Здраво бев на гинеколог имам габична инфекција, е сега гинекологот ми даде 1 апче да испијам кога ќе почнам со терапијста 3 вагиналети и канестен, дали некој го имал истиот проблем и дали е доволно од 3 вагиналети и канестен да ми помине?
Може да е инфекција, а може и да ти е од стрес (јас кога сум под стрес мокрам вака) Миј се деновиве со камилица и пиј исто така чаеви повеќе.
Ау ми се деси ова пред недела дена, ден-два вака ми беше. Многу под стрес бев тој ден, а најчесто од стрес ми се иде во тоалет. После се потсмирив малце и толку од тоа. Немав никакви болки ни ништо ја (ако имаш може да ти е некоја инфекција да...). Ако си нешто под стрес може и од тоа да ти е.
Имав и незаштитен однос. Стрес исто така. Болки немам нигде, само како да ме печеше малку. Деновиве се миев со камилица, секако и ќе продолжам. Со купив и УВЕ Микс и Брусноца. Денес почнав со брусница па ќе видиме. Ми запре сега за сега. Чудно ми е ко ќе не мислам на тоа не ни мокрам..
Кога не знаеш од што е, ти препорачувам чај од брусница да си пиеш. Ако можеш да си најдеш од оној 60% плод од брусница, што не е во филтер ќесички уште подобро. Увин чај исто помага, ама не смее да се меша заедно со чајот од брусница. Пиј што е можно повеќе течности за да мокриш почесто, да не се задржуваат течностите во мочниот меур и доколку има некоја бактерија, да се исфрли. Знам колку е гадно чувството кога те тера да уринираш, а те пецка. Ако продолжи пецкањето и во наредните денови, можеш и уринокултура да си направиш. Чисто да си ги видиш резултатите, можеби ќе покаже и некоја бактерија. Едит: Сега видов дека си напишала дека си имала незаштитен однос. Ми се случи и мене истото, ама страшни болки имав при уринирање. Направив уринокултура и на гинеколог бев, бактерија беше. Не мора да значи дека ти е од тоа нешто, но сепак има шанси да знаеш.
Ефикасни се вагиналетките, но ти препорачувам да одиш на контрола по терапијата. Не консумирај исхрана богата со шеќери, млечни производи.
Ми кажа следна контрола накај август Ама ако не помине, ќе се консултирам преку текефон не ми е баш близу, не одам во мојот град.
Штом така ти рекла океј, ќе видите тогаш дали се средил проблемот. Како и да е, ако имаш чувство на нелагодност од габичката секако ќе ти помине. До тогаш, внимавај на исхраната и зајакни си го имунитетот.
Здраво девојки Незнам дали ова е за тука не ве молам за совет бидејќи не сум во можност да посетам гиниколог Значи вака 4 дена осекам чешање и болка а денес ми се појави на вагиналната усна и топче како голема не созреана акна кога ке го допрам ме боли Ве молам ме загирива тоа топче дали имал некој ваков проблем?
Девојки, помошшш! Пијам антибиотик ради тоа шо имам гнојна ангина а исто така пијам и пробиотик. Но веќе 2 дена имам огромни болки, печење, чешање. Исто така имам зголемена количина на бело прање. Шо да правам? Алтернатива било каква освен гинеколог?
Може да ти е поткожно/враснато влакно, од бричење може да се случи. Ако е тоа, ќе помине само од себе.
Но сега почнав да осекам болка во десниот препон а тоа е на десната усна Дали е типично за поткожно влакно ? Преплашена сум а неможам да посетам доктор
Е искрено да ти кажам не знам, мене ми се случило да имам како отечено мозолче, црвено и болно на допир, и само поминувало. Не сум стручњак, можеби ти е воспалена некоја жлезда. Некој постручен нека одговори.
Земи пробиотик со антибиотикот. Најверојатно кандида имаш фатено од антибиотикот. Земи канестен вагиналети. Пиј големо количество на Баланс јогурт.Ако не помине, мора на гинеколог