel,ligav,se lepi,mnogu gust duri kako parce I mi lici na onoj sekret vo nos koga sme nastinati.Go imamvo izobilstvo pred da dobijam, nekogas zabelezuvam deka mi tece mnogu posle odnosi.Nikogas porano ne sum go imala.Mislenje?
Дали при ставање на вагиналети нормално е да пече? 7 дена веќе и уште ме пече а најново е имам некој жолт исцедок кој не мириса
Да. Ама штом после толку време уште доаѓа до печење, најверојатно вагиналетите не делуваат. Плус, имаш и исцедок.