добар ден феминки мислам дека имам сериозен проблем.пред една недела поцна да ме боли ногата од глуздот па нагоре после два дена приметив дека имам оток од десната страна кај препонот повеке накај вагината,на добир нема ништо мислев да не имам грутка .... така стои не се зголемува не осекам никаква болка
Јас на тоа место имав поткожни влакна и ужасно изгледаше и ми беше подуено. Вака не знам некој мускул да не си имаш истегнато?
поткожните влакна болат? јас не осекам никаква болка.можно е да сум истегнала мускул пред неколку недели ме болеше грбот па правев вежби за истегнување.инаку не сум имала никаков проблем со интимата немам кандида воспаленија чешање... како се лекува истегнат мускул?
Еј не сум физиотерапевт ама што знам, не е опасно, мрдај си ја ногата или масажа направи.. Ми се има случувано и поминува ,ништо страшно.
Правев пап тест и ми излезе дека имам бактериска вагиноза, докторот ми даде вагинални да користам. Иако ги употребив сите седум таблети мирисот и понатаму ми е присутен а посебно при однос.Како да го спречам тој непријатен мирис
Штом има мирис, значи и инфекцијата не е излечена целосно. Иди си на гинеколог уште еднаш, нека те види доктор и направи си микробиолошки брисови за секој случај. Ако имате односи без кондом, треба и партнерот твој да се лекува. Инаку е само пинг-понг ефект.
здраво феминки пред еден месец имас напишано за проблемот сто го имам на препонот.бев на матицен направив испитуванје на крв се е нгативно немам никакви процеси во организмот.ми реце да ставам зелена глина не ме упати на никаков друг преглед.кожата на вагината усте ми стои така подигната во истата големина ни се зголемува ниту се намалува само ми рече дека мозе станува збор за поткожно влакно.ме интересира дали тие влакна избиваат покасно каков им е процесот?цитав дека многу болеле јас немам никаква болка ниту па осекам нешто на допир.сепак мислам да одам пак на лекар само сакав да знам дали треба подолго време да се третира.
Здраво девојки. Имам едно прашање до вас. Последните неколку дена ми се случува да не можам да имам однос бидејки секој пат имам пецкање во вагината и болки. Можи да ми кажите од што можи да ми биди?
Можеби заради сувост, можеби инфекција? Имаш ли проблем само при односите, имаш ли појачан секрет, каква боја е, има ли мирис, имаш ли чешање, печење и кога немаш односи? Без дополнителни податоци не сме од голема помош. Кандида често дава такви симптоми, канестен ќе го реши проблемот, ама ова е се погодување на слепо.
Ми личи на инфекција поточно на кандида, јас ја поминав.. направи си паб тест и лечење заедно со партнерот
Па чешање е најчест симптом но не претерано .. имам секрет да и е нормален бела боја слузест.. но се јавуваат и како парчиња бели суви
Е па, многу веројатно кандида, на твое место би земала канестен вагинални во тек на три вечери и крем надворешно, за партнерот исто крем. Би требало потоа да немаш проблем, ама после тридневната терапија убаво е да земеш некои од овие вагиналните пробиотици за да се обнови вагиналната флора и без претерување со миење, без сапуни, купки, такви работи. Па, јави се пак како си.
А дали сметаш дека треба прво да одам на гинеколог за да ме прегледа и да утрврди дали е точно тоа? И дали да почекам одреден период да видам можеби ќе ми се смири
Јас на твое место не би чекала, за да не стане бетер, ама за тебе, ти ќе си одлучиш. Ако не си била оддамна, оди.
Здраво, можеби има некаде низ темава ама не можам да најдам баш за ова.. ми се појави топче од едната страна на вагината во внатрешноста баш на средина.. топчето е црвено и почнува да боли, прво што ме асоцираше беше да не е гнојче ама не знам дали таму се појавуваат такви со гној и не забележувам дека е со бело. Големо е отприлика колку зрно леќа. Знае ли некој за што се работи?
Здраво, не знаев како и каде да пишам, па почнав нова тема, имам проблем со здравјето, во Август ми се деси мала случка со тампон, не бев сигурна дали имаше влезено во мене или испаднал, па од читања по интернет др ден си отидов на гинеколог немаше ништо, ама затоа што уште не бев сиг после 2 дена пак бев и исѕо ништо. Океј тоаа помина, подле почнаа да ми се дешаваа да ми идат трпки по раце нозе по левата страна од лицетоо, да ме гуши кај градите, да сум малаксана, почнав да мислам да не сум болна од нештоо, црни мисли цело време, страв да спијам и така. После еден месецц ми поминаа, бев да ми пребааат ми кажаа мнг сум исплашена, исто така пред некое време многу ме жежеше на главата потоаа тоа помина па почнаод левата стана кај срцето чуствував жештина бев на лекар добро ми е срцето, еве сегаа пак почна да ме жеже главата. Дали е можно од самите мислии да ми се дешава тоа? Извинете на дилгиот пост, ако некој имал слична ситуација барам помош
Здраво женски, имам проблем ми се појави црвенило и печење околу клиторисот, мислам дека ми е од едни влошки бидејќи приметив кога ја носев влошката и еве 2-3 дена не се смирува. Мислам дека не е инфекција бидејќи немам исцедок, мирис, користам заштита и партнерот нема ништо кај него. Ова не ме боли/пече внстрешно туку надворешно. Совет како да го излечам?
Женски третман за инфекција ми препишаа флажил таблети и некои вагиналети.. За мене по две на ден, а маж ми да испие 5 таблети наеднаш, односно 2 грама.. Нели е тоа многу? Да не му бидне нешто од толкава доза?
кај мажите потешко се лечи инфекција. Затоа и кога имаат бактерија најчесто немаат симптоми. мада прашај во аптека за мислење.